Најчести семејни нарушувања, како последица од алкохлизмот

Најчести семејни нарушувања, што се јавуваат поради алкохлизмот се:

Нарушени комуникации:

        Поради долгогодишни манипулации и избегнување на одговорноста, алкохоличарот воспоставува нарушени комуникации, во кои свесно или несвесно се вклучуваат останатите членови на семејството. Комуникациите се нејасни, двосмислени и противречни. Алкохоличарот обично зборува полувистини, ја премолчува суштината и поголемо значење им дава на неважни поединости. За својот алкохолизам не сака да зборува и секој обид завршува со порекнување, извртување на работите и нивно насочување во своја полза. На крајот сé се завршува со караница, при што е можно манифестирање физичка  аресија.

Нарушени емоционално односи:

        Основна карактеристика на ова нарушување е нестабилноста. Емоциите осцилираат од љубов и омраза, до наполна меѓусебна незаинтересираност. Емоционалната клима во семејството е условена од фазата на болеста, во која се наоѓа алкохоличарот. Дологогодишното пиење доведува до губење на блискоста, довербата и на меѓусебното почитување. Сето тоа придонесува и за нарушување на сексуален план, бидејќи сексуалноста природно се надоврзува на емоционалните односи.

Изместени семејни улоги

        Никој од членовите не е во улогата што му припаѓа. Тие се изместени, па постарото дете оди на родителски опстанок за помалото, бидејќи мајката е на работа, а таткото некаде пие. Постарото дете ја презема улогата на родител. Или мајката се договара со децата околу купувањето, поправки или реновирање на куќата и сл., исклучувајќи го пијаниот сопруг. На овој начин на децата им се нуди погрешен модел за брачно – партнерските односи, со искривени хиерархиски односи и со невоспоставен родителски авторитет.

Финансиски проблеми

        Финансиските проблеми редовно ги следат алкохоличарските семејства. Долгогодишното пиење и трошоците, смалената работна ефикасност, губењето на работата – сето тоа доведува до сериозни егзистенцијални проблеми. Не постојат заеднички семеен буџет, заштеда, заеднички планови за материјалните трошоци. Семејството запаѓа во постојан егзистенцијален страв, живеејќи од денес за утре.