Најчести семејни нарушувања, како последица од алкохлизмот

Најчести семејни нарушувања, што се јавуваат поради алкохлизмот се: Нарушени комуникации:         Поради долгогодишни манипулации и избегнување на одговорноста, алкохоличарот воспоставува нарушени комуникации, во кои свесно или несвесно се вклучуваат останатите членови на семејството. Комуникациите се нејасни, двосмислени и противречни. Алкохоличарот обично зборува полувистини, ја премолчува суштината и поголемо значење им дава на неважни поединости. […]