САМОСТОЈНОСТА НА КЛУБОТ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ

Клубот на лекувани алкохоличари е мултифамилијарна заедница, која што има свој сопствен развој, трансформирајќи се низ времето со другите мултифамилијарни заедници. Клубот е автономен организам вкоренет во локалната заедница… освен грижата за растот и созревањето на своите членови, делува и е во тесна врска со локалната заедница во која е вклопен. Спрема тоа, Клубот не е здружение во вистинска смисла на зборот, ниту е сопственост на други здруженија или јавни или… не дај боже на приватни служби. Секако таа иста динамичност на процесот, која што го карактеризира Клубот, го прави контрапродуктивно неговото придруживање кон некоја установа со бирократски прописи наменети за сочувување на нејзината структура. Семејствата влегуваат во Клубот поради сопствените промени, а не за да ја задржат сопствената состојба и начинот на живот. Промените не припаѓаат на традиционалните процеси на  „лекување„ и исцелување на болести, туку тие припаѓаат на поширок процес за самоунапредување и самозаштита на сопственото здравје, динамиката на промени која нема свој почеток, ниту пак крај, туку како и сите витални процеси, се одвива во текот на целото постоење на човекот и се пренесува на идните генерации или пак, преку семејството или преку социјалните и културните системи, во кои што е вклучено секако и семејството.