Posted by Cilin | Posted on 02-05-2011
Category : ИСПОВЕД 075 985772
Tags: алкохолизам, faza, patalec
0
Г-не Илија, со особено внимание и со солзи во очите, едвај успеав да ја дочитам Вашата исповед. Мојот починат сопруг, роден 54 година, си го уништи животот со алкохол. И покрај сите наши напори, бевме немоќни да го спасиме. Во алкохолниот пекол страдаше тој, а и ние исто така, макар што имаме три мирни, паметни, добро воспитани – прекрасни деца. Сепак, и покрај секојдневното пијанчење, сакаше на децата да им овозможи колку што е можно повеќе.
Многу да не должам, КОГА ДОБИ ЦИРОЗА, строго му беше забрането да пие, не смееше ниту капка! Три месеци беа незаборавни за нашето семејство, уживавме во секој момент во мирот, што конечно се врати и во нашиот дом… се до моментот, кога отидовме кај … едни роднини на гости и, реши да се напие – “само една чашка“. Вечерта беше само една, но со секој нов ден стануваа се повеќе и стигна до еден литар на ден!
Posted by Cilin | Posted on 29-04-2011
Category : ИСПОВЕД 075 985772
Tags: алкохолизам, благодарност, progres
0
Кога ќе видиме човек што греши, да се сетиме дека и ние сме грешни, кога ќе видиме страст во некого, да се сетиме дека и ние сме биле такви. На тој начин ќе чувствуваме блискост и сродност со секого на овој свет, ќе чувствуваме дека ќе бидеме многу посреќни ако помогнеме да бидат среќни и оние најпонижените, а тоа се алкохоличарите. Да се потрудиме и другите да ги научиме да владеат со своите страсти и нагони, кои, ако не се научат да слушаат – заповедуваат. Бидејќи, само оној кој некогаш бил паднат, може на друг да му пружи практичен пример – како повторно да стане. Потребно е оној кој еднаш се изгорел, да ги предупредува другите на опасноста од огнот.
Во мојата борба со алкохолната болест, посебно сум и благодарен на мојата сопруга за нејзината несебична, безрезервна поддршка, благодарност затоа што имаше сила да ги издржи сите удари, сите мои грешки, глупости и пропусти во животот, затоа што успеа да го одржи семејството. Со паметен маж може среќно да живее и да управува и глупава жена. Но, да управува и да живее со будала каков што бев јас, може само многу паметна жена.
Posted by Cilin | Posted on 25-04-2011
Category : ИСПОВЕД 075 985772
Tags: алкохолизам, успех, oznaka
0
Многу алкохоличари мислат дека не им е местото во Клуб на лекувани алкохоличари, дека не можат да говорат на начинот на кој говорат луѓето кои подолго време, со години, го посетуваат клубот, дека не можат проблемите предизвикани од алкохолот да ги чувствуваат како нив. Убедени се дека не можат да се залажуваат и дека од таквото залажување ќе претрпат неуспех, дека тоа не е во нивниот карактер. Тоа од нив никој и не го бара. Нека се јават на телефонскиот број на Клубот на лекувани алкохоличари “Здрав живот” од Прилеп (99389) 048 – 550716 и ќе ги добијат сите потребни информации. Потоа, нека дојдат во клубот и нека се прикажат такви какви што вистински се. Убеден сум дека со текот на времето, со помош на нивната цврста желба за успех, ќе научат како да го победат злото што е во нив.
Posted by Cilin | Posted on 21-04-2011
Category : ИСПОВЕД 075 985772
Tags: алкохолизам, institucija, utopija, zakon
0
А што правиме ние? Не само што не правиме ништо за да се уништат условите во кои се создаваат така несреќни луѓе, како што се алкохоличарите, туку само ги одобруваме оние места во кои тие се создаваат. Тие места се добро познати, тоа се: местата за производство и продажба на алкохол – кафеаните, пивниците, јавните куќи и други. И не само што не ги уништуваме тие места (таквата идеја во овој момент и во вакви услови е чиста утопија), не само што не се донесуваат ригорозни законски мерки за ставање ред во производството, посебно закони за ставање ред во продажбата на алкохолот, закони со кои во голема мера ќе се ублажат штетните последици од постоењето токму на вакви места (идејата би требало да биде реално остварлива), туку, сметајќи дека таквите места се навистина неопходни, институциите ги поттикнуваат и со закон го регулираат нивното постоење. Често се прашувам: што би било кога институциите би вложиле стотти дел од напорите што ги вложуваат за заштита на алкохолот, кога би ги насочиле кон тоа да им помогнат на илјадници несреќни, запоставени луѓе,
Posted by Cilin | Posted on 17-04-2011
Category : ИСПОВЕД 075 985772
Tags: алкохолизам, волја, trezvenost
0
Секој алкохоличар потсвесно знае, дека во неговиот живот ништо не е добро, дека многу работи треба да ги промени. А да го измени човек може само тоа што е исклучиво во негова власт, да се измени себе си. Но, за да може да се измени, алкохоличарот пред се треба да признае дека самиот тој не е добар, дека страдањата на неговите најмили се исклучиво негова вина. За жал, тоа речиси никој алкохоличар искрено не сака да го направи, уште помалку сака да го прифати како нешто што е лошо и што треба што побрзо да го промени. Алкохоличарот целото свое внимание му го посветува не на тоа што е во негова власт, туку на надворешните влијанија, кои не се во негова власт и чија измена воопшто или многу малку можат да ја поправат неговата бедна положба, како што претурањето од еден сад во друг, не може да ги поправи особините на расипано млеко. И, тогаш почнува, во почетокот наивно, а потоа со сосема груба активност -
Posted by Cilin | Posted on 14-04-2011
Category : ИСПОВЕД 075 985772
Tags: алкохолизам, sila.misli
0
Не може човек само со телесен напор да се спаси од гревот, страстите, посакувањата. Може да се спаси само со напорот на своите мисли. Само со правилно насочување на нашите мисли, можеме себе си да се навикнеме на самооткажувањата, понизноста и вистината. Кога со стрплив напор, како еден вид тренинг, ќе ги навикнеме своите мисли на тоа, ќе можеме успешно да се бориме со гревот и страстите. Во тоа најмногу може да ни помогнат случувањата околу нас. На пример, ние не можеме да им забраниме на птиците да летаат над нашата глава, но можеме да ги спречиме на неа да прават свои гнезда. Исто така, не можеме да им забраниме на лошите мисли да ни проаѓаат низ главата, но можеме да ги спречиме таму да се вгнездат.
Нека алкохоличарот лесноумно не мисли за своето зло и нека не говори во себе: “Јас сум далеку од алкохолната
Posted by Cilin | Posted on 11-04-2011
Category : ИСПОВЕД 075 985772
Tags: алкохолизам, svetlinavistina
0
За да се дојде до вистината, таа не треба да се дели, а за да не се дели, треба вистински да се сака, човек да се помирува и да го сака и тоа, со што во тој момент не се согласува. Сето тоа во што навистина веруваат вистинските апстиненти, е непобитна и докажана вистина; таа може секој член на Клубот на лекувани алкохоличари различно да ја чувствува и изразува, но таа не може да биде лага; дури и ако таа вистина на некој апстинент му наликува на лага, тоа само значи дека тој добро не ја разбрал. За борба со алкохолната болест потребна е железна дисциплина, за која практичен пример можат да дадат добро извежбаните членови на Клубот на лекувани алкохоличари. Спознавајќи ја целината – клубот, колку што е тоа можно и, спознавајќи ја работата и задачата на клубот, го спознаваме и своето место во таа целина – клубот, ги спознаваме искуствата од другите апстиненти и методите со кои тие ги надминале проблемите предизвикани од алкохолот, се спознаваме себе си во сите наши добри и лоши страни.
Благодарејќи на некоја возвишена љубов кон сите луѓе што се разбуди во мене, посебно кон моите браќа по алкохол, чудна сила што ја добив во Клубот на лекувани алкохоличари, ме тера да ги разберам овие луѓе и да видам дека тие
Posted by Cilin | Posted on 07-04-2011
Category : ИСПОВЕД 075 985772
Tags: алкохолизам, светлина, odgovor
0
Нема точно одреден пат што води до успехот или неуспехот во борбата со алкохолното зло, бидејќи тој е премногу сложен. Воопшто говорејќи, ако сакаме да знаеме - зошто некои луѓе успеваат да ја победат алкохолната болест, а некои целосно пропаѓаат, единствен одговор на тоа е: ќе успеат да се оттргнат од канџите на алкохолот оние, кои се постојани и кои без оглед на напорите и жртвите ќе истраат, а нема да успеат оние, кои тоа не се.
Кога ќе се угаси светлината на човековиот разумен живот, темна сенка од неговите телесни желби ќе падне на неговиот пат. Секој човек
Posted by Cilin | Posted on 03-04-2011
Category : ИСПОВЕД 075 985772
Tags: алкохолизам, oblik, svet
0
На крајот, им испраќам порака на оние кои почетниот неуспех можеби ги поколебал, на сите оние кои, како и јас на почетокот, се сомневаат во значењето од посетувањето на Клуб на лекувани алкохоличари, на оние кои не ја осознале вистинската улога на клубот во нивното лекување од алкохолната болест и во правилното обликување на животот во иднина – трезвено, без алкохол. Особено им испраќам порака на оние кои немаат храброст да го напуштат минатото и храбро да се соочат со неизвесноста на иднината, бидејќи на оној, на кого му е жал да се раздели од минатото, не вреди ни да се обиде да гледа во подобра и посветла иднина.
Во време кога се изместени сите човекови вредности, во време кога речиси сите луѓе се борат за власт и доминација, во време кога егоизмот ги надминува сите граници, во време кога сите човекови доблести се на најниско можно ниво, во време кога ѓаволот го распослал целото свое зло на сите страни од светот и кој, на многу лукав начин, прикажувајќи го со сите лажни убавини, на човекот му го нуди алкохолот како примамлив и единствен излез и спас од реалноста, за бегство од бедата и неправедноста во светот, во кој човекот е приморан да живее – во сите овие околности, слабите духови се фаќаат на ѓаволската јадица прифајќајќи го алкохолот како единствен лек за надминување на своите комплекси, своите грешки и пропусти.
Непобитна вистина е дека никогаш никој не се опива за да направи добро дело, туку спротивно, повеќето лоши дела луѓето ги прават во пијана состојба. Пијанството само по себе не е прекршок, туку е припрема за сите други видови на прекршоци. Алкохолот е најголем непријател на животот, тој е крвав убиец, господар
Posted by Cilin | Posted on 31-03-2011
Category : ИСПОВЕД 075 985772
Tags: bogatstvo, алкохолизам, smisao
0
Денес гледам колку сум ги малтретирал моите најмили со тоа што од нив секогаш сум барал да имаат доблести кои самиот не ги поседував. Иако сум свесен дека не ќе можам да поправам и да надоместам се што сум погрешил, сепак, се надевам дека Бог ќе дозволи да поживеам доволно, да барем нешто надоместам, да се обидам да создадам и оставам нешто трајно, со што ќе посведочам дека воопшто сум живеел.