Posledni Napisi

МУДРОСТИ - ЖЕНИ... МАЖИ - Пријателството на две жени е само завера против трета. Кар - Жената што не е убава, никогаш не била млада. Свечин -...

Read more

ЗАВИСНОСТА ОД АЛКОХОЛОТ Е СЕМЕЕН... Ставовите кон пиењето алкохолни пијалаци се формираат уште во детството и раната младост и тоа по образецот на...

Read more

МУДРОСТИ - ОД СЕ ПО НЕШТО ЗА ЖЕНИТЕ - Секогаш е исто׃ прво некоја жена ја имаш во срцето, потоа во раката, па на колената и на крајот, на вратот. Буш -...

Read more

ВО СЕКОЈ ЧОВЕК СЕ КРИЕ ПОБЕДНИК Од нашиот прекрасен живот во Америка, ќе кажам дека со помош на нашиот роднина, кој ни најде работа, добро се снајдовме...

Read more

АЛКОХОЛОТ Е НЕВИДЛИВ...НО СТРАШЕН... Најмила моја, тоа што намерно си ми давала ракија за да не те малтретирам, воопшто нека не те измачува, бидејќи...

Read more

КАДЕ ШТО ИМА ИСКРЕНОСТ, ИМА И... Во тие моменти почна да ме измачува тоа, што Ристе почна многу брзо да постигнува добри резултати во борбата со...

Read more

НАДЕЖ ЗА СПАС ОД АЛКОХОЛОТ! % - Незнам како излегов од ординацијата. Сознанието дека сум уништувала болен човек, целосно ме порази. Толку бедно...

Read more

СПАСОТ Е НА ДОФАТ НА РАКАТА % Но, тогаш Бог одлучи да смеша прсти во нашиот живот. Еден тмурен, пролетен ден, јас заминав во полето да работам,...

Read more

АЛКОХОЛОТ - НЕВИДЛИВ, НО СТРАШЕН... % Во почетокот немаше ништо необично, не гледав ништо лошо во тоа и воопшто не ми сметаше. Но, како времето поминуваше,...

Read more

ИСКУШЕНИЈАТА ДЕМНАТ ОД СИТЕ... Во Клубот на лекувани алкохоличари владееше необична атмосфера. Ништо не укажуваше дека на состанокот ќе се случи...

Read more

  • Prev
  • Next

Twitter Updates...

  •  
african mango ozoderm

КАДЕ ШТО ИМА ИСКРЕНОСТ, ИМА И МИЛОСТ И СПАС

Category : АЛКОХОЛИЗАМ 075 985772

0

Во тие моменти почна да ме измачува тоа, што Ристе почна многу брзо да постигнува добри резултати во борбата со оваа опака болест. Како тоа наеднаш да го остави алкохолот, кој последните пет-шест години му беше најдобриот другар!? И денес често ме измачуваат тие мисли и не можам да најдам логичен одговор.

          Ристе, кој до тогаш со наведната глава и болка на лицето трпеливо слушаше, нежно ја прекина својата сопруга. Човекот се бореше со солзите, а неговиот глас трепереше.

          – Мила, не сакав да те прекинувам, но сега е моментот и јас да кажам нешто, што до сега пред никого не сум го кажал. Со право си го поставуваш прашањето: што ме натера да вложам толку голем напор, за да се излечам од алкохолната болест, особено што денес сите знаеме: колку е тоа тешка и сериозна болест? И јас долго го чекав овој момент, да се сретнам со докторот, бидејќи само во него имам целосна доверба… добро де, не лути се, имам целосна доверба и во тебе, но не бев сигурен дали правилно ќе ме разбереш. Твојата искреност ми даде сила и јас да ги кажам моите маки и страдања, што толку долго ја измачуваа мојата душа. Кога се освестив во болницата, првата мисла што ми дојде во главата, беше за нашите деца. Кога ми кажа дека со нив е се во ред, почувствував големо олеснување, но поради слабоста на организмот, веднаш ме совлада сонот. Кога следното утро се разбудив, почнав да мислам на пожарот: Што навистина за толку кратко време се случи? Безбројпати го враќав филмот од почеток, но на крајот секогаш се гледав себе си, како единствен виновник за нашата голема несреќа! Пред да тргнам во кафеаната, го отворив вратничето од шпоретот и со машата зедов од жарот, за да запалам цигара. Веројатно тогаш ми падна мало жарче, што поради мојот мамурлук од пиењето, не го забележав. Не моажам да ви кажам каква болка ја притисна мојата душа од сознанието, дека токму јас сум виновникот за големата несреќа на моите најмили, дека поради мојата глупост, моите прекрасни дечиња, за малку живи ќе изгореа! Во себе донесов цврста одлука да се убијам, со надеж дека само така мојата жена и децата ќе се ослободат, од ропството што им го наметнав. Да не беше докторот, кој ми даде шанса и надеж за нов живот, тоа сигурно ќе го направев. Тој ме убеди дека ќе најдам начин изгубеното да го надокнадам, дека среќата и радоста може да им ја вратам на моите најмили, само ако престанам да пијам.

          – Ти си им ја уништил среќата и радоста, си им го скратил најголемото богатство на твоите најмили и должен си да им го вратиш! Прифати ги моите совети што ти ги нудам и донеси цврста одлука за да го победиш алкохолот, па ќе видиш како работите ќе си дојдат на свое место, често ми велеше тој.     

          Тогаш донесов цврста одлука да направам сé, за да се спасам себе си, уште повеќе, да го спасам моето семејство. Гласот на совеста ми велеше: ништо не те кошта да пробаш да се излечиш, а ако и не успееш во тоа, намерата да се убиеш секогаш можеш да ја спроведеш. Мила моја, со твојата упорност и упорноста на др.Мец, успеав да го победам алкохолното зло. Во прво време ми беше многу тешко, бидејќи понекогаш паѓав во кризи и бев блиску, многу блиску, повторно да тргнам по патот што води кон пеколот, но погледот на твојата среќа и насмеаните, среќни лица на нашите дечиња, секогаш ме опоменуваше и ми даваше сила да издржам.

          Сепак, во мојата борба најмногу ми помогна Клубот на лекувани алкохоличари, во кој ме упати докторот. Тогаш клубот беше во фаза на формирање и го посетуваа само неколку луѓе, чии имиња ги заборавив. Се сеќавам само дека имаше еден член, мислам дека се викаше Божо, кој беше најактивен и многу се трудеше околу мојата апстиненција. Денес, кога влегов во клубот и, кога видов дека просторијата е полна со апстиненти, ме исполни необична среќа. Тоа е доказ дека разумот полека, но сигурно, со помош на великани како др.Мец, сé повеќе ќе навлегува во свеста на луѓето и дека еден ден, сé повеќе луѓе ќе се вклучат во борбата со најголемото зло за целото човештво – алкохолот. Тука, во клубот, секој апстинент може да го пронајде тоа што поради алкохолот го изгубил, само во клубот може да го пронајде својот спас.

%

Post a comment

african mango ozoderm