Секој кој пие алкохол е – потенцијален алкохоличар!

АЛКОХОЛИЗАМ
Човекот го пие алкохолот и… се залажува дека токму таа течност -алкохолот, ќе му ги “реши” сите проблеми и… ќе “даде одговор” на сите прашалници… што се во неговата глава! Сите луѓе немаат иста сила, иста способност да ги поднесуваат животните тегоби! Може да постои и многу силна личност кај која, поради тежината на проблемите во животот… се развива жед за алкохол, со желба преку земањето алкохолен пијалак, животот да му биде полесен и побезгрижен. По таа жед за алкохол… лесно се станува алкохоличар!
АЛКОХОЛИЧАР… е секое лице кое употребува алкохол во количини достапни да ја оштетат неговата работоспособност или да предизвикаат тешкотии во неговите професионални, социјални и економски односи, при што страда тој и семејството! Или… АЛКОХОЛИЧАР е личност која прекумерно и подолго време конзумира алкохолни пијалаци, а истовремено неговата зависност од алкохолот е толкава, да предизвикува оштетување на неговото телесно и душевно здравје, како и нарушување на неговото социјално однесување, што можат да се искажат со помош на вообичаена дијагностичка постапка! Не треба да се заборави едноставниот заклучок дека оној, кој воопшто не пие: не може да биде алкохоличар, додека за оној, кој пие и најмали количини, не сме никогаш убедени дека евентуално нема да постане алкохоличар!
Многу интересно е да се објасни: дали некој, ако испие една чаша, две или три кој било алкохол, може да биде наречен алкохоличар? За да се одговори на ова прашање, треба да се објаснат многу други прашања… некој пие слаби, а некој жестоки алкохолни пијалаци.. некој пие полека преку цел ден, а некој брзо, а и едните и другите се опиваат! Одговорот на ова прашање може да се даде дури тогаш, кога ќе се постави дефиниција, која јасно и недвосмислено би го објаснила поимот – алкохолизам!
Алкохолизам е општо прифатено име за болеста, од која страдаат сите оние лица, коишто се нарекуваат алкохоличари! Најдобра дефиниција за алкохолизмот дава Светската здравствена организација, по која:
“Под хроничен алкохоличар се подразбира онаа личност, која прекумерно зема алкохолни пијалаци, а чија зависност од алкохолот е толкава, што покажува душевно пореметување или такви манифестации, кои го оштетуваат неговото физичко и психичко здравје, неговиот однос кон другите и неговата социјална и економска состојба. Во поимот алкохоличар се вклопува и онаа личност, која ги покажува почетните знаци на пореметување во таа смисла”!
Терминот АЛКОХОЛНИ НАВИКИ подразбира постоење на развиена желба за земање алкохол, настаната по пат на често повторување на конзумирање алкохолни пијалаци! Терминот АЛКОХОЛНА АДИКАЦИЈА подразбира покрај големата желба, психичка и физичка зависност од алкохолот, симптоми на штетно делување на алкохолот на личноста, со тенденција за земање на поголеми количини алкохол (зголемување на толеранцијата).
Сепак, мора да се признае дека е многу потешко да се даде одговор на прашањето кој е алкохоличар, или хроничен алкохоличар, но дека АЛКОХОЛИЧАРОТ Е БОЛЕН… на тоа прашење е лесно да се одговори! Како болен тој постанува, во првред МЕДИЦИНСКИ ПРОБЛЕМ, но тој всушност, поради моралното пропаѓање на личноста и сите последици што ги носи со тоа свое заболување во семејството и општеството, станува и СОЦИЈАЛЕН ПРОБЛЕМ или, во целина земено ОПШТЕСТВЕН ПРОБЛЕМ!
Се наметнува заклучокот дека пиењето алкохол не е само биолошка потреба, бидејќи алкохол би пиеле и животните и многу други живи суштества, кои само по неколку капки или неколку грама испиен алкохол умираат непосредно по пиењето!
Сосема логично и природно се наметнува прашањето: Дали алкохолизмот е порок, зло или болест?
Многу одамна голем број теоретичари и научници ја застапуваат теоријата дека алкохолизмот е порок или навика, која носи тешки зла, а последиците се страшни! На пијаниот се гледало со потценување како носител на пороци и зла, па другарувањето со насилството, во првред во семејството, потоа во околината предизвикувал потсмевање, во најдобар случај сожалување, но никој не приоѓал кон него да му помогне, туку го оставале да се стопи во својот порок, целосно да се уништи во своите тешкотии! Сите го застапувале ставот дека во караниците и тепачките доволно е да дојдат чуварите на редот, а последиците од тоа биле познати! Во денешно време кон алкохолизмот треба да се пристапува како кон сериозна, тешка болест, која во светското рангирање на болестите, го зазема третото место, веднаш по срцевите и малигните болести!