Posledni Napisi

МУДРОСТИ - ЖЕНИ... МАЖИ - Пријателството на две жени е само завера против трета. Кар - Жената што не е убава, никогаш не била млада. Свечин -...

Read more

ЗАВИСНОСТА ОД АЛКОХОЛОТ Е СЕМЕЕН... Ставовите кон пиењето алкохолни пијалаци се формираат уште во детството и раната младост и тоа по образецот на...

Read more

МУДРОСТИ - ОД СЕ ПО НЕШТО ЗА ЖЕНИТЕ - Секогаш е исто׃ прво некоја жена ја имаш во срцето, потоа во раката, па на колената и на крајот, на вратот. Буш -...

Read more

ВО СЕКОЈ ЧОВЕК СЕ КРИЕ ПОБЕДНИК Од нашиот прекрасен живот во Америка, ќе кажам дека со помош на нашиот роднина, кој ни најде работа, добро се снајдовме...

Read more

АЛКОХОЛОТ Е НЕВИДЛИВ...НО СТРАШЕН... Најмила моја, тоа што намерно си ми давала ракија за да не те малтретирам, воопшто нека не те измачува, бидејќи...

Read more

КАДЕ ШТО ИМА ИСКРЕНОСТ, ИМА И... Во тие моменти почна да ме измачува тоа, што Ристе почна многу брзо да постигнува добри резултати во борбата со...

Read more

НАДЕЖ ЗА СПАС ОД АЛКОХОЛОТ! % - Незнам како излегов од ординацијата. Сознанието дека сум уништувала болен човек, целосно ме порази. Толку бедно...

Read more

СПАСОТ Е НА ДОФАТ НА РАКАТА % Но, тогаш Бог одлучи да смеша прсти во нашиот живот. Еден тмурен, пролетен ден, јас заминав во полето да работам,...

Read more

АЛКОХОЛОТ - НЕВИДЛИВ, НО СТРАШЕН... % Во почетокот немаше ништо необично, не гледав ништо лошо во тоа и воопшто не ми сметаше. Но, како времето поминуваше,...

Read more

ИСКУШЕНИЈАТА ДЕМНАТ ОД СИТЕ... Во Клубот на лекувани алкохоличари владееше необична атмосфера. Ништо не укажуваше дека на состанокот ќе се случи...

Read more

  • Prev
  • Next

Twitter Updates...

  •  
african mango ozoderm

НАДЕЖ ЗА СПАС

Category : АЛКОХОЛИЗАМ 075 985772, ИСПОВЕД 075 985772, КЛА 048-550716

0

%

Не можев да претпоставам, ниту да очекувам, дека случајно изговорените зборови, можат да предизвикаат такво дејство. Како полето на смртта, прекриено со мртвите коски од луѓето, да се затресе од допирот на духот, а вкочанетите коски се размрдаа. Непромислено ги изговорив зборовите на љубов и сожалување, зборови од кои секој можеше да извлече корисна поука и, тие влијаеја така, како само тие зборови да ги чекаа, за да престанат да бидат трупови и – оживеаја. Сите гледаа во мене и очекуваа да кажам големи зборови и да направам големи дела, со кои ќе им помогнам во нивната борба со ѓаволот. Се покажа дека е многу потешко да се помогне, отколку што очекував. Конешно сфатив дека на алкохоличарите може да им се помогне, само ако тие самите ги променат своите ставови кон алкохолот и кон животот воопшто.

На крајот од својот говор, уште им реков: Ѓаволот, кој секогаш стои пред вратата на вашите срца, ја зграбил приликата кога сте посегнале по чашката со алкохол. Со тоа сте му ја отвориле вратата и тој скокнал во вашето срце и таму сега седи како домаќин. Истерајте го надвор! И, во иднина, бидете внимателни и не ја отворајте вратата низ која тој, така лесно влегува. Самите бидете си власт над себе си – тогаш ниту една власт нема да ви биде потребна, особено нема да ви биде потребна власта од најстрашниот ѓавол – алкохолот. Многу повеќе вреди да се живее и најбеден живот, исполнет со искрена љубов и внимание со своето семејство, отколку да се живее сам, во изобилство.

%

УКАЖУВАЊЕ НА ГРЕШКИТЕ

Category : АЛКОХОЛИЗАМ 075 985772, ИСПОВЕД 075 985772, КЛА 048-550716

0

%

Зборував полека, на почетокот на секоја реченица го подигав, а на крајот го спуштав гласот. Ова прекинување на мојот говор, ова спуштање на гласот кога завршував една реченица и повторното подигање кога започнував нова, беше потполно природно, иако во него имаше голема драматичност и кај луѓето, без сомнеж, мораше да предизвика впечаток дека е дојден судниот час и дека пред нив не стои осуденик, туку стои ангел обвинител над ѓаволот.

Целосно се ослободив од стравот и со уште посилен глас продолжив: Браќа мои, немојте да излезете од оваа судница како најголеми глупаци и кукавици. За да бидат делата добри, човекот што ги прави прво мора да биде добар и правилно усмерен, бидејќи од таму, каде ништо не е добро, не може никакво добро ни да произлезе. Ако имате доверба во самите себе, тогаш краток е патот до чесен, среќен и достоен живот. Бидете сигурни, бидете целосно убедени во вашиот успех, бидете сигурни во улогата на Клубот на лекувани алкохоличари во вашиот живот, бидете сигурни во вашите терапевти и нивната несебична помош. Во Клубот на лекувани алкохоличари се наоѓа спасот, во клубот се наоѓа вистинскиот спас за вашите секојдневни страдања. Алкохолот е извор и почеток, творец и татко на многу гревови, а горделивоста, егоизмот, мрзата, гневот и зависта, се негови потомци. Клубот на лекувани алкохоличари ви ја дарува убавината и радоста на вистинскиот човеков живот и ќе направите голем грев ако, при првото искушение,  го заборавите вашето свето место, ако заборавите на благодадта што ви ја пружа КЛА и тргнете по ѓаволот. Време е да престанете да чекате ненадејни дарови од животот – животот треба сами да го градите. Верувајте и станете упорни во тоа што верувате – дека само во Клубот на лекувани алкохоличари е спасот. Само така, со крената глава, одлучно и бестрашно ќе чекорите по патот на вашата победа над алкохолната болест, само така ќе научите и ќе добиете снага за да ги надминете сите тешкотии и опасности, ќе бидете спремни да поднесете секакви неволји. Најдоброто нешто во човековиот живот се неговите мали, безимени, незабележливи и незапаметени дела, создадени од добрината и љубовта. Што може да ви даде ѓаволот, а што би вредело и најмал дел, од тоа што ви го нуди Клубот на лекувани алкохоличари?

%

ПРИФАЌАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА

Category : АЛКОХОЛИЗАМ 075 985772, ИСПОВЕД 075 985772, КЛА 048-550716

0

Почувствував топлина во срцето, почувствував чудна сила што ја добив од мојот спасител, почувствував потреба и силна желба одговорноста за сите мои глупости и пропусти, за сите мои лоши постапки од минатото, да ја земам во свои раце. Некој тивок, непознат глас, со шепот ме охрабруваше: Со Божја помош, со помош на прекрасен човек, кој е извонреден терапевт, како што е др.Мец, со помош на колегите од Клубот на лекувани алкохоличари, успеа да ги скратиш барањата на телото. Што се однесува до твојата напатена душа, таа не само што може да се надева, туку сега може да биде сигурна, дека ќе ја добиеш оваа најтешка, но во исто време и најважна битка во твојот живот. Залудно ѓаволот се труди повторно да ја зароби твојата душа, залудно се труди да те совлада, а тој знае дека тоа најлесно ќе го постигне, ако само за момент се посомневаш во вредноста и исправноста од посетувањето на Клубот на лекувани алкохоличари. Твојот одговор до ѓаволот секогаш треба да биде категоричен и секогаш ист. Треба да се бориш со сите сили, да истраеш до крај, до конечната победа над твојот најголем непријател, до конечната победа над најголемиот непријател на целото човештво – алкохолот. Цврсто земи ги работите во свои раце, биди тоа што треба да бидеш – човек. Ни животот, ниту сите богатства и задоволства на овој свет, што ѓаволот ги нуди, ни приближно не вредат колку достоинството – единствената причина, поради која вреди да живееш. Гледај кон светлината, гледај кон иднината. Стави ги грешките во архивата на минатото и на нив потсетувај се само за да не ги повторуваш.

Храбро скокнав и силно извикав: Јас сум виновен за сé, за сите мои грешки и гревови. Живеев како скот, како дивјак од камено, од пештерско време, кога човекот сеуште живеел на дрвјата, бев животно, див ѕвер. Но, бев таков, бидејќи бев заведен, заблуден од овој страшен ѓавол кој, како слепец, цврсто ме држеше во своите канџи и ме водеше по патот кон пеколот. За успешно да ме донесе во замката на алкохониот пекол, овој страшен ѓавол, за своја главна компонента ја имаше илузијата, што се создава кај секој алкохоличар, дека задоволствата што алкохолот ги пружа се најголеми и дека вечно ќе траат. Впрочем, зошто кој било би се впуштил во пакт со ѓаволот, ако не од надеж дека ќе го ослободи од маките и страдањата. Иако, на прв поглед, изгледа дека таквата илузија е корисна лага за алкохоличарот, сепак, сите треба да знаете дека митот за бесконечните задоволства не е корисна, туку е пеколна лага, бидејќи тоа што ѓаволот го нарекува задоволство, во стварност е невидлив пекол, а во име на тој пекол јас, како и сите други алкохоличари од целиот свет, ја ограничуваме својата, уште повеќе им ја ограничуваме слободата на нашите најблиски. Знаете, ќе живее полн живот оној, кој сака да живее како човек, во вистинска смисла на зборот. Треба само да ги избегнуваме валканите ѓаволски страсти, кои не водат во сигурна смрт, засекогаш. Оттргнете го телото од нечистите сили, кое тие грозно ќе го извалкаат, тело кое Бог го создал од својата плунка и живот му вдахнал. Овој свет не е долина на искушување и премин кон некој подобар, вечен живот, туку овој свет во кој живееме е еден од вечните светови: тој е убав и радосен и ние не само да можеме, туку со своите напори мораме да го направиме уште поубав и порадосен за оние, кои ќе живеат после нас во него. Јас сум оној кој е крив што е жив и кој на себе доброволно ја зема заслужената казна. Затоа, ако мислите дека сум виновен што со голем труд, со голема и несебична помош од нашиот терапевт, со помошта од сите членови на Клубот на лекувани алкохоличари, најмногу со несебичната љубов и внимание од моите најмили – сопругата и двете прекрасни деца, конечно успеав да се освестам, затоа што успеав да се извлечам од канџите на овој проклет ѓавол, тогаш судете ме и ќе ја прифатам секоја казна.

%

СПАСИТЕЛОТ – АНГЕЛ БОЖЈИ

Category : АЛКОХОЛИЗАМ 075 985772, ИСПОВЕД 075 985772, КЛА 048-550716, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

Тогаш се случи големо чудо. Силна светлина ја осветли судницата, а нечија рака, татковски ме потчукна по рамото. Исплашено се завртив, да видам: што е тоа? Зад мене, наредени како војници, со насмеани лица, спремни за борба, стоеја колегите од Клубот на лекувани алкохоличари, а пред нив, како џин, како Ангел Божји, стоеше нашиот терапевт Др.Методија Николоски – Мец. Слободно може да се каже, дека Др.Мец стоеше во судницата, како Бог од некоја грчка трагедија, од која избива вик на фанфари за непомирлива одмазда или кој, со глас што го надвикува татнежот на громовите, ја распостила низ широката вселена најтешката клетва, од која Боговите ќе се зачудат, а темелите на пеколот ќе се тресат до распаѓање: Ако над нас има праведен Бог и, ако тој сака да им даде најмал дел од неговата милост и сожалување на неговите заблудени чеда и, ако сака да ги сослуша молитвите кои излегуваат од дното на мојата душа, тогаш го молам Семоќниот Бог наш, да ми даде време и сила, тебе ѓаволу, тебе ѕверу над ѕверовите целосно да те уништам, наместо плачот и тагата, да им ја вратам радоста и среќата на овие несреќници, да ги спасам овие и сите други луѓе, од алкохолниот пекол.

Од него зрачеше боженствена светлина, зрачеше огромна сила од неговата насмевка. Не плаши се, ние секогаш сме со тебе – тивко ми рече.

Во истиот момент, во главата ми дојде еден од неговите совети, што ги слушавме на состаноците, во Клубот на лекувани алкохоличари: Алкохолот не ги решава проблемите. Тој само создава лажна илузија за привремено одложување на соочувањето со реалноста, создава чудна илузија за заборавање на проблемите, до степен на нивно непостоење. Лесно е да се прават лоши дела, оние дела, од кои доаѓаат нашите несреќи, а тоа што е добро за човекот, се прави само со голем напор. Ако ви остане, макар и најмала грижа за телесниот живот, борбата е беспредметна. Јас знам дека вашата борба е тешка, но исто така знам, дека мора да престанете да се дружите со алкохолот, дека нема друг начин за да се достигне среќата. За вистинско самооткажување од страстите и успешна борба со нив, потребни се вистинските сознанија за последиците од алкохолизмот, до кои може да се дојде само во Клубот на лекувани алкохоличари.

 

%

ОДГОВОРНОСТ

Category : АЛКОХОЛИЗАМ 075 985772, ИСПОВЕД 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

Плашејќи се од болката, што доаѓа при решавањето на проблемите, речиси сите луѓе, во помала или поголема мера, настојуваат да ги избегнуваат, надевајќи се дека тие сами од себе ќе се решат, ќе исчезнат, дури честопати се однесуваат, како проблемите воопшто да не постојат. На секој разумен човек му е потполно јасно, дека проблемите нема да се решат со изјавите, дека тоа не се нивни проблеми, ниту со очекувањата дека некој друг, ќе ги реши наместо нив. Се разбира, за да не мислат на проблемите и полесно да заборават, многу луѓе на помош го повикуваат нивниот спасител – ѓаволот, кој им го нуди алкохолот како лек, за да ги заблуди и зашемети и во таквата заблуденост да заборават на болката, што проблемите ја носат.

          Иако проблемите, што животот ги носи, треба да се решаваат со ладна глава и ова звучи крајно логично, многу луѓе не се способни тоа во целост и правилно да го разберат. Тоа им се случува најмногу заради нивното внатрешно одбивање, искрено да ја прифатат одговорноста за своите проблеми, пред да почнат да ги решаваат. Возвишената молитва вели: Променете ги нештата, што можат да се променат, прифатете ги оние, што не можат и имајте мудрост, да го разликувате доброто од злото.

          Откако јас ги прифатив овие универзални идеи и ги направив составен дел од мојот живот, воопшто не ми беше тешко да се здобијам со Господовата милост. Потребно беше само моето искрено каење и силна омраза кон оние дела, со кои јас, сосема оправдано, триесетина години, бев предмет на Господовиот гнев.

          Почитувани, сите Вие, кои ја отварате оваа страна. Во наредните неколку текстови ќе Ви го прикажам сонот на еден алкохоличар, предизвикан од грижата на совеста, која непрекинато го измачува. Се надевам дека и овие текстови ќе го задржат Вашето внимание и ќе продолжите, со Вашите коментари, кои многу ми помагаат, да се збогатат и моите сознанија за борбата со алкохолизмот.

МУДРОСТИ – БРАЧНА ЗАЕДНИЦА

Category : АЛКОХОЛИЗАМ 075 985772, МУДРОСТИ 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

- Да се ожениш значи своите права да ги преполовиш, а должностите да ги удвоиш. Шопенхауер

- Бракот е единствена авантура достапна на кукавиците. Волтер

- Ако се плашиш од осаменост – не жени се. Чехов

- Земете жена која не верува во тоа што го гледа. Валери

- Светот би бил посреќен кога сите жени би биле мажени, а сите мажи неоженети. Салти

- Бракот во некои случаи е страшна заблуда од една, а страшна лага од друга страна. И.Андриќ

- Бракот за сиот живот соединува две суштества, кои воопшто не се познаваат. Балзак

- Грешките на жените, во исто време се побуна против егоизмот, негрижата и неспособноста на нивните мажи. Балзак

- Бракот најчесто се состои од еден лажго и еден насилник. Јован Дучиќ

- Мажите од жените кои ни се допаѓаат, секогаш се глупаци. Ж.Фејдо

- Кога мажот ќе се ожени со помлада жена, личи на човек кој купил убава книга, за да ја чита друг. Томпсон

- Натепај ја жената секое утро; ако самиот не знаеш зашто, таа сигурно ќе знае. Арапска поговорка

- Девојката која на многумина им се допаѓа, ретко се мажи за еден. Б.Шо

- Мажот и жената, поединечно, се како половина школка: кога ќе се состават, тогаш се целина. Упанишад

- Најсреќен брак, како што е замислен, е единствено бракот на глув маж и слепа жена. Колер

САМОЗАЛАЖУВАЊЕ

Category : АЛКОХОЛИЗАМ 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

Има моменти кога е дозволено да се премолчи вистината, но неа никогаш не треба да ја замениме со лага.    

        Кога донесов цврста одлука по секоја цена да истраам во борбата со алкохолното зло, веќе ми беше многу полесно да го најдам одговорот на прашањето: како треба да постапувам во иднина? Сфатив дека никогаш повеќе не смеам да се лажам себе си, да не се плашам од вистината, без обзир каде таа ќе ме однесе. Човек, кој отишол толку далеку и кој безнадежно стои на ивицата на животот, таму каде со најмал погрешен чекор може повторно да падне во мрачната провалија без дно, греши и лаже ако се обиде себе си или другите да ги залажува со својата совршеност. Јас никогаш не лажев пред луѓето, но додека бев во алкохолниот пекол, знам дека се лажев себе си и воопшто не се плашев од последиците од вака неразумен чин, кои на крајот беа катастрофални за мене, уште повеќе за моите најмили, бидејќи последиците од лажењето на другите не се ништо во споредба со последиците од лажењето на самиот себе, а токму на такви страшни лаги го градев својот живот.

          Да не се лажам себе си значи, да не се плашам од вистината за алкохолот, самиот да не измислувам и да не ги прифаќам многуте лукавства кои луѓето ги измислуваат, за од самите себе да ги сокријат погрешните заклучоци на разумот и совеста; кога разговарам за алкохолот да не се плашам од разидувањата во мислењата со сите околу мене и да не се плашам дека ќе останам сам – само со својот разум и својата совест; да не се плашам од непријатната положба во која ќе ме донесе вистината, цврсто да верувам дека таа положба до која секоја вистина ќе ме донесе, особено вистината за алкохолот, колку и да биде лоша, дека не може да биде полоша од тоа што е изградено со лага. Лагата пред другите луѓе само ги комплицира работите и го одолговлекува решението на проблемот, но лагата пред себе си, која алкохоличарот ја прифаќа како вистина, може да го уништи целиот негов живот.

          Кога човекот ќе зачекори по таа стрмна патека, по патот кон алкохолниот пекол, ако смета дека тој пат е оној вистинскиот, тогаш со секоја испиена чашка се повеќе ќе се оддалечува од своите добри намери, од својата вистинска животна цел. Во моментот кога ќе му укажеме дека го избрал погрешниот правец во животот, во поголем број случаи алкохоличарот ќе се исплаши од вистината и себе си ќе се убеди дека тој е во право, дека за него нема друг, подобар пат во животот. Ако алкохоличарот се плаши од вистината и, кога ќе ја согледа, ако не ја прифати, туку лагата ја прифати за вистина, тогаш никогаш нема да дознае што вистински треба да направи, за да се спаси од пеколниот алкохолен лавиринт.

ДА ЈА ПОКАЖЕМЕ ХУМАНОСТА НА ДЕЛО

Category : АЛКОХОЛИЗАМ 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

1

Кога ќе видам човек што греши, си велам себе си дека и сам сум грешел; кога ќе видам страст во некого, си велам себе си дека и јас таков некогаш сум бил. И, на тој начин, чувствувам сродност со секого на овој свет и чувствувам дека не можам да бидам среќен, ако не е среќен и оној најпонижениот.     Ганди

Сепак, мораме да признаеме дека човекот, и покрај сите свои племенити вредности, сеуште на себе го носи неизбришливиот печат на своето ниско потекло.     Дарвин

          Луѓето околу нас ги осудуваат нашите гревови, иако и самите ги прават истите гревови. Веруваат дека знаат се за вистината, иако и самите не живеат по неа. Тие ни се закануваат со огнот на пеколот, за грешки што тие самите не избегнуваат да ги направат. Затоа, сите ние, кои сме активно вклучени во борбата со алкохолното зло, треба да се потрудиме да ги измениме размислувањата кај многу луѓе, кои со нескриено задоволство говорат дека алкохолот е најприродна појава, дека само заради своите лични проблеми со алкохолот, кои заради својата глупост алкохоличарите ги имаат, алкохолот не треба да се осудува, дека тој отсекогаш постоел и ќе постои за век и веков, дека тоа така мора да биде и дека тоа е неизбежен услов на цивилизацијата. Треба сите сложно, во еден глас да кажеме, силно да викнеме, да не слушнат и оние со најзакоравени срца - тоа не е неизбежен услов, туку најголема глупост на цивилизацијата. Да се потрудиме да ги замолчиме, да ги натераме тие луѓе во длабината на душата да го прифатат нашето размислување, да прифатат дека тоа е единствено исправно и да се помират со тоа.

          Кога човекот сака да го покаже своето човекољубие на дело, кога вистински сака да им помогне на алкохоличарите, не треба да му бидат препрека огромниот број на оние на кои сака да им помогне: алкохоличари имало, ги има и денес, за жал – веројатно ќе ги има и во иднина. Прашањето е само׃ колку секој човек, према своите можности, може и сака да помогне? Човекот кој сака да помогне не треба да прави пресметка колку илјади алкохоличари има во нашата држава; за него треба да постои само едно единствено прашање: дали и колку е спремен да им поклони искрена љубов и внимание? Мала или голема, ако љубовта што се поклонува биде навистина искрена, таа ќе стигне на вистинското место. На човекот, кој искрено сака да помага, ќе му биде жал што не може да им помогне на сите, но тој токму затоа и помага, бидејќи се надева дека ако сите луѓе сочувствуваат и се жалаат еден со друг, дека тоа ќе почне да се пренесува како бран кој ќе ги зафати сите луѓе. Само на оние на кои им се важни и кои живеат по моралните вистини, само на оние кои се радуваат со туѓата среќа подеднакво како со својата, само тие знаат колку е важно, корисно и со колкав труд се постигнуваат вистински резултати во борбата со алкохолната болест. Додека гледаме дека покрај нас постојат луѓе кои алкохолот ги прави несреќни и кои страдаат, мора да се срамиме што сме весели и што безгрижно се радуваме на животот, дека не можеме да бидеме среќни сé додека не помогнеме да нема повеќе такви луѓе околу нас, невозможно е да се замисли׃ како луѓето можат да се веселат и радуваат, додека многу луѓе околу нив страдаат? Да се потсетиме дека и ние или некој од нашите најблиски роднини и пријатели ги имал или сеуште ги има истите проблеми со алкохолното зло, едноставно, да бидеме искрени и да прифатиме дека ништо човечко не треба да ни биде туѓо, дека се што може да му се случи на кој било човек, може да ни се случи и нам.

          Мислам дека успеав да им дадам одговор на скептиците дека единствено само љубовта и човекољубието се основата на која, акцијата што ја предлагам за борба со алкохолната болест и последиците од неа, може да даде вистински резултати. За да ги исполниме нашите хумани намери за да им помагаме на луѓето, особено да им помагаме на алкохоличарите, не е толку важно дали правиме мали или големи дела, важно е нешто да правиме. Мајка Тереза не потсетува: “Не можеме да направиме големи дела на оваа земја. Можеме да направиме само мали дела, со голема љубов.”

          Луѓето кои сакаат да им помагаат на алкохоличарите, треба да почнат со такви активности. На прв поглед изгледа дека е многу мало, безначајно тоа што го прават еден, двајца, десетина луѓе. Но, еве што видов еден зимски ден пред дваесетина години. Сред бел ден, на камен пред една порта, седеше пијан, млад човек. Многу луѓе поминуваа покрај него, но сите иронично се потсмевнуваа и го гледаа со презир и одвратност. После повеќе од еден час, наиде еден стар човек од седумдесетина години. Застана за момент пред пијаниот младич, како да се двоумеше, а потоа со брзи чекори се врати по истиот пат од каде доаѓаше. После само пет минути го забележав како со брзи чекори доаѓа во друштво со млад човек, го зедоа пијаниот младич и го одведоа. Покасно дознав дека го однеле во нивниот дом, го оставиле да отспие, а потоа го нахраниле пред да си замине. Пијаниот младич веројатно и денес се прашува: кој е тој човек, кој без обзир на неговата пијана состојба, кога покрај него поминуваа десетици луѓе и не го сожалија, сепак го сожали и му помогна? На сите што седевме во блиската кафеана, некако ни беше мило што сепак се најде некој да му помогне на пијаниот, а од друга страна, чувствувавме срам затоа што можевме, но не го направивме истото дело. Значи, искрената акција за помош на алкохоличарите е значајна и по тоа што таа е заразна, бидејќи таа го пренесува човекољубието од еден на друг и ширењето на таа зараза ќе нема граници. Како што од една свеќа можат да се запалат безброј свеќи, без притоа да се намали нејзиниот сјај, така и од едно искрено срце можат да се запалат безброј срца, кои само ќе ја зголемат неговата радост, кои ќе му дадат волја и сила за уште поголеми дела.

          Во моите текстови за борбата со алкохолната болест, повеќепати го нагласив мислењето, дека секој разумен човек мора да се преиспита, колку е тој виновен за несреќната судбина на алкохоличарите околу себе, да ги осознае своите грешки, своите промашувања и лошите навики, за неговото учество во одобрувањето и постоењето на алкохолот - ова најголемо зло за целото човештво, бидејќи тоа е единствен начин за помош во борбата со ова најголемо зло на денешницата. Колку критички и беспоштедно да се изразувам за институциите и личностите, мислам дека е очигледно дека во ниеден момент не се исклучувам себе си, секогаш сум првиот против кој ги насочувам своите стрели, секогаш најнапред се критикувам и осудувам себе си. Што се однесува за луѓето, особено за луѓето околу мене, упорно и искрено настојувам да ги сакам, да им удоволувам, да не им нанесувам болка, бидејќи “љубовта кон ближниот” ми се врежа во главата, исто како и омразата кон самиот себе. Сепак, очигледно е дека луѓето не се спремни да ги прифатат моите ставови. Често помислувам дека животот на луѓето им е прекрасен, и покрај тоа што стравотиите од алкохолното зло секојдневно ги чувствуваат милиони луѓе, што е најстрашно, најмногу страдаат најневините – мајките, жените, а најмногу децата. Однесувањето на луѓето не ме лути, но многу ме натажува. Иако злото е толку очигледно, сепак, поголем број луѓе секојдневно му се враќаат на алкохолот, заради него стануваат зли. Сето тоа е толку јасно и очигледно, сфатливо за секој човек и секој би можел да дојде до овој едноставен заклучок, ако размислува само еден единствен момент. Но, тоа луѓето не сакаат да го направат, не сакаат да ги избегнат страдањата на алкохолниот пекол, не сакаат за себе и своите деца да градат среќна и светла иднина. Да размислува само еден момент, секој да се задлабочи кратко време во себе и да се запраша: колку тој лично е виновен и колкаво е неговото учество во страдањата на алкохоличарите и нивните семејства, тоа никој не сака да го направи. Поради тоа често се двоумам: дали и колкава смисла има тоа што го пишувам, дали воопшто има смисла човек во себе да негува добри идеали, кога на сето тоа милиони луѓе се спротивставуваат. Сепак, некоја чудна сила ме тера да продолжам со започнатото дело, со афирмација на идеалите што се градат во Клубовите на лекувани алкохоличари.

          Почитувани пријатели, сите Вие кои ќе ги прочитате моите текстови. Од извонредно значење во мојата борба со алкохолот и од голема помош би било, кога би можел да го слушнам Вашето мислење за моите искрени намери и размислувања, за борбата со алкохолната болест. Напишете неколку зборови, без оглед колку и да имаат критика во себе.

ЗАТВОРЕНИОТ УМ КАЈ АЛКОХОЛИЧАРИТЕ

Category : АЛКОХОЛИЗАМ 075 985772, КЛА 048-550716, ЛЕКУВАЊЕ 075 985772

0

Речиси секогаш кога ќе погледнеме во себе, ја наоѓаме истата грешка што ја осудуваме кај другите, а ако и не видиме иста таква грешка, да погледнеме подлабоко, па ќе пронајдеме уште поголема.     Толстој

Колку побрзо ќе сфатиме дека нашата судбина лежи во нас самите, толку подобро за нас. Среќата можеме да ја најдеме во нас самите – не треба да ја бараме од другите, бидејќи никој ја нема на претек.     Монтењ 

        Оние кои ги слушаат моите укажувања за борбата со алкохолната болест, постои голема веројатност сето тоа да го слушаат со затворен ум… ум кој им укажува, дека никогаш не ќе бидат во состојба да го достигнат тоа што го достигнале луѓето, кои редовно посетуваат Клуб на лекувани алкохоличари. Но, како да ги отвориме нивните умови? Тоа може да се постигне единствено ако успееме да помогнеме, да станат свесни за нашиот беден живот во минатото, да станат потполно свесни за несреќите што секој алкохоличар ги има, особено за несреќите што им ги нанесува на своите најблиски, да станат свесни за нашата денешна среќа, за нашата исправност во борбата со злото, да станат свесни за тешкотиите што тие треба да ги надминат, за да постигнат успех. Потребно е да се убедат и да прифатат дека единствена причина за нивните несреќи е алкохолот.

          Но, како тоа да се постигне? Треба да се користат најсилните можни зборови, за во нивните умови да се доловат слики, кои никогаш не ќе можат да ги заборават. Треба повторно да ги удри одвратниот мирис на валканите кафеани, кои некогаш беа наш втор дом, да им дозволиме да ги доживеат страдањата на нашите срца, да ги натераме да ги почувствуваат понижувањата и болката заради неуспехот, кој го имаат во борбата за подобар живот. Да ги натераме да, после првата посета на Клубот на лекувани алкохоличари, заминат размислувајќи: “Ако луѓето кои посетуваат Клуб на лекувани алкохоличари се во состојба тоа да го постигнат, и покрај сите тешкотии, зошто јас, на кого веќе му е трасиран патот кон среќата да се жалам на својата судбина, зошто да не пробам да го следам тој пат.” Кога алкохоличарите ќе бидат убедени во нашата борба за подобра иднина, ќе им биде полесно да ја прифатат нашата порака, како водич во менувањето на нивниот живот, бидејќи и ние, како и тие сега, сме се соочувале со истите тешкотии, но на крајот сме излегле како победници.

          Во почетокот, кога го оставив алкохолот, кога бев во друштво со моите поранешни другари по алкохолот, чувствував некоја вина во душата, се чувствував како животно кое залутало во некоја туѓа, забранета територија, која повеќе не беше мое живеалиште, во која за мене немаше ни воздух, ни храна. Денес конечно сфатив дека сите ние, кои сме го поминале патот од пеколот и сите оние кои сакаат да им помагаат на алкохоличарите, дека треба да го бираме вистинскиот начин за да пристапиме, за да се доближиме до алкохоличарите, да не се правиме важни и возгордеани, туку искрено да ја покажеме нашата љубов и внимание кон нив. Тоа може да биде многу корисно и за нив и за нас, бидејќи, иако тоа сеуште не е лечење, тогаш барем ќе се обидеме да ја испитаме болеста, за што треба да бидеме благодарни, бидејќи тоа е шанса што треба да ја искористиме, барем малку да ги подобриме и нашите доблести. Ако не бидеме зашеметени од нашата возгордеаност, ако само малку подобро ги погледнеме и размислиме за несреќната судбина на алкохоличарите кои се околу нас, ќе сфатиме дека нивната судбина не може да се поправи и да им се помогне само декларативно, со донесување одлуки исполнети со празни зборови, кои не можат и не се спроведуваат во дела, дека во никаква состојба не можат да бидат среќни ако нивниот поглед на животот не се измени, особено ако ние и понатаму на нив гледаме како на некои посебни, лоши луѓе, а не како на луѓе кои се исти како и ние самите. Треба да бидеме свесни дека на такви луѓе можеме да им бидеме од корист, само ако успееме да помогнеме, тие да го изменат својот поглед кон алкохолот и кон животот воопшто. Но, за да го менуваме погледот на животот на другите луѓе, потребно е самите да имаме најдобри погледи за животот и да живееме во склад со тие погледи.

          Светски познатите алкохолози докажале дека најтежок чекор во лекувањето на алкохолната болест е пристапот до алкохоличарот, односно доаѓањето во контакт со луѓето, кои на кој било начин имаат проблеми со алкохолот. Сите методи за пристап, начинот на мотивирање на алкохоличарот за започнување со лечење од алкохолната болест, ќе ги најдете во моите книги “Исповед на еден алкохоличар” и “Како да се победи Кралот Алкохол.”

ГРИЖА НА СОВЕСТА – КАЕЊЕ

Category : АЛКОХОЛИЗАМ 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

Биди господар на својата волја, а слуга на својата совест.    М.Е.Ешенбах

Ќе поминат десетици, можеби стотици години додека не дојде време кога нашите внуци ќе се чудат на нашите казни, така како што и ние денес се чудиме на некогашното спалување на луѓето или мачењата. “Како можеле да не ја видат сета бесмисленост, суровост и штетност на тоа што го направиле” – ќе се прашуваат нашите потомци.     Толстој

Кога ќе ја изгубиш гордоста, не си изгубил ништо; кога ќе го изгубиш здравјето, си изгубил половина; кога ќе ја изгубиш волјата, си изгубил се.     Кинеска пог.

          Триесет години бев роб на ѓаволот, триесет години се измачував во алкохолниот пекол, но денес знам дека десетпати повеќе ги измачував моите најмили – сопругата и децата. Наместо да ги согледам моите грешки и да почнам да ги поправам, вината за мојата несреќна состојба ја барав во сите други, особено во оние пред кои бев виновен. Со текот на времето во домот завладеа пекол. На оние, кои по сите природни закони требаше најмногу да ги сакам, сопругата и децата, им ги скратив среќата и радоста, им ја украдов слободата. Знаете, глупоста е најнеобична од сите болести, бидејќи болниот не страда од неа, туку сите околу него. Комотно патував по патеката што води кон дното на пеколот и за жал, низ тој пекол, заедно со мене, патуваа и моите најмили. Веројатно од страв да не биде уште полошо, бидејќи бев многу незгоден, честопати и многу агресивен, тие ги поднесуваа сите мои удари, глупости и пропусти во животот. Со еден збор, ниту јас живеев, ниту нив ги оставав мирно и среќно да живеат. Навистина, во домот владееше привиден мир, но тоа беше исклучиво поради мојата диктатура. Од друга страна, толку бев заслепен од мојата глупост, така што бев убеден дека сум многу добар кон моите најмили и затоа толку ме сакаат, бидејќи на таква добрина тие поинаку и не можат да возвратат. Во ниту еден момент не помислив дека се добри токму тие, кои ме сакаат.

          Во тој најнесреќен период од мојот живот, имаше многу моменти кога вистински се каев за грешките, направени во изминатите денови и неколку дена не пиев. Но, поттикнат од желбата за пиење, охрабруван од моите другари по алкохолот, каењето во мојата совест бледнееше и по кратко време целосно заборавав на него. Лукавиот ѓавол секогаш успеваше да ме фати на својата јадица и да ме внесе во кафеаната.

          Најмногу за ваквата бедна состојба, придонесуваше мојата возгордеаност. Цело време во главата носев мисла дека не сум алкохоличар, дека со алкохолот можам да престанам кога што ќе посакам, дека сум подобар и попаметен од сите други и дека треба да продолжам да живеам токму така, како што живеев. Кога ќе направев некоја глупост, а морам да кажам дека имаше безброј такви моменти, чувствував голем срам и каење и неколку дена не пиев, но за кратко повторно паѓав на искушението. Тогаш бев преокупиран со мислата, да ги задоволам моите страсти кон алкохолот само денес, само уште овој ден, а од утре посекако ќе престанам да пијам и да се опивам. За жал, во такво мизерно расположение секогаш имаше утре, секој ден бев се поодлучен да истраам во злото, пронаоѓав безброј причини да истраам во глупоста. Секој човек може да забележи дека еднаш направената грешка, потикнати од пеколната страст кон алкохолот секогаш ја повторуваме, бидејќи секое жалење и каење го снемува, штом алкохолот ќе не зароби. Ова посебно го напоменувам, бидејќи мислам дека е добро секој човек да види, како со текот на времето, под влијание на лошото друштво, на крајот ќе се привикни на алкохолот и кафеаните. Тие места во почетокот ќе го исполнуваат со одвратност, но потоа ќе стане радосен и среќен во својата несреќа, каков што бил пред да завлезе во алкохолниот пекол.

          Грижата на совеста, предизвикана од каењето за промашениот живот кај алкохоличарите, посебно е обработена во моите книги “Исповед на еден алкохоличар” и “Како да се победи кралот алкохол.” Прочитајте ги овие книги и ќе го пронајдете патот што води кон излез од пеколот, кон вашата среќна иднина.

african mango ozoderm