Сув Рецидив

Под зборот РЕЦИДИВ се подразбира повторување, обично враќање на некоја појава откако била исчезната… во алкохолизмот – прекинување на апстинцијата и повторно пиење на алкохол од страна на апстинетот! Алкохолизмот е тешка и сериозна болест и… има разни причини за повторно завлегување во пеколниот алкохолен лавиринт! Најчесто РЕЦИДИВОТ се случува поради АЛКОХОЛНИТЕ КРИЗИ, со кои речиси секој апстинент се соочува за време на својата апстиненција од алкохолот и затоа… се смета дека АЛКОХОЛНИТЕ КРИЗИ СЕ ПРОПРАТНА ПОЈАВА ЗА ВРЕМЕ НА АПСТИНЕНЦИЈАТА, додека за РЕЦИДИВОТ слободно може да се каже дека е само појава, бидејќи не е присутна кај повеќето апстиненти, кои цврсто решиле да го победат алкохолното зло!

Во теоријата на алкохолизмот присутни се поимите СУВ и ВОДЕН алкохоличар! ВОДЕНИ алкохоличари се сите оние кои пијат алкохол, а СУВИ алкохоличари се сите други, кои не пијат алкохол, но секојдневно ги трпат страшните последици предизвикани од пиењето алкохол, најчесто на близок член од семеството! Со започнувањето на апстиненцијата, започнува и долгата, непрекината борба со рецидивите! Повеќето апстиненти сметаат дека е доволно само што не пијат алкохол, но во стварност не е така! Малку е само тоа, апстинентот да се воздржува од посегање кон чашката со алкохол! Многу важно е тој да го промени карактерот, да го промени… не само својот поглед кон алкохолот, туку и кон животот и живеењето воопшто и… целосно да се ресоцијализира, да се вклопи во семејството и работната средина како нов човек, ослободен од алкохолните стеги!

Постојат два вида на РЕЦИДИВИ… СУВ и ВОДЕН РЕЦИДИВ! Веќе напоменав – воден рецидив е кога апстинентот повторно почнува со пиењето алкохол! Сметам дека подеднакво важен за апстинентот и членовите на неговото семејство е СУВИОТ РЕЦИДИВ! Моето искуство укажува дека токму на сувиот рецидив многу малку, или воопшто не се обраќа внимание! Има многу алкохоличари кои, убедени во својата безгрешност, не се трудат да го променат карактерот и своето однесување, па за нив слободно може да се каже дека непрекинато се во состојба на рецидив! Во непрекината состојба на рецидив се и членовите на семејството од апстинентот, кои не го промениле своето однесување кон апстинетот, па продолжуваат да се однесуваат исто како кога тој бил алкохоличар и… наместо во целост да го прифатат новиот живот – без капка алкохол и, своето однесување целосно да го променат, на алкохоличарот да му дадат безрезервна подршка… тие продолжуваат да ја негуваат мачната атмосфера во домот, исто како кога алкохолот царувал во нивниот дом! Продолжуваат секојдневните кавги и расправии, членовите на семејството на апстиненцијата гледаат површно и… сметаат дека тие нивното го направиле со тоа што алкохоличарот го однеле во институција – болница и, дека тука нивната грижа завршува, дека сé друго ќе направат докторите или терапевтите во клубовите и затоа… апстинентот не ја добива подршката која ја очекувал! Ако додадеме дека без семејната љубов речиси да не е можна цврста апстиненција, ќе заклучиме дека на СУВИОТ РЕЦИДИВ… треба да му се придава најголемо внимание бидејќи, токму таа состојба кај апстинентот може да доведе до алкохолна криза и… лесно да дојде до самата помисла дека алкохоличарот (сега апстинент) жртвува, се откажува од неговиот, до тогаш најголем пријател – алкохолот… дека таа жртва е залудна и дека најдобро за него е повторно да почне со пиење! Не случајно еден од најдобрите светски алкохолози, др.Владимир Худолин ја препорачува семејната терапија, како најдобар начин на работа во Клубовите на лекувани алкохоличари! Кога на состаноците во Клубот ќе биде присутна сопругата или, некој друг член од семејството, тогаш апстинентот ќе има многу помала можност да ги прикрие своите слабости, со други зборови, да лаже, а познато е дека на речиси секој алкохоличар најголема маана му е лажењето – се лаже себе си и сите други околу него!