Верност

– Најубав спомен што жената ќе го зачува од љубовникот, е неверството што му го направила. Енри Бек

– Мажите не се бесни затоа што дознале дека жената ги изневерува, туку затоа што тоа дотогаш не го знаеле. Жорж Куртлин

– Мажите ги понижува должината на освојувањето, додека за жените значи слава. Стендал

– Во љубовта, неверството скоро секогаш побрзо чекори, од недовербата. Ла Рошфуко

– Оној, кој е неверен во малите работи, ќе биде ли верен во големите? Готхелф

– Знаете ли зошто кучето е верно на својот господар? Бидејќи навикнало на неговиот ќотек. И. Цанкар

– Кучето, како што е познато, верно е на својот господар. Но зашто го земаме како пример, кога е верно на човекот, а не на друго куче? Краус

– Препушти го бродот на ветровите, но срцето не им го препуштај на девојките, бидејќи морскиот бран е посигурен од верноста на жените. Цицерон

– Оној, кој сака да им служи на двајца господари, и двајцата ќе ги изневери. Лат пог

Fide, sed cui, vide! – Верувај, но внимавај на кого! Лат пог

– Верноста вклучува во себе верност и во несреќа; кога војникот ја прифатил униформата од некој народ, тој го прифатил и поразот. Галберт Честерон