МУДРОСТИ – ЖЕНИ… МАЖИ

– Пријателството на две жени е само завера против трета. Кар

– Жената што не е убава, никогаш не била млада. Свечин

– Кога не би биле жените, дијамантот би бил обичен камен. В. Иго

– Има жени кои погрешно го разбрале Дарвин: секој маж го прават мајмун. Дејв Ален

– Мажот се жени да би се повлекол од друштвото, а жената се мажи да би влегла во него. Луј Онегин Пти

– Кога луѓето би се женеле само тогаш, кога се заљубени, мнозинството би умирало како неоженети. Р.Л.Стивенсон

– Лоша жена малтретира еден, добра жена досадна му е на еден. Тоа е едниствена разлика помеѓу нив. Вајлд

– Добро воспитан маж живее кај својата љубовница, а умира кај својата жена. Е.Бек

– Мажот е стар, колку што се чуствува стар, а жената како што изгледа. М.Колинс

– Оној, кој жената го ранила во срцето, повеќе ни на куче не му верува. Маријан Еле

– Кога мажите би биле така добри љубовници, како што велат, жените не би имале време, ни да се исчешлаат. Саша Гитри

– Статистички гледано, на секој маж кој ќе достигни старост од 85 години, доаѓаат по седум жени, но –  тогаш веќе е прекасно. Сигурд Хол

– Одберете го најлошиот детектив во агенцијата, да ја следи вашата жена. Во таа ситуација, колку помалку знаете, толку подобро. Ален Д.

– Мажот може да биде среќен со секоја жена, сė дотогаш, додека не ја засака. Вајлд

Inter pedum femine, felix homo est! – Меѓу нозете на жената, среќата на мажот е! Лат. пог

– Кога ќе престанам да бидам маж, ќе престанам и да живеам. Александар Македонски

– Повеќе вреди да бидеш маж еден ден, отколку жена десет дена. Курдска поговорка

– Дали може да се пронајде вештина, мажот да биде сакан од сопствената жена. Ла Бриер

– Понекогаш жената ја крие пред мажот целата љубов, што за него ја чувствува, додека тој напротив, глуми љубов што воопшто не ја чувствува. Ла Бриер

– Мажите се залажуваат со својата памет, како што жените се залажуваат со својата убавина. Франсоа Марен

– Би сакале да знаете: дали интелигентните мажи се добри сопрузи? Но… интелигентните мажи воопшто не се женат. Енри д Монтеран

– Нема помизерен поглед, од погледот на мажот пред огледало. Јан Неруда

– Мажите се љубоморни на своите претходници, жените на своите наследнички. Ашар

– Мажот може да најде жена која сеуште немала ниту една љубовна врска, но ретко ќе наиди на некоја, која секогаш имала само една. Ла Рошфуко