%

Не можев да претпоставам, ниту да очекувам, дека случајно изговорените зборови, можат да предизвикаат такво дејство. Како полето на смртта, прекриено со мртвите коски од луѓето, да се затресе од допирот на духот, а вкочанетите коски се размрдаа. Непромислено ги изговорив зборовите на љубов и сожалување, зборови од кои секој можеше да извлече корисна поука и, тие влијаеја така, како само тие зборови да ги чекаа, за да престанат да бидат трупови и – оживеаја. Сите гледаа во мене и очекуваа да кажам големи зборови и да направам големи дела, со кои ќе им помогнам во нивната борба со ѓаволот. Се покажа дека е многу потешко да се помогне, отколку што очекував. Конешно сфатив дека на алкохоличарите може да им се помогне, само ако тие самите ги променат своите ставови кон алкохолот и кон животот воопшто.

На крајот од својот говор, уште им реков: Ѓаволот, кој секогаш стои пред вратата на вашите срца, ја зграбил приликата кога сте посегнале по чашката со алкохол. Со тоа сте му ја отвориле вратата и тој скокнал во вашето срце и таму сега седи како домаќин. Истерајте го надвор! И, во иднина, бидете внимателни и не ја отворајте вратата низ која тој, така лесно влегува. Самите бидете си власт над себе си – тогаш ниту една власт нема да ви биде потребна, особено нема да ви биде потребна власта од најстрашниот ѓавол – алкохолот. Многу повеќе вреди да се живее и најбеден живот, исполнет со искрена љубов и внимание со своето семејство, отколку да се живее сам, во изобилство.

%

%

Зборував полека, на почетокот на секоја реченица го подигав, а на крајот го спуштав гласот. Ова прекинување на мојот говор, ова спуштање на гласот кога завршував една реченица и повторното подигање кога започнував нова, беше потполно природно, иако во него имаше голема драматичност и кај луѓето, без сомнеж, мораше да предизвика впечаток дека е дојден судниот час и дека пред нив не стои осуденик, туку стои ангел обвинител над ѓаволот.

Целосно се ослободив од стравот и со уште посилен глас продолжив: Браќа мои, немојте да излезете од оваа судница како најголеми глупаци и кукавици. За да бидат делата добри, човекот што ги прави прво мора да биде добар и правилно усмерен, бидејќи од таму, каде ништо не е добро, не може никакво добро ни да произлезе. Ако имате доверба во самите себе, тогаш краток е патот до чесен, среќен и достоен живот. Бидете сигурни, бидете целосно убедени во вашиот успех, бидете сигурни во улогата на Клубот на лекувани алкохоличари во вашиот живот, бидете сигурни во вашите терапевти и нивната несебична помош. Во Клубот на лекувани алкохоличари се наоѓа спасот, во клубот се наоѓа вистинскиот спас за вашите секојдневни страдања. Алкохолот е извор и почеток, творец и татко на многу гревови, а горделивоста, егоизмот, мрзата, гневот и зависта, се негови потомци. Клубот на лекувани алкохоличари ви ја дарува убавината и радоста на вистинскиот човеков живот и ќе направите голем грев ако, при првото искушение,  го заборавите вашето свето место, ако заборавите на благодадта што ви ја пружа КЛА и тргнете по ѓаволот. Време е да престанете да чекате ненадејни дарови од животот – животот треба сами да го градите. Верувајте и станете упорни во тоа што верувате – дека само во Клубот на лекувани алкохоличари е спасот. Само така, со крената глава, одлучно и бестрашно ќе чекорите по патот на вашата победа над алкохолната болест, само така ќе научите и ќе добиете снага за да ги надминете сите тешкотии и опасности, ќе бидете спремни да поднесете секакви неволји. Најдоброто нешто во човековиот живот се неговите мали, безимени, незабележливи и незапаметени дела, создадени од добрината и љубовта. Што може да ви даде ѓаволот, а што би вредело и најмал дел, од тоа што ви го нуди Клубот на лекувани алкохоличари?

%

Почувствував топлина во срцето, почувствував чудна сила што ја добив од мојот спасител, почувствував потреба и силна желба одговорноста за сите мои глупости и пропусти, за сите мои лоши постапки од минатото, да ја земам во свои раце. Некој тивок, непознат глас, со шепот ме охрабруваше: Со Божја помош, со помош на прекрасен човек, кој е извонреден терапевт, како што е др.Мец, со помош на колегите од Клубот на лекувани алкохоличари, успеа да ги скратиш барањата на телото. Што се однесува до твојата напатена душа, таа не само што може да се надева, туку сега може да биде сигурна, дека ќе ја добиеш оваа најтешка, но во исто време и најважна битка во твојот живот. Залудно ѓаволот се труди повторно да ја зароби твојата душа, залудно се труди да те совлада, а тој знае дека тоа најлесно ќе го постигне, ако само за момент се посомневаш во вредноста и исправноста од посетувањето на Клубот на лекувани алкохоличари. Твојот одговор до ѓаволот секогаш треба да биде категоричен и секогаш ист. Треба да се бориш со сите сили, да истраеш до крај, до конечната победа над твојот најголем непријател, до конечната победа над најголемиот непријател на целото човештво – алкохолот. Цврсто земи ги работите во свои раце, биди тоа што треба да бидеш – човек. Ни животот, ниту сите богатства и задоволства на овој свет, што ѓаволот ги нуди, ни приближно не вредат колку достоинството – единствената причина, поради која вреди да живееш. Гледај кон светлината, гледај кон иднината. Стави ги грешките во архивата на минатото и на нив потсетувај се само за да не ги повторуваш.

Храбро скокнав и силно извикав: Јас сум виновен за сé, за сите мои грешки и гревови. Живеев како скот, како дивјак од камено, од пештерско време, кога човекот сеуште живеел на дрвјата, бев животно, див ѕвер. Но, бев таков, бидејќи бев заведен, заблуден од овој страшен ѓавол кој, како слепец, цврсто ме држеше во своите канџи и ме водеше по патот кон пеколот. За успешно да ме донесе во замката на алкохониот пекол, овој страшен ѓавол, за своја главна компонента ја имаше илузијата, што се создава кај секој алкохоличар, дека задоволствата што алкохолот ги пружа се најголеми и дека вечно ќе траат. Впрочем, зошто кој било би се впуштил во пакт со ѓаволот, ако не од надеж дека ќе го ослободи од маките и страдањата. Иако, на прв поглед, изгледа дека таквата илузија е корисна лага за алкохоличарот, сепак, сите треба да знаете дека митот за бесконечните задоволства не е корисна, туку е пеколна лага, бидејќи тоа што ѓаволот го нарекува задоволство, во стварност е невидлив пекол, а во име на тој пекол јас, како и сите други алкохоличари од целиот свет, ја ограничуваме својата, уште повеќе им ја ограничуваме слободата на нашите најблиски. Знаете, ќе живее полн живот оној, кој сака да живее како човек, во вистинска смисла на зборот. Треба само да ги избегнуваме валканите ѓаволски страсти, кои не водат во сигурна смрт, засекогаш. Оттргнете го телото од нечистите сили, кое тие грозно ќе го извалкаат, тело кое Бог го создал од својата плунка и живот му вдахнал. Овој свет не е долина на искушување и премин кон некој подобар, вечен живот, туку овој свет во кој живееме е еден од вечните светови: тој е убав и радосен и ние не само да можеме, туку со своите напори мораме да го направиме уште поубав и порадосен за оние, кои ќе живеат после нас во него. Јас сум оној кој е крив што е жив и кој на себе доброволно ја зема заслужената казна. Затоа, ако мислите дека сум виновен што со голем труд, со голема и несебична помош од нашиот терапевт, со помошта од сите членови на Клубот на лекувани алкохоличари, најмногу со несебичната љубов и внимание од моите најмили – сопругата и двете прекрасни деца, конечно успеав да се освестам, затоа што успеав да се извлечам од канџите на овој проклет ѓавол, тогаш судете ме и ќе ја прифатам секоја казна.

%

Тогаш се случи големо чудо. Силна светлина ја осветли судницата, а нечија рака, татковски ме потчукна по рамото. Исплашено се завртив, да видам: што е тоа? Зад мене, наредени како војници, со насмеани лица, спремни за борба, стоеја колегите од Клубот на лекувани алкохоличари, а пред нив, како џин, како Ангел Божји, стоеше нашиот терапевт Др.Методија Николоски - Мец. Слободно може да се каже, дека Др.Мец стоеше во судницата, како Бог од некоја грчка трагедија, од која избива вик на фанфари за непомирлива одмазда или кој, со глас што го надвикува татнежот на громовите, ја распостила низ широката вселена најтешката клетва, од која Боговите ќе се зачудат, а темелите на пеколот ќе се тресат до распаѓање: Ако над нас има праведен Бог и, ако тој сака да им даде најмал дел од неговата милост и сожалување на неговите заблудени чеда и, ако сака да ги сослуша молитвите кои излегуваат од дното на мојата душа, тогаш го молам Семоќниот Бог наш, да ми даде време и сила, тебе ѓаволу, тебе ѕверу над ѕверовите целосно да те уништам, наместо плачот и тагата, да им ја вратам радоста и среќата на овие несреќници, да ги спасам овие и сите други луѓе, од алкохолниот пекол.

Од него зрачеше боженствена светлина, зрачеше огромна сила од неговата насмевка. Не плаши се, ние секогаш сме со тебе – тивко ми рече.

Во истиот момент, во главата ми дојде еден од неговите совети, што ги слушавме на состаноците, во Клубот на лекувани алкохоличари: Алкохолот не ги решава проблемите. Тој само создава лажна илузија за привремено одложување на соочувањето со реалноста, создава чудна илузија за заборавање на проблемите, до степен на нивно непостоење. Лесно е да се прават лоши дела, оние дела, од кои доаѓаат нашите несреќи, а тоа што е добро за човекот, се прави само со голем напор. Ако ви остане, макар и најмала грижа за телесниот живот, борбата е беспредметна. Јас знам дека вашата борба е тешка, но исто така знам, дека мора да престанете да се дружите со алкохолот, дека нема друг начин за да се достигне среќата. За вистинско самооткажување од страстите и успешна борба со нив, потребни се вистинските сознанија за последиците од алкохолизмот, до кои може да се дојде само во Клубот на лекувани алкохоличари.

 

%

Бранителот, кој дотогаш неподвижно седеше, со наведната глава над масата, наеднаш скокна и силно извика: Јас сум виновен, поради мојата негрижа овој човек замина во пеколот, тој е мое, само мое дело. Во длабината, во најголемата длабина на душата, знам дека постапував свирепо со него. Потполно сум свесен за моите постапки и за нив се кајам од дното на мојата душа. Денес сум среќен човек, чувствувам голема радост и мојата совест сега е помирна од сознанието, дека тој успеал да се спаси од најстрашниот пекол. Затоа ве молам, судете ме мене.

Последната реченица ја искажа многу полека, подзастануваше после секој искажан збор, како да очекуваше да види, каков впечаток оставил и што ќе речам јас. Се загледав подобро и во него го препознав ликот на татко ми. Ме гледаше со молба во очите, а болка и тага се читаа од неговото натажено лице. Ми се причини како да бара прошка од мене. Да можеше да ѕирне во мојата душа , ќе видеше дека не е потребно да ме моли, ќе видеше дека многу одамна му имам простено сé. Почувствував силна желба да се стрчам кон него и да го прегрнам, но ме спречи ѓаволот, од чија уста излегуваше силен пламен, а неговите зборови, упатени кон татко ми, ечеа низ големата сала: Седи проклетнику, ти не си во состојба да поставуваш услови и твојата жртва не може никого да спаси. Со тебе лесно ќе се справам, бидејќи ти одамна си во пеколот, одамна си мој.

Се чувствував изгубен, безнадежен, го насетував крајот. За миг се потсетив: како ѓаволот успеа лесно да ме втурне во мојата пропаст, како од тогаш почнаа да ме напуштаат честа и моите доблести, дека ништо вредно не ми остана што би ме препорачало, било на милоста Божја, било на човековата помош. Ја прифатив реалноста дека можеби сеуште вистински не сум ги окајал грешките од минатото и затоа, ете, ме стигнува небесна казна и дека затоа сега сум толку несреќен, колку што бев расипан и лош.

Мојот ум, инсинктивно, како да се претвори во мрачна комора и во мојата свест се појавија наредени слики, безброј слики од моето мрачно минато, слики од зачадените, валкани кафеани. Бујната фантазија, како во галерија, како на огромно платно, ги сликаше сцените и атмосферата, со илјадници призори на суровоста, бруталноста, животинското. На тие слики доминираа гостите во кафеаните, како пијат лута ракија, во атмосфера преполна со разврат и простачко однесување. Јасно се гледав себе си во нивното друштво, како пијам – со главата поблиску до подот, отколку до масата. Во тие моменти, ми дојде мисла дека треба да се помирам со судбината, дека пеколот треба да го прифатам како награда за злото што им го нанесував на сите околу мене, особено на моите најмили.

 

%

Пред извесно време сонував чуден и страшен сон. Како да се наоѓав во голема судница, во која имаше многу луѓе. Ми изгледаа познато, но иако се трудев, не можев точно да препознаам ниеден од нив, бидејќи луѓето, кои се наоѓаа во судницата, беа некако чудни, бледи, со искривени, изобличени лица. Судиите нервозно ги смируваа, а тие едногласно, силно викаа: “Смрт, смрт за предавникот.” Целиот живот, дури и во времето кога веќе бев стигнат до дното од алкохолниот пекол, се трудев, по секоја цена да ги задржам своите доблести и затоа, зборот “предавник” посебно ме болеше и на мене делуваше како камшик, кој безмилосно ја удира и кине мојата душа.

          Од сите најстрашен беше обвинителот – имаше страшно лице, на главата имаше големи рогови, а со секое чкртнување со острите заби, од устата му излегуваше пламен и неподнослива смрдеа, слична на расипано вино. Чувствував необична одвратност од смрдеата на тој здив. Јас триесетина години редовно пиев вино и ракоја, многу често и се опивав, но никогаш не ми се гадело во толкава мера, како сега, од здивот на овој проклет обвинител. Убеден сум дека тој одвратен здив, кај ниту еден од присутните, не будеше желба за пиење, туку спротивно, кај секого мора да будеше желба да се заколне, дека никогаш повеќе нема да вкуси алкохол. Кај мене сė, од звукот на неговиот глас, до косата и големите нокти, предизвикуваше страв и гадење.

          Од страв, крвта ми замрзна во жилите, а обвинителот, во кого веднаш го препознав ѓаволот, мавтајќи со рацете и роговите на сите страни, со својот страшен поглед фрлаше огнени стрели кон мене и силно викаше: Убијте го, запалете го, траг да не остане од овој предавник. Иако му ги пружив најголемите, најблескавите задоволства, сепак, тој го раскина договорот, се откажа од мене. Сите вие, што останувате верни на мојата стратегија за уредување на вашите животи, бидете убедени, јас ви ветувам – посебно го нагласи зборот Јас, очигледно убеден во тоа, дека неговиот збор е најдобра гаранција – откако ќе го осудите на најстрашна смрт овој неблагодарник, јас – повторно го нагласи зборот Јас, ќе ви дарувам такви сласти и задоволства, какви што досега не сте вкусиле. Што ќе биде со нас и со нашиот рај, ако сите почнат да прават, како овој неблагодарник. Присутните едногласно, продолжија уште посилно да викаат: Смрт, смрт.

%

Плашејќи се од болката, што доаѓа при решавањето на проблемите, речиси сите луѓе, во помала или поголема мера, настојуваат да ги избегнуваат, надевајќи се дека тие сами од себе ќе се решат, ќе исчезнат, дури честопати се однесуваат, како проблемите воопшто да не постојат. На секој разумен човек му е потполно јасно, дека проблемите нема да се решат со изјавите, дека тоа не се нивни проблеми, ниту со очекувањата дека некој друг, ќе ги реши наместо нив. Се разбира, за да не мислат на проблемите и полесно да заборават, многу луѓе на помош го повикуваат нивниот спасител – ѓаволот, кој им го нуди алкохолот како лек, за да ги заблуди и зашемети и во таквата заблуденост да заборават на болката, што проблемите ја носат.

          Иако проблемите, што животот ги носи, треба да се решаваат со ладна глава и ова звучи крајно логично, многу луѓе не се способни тоа во целост и правилно да го разберат. Тоа им се случува најмногу заради нивното внатрешно одбивање, искрено да ја прифатат одговорноста за своите проблеми, пред да почнат да ги решаваат. Возвишената молитва вели: Променете ги нештата, што можат да се променат, прифатете ги оние, што не можат и имајте мудрост, да го разликувате доброто од злото.

          Откако јас ги прифатив овие универзални идеи и ги направив составен дел од мојот живот, воопшто не ми беше тешко да се здобијам со Господовата милост. Потребно беше само моето искрено каење и силна омраза кон оние дела, со кои јас, сосема оправдано, триесетина години, бев предмет на Господовиот гнев.

          Почитувани, сите Вие, кои ја отварате оваа страна. Во наредните неколку текстови ќе Ви го прикажам сонот на еден алкохоличар, предизвикан од грижата на совеста, која непрекинато го измачува. Се надевам дека и овие текстови ќе го задржат Вашето внимание и ќе продолжите, со Вашите коментари, кои многу ми помагаат, да се збогатат и моите сознанија за борбата со алкохолизмот.

- Да се ожениш значи своите права да ги преполовиш, а должностите да ги удвоиш. Шопенхауер

- Бракот е единствена авантура достапна на кукавиците. Волтер

- Ако се плашиш од осаменост – не жени се. Чехов

- Земете жена која не верува во тоа што го гледа. Валери

- Светот би бил посреќен кога сите жени би биле мажени, а сите мажи неоженети. Салти

- Бракот во некои случаи е страшна заблуда од една, а страшна лага од друга страна. И.Андриќ

- Бракот за сиот живот соединува две суштества, кои воопшто не се познаваат. Балзак

- Грешките на жените, во исто време се побуна против егоизмот, негрижата и неспособноста на нивните мажи. Балзак

- Бракот најчесто се состои од еден лажго и еден насилник. Јован Дучиќ

- Мажите од жените кои ни се допаѓаат, секогаш се глупаци. Ж.Фејдо

- Кога мажот ќе се ожени со помлада жена, личи на човек кој купил убава книга, за да ја чита друг. Томпсон

- Натепај ја жената секое утро; ако самиот не знаеш зашто, таа сигурно ќе знае. Арапска поговорка

- Девојката која на многумина им се допаѓа, ретко се мажи за еден. Б.Шо

- Мажот и жената, поединечно, се како половина школка: кога ќе се состават, тогаш се целина. Упанишад

- Најсреќен брак, како што е замислен, е единствено бракот на глув маж и слепа жена. Колер

Голема награда за апстинентот е личното задоволство, од постигнатиот успех во лекувањето од алкохолната болест. Сепак, најголема награда за секој, кој успеал да ја победи алкохолната болест, секако е задоволството и среќата, кои ќе ги почуствува во секој момент, со секој поглед на среќните и задоволни лица на своите најмили. Апстинентот има шанса да излезе од состојбата на целосна разочараност, кога сомнежот во своите вредности ја достигнал највисоката точка, кога грижата на совеста сė повеќе го влечела кон дното, со оставањето на алкохолот животот почнува целосно да се нормализира и апстинентот, по подолго време, почнува да се чувствува корисен, корисен за себе, уште повеќе за своите најмили - токму таков, каков што отсекогаш требало да биде. Затоа, треба да имаме јасна претстава за борбата што ја водиме со алкохолот, да ја прифатиме како наша приоритетна животна цел, кон која ќе ги насочиме сите наши мисли и целата своја енергија, за на крајот да бидеме победници. Не смееме да дозволиме моменталните тешкотии да ни застанат на патот и да не разочараат. Ако вистински сме решиле да постигнеме успех во нашата борба, да го победиме нашиот најголем непријател - алкохолот, ништо не може да ни застане на патот. Да запомнеме: сė што умот може да замисли и во што може да поверува, може и да се постигне. Бог му помага само на оној, кој самиот решил да си помогне.

          Оној кој решил да постигне успех, треба да тргне од точката на која во тој момент се наоѓа, да донесе конечна одлука за постигнување на успехот денес, а не утре, да биде свесен дека не смее да чека ненадејни дарови од небото, туку да ги вложи сите свои сили, ако сака да победи. За да го постигни тоа, треба на најдобар можен начин да ги искористи советите од терапевтите, да собира зрна на мудроста кои во Клубот на лекувани алкохоличари, ги има доволно за сите.

          Како апстиненти мора да водиме непрекината борба за да го победиме алкохолното зло. Кога ќе ја осознаеме вистинската смисла на нашиот живот, кога ќе одредиме јасна цел кон која треба да се стремиме, треба да ги искористиме сите можности кои ги нуди Клубот на лекувани алкохоличари во нашата борба, до конечната победа над алкохолот. И затоа, таа борба треба да ја прифатиме како шанса да излеземе од алкохолниот пекол, а не како тешкотија, која не можеме да ја надминеме. Не можеме да постигнеме ништо вредно во животот без борба, а наградата ја добиваат само оние, кои во клубот ќе научат како да се соочат со проблемите, се до средбата со нови искушенија, каде храбро ќе тргнеме во нова борба, кон нова победа. Така поминува целиот живот на разумните луѓе - со постојани напори и грижи при решевањето на проблемите и во задоволството од постигнатите успеси. За жал, голем е бројот на оние, кои во борбата со алкохолното зло настојуваат да одат по линијата на помал отпор. Тие немаат сила во својот карактер, сила која исклучиво се раѓа во борбата со алкохолното зло и затоа, многу лесно паѓаат во искушение да посегнат по најлесното решение - чашата со алкохол. Тоа е најголемата причина׃ зошто успехот постојано ги заобиколува?

          Методите за успех во борбата со алкохолната болест ќе ги препознаете низ написите што се објавени на мојот блог. Сепак, за да ги осознаете сите методи и начини за излез од алкохолниот пекол, ви препорачувам да ги прочитате моите книги посветени на борбата со алкохолот и последиците од него. Убеден сум дека се од голема корист за сите луѓе. Тие што лично немаат проблеми со алкохолот ќе научат како да им пристапат и помогнат на своите блиски роднини и пријатели, а тие што имаат каков било проблем предизвикан од алкохолот, многу полесно ќе го надминат.

- Институцијата, во која жените најчесто заземаат раководна позиција е – бракот. ***

- Од сите сериозни работи во животот, бракот е најсмешен. Бомарше

- Во бракот се среќни само оние, кои немаат фантазија. Менцкен

- Подобро е цела ноќ да престоиш на една нога, отколку со ламја да одиш во постела. Тејлор

- Не е важно со кого човек се жени, бидејќи следното утро ќе сфати дека тоа е некој друг. Роџерс

- Мажот се жени за да избега од другите жени, а потоа трча по други жени, за да ја заборави својата. Ролан

- Малку има такви жени, кои барем еднаш дневно не би го потсетиле мажот, да се покае што е оженет. Ла Бриер

- Подобро е да се има жена со која не може да се живее, отколку таква, без која не може да се живее. Саша Гитри

- Одма би се оженил со девојката, која денес ќе ја внесат, а утре ќе ја изнесат. Платон

- Секоја жена би требало да се омажи, но ни еден маж да се ожени. Дизраели

- Секоја жена треба да остане толку слободна, да го избере ропството што ќе и се допадне. Александар Жид

- Имаат право кога жените ги нарекуваат подобра половина, бидејќи оженет човек е половина човек. Р.Ролан

- На светот постојат и други работи, а не само здружување или разделба на мажите и жените. Тагоре

- Имав високо мислење за тој човек, додека не ја запознав неговата сопруга. Ниче

- Кој може да бира помеѓу паметта и убавината, нека за пријателка избере убава, а за сопруга паметна жена. Калдерон

- Многу жени би биле подобри сопруги, кога не би настојувале своите мажи да ги направат подобри. Твен

« Previous PageNext Page »