Posledni Napisi

СПАСОТ Е НА ДОФАТ НА РАКАТА % Но, тогаш Бог одлучи да смеша прсти во нашиот живот. Еден тмурен, пролетен ден, јас заминав во полето да работам,...

Read more

АЛКОХОЛОТ - НЕВИДЛИВ, НО СТРАШЕН... % Во почетокот немаше ништо необично, не гледав ништо лошо во тоа и воопшто не ми сметаше. Но, како времето поминуваше,...

Read more

ИСКУШЕНИЈАТА ДЕМНАТ ОД СИТЕ... Во Клубот на лекувани алкохоличари владееше необична атмосфера. Ништо не укажуваше дека на состанокот ќе се случи...

Read more

ОДНЕСУВАЊЕТО НА АЛКОХОЛИЧАРОТ... Закрепнатите луѓе од проблемите со пиењето, зависноста  од алкохол ја дефинираат како мултидимензионална и комплексна...

Read more

AKTIVNOSTI VO KLUBOT Вие, кој што сега посетувате Клуб на лекувани алкохоличари, вероватно сте разбрале дека сте влегле во големото...

Read more

ПИЕЊЕТО АЛКОХОЛ - ПРОБЛЕМ ВО... Вистината за проблемите, предизвикани од пиењето алкохол е многу полесно да се скрие на работното место, отколку...

Read more

КЛУБ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ Клубот на лекувани алкохоличари Ви е како да сте во еден рудник, и во него талкате, симни се најдолу, па кaчувај...

Read more

МУДРОСТИ - ЖЕНИ, ЖЕНИ - Постојат два вида жени׃ расеани – ќе ги изгубат двете ракавици; сталожени – ќе изгубат само една. Бернар - Пристојна...

Read more

МУДРОСТИ - ЖЕНСКИ КАРАКТЕР - Некои жени се како запалена цигара; ако не ја фатиш од вистинската страна, ќе се изгориш. Тухолски - Обично се...

Read more

ДА ПОГЛЕДНЕМЕ ВО ОГЛЕДАЛОТО... Кога ќе се угасни светлоста на твојот духовен живот, темна сенка на твоите телесни желби ќе падне на твојот пат....

Read more

  • Prev
  • Next

Twitter Updates...

  •  
fukosantin epimedium african mango afrika mangosu epilamor ozoderm uzamax altin cilek lavixir ayak kokusu biber hapi super x power penis halkasi maurers

ЗОШТО ИЗОСТАНА ПОМОШТА ОД РОДНИНИТЕ И ПРИЈАТЕЛИТЕ?

Category : ИСПОВЕД 075 985772

0

%

Не може да се живее без разум – сопствен или позајмен. Во сите години, додека бев алкохоличар, за мене беше најголема несреќа што никој од моите блиски роднини и пријатели никогаш сериозно, со најдобра намера, не ми пријде и не ме праша: зошто тоа го правам, да ми укаже на моите грешки, да ми помогне полесно да ја согледам вистинската смисла на човековиот живот. Додуша, се случуваше некогаш некој познаник да ме потсети дека тоа што го правам не е добро, но сето тоа сите го правеа кампањски, односно, ми укажуваа на штетните последици од моето пијанство на премногу едноставен начин, така што често се лутев на нив, бидејќи се чувствував како да сум идиот во нивните очи, кој не знае толку едноставни работи.

ЛОШ СОПРУГ И ТАТКО

Category : ИСПОВЕД 075 985772

1

%

Сосема е јасно дека, кога веќе завлегов во пеколниот алкохолен лавиринт, стравот од каква било казна на мене немаше никакво влијание, ниту туѓиот пример можеше да ме поучи. Моето погрешно однесување продолжи и понатаму и така со години.

        Многу тешко се искоренуваат лошите маани и навики кои растеле заедно со човекот. Главна карактеристика речиси за сите алкохоличари е дека за себе имаат оформено најубаво мислење и себе си се сведуваат над секаква критика, дека често се спремни да ги жртвуваат сите други, само да го сочуваат верувањето во својата совршеност.

МОЈАТА ПРИНЦЕЗА

Category : ИСПОВЕД 075 985772

1

%

        Кога имав дваесет години ми се случи нешто многу убаво, што го промени мојот живот кон подобро. Бог се смилува и ми го пушти јажето на спасот, за да ме извлече од дното на пеколот, во кој бев паднат. Запознав едно прекрасно девојче – покрај мајка ми, најдобрата личност што до тогаш ја знаев и која по една година стана моја сопруга. Искрено и со целата своја душа и срце го засакав тоа мало, наивно детенце, кое со своите седумнаесет години беше спремно да ми ја поклони сета своја љубов.

ЛОШО ДРУШТВО

Category : ИСПОВЕД 075 985772

0

%

Најголема причина да залутам во пеколниот алкохолен лавиринт и толку долго да останам во него беше лошото друштво, кое непрекинато ми говореше: прави како што ние правиме, мисли како што ние мислиме, верувај во тоа што ние веруваме, пиј кога ние пиеме, тоа што ние го пиеме, исто како што ние пиеме,опивај се секојдневно како што и ние се опиваме. Ако не се покорев на барањата од лошото друштво, тоа ќе почнеше да ме мачи со својот потсмев, сплетки и интриги. Човек не може да ја сочува здравата памет во таква изопачена атмосфера, тоа го понижува и го влече надолу.

ЖЕЛБИТЕ НА “КРАЛОТ АЛКОХОЛ”

Category : ИСПОВЕД 075 985772

0

%

Се добива впечаток дека работите ги кажувам премногу едноставно и со преголема леснотија, но пред очите секогаш ми излегуваат слики од безбројните глупости, секогаш ги слушам гласовите од моите пијани другари, постојано се потсетувам на нашата дрскост и простотилок. Ние речиси никогаш не се слушавме еден со друг, зборувавме премногу гласно, да бидам попрецизен, се деревме и надвикувавме еден со друг. И, се разбира, си попуштавме еден со друг, притоа фалејќи се помеѓу себе, за и мене да ми попуштаат и фалат, често лутејќи се и карајќи се помеѓу себе – токму како да сме во лудница.

МОИТЕ ДРУГАРИ

Category : ИСПОВЕД 075 985772

0

%

Да кажам збор два и за моите другари. Во раното детство се дружев со врсниците од нашето маало, а потоа запознав и се дружев со децата од училиште. Мојата скромност, чесност и добрина придонесе во почетокот со другарчињата добро да се согласувам, но откако почнав да се повлекувам во себе, особено откако почнав почесто да се дружам со алкохолот, меѓу нас се создаде бариера и децата почнаа да ме избегнуваат. Мојата арогантност и возгордеаност беше причината, заради која не сакав ни да ги слушнам нивните добронамерни укажувања на моите грешки.

        Се вработив кога имав само осумнаесет години и почнав да се дружам со другари кои беа неколку години постари од мене. Уште од првиот ден на моето вработување, ја имав таа несреќна околност да ми биде одговорен еден доста постар човек од мене, голем љубител на алкохолот. Беше добар, интелигентен човек, но исто така и долгогодишен алкохоличар. И денес се сеќавам на неговите, во тоа време, за мене, мудри совети:

АЛКОХОЛНА БОЛЕСТ

Category : ИСПОВЕД 075 985772

0

%

За несреќа на сите, по една година од мојата сообраќајка, татко ми одненадеж почина и наеднаш, почна сé да ни недостасува. Останавме без средства за живот, бидејќи само тој работеше. Потоа земавме семејна пензија, која беше многу мала да прехрани пет души. Бев четврта година во средно економско училиште кога се вработив, а училиштето го завршив вонредно. Откако се вработив пари имав доволно, така што почнав многу често, редовно да пијам.

        Животот ми наликуваше на лудница, како да е некоја глупава, пеколна шега, која некој ја направил со мене.

СТРАСТИТЕ – НУЖНО ЗЛО ИЛИ НУЖНА ПОТРЕБА

Category : ИСПОВЕД 075 985772

0

 %

Својата совест веќе ја привикнав страста кон алкохолот да ја прифати како нужно зло, но со текот на времето алкохолот стана моја нужна потреба, а се помалку во него гледав зло. Открив дека можам многу да пијам, да го поднесувам алкохолот, сознание кое во следните години ќе стане извор на мојата гордост, сознание кое на крајот ќе го сметам за моја најголема несреќа. Среќен е оној човек што не може да поднесе ниту една чашка алкохол, несреќен е оној кој може да испие многу, а на него ништо или многу малку да забележува тој, или надворешната околина. Животинскиот човек што живееше во мене, сега не само што имаше кренато глава,

НАПЛИВ НА СТРАСТ КОН АЛКОХОЛОТ

Category : ИСПОВЕД 075 985772

0

На патот на злото требаше да му се застане уште на почетокот, бидејќи лекот тешко и касно се наоѓа кога злото заради одолговлекување ќе зајакне. Татко ми, иако по природа беше многу нервозен и тежок човек и за такви престапи знаеше вистински да казни, тогаш веројатно сметаше дека тоа не е голем престап – дете згрешило. Но, денес знам дека тоа беше само почеток, тренинг за сите други прекршоци, неправди и глупости, за сите порази и несреќи што ги доживеав во животот. Се разбира, тогаш сеуште не бев алкохоличар, но беше ставено првото камче како патоказ, на патот што покасно ме понесе кон алкохолниот пекол.

ПРВ ДОПИР СО АЛКОХОЛОТ

Category : ИСПОВЕД 075 985772

0

%

Воопшто не се сеќавам кога првпат пробав алкохол. Знам само дека на сите прослави во нашата куќа, ми даваа од се што ќе посакам: машко е, нека проба, да не му се направи некое илие. Тоа ми го кажуваа кога бев дете. Но, има нешто што тогаш заборавија да ми кажат, оставија тоа сам подоцна да го откријам. Заборавија да ми кажат каде ќе ме одведе алкохолот што тие, ете, од добронамерност ми го даваат. Заборавија да ми кажат дека има работи што може, но не мора да се знаат и прават и дека има работи кои, едноставно, мора добро да се знаат и прават.

        Моето прво пијанство се случи кога имав десетина години. Никогаш немав вистинско детство и, во овој период на желба за прерано созревање и самодокажување, бев исполнет со големи психолошки тешкотии и погрешни сознанија за вистинските вредности на животот. Се случи спонтано, непромислено, веројатно поттикнато од детската љубопитност и желбата да се биде во центарот на вниманието. Можеби на тој начин сакав да испратам порака до татко ми за моето незадоволство од животот и за моето несреќно детство. Тогаш бев сеуште мал за да можам да сфатам дека особина на разумен човек е слободно да се покорува на својата судбина, а не против неа да води срамна борба, карактеристична за животните.

        Во ракијата што ја пиев воопшто не уживав – спротивно, чувствував гадење, како да голтам солна киселина и, бидејќи чувствував силно печење во грлото и градите, голтав со брзање, за што побрзо да заврши тоа мачење. Од неколку чашки се опив толку многу, така што заборавив се, дури и своето име. Се сеќавам само дека во подсвеста ја гледав реакцијата на татко ми и стравот од него, ме одржа да не се онесвестам. Другиот ден другарчињата ми кажаа дека тие ме однеле дома.

        А мене ми беше многу мачно и тешко, посебно ми беше тешко во душата. Мојата положба личеше на положбата на човек што се борел со отров, а вистински и бев отруен. Стуткан во еден ќош од креветот, засрамен, со наведната глава и многу исплашен, го набљудував однесувањето на луѓето околу мене и, на мое големо изненадување, колку што можев на прв поглед да забележам, во сето тоа немаше никаква срамота. Возрасните правеа шеги со мене, имитирајќи го моето шантраво одење, при што сите слатко се смееја. Другарите пак, добродушно ме потчукнуваа по грбот фалејќи го мојот подвиг, така што имав впечаток дека сум направил нешто многу смело, за што имам причина вистински да се гордеам. Добив впечаток, дека од морална гледна точка, никој не го осудува пијанството, дека нема никакви морални пречки, бидејќи сите помалку или повеќе пиеја, сите даваа до знаење дека да се пие, тоа е знак на машкост.

        Сепак, најчудна од се ми беше смиреноста на татко ми. Не ми рече ништо, а откако му признав за мојот страв, рече само дека не сакал да тепа пијан човек и се остана на тоа. Денес добро знам дека тогаш зачекорив по погречната патека во лавиринтот на животот, а реакцијата на татко ми само ме охрабри и ме втурна во моите идни престапи и грешки. Секоја грешка, секој грев, кога првпат ќе го направиш, те врзува. Но, кога првпат ќе го напаравиш, те врзува како пајажиња. Ако го повториш истиот грев, пајажињата стануваат конец, потоа јаже. Ако постојано го повторуваш истиот грев, тоа те стегнува како ортома, а потоа како синџир.

%

fukosantin epimedium african mango afrika mangosu epilamor ozoderm uzamax altin cilek lavixir ayak kokusu biber hapi super x power penis halkasi maurers