АЛКОХОЛИЗМОТ – БОЛЕСТ ШТО СЕ ЛЕЧИ!

Само во искушенијата човечките доблести ја достигнуваат својата висина. Во отсуство на ветрот, купот од памук цврсто стои како планински врв.     Индиска пог.

Алкохолизмот е болест што може успешно да се лечи!Крајно време е луѓето мора да излезат од состојбата на тотално незнаење и… да почнат конечно да ги согледуваат вистинските последици од алкохолот!

За алкохоличарот да го постигне вистинскиот успех во лекувањето од алкохолната болест, за да се осмели на скок кон космосот, кон иднината… потребно е секој алкохоличар да се соочи со самиот себе, длабоко во себе да го согледа хаосот во сопствената душа и… целосно да стане свесен за себе си! Тогаш ќе му се открие целата негова сомнителна егзистенција и во иднина ќе му биде невозможно, да од пеколот на своите страсти и нагони, секогаш да побегне во наивни, сентиментални, филозофски утехи, а потоа повторно во целосна опиеност… на своето животинско битие! Во советите за лекување од алкохолната болест, во моите книги “ИСПОВЕД НА ЕДЕН АЛКОХОЛИЧАР” и “КАКО ДА СЕ ПОБЕДИ КРАЛОТ АЛКОХОЛ”, секој алкохоличар ќе најде практични правила, кои ќе му помогнат полесно да се ослободи од ова зло. Откако ќе ги прифати овие практични совети, секој алкохоличар ќе изгради своја, нова стратегија на однесување кон алкохолот и кон животот воопшто, во своето срце ќе ги признае своите грешки, ќе донесе правила за безкомпромисна борба со алкохолното зло, правила кои за алкохоличарот ќе претставуваат неменлив и единствен закон. Моите книги најмногу ќе му помогнат на алкохоличарот на тој начин, што во нив ќе го пронајде огледалото на вистината, во нивното волшебно учење ќе го најде тоа што му е потребно за ослободување на неговата заробена душа, ќе влезе во голема галерија каде ќе открие нови, поубави слики за својата иднина. Соберете храброст и прифатете ги моите совети и ќе видите дека безброј можности чекаат некој, кој завлегол или веќе се наоѓа во алкохолниот пекол, да собере храброст и да ги земе – за свое добро, уште повеќе… за доброто на неговите најмили.

Секој алкохоличар нека собере храброст и нека застане пред огледалото на вистината и да се набљудува себе си, додека не сфати дека неговиот најголем непријател што го има… всушност е тој самиот, дека му се пружа можност самозалажувањето конечно… да го истера од својот живот!