ЕДНАКВОСТ

– Создадени сме да живееме во заедница. Нашата заедница е како каменит свод, чии камења се меѓусебно поврзани, така да тој би се срушил, ако би се извлекол некој камен од него. Сенека

– За доброто треба да се бориш како војник, а кој војник сам може да ја добие војната? Сартр

– Соединети, дури и малите работи стануваат јаки. Бесен, див слон може да биде врзан со малку конопова слама, сплетена во ортома. Индиска пог.

– Секогаш и одново забележувам, дека лошите од овој свет се држат заедно, дури и тогаш кога се мразат, тоа е нивната снага. Добрите луѓе се осамени и тоа е нивната слабост. Евтушенко

– Сети се дека оној, кој ти го нарекуваш роб, создаден е од иста материја од која и ти, дека ужива во истото небо како и ти, го дише истиот воздух, има ист живот и дека ја чека истата смрт. Сенека

– Кога богатиот би стоел долу, а сиромавиот горе – тие сепак не би биле еднакви. Еврејска поговорка

– Гробиштата се единствената земја, каде владее еднаквоста. Анте Дукиќ

– Ако добро размислиме, сепак, сите сме голи во својата облека. Худ Вокер

– Лажната еднаквост е двојна нееднаквост. Латинска поговорка

– За човечката нееднаквост виновни се и тие, кои себе се величаат, и тие, кои себе се сметаат за пониски. Толстој

– Пепелта ги изедначува сите: се раѓаме нееднакви, умираме еднакви. Сенека

– Кога едни мораат да ги слушаат наредбите на другите, нема збор за еднаквост. Вилијам Гилберт

– Невољата со еднаквоста е што сакаме да се изедначиме со оние, кои се изнад нас. Енри Бек

– За еднаква должност, праведно е да се уживаат и еднакви права. Мажураниќ

– Сфаќањето, дека сиромашните и богатите се еднакви пред смртта, се темели на заблуда. Сиромашните и богатите не се еднакви пред смртта, туку дури после смртта. Герхард Бренстнер