Др.ВЛАДИМИР ХУДОЛИН… КЛУБОТ НЕ Е :

Често пати забораваме дека постојат основни принципи за работа на клубовите, зацртани во литературата, во препораките на нашите конгреси, симпозиуми, месечни состаноци и.т.н.

  1. Клубот не е место за собирање на лекувани алкохоличари – апсистенти, кои самобендисано говорат за својата апстиненција, а не се присетуваат на сите оние кои што го напуштиле клубот после 2 или 3 состанока и веројатно се во рецидив.
  2. Клубот не е место за собирање само на лекуваните алкохоличари, туку и за членовите на нивните семејства.
  3. Клубот не е место за општествен живот на лекуваните алкохоличари, каде што ќе се зборува само за набавка на парични средства, организирање на излети и друга забава. Туку тоа е на прво место – ТЕРАПИСКО МЕСТО, за подршка на апстиненцијата и рехабилитацијата на семејствата, на работното место и воопшто во самото општество.
  4. Клубот не е гломазна општествена организација да речеме со 100 членови, во која никој никого добро не го познава, туку тоа е тераписка група од 20 членови на семејства, кои меѓусебно добро ќе се познаваат и си помагаат.
  5. Клубот не е место на кое може да *преседат* терапевтите (социолози, психолози, социјални работници, теолози, медицински сестри и.т.н.), туку тоа е место за сериозна работа на терапевтите, посебно едуцирани на подрачјето на алкохолизмот и работата со група.
  6. Клубот не е место за удирање на печати за присатност, туку тоа е место за активно учество во работата на групата.
  7. Клубот не е *фирма* за разни *бизниси*, туку тоа е тераписка група, длабоко човечка, која што им помага на сите членови во совладувањето на препреките во апстиненцијата и рехабилитацијата.

Знаеме дека времето е на наша страна… тоа е единствената вредност на која можеме да се потпреме. А кога тоа ќе го заборавиме, секогаш ќе се најде пријател да не потсети на тоа. Во клубот никој за никого не одлучува. Секој член во клубот го кажува своето мислење, тој расправа, тој дебатира, тој вербализира, може и да се скара, како што впрочем се случува и во реалниот живот. Ама никој нема право да му каже на другиот што треба да направи. Секој од нас ќе научи да чекори на свои нозе. А ако некој не замоли да одлучуваме за него, ќе го потсетиме на старата изрека која вели : *Да послушаш е лесно, ама тоа  ништо не вреди, нема употребна вредност. Растењето е многу потешко, но тоа не учи како да живееме*.