Posledni Napisi

СПАСОТ Е НА ДОФАТ НА РАКАТА % Но, тогаш Бог одлучи да смеша прсти во нашиот живот. Еден тмурен, пролетен ден, јас заминав во полето да работам,...

Read more

АЛКОХОЛОТ - НЕВИДЛИВ, НО СТРАШЕН... % Во почетокот немаше ништо необично, не гледав ништо лошо во тоа и воопшто не ми сметаше. Но, како времето поминуваше,...

Read more

ИСКУШЕНИЈАТА ДЕМНАТ ОД СИТЕ... Во Клубот на лекувани алкохоличари владееше необична атмосфера. Ништо не укажуваше дека на состанокот ќе се случи...

Read more

ОДНЕСУВАЊЕТО НА АЛКОХОЛИЧАРОТ... Закрепнатите луѓе од проблемите со пиењето, зависноста  од алкохол ја дефинираат како мултидимензионална и комплексна...

Read more

AKTIVNOSTI VO KLUBOT Вие, кој што сега посетувате Клуб на лекувани алкохоличари, вероватно сте разбрале дека сте влегле во големото...

Read more

ПИЕЊЕТО АЛКОХОЛ - ПРОБЛЕМ ВО... Вистината за проблемите, предизвикани од пиењето алкохол е многу полесно да се скрие на работното место, отколку...

Read more

КЛУБ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ Клубот на лекувани алкохоличари Ви е како да сте во еден рудник, и во него талкате, симни се најдолу, па кaчувај...

Read more

МУДРОСТИ - ЖЕНИ, ЖЕНИ - Постојат два вида жени׃ расеани – ќе ги изгубат двете ракавици; сталожени – ќе изгубат само една. Бернар - Пристојна...

Read more

МУДРОСТИ - ЖЕНСКИ КАРАКТЕР - Некои жени се како запалена цигара; ако не ја фатиш од вистинската страна, ќе се изгориш. Тухолски - Обично се...

Read more

ДА ПОГЛЕДНЕМЕ ВО ОГЛЕДАЛОТО... Кога ќе се угасни светлоста на твојот духовен живот, темна сенка на твоите телесни желби ќе падне на твојот пат....

Read more

  • Prev
  • Next

Twitter Updates...

  •  
fukosantin epimedium african mango afrika mangosu epilamor ozoderm uzamax altin cilek lavixir ayak kokusu biber hapi super x power penis halkasi maurers

СПАСОТ Е НА ДОФАТ НА РАКАТА

Category : АЛКОХОЛИЗАМ 075 985772

1

%

Но, тогаш Бог одлучи да смеша прсти во нашиот живот. Еден тмурен, пролетен ден, јас заминав во полето да работам, а мојот сопруг, како и обично, тргна кон кафеаната. На половина од патот, забележал дека ги заборавил оние малку пари што ги имаше и одлучил да се врати, за да ги земе. Само што дошол до портата, видел дека целата куќа е во пламен. Комшиите збунето стоеле во дворот, викајќи: Спасете ги децата! Но, кој да ги спаси? И денес се чудам, од каде кај мојот Ристе дошла таква сила, кога знам дека едвај на нозе стоеше!Со голема сила влетал во собата каде тие спиеја, ги зел двете деца и ги изнасол надвор од куќата. Потоа се вратил по малото сандаче, во кое ги чувавме поважните работи, пред сé нашите докуманти, но кога стигнал до вратата, една запалена греда паднала врз него и… да не биле комшиите, кои со голем напор го спасиле, веројатно жив ќе изгорел. Работев наведната во блиската нива, кога викотниците од соселаните ме натераа да ја кренам главата и… кога го видов чадот, што се издигаше од правецот на нашата куќа, ја фрлив мотиката и со трчање поитав кон куќата. Во главата ми доаѓаа најцрни мисли. Кога стигнав до дворот, ја затекнав колата за брза помош на заминување. Брзо се качив во колата и заминавме во градската болница. Неколку денови лекарите се бореа за животот на дечињата, кои беа затруени од чадот и… фала му на Бога, успешно ја завршија нивната работа!

          Но, состојбата со Ристе беше многу критична. Имаше изгореници по целото тело, а лицето му беше упропастено. Десетина денови не можеше да се освести. Дење и ноќе бдеев над него. Ноќта, по десеттиот ден, седејќи на клупата во ходникот од болницата, за миг задремав и… сонив чуден сон! Како да одев низ некоја пеколна темнина, ги напрегав очите, но не можев ништо да видам. Ме фати страв, кога од темнината слушнав некој глас, кој јасно го изговори моето име.

          – Погледни подобро околу себе Милево… чекориш по патот што ти му го припреми на твојот Ристе. Сакаше што побрзо тој да умре, да се куртулиш од него, а тој денес беше човек, беше херој… денес ти покажа дека дури и таков, каков што е – пијаница, може да направи добро дело и да биде од многу голема корист. Тој денес ги спаси вашите деца и затоа, моли се на Бога да преживее. Биди убедена дека неговата смрт ќе биде најголемата несреќа за тебе, бидејќи грижата на совеста ќе те уништи. Вложи напор и помогни му да излезе од

АЛКОХОЛОТ – НЕВИДЛИВ, НО СТРАШЕН НЕПРИЈАТЕЛ

Category : АЛКОХОЛИЗАМ 075 985772

0

%

Во почетокот немаше ништо необично, не гледав ништо лошо во тоа и воопшто не ми сметаше. Но, како времето поминуваше, тој почна почесто дома да доаѓа поднапиен, што е почудно, од тогаш, од за мене непознати причини, почна необично да се однесува Речиси по цел ден беше во кафеаната, од утро до мрак. Понекогаш се однесуваше насилно со мене и со децата, но секогаш ќе се повлечеше кога на вратата ќе се појавеше неговата мајка, кон која имаше посебна почит. Таа многу му зборуваше… дека тоа не чини, дека има вредна домаќинка и прекрасни деца, на кои им треба добар и примерен татко, дека во фамилијата до тогаш никогаш немале пијаница, дека татко му во гробот се превртува од мака… дека… Но, Ристе воопшто не ја слушаше и си продолжуваше по старо! По неколку години, сиротата жена од мака и срам од луѓето, се разболе и умре.

          Тогаш дојдоа нашите вистински маки и страдања. Човекот како да поулаве. Дали го мачеше грижата на совеста за смртта на неговата мајка незнам, но во домот, во кој царуваа среќата и мирот, настана пекол. Неколкупати, кога беше трезен, се обидов да му се приближам и да разговарам со него. Почнав да се сомневам дека можеби јас сум виновна за неговото однесување и затоа, побарав да ми каже во што е проблемот, дека сум спремна сé да направам, само да ни се врати поранешната среќа. Наместо одговор, секогаш добивав по неколку воспитни клоци и шлаканици

ИСКУШЕНИЈАТА ДЕМНАТ ОД СИТЕ СТРАНИ

Category : АЛКОХОЛИЗАМ 075 985772

0

Во Клубот на лекувани алкохоличари владееше необична атмосфера. Ништо не укажуваше дека на состанокот ќе се случи нешто необично, што долго ќе го паметиме. Обично, пред почетокот на секој состанок личиме на деца од училиште, кои ги користат последните моменти, пред да влезе учителот, гласно да кажат уште нешто, што божем е многу важно, а кое заборавиле да си го кажат на одморот. Доаѓањето на нашиот терапевт ги прекина започнатите разговори. Не поздрави сите и седна на вообичаеното место. Помина со погледот по просторијата, како да не пребројува. Задоволно се насмевна и сакаше да отпочне со состанокот. Во тој момент вратата се отвори и во просторијата влегоја маж и жена, на околу шеесетина години.

          – Конечно ве пронајдовме – викна радосно жената и двајцата со брзи чекори пристапија до масата, на која седеше докторот.

          – Здраво докторе, како сте… машала, добро изгледате – рече со насмевка жената, му ја стегна раката, се наведна и го бакна во образот. Мажот со насмевка на лицето го поздрави докторот, братски го потчукна по рамото и отстапи еден чекор.

          Докторот беше вчудоневиден… овие луѓе кон него се однесуваа како да му се најблиски роднини, а тој како воопшто да не ги познава. Нашиот терапевт има компјутерска меморија и затоа бевме збунети од неговата изненаденост.

          – Не можам да…

          – Знам, не можете да се сетите кои сме ние – го прекина жената и слатко се насмевна. Не е ни чудно, речиси триесет години откако се немаме видено… не е малку време. Но, ќе се сетите на нас, убедена сум во тоа. Случај како нашиот, човек како вас не може да го заборави. Само… незнам дали го избравме вистинскиот момент, бидејќи гледам дека работите. Но, ништо за тоа, вие само продолжете и однесувајте се како да не сме присутни… или, можеби ќе ви биде попријатно да почекаме надвор, додека состанокот да заврши, а потоа со докторот на раат ќе поразговараме.

          – Не, не, останете со нас, воопшто не ни пречите – побрза да ги задржи докторот.

          Седнаа на најблиската маса. Настана некоја пријатна тишина на исчекување. На лицето од мажот се читаше некое блажено задоволство на победник, слично на задоволството на човекот, кој штотуку го спасиле од бесилка. Неговите весели очи го насочуваа погледот на секој од нас и како да упатуваа некоја порака, која во тој момент не можевме да ја протумачиме.

          Жената ја отвори ташната што ја носеше и забрзано пребаруваше нешто во неа. Извади една пожолтена фотографија и радосно воскликна:

          – А сега, дали сега ќе не препознаете – радосно извика и му ја подаде сликата на докторот.

ОДНЕСУВАЊЕТО НА АЛКОХОЛИЧАРОТ И ЧЛЕНОВИТЕ НА СЕМЕЈСТВОТО

Category : АЛКОХОЛИЗАМ 075 985772

0

Закрепнатите луѓе од проблемите со пиењето, зависноста  од алкохол ја дефинираат како мултидимензионална и комплексна проблематика, предизвикана од пиењето алкохол т.е. како заразна и емотивно застрашувачка закана по здравјето за сите на кои им е важен нивниот ближен, кој што е во проблеми од пиењето. Во текот на планирањето на Програмата за закрепнување, можеби на семејството ќе му биде потребно повеќе помош и совети, отколку на самиот член во проблеми од пиењето. Потребата за алкохол е проблем кој што прави штетно влијание врз психичката стабилност на личностите кои го сакаат својот член од семејството, кој што е во проблеми од пиењето. И колку подлабоко се повредени нивните чувства тие се се помалку способни да му помогнат на својот сакан член во проблеми од пиењето алкохол.

Семејството ќе биде одговорно за својот член ако тој заболи од дијабетес или туберкулоза, додека потребата за алкохол кај својот член, тие не треба да  чувствуваат ниту трунка одговорност. Изборот за пиење алкохол го направи членот на семејството, а не семејството. Ниту едно семејство никогаш не би го направила својот сакан член да биде во проблеми од пиењето, па затоа не може да биде одговорно семејството за неговото закрепнување. Меѓутоа, поради недостаток од знаење и искуство, семејството може да дозволи проблемите од пиењето да поминат неприметно. Поради изместување на разбирањето и храброста семејството може да се согласи за својата неможност пред проблемите од пиењето, кои се шират и се мултиплицираат во ширина и по вертикала. Како созреваат проблемите од пиењето така и семејството постепено емотивно се вклучува и се трудат во најдобра намера да му помогнат на својот член во проблеми од пиењето. Најдобро ќе му помогнат ако веднаш на самиот почеток побараат стручна помош и обука за личното однесување спрема својот член од семејството. Ќе ја избегнат можноста да подлегнат на влијанието од својот член во проблеми од пиењето, чиј што образец на однесување е изместен, така што во тој случај би ги зголемиле проблемите од пиењето, отколку што би помогнале во закрепнувањето.

AKTIVNOSTI VO KLUBOT

Category : АЛКОХОЛИЗАМ 075 985772, КЛА 048-550716

0

Вие, кој што сега посетувате Клуб на лекувани алкохоличари, вероватно сте разбрале дека сте влегле во големото семејство, кое сака да си го смени стилот на животот, кое сака повторно да ја најде насмевката и задоволството кај секого. За да се постигне ова постојат неколку многу едноставни работи, кои треба да се направат… работи кои сме ги заборвиле, пред да дојдеме во клубот. Пред сé, треба да знаеме како да се вклучиме во расправа со самиот себе и со другите, да зборуваме за себе, да прифатиме критика, да ги слушнеме другите. За многумина од нас сето погоре споменато е многу тешко, но ако не успееме да го направиме тоа, ќе останеме затворени во нашите чаури и нашиот живот нема да се промени. Сето ова претставува големо почитување за приказните од животот на другите. Клубот не е суд и поради тоа добро се чуствуваме, затоа што знаеме дека нашиот пријател нема да не оптужува, а уште помалку дека ќе не осудува. Почитувањето на приказните од животот на сите, значи за сé што се зборува во клубот, таму и ќе остане за сигурно.

ПИЕЊЕТО АЛКОХОЛ – ПРОБЛЕМ ВО СЕМЕЈСТВОТО

Category : АЛКОХОЛИЗАМ 075 985772

0

Вистината за проблемите, предизвикани од пиењето алкохол е многу полесно да се скрие на работното место, отколку внатре во семејството, така што семејните оштетувања кај алкохоличарот „се читаат„ побрзо од оние на работното место. Во првите години на својот проблем од пиењето алкохол, алкохоличарот на работното место, свесен дека има проблем со пиењето, функционира хиперкомпензирано. Алкохоличарот личниот проблем со пиењето повеќе од успешно го сокрива, а пие веднаш после завршената работа и работното време.

            Проблемите од пиењето најрано се воочуваат во семејното функционирање на алкохоличарот. После низа години проблемите од пиењето се воочуваат и на работното место и на крајот, во општественото функционирање на алкохоличарот.

            Сериозните здравствени компликации, од проблемите врзани за алкохолот, по правило се јавуваат најпосле, односно, здравственото и општественото пропаѓање на алкохоличарот,

ДАЛИ МОИТЕ ПРЕДЛОЗИ ЗА БОРБА СО АЛКОХОЛИЗМОТ СЕ САМО УТОПИЈА И НИШТО ДРУГО?

Category : АЛКОХОЛИЗАМ 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

2

Последниве неколку недели добивам се повеќе коментари на мојата интернет страница, многу убави коментари кои ме подигаат во сопствените очи и ме инспирираат на уште поголема активност.  Поголемиот дел од оценките се позитивни и идентични со моите ставови за борба со последиците од алкохолот. Сепак, има и коментари каде нашите ставови за борбата со алкохолната болест, активностите што јас ги предлагам и улогата на Клубот на лекувани алкохоличари во оваа борба со најголемиот непријател на целото човештво, целосно се разликуваат. Овој напис, во три продолженија, им го посветувам ним за да ги преиспитаат своите ставови, за да дојдат до единствената, непобитна вистина што јас цело време ја застапувам: нема успех во борбата со алкохолната болест ако човек не вложи максимален труд, ако не се вложи себе си, нема успех без исполнување на основните човекови вредности – искреноста и добрината, љубовта и човекољубието, толеранцијата и трпението.

          Најголема забелешка на моите текстови е што повеќето луѓе сметаат, дека во нив внесувам премногу утопија,

ПИТОМИТЕ СЕ ПОДРЕДУВААТ КОН ДИВИТЕ

Category : АЛКОХОЛИЗАМ 075 985772

0

Вистината за проблемот од пиењето алкохол е многу полесно да се скрие на работното место, отколку внатре во семејството, така што семејните оштетувања кај алкохоличарот „се читаат„ побрзо од оние на работното место. Во првите години на својот проблем од пиењето алкохол, алкохоличарот на работното место, свесен дека има проблем со пиењето, функционира хиперкомпензирано. Алкохоличарот личниот проблем со пиењето повеќе од успешно го сокрива, а пие веднаш после завршената работа и работното време.

            Проблемите од пиењето најрано се воочуваат во семејното функционирање на алкохоличарот. После низа години проблемите од пиењето се воочуваат и на работното место и на крајот, во општественото функционирање на алкохоличарот.

            Сериозните здравствени компликации, од проблемите врзани за алкохолот, по правило се јавуваат најпосле, односно, здравственото и општественото пропаѓање на алкохоличарот, се случува во фазата на

СТРАВОТИИТЕ ОД АЛКОХОЛНИОТ ПЕКОЛ

Category : АЛКОХОЛИЗАМ 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

Изворна верзија на една потресна приказна за животот на една пријателка од Сараево, која ја запознав на netlog страната, за својот живот со алкохоличар. Се надевам дека, кај секој што ќе ја прочита, ќе остане дилемата: дали се морало така да се заврши? Дали не постоел начин да му се помогне на несреќниот човек, заглавен во алкохолниот пекол, особено ако помошта стигнела навреме?

          Ово је једна од прича из мог живота са човеком, кога сам вољела када сам се удала за нјега, нисам размишлјала да че да крене неким другим путем… не могу да га мрзим, много ми је зла нанио, јер алкохол је болест… бар ја мислим тако, а опет,

ВО 80% СЛУЧАИ, ГЛАВЕН ВИНОВНИК ЗА СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО Е АЛКОХОЛОТ

Category : АЛКОХОЛИЗАМ 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

Кога разумни луѓе ќе ја раководат човековата заедница, прво ќе почнат да спроведуваат, или барем ќе се обидат да спроведат, затворање на крчмите. Неразумните низ илјада генерации не би ги затвориле крчмите… Тоа се дел од советите на Џек Лондон за спас од најголемото човеково зло – алкохолот.

        Потврда дека сум на вистинскиот пат во борбата со алкохолното зло и дека моите размислувања и ставови се исправни, е акцијата за сузбивање на семејното насилство, на кое порано се жалеа само понекои и само понекогаш, а денес тоа стана општа појава. По примерот на многу цивилизирани држави, борбата против семејното насилство, конечно започна и во нашава мила Македонија. Со внимание ги следам случувањата на оваа тема и, колку што можам да забележам, од страна на надлежните институции оваа акција досега се води погрешно, или во најмала рака, недостасува вистинска стратегија. Имено, сите институции што се вклучени во оваа акција целосно се занимаваат само со последиците од алкохолното зло, без притоа воопшто или многу малку да ги допрат причините, од кои произлегува насилството.

Гле, ухватили птицу певачицу,

муче је, стежу – ох тешко њој.

Јадница пишти, цвркут јој стао,

                            а они вичу: “Пој, птицо, пој”.          Державин

          Пред извесно време Клубот на лекувани алкохоличари “Здрав живот” од Прилеп го посети директорот за социјални работи. Бев пријатно изненаден од неговата намера да го вклучи клубот во борбата против семејното насилство, бидејќи, како што рече, само во неколку месеци од таа година, во оваа установа има пријавено дваесетина случаи на семејно насилство и, за жал, во сите случаи, главен виновник е алкохолот. Се договори со нашиот терапевт да поработат на еден случај и за следниот состанок клубот, наместо алкохоличарот, го посети неговата сопруга, со најмалото од трите деца. На прв поглед се доби впечаток дека жената е збунета, но таа брзо се созеде и храбро ја раскажа својата тажна приказна: како нејзиниот сопруг секој ден безмилосно ја малтретира, нарекувајќи ја пред децата со најпогрдни зборови, дека е курва и недомаќинка и, се разбира, дека постојано ја тепа. “Крајно е љубоморен и неразумен” и, како што рече “ништо не работи и никого не сака да го послуша за да го подобри своето однесување. Незнам дали повеќе ќе можам да издржам. Жал ми е за трите прекрасни дечиња, да не беа тие одамна ќе го оставев” – заврши таа.

          Просторијата ја исполни чудна тишина. Оваа храбра жена не кажа ништо ново, што ние веќе не го знаевме, но нејзините искрени зборови кои ја пренесуваа молбата за помош, не погодија сите. Сигурен сум дека во тој момент секој од нас во мислите ги виде солзите на своите најмили. Жената бараше помош, а ние во тој момент се чувствувавме немоќно. Можевме да помогнеме да ги ублажиме последиците од алкохолното зло, но чинителот на злото во тој момент веројатно безгрижно седеше во некоја кафеана, далеку од нашите погледи.

          Размислував што да кажам, како да ја охрабрам, да и дадам надеж дека сепак постои начин да се помогне. Како од сон ме штрекнаа зборовите на детето. Тоа невино, четиринаесет годишно детенце, уште на почетокот не можеше да ги задржи солзите. Повтори дел од приказната на својата мајка, но на крајот не запрепасти сите кога кажа тешки зборови, несвојствени за дете на негова возраст. Усните му трепереа и со плачлив глас силно викна, како да се надева дека ќе го слушне и неговиот татко алкохоличар: “Или вие преземете нешто состојбата да се подобри, или ние, трите братчиња ќе преземеме, вака повеќе не може да се живее.”

          Бевме целосно поразени. Го советувавме детето дека тоа е најгрешниот начин за решавање на нивните проблеми, но знаевме дека со нашите совети многу не му помогнавме на несреќното семејство. Сепак, се надевам дека ако еден ден таткото алкохоличар ги прочита овие редови, дека неговата совест ќе се разбуди и дека ќе го побара патот што води кон излезот од пеколниот алкохолен лавиринт, ќе го посети Клубот на лекувани алкохоличари каде ќе најде спас за себе, уште повеќе за неговите најмили.

          Исто така, се надевам дека од примерот што го наведов, институциите на власта ќе можат да заклучат дека најлесно ќе помогнат ако се позанимаваат, пред сé со причините кои довеле до насилството, се разбира, без притоа да се казнува чинителот на злото. Убеден сум дека на секој човек со правилен пристап, со упатување на вистинското место, а тоа се Клубовите на лекувани алкохоличари, најлесно може да се помогне.

          Методите за борба со алкохолното зло, многу убаво се опишани во романот “Како да се победи Кралот Алкохол.” Прочитајте ја оваа книга и ќе научите како најлесно да се справите со злото.

fukosantin epimedium african mango afrika mangosu epilamor ozoderm uzamax altin cilek lavixir ayak kokusu biber hapi super x power penis halkasi maurers