Вербата во промена

Како да се надминат проблемите, да се премостат бариерите на патот кон промената на нашиот однос кон алкохолот и животот воопшто, како да се достигне победата над алкохолното зло? Реалната промена, за разлика од некои општи сфаќања, не подразбира жртва! Спротивно, тоа е откажување од секаков облик на (само)жртвување, на кој една личност се навикнала!

Најтешкиот дел од промената на нашиот однос кон алкохолот и животот воопшто е стравот од неа и… чувството на несигурност во врска со неа, (пот)свесно споредувајќи го со чувството на STATUS QWO состојба, на “УДОБНА НЕСРЕЌНОСТ”.

Тежината на промената е во тешкотијата да се навикнат саможртвувачките и автосаботирачки навики, со сета нивна излишна комплексност! Секоја негативна мисла, како и секое непријатно чувство е себеказнување! Блажениот однос кон себеси и најважната спротивност на ова… тој е создател на духовниот пат, кој секој е способен да го изоди. Така, суштината зад успехот во себетрансформацијата, пред сé лежи во прифаќањето на умот!

Прифаќањето на секоја несакана навика всушност е половина од она, што е потребно, за таа да се надмине! Втората половина е во насочувањето на вниманието кон посакуваната навика, која би го зазела нејзиното место! Нежното и искрено помирување и прифаќање на своите особини, од кои не сме задоволни, без самоказнување и автосаботажа е основата, која овозможува подеднакво… нежно и искрено, упорно пренасочување на вниманието кон оние особини, од кои сме задоволни!

Причината за самоказнувањето е недоволното прифаќање на себеси. Причината за недоволното прифаќање на себеси е самоказнувањето!

Надминување на негативното никогаш не би можеле да оствариме преку директно конфронтирање со негативното; тоа е можно единствено преку негово прифаќање и пренасочување кон позитивното! Тоа се случува со секоја долгорочна промена. Вербата во промената е основа за себеприфаќањето! Но, себеприфаќањето, крунисано од љубовта, ја зајакнува вербата и ја надминува границата на невозможното од секаков облик, затоа што подразбира отворен ум и стабилност! Искреното и безусловно прифаќање на физичкиот и психичкиот аспект од моменталното ЈАС, значи надминување на границите на веќе стекнатото искуство и надминување на сите препреки, кон единствениот пат кон промената! Од прифаќањето природно произлегува и отворањето и искреното изразување, кое на личноста и обезбедува стабилност, чувство на контрола и исполнетост во сработеното! Искреното изразување на позитивните емоции и мисли е најголемото засилување на личноста.

Немањето бариери за искрено себеизразување, може навистина да се постигне кај личности, кои целосно се прифатиле себеси, друштвени, секогаш отворени со својот ум и фокусирани кон сегашноста!

Успешноста да се биде овде и сега, како уште еден облик на искреното себеизразување, произлегува од успешноста во искреното прифаќање на себеси. Да се одржува фокусот на свесното внимание кон сетилата без никаков напор, наспроти напорните очекувања на умот е врв, на долгорочното себеприфаќање…. такво, кое би не превоспитало да му останеме верни и со почит, наместо да го понижуваме и тепаме!

Односот кон сопствениот ум, мислите и чувствата кои извираат од него е однос, кој претставува пресуден фактор за пронаоѓање на среќата! Воспоставете балансиран, природен и стабилен одност со умот, втемелен врз прифаќање и разбирање и… нема да постои неостварлива цел! Потенцијалите на умот се бескрајни, а вистинската радост и животен елан подразбираат долгорочна и… совршена, јасна свесност за ова! Доколку целосно се предадете на потенцијалите на својот ум, нема потреба од никаков страв поврзан со резултатот, а секоја промена би можеле да ја остварите и да постигнете брз успех!

Во животот не постојат грешки, доколку умот не сфати одредени потези… како грешки! Но, секоја личност апсолутно сигурно може да биде променета и… да ги прифаќа сите свои потези, фокусирајќи се кон визиите за позитивна иднина.

Затоа, искрено прифатете ги нештата, кои се дел од вас и околниот свет и… продолжете го своето стабилно и одлучно чекорење на патот… кон пронаоѓање на вашата среќа!