Posledni Napisi

МУДРОСТИ - ЖЕНИ... МАЖИ - Пријателството на две жени е само завера против трета. Кар - Жената што не е убава, никогаш не била млада. Свечин -...

Read more

ЗАВИСНОСТА ОД АЛКОХОЛОТ Е СЕМЕЕН... Ставовите кон пиењето алкохолни пијалаци се формираат уште во детството и раната младост и тоа по образецот на...

Read more

МУДРОСТИ - ОД СЕ ПО НЕШТО ЗА ЖЕНИТЕ - Секогаш е исто׃ прво некоја жена ја имаш во срцето, потоа во раката, па на колената и на крајот, на вратот. Буш -...

Read more

ВО СЕКОЈ ЧОВЕК СЕ КРИЕ ПОБЕДНИК Од нашиот прекрасен живот во Америка, ќе кажам дека со помош на нашиот роднина, кој ни најде работа, добро се снајдовме...

Read more

АЛКОХОЛОТ Е НЕВИДЛИВ...НО СТРАШЕН... Најмила моја, тоа што намерно си ми давала ракија за да не те малтретирам, воопшто нека не те измачува, бидејќи...

Read more

КАДЕ ШТО ИМА ИСКРЕНОСТ, ИМА И... Во тие моменти почна да ме измачува тоа, што Ристе почна многу брзо да постигнува добри резултати во борбата со...

Read more

НАДЕЖ ЗА СПАС ОД АЛКОХОЛОТ! % - Незнам како излегов од ординацијата. Сознанието дека сум уништувала болен човек, целосно ме порази. Толку бедно...

Read more

СПАСОТ Е НА ДОФАТ НА РАКАТА % Но, тогаш Бог одлучи да смеша прсти во нашиот живот. Еден тмурен, пролетен ден, јас заминав во полето да работам,...

Read more

АЛКОХОЛОТ - НЕВИДЛИВ, НО СТРАШЕН... % Во почетокот немаше ништо необично, не гледав ништо лошо во тоа и воопшто не ми сметаше. Но, како времето поминуваше,...

Read more

ИСКУШЕНИЈАТА ДЕМНАТ ОД СИТЕ... Во Клубот на лекувани алкохоличари владееше необична атмосфера. Ништо не укажуваше дека на состанокот ќе се случи...

Read more

  • Prev
  • Next

Twitter Updates...

  •  
african mango ozoderm

НАДЕЖ ЗА СПАС

Category : АЛКОХОЛИЗАМ 075 985772, ИСПОВЕД 075 985772, КЛА 048-550716

0

%

Не можев да претпоставам, ниту да очекувам, дека случајно изговорените зборови, можат да предизвикаат такво дејство. Како полето на смртта, прекриено со мртвите коски од луѓето, да се затресе од допирот на духот, а вкочанетите коски се размрдаа. Непромислено ги изговорив зборовите на љубов и сожалување, зборови од кои секој можеше да извлече корисна поука и, тие влијаеја така, како само тие зборови да ги чекаа, за да престанат да бидат трупови и – оживеаја. Сите гледаа во мене и очекуваа да кажам големи зборови и да направам големи дела, со кои ќе им помогнам во нивната борба со ѓаволот. Се покажа дека е многу потешко да се помогне, отколку што очекував. Конешно сфатив дека на алкохоличарите може да им се помогне, само ако тие самите ги променат своите ставови кон алкохолот и кон животот воопшто.

На крајот од својот говор, уште им реков: Ѓаволот, кој секогаш стои пред вратата на вашите срца, ја зграбил приликата кога сте посегнале по чашката со алкохол. Со тоа сте му ја отвориле вратата и тој скокнал во вашето срце и таму сега седи како домаќин. Истерајте го надвор! И, во иднина, бидете внимателни и не ја отворајте вратата низ која тој, така лесно влегува. Самите бидете си власт над себе си – тогаш ниту една власт нема да ви биде потребна, особено нема да ви биде потребна власта од најстрашниот ѓавол – алкохолот. Многу повеќе вреди да се живее и најбеден живот, исполнет со искрена љубов и внимание со своето семејство, отколку да се живее сам, во изобилство.

%

УКАЖУВАЊЕ НА ГРЕШКИТЕ

Category : АЛКОХОЛИЗАМ 075 985772, ИСПОВЕД 075 985772, КЛА 048-550716

0

%

Зборував полека, на почетокот на секоја реченица го подигав, а на крајот го спуштав гласот. Ова прекинување на мојот говор, ова спуштање на гласот кога завршував една реченица и повторното подигање кога започнував нова, беше потполно природно, иако во него имаше голема драматичност и кај луѓето, без сомнеж, мораше да предизвика впечаток дека е дојден судниот час и дека пред нив не стои осуденик, туку стои ангел обвинител над ѓаволот.

Целосно се ослободив од стравот и со уште посилен глас продолжив: Браќа мои, немојте да излезете од оваа судница како најголеми глупаци и кукавици. За да бидат делата добри, човекот што ги прави прво мора да биде добар и правилно усмерен, бидејќи од таму, каде ништо не е добро, не може никакво добро ни да произлезе. Ако имате доверба во самите себе, тогаш краток е патот до чесен, среќен и достоен живот. Бидете сигурни, бидете целосно убедени во вашиот успех, бидете сигурни во улогата на Клубот на лекувани алкохоличари во вашиот живот, бидете сигурни во вашите терапевти и нивната несебична помош. Во Клубот на лекувани алкохоличари се наоѓа спасот, во клубот се наоѓа вистинскиот спас за вашите секојдневни страдања. Алкохолот е извор и почеток, творец и татко на многу гревови, а горделивоста, егоизмот, мрзата, гневот и зависта, се негови потомци. Клубот на лекувани алкохоличари ви ја дарува убавината и радоста на вистинскиот човеков живот и ќе направите голем грев ако, при првото искушение,  го заборавите вашето свето место, ако заборавите на благодадта што ви ја пружа КЛА и тргнете по ѓаволот. Време е да престанете да чекате ненадејни дарови од животот – животот треба сами да го градите. Верувајте и станете упорни во тоа што верувате – дека само во Клубот на лекувани алкохоличари е спасот. Само така, со крената глава, одлучно и бестрашно ќе чекорите по патот на вашата победа над алкохолната болест, само така ќе научите и ќе добиете снага за да ги надминете сите тешкотии и опасности, ќе бидете спремни да поднесете секакви неволји. Најдоброто нешто во човековиот живот се неговите мали, безимени, незабележливи и незапаметени дела, создадени од добрината и љубовта. Што може да ви даде ѓаволот, а што би вредело и најмал дел, од тоа што ви го нуди Клубот на лекувани алкохоличари?

%

ПРИФАЌАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА

Category : АЛКОХОЛИЗАМ 075 985772, ИСПОВЕД 075 985772, КЛА 048-550716

0

Почувствував топлина во срцето, почувствував чудна сила што ја добив од мојот спасител, почувствував потреба и силна желба одговорноста за сите мои глупости и пропусти, за сите мои лоши постапки од минатото, да ја земам во свои раце. Некој тивок, непознат глас, со шепот ме охрабруваше: Со Божја помош, со помош на прекрасен човек, кој е извонреден терапевт, како што е др.Мец, со помош на колегите од Клубот на лекувани алкохоличари, успеа да ги скратиш барањата на телото. Што се однесува до твојата напатена душа, таа не само што може да се надева, туку сега може да биде сигурна, дека ќе ја добиеш оваа најтешка, но во исто време и најважна битка во твојот живот. Залудно ѓаволот се труди повторно да ја зароби твојата душа, залудно се труди да те совлада, а тој знае дека тоа најлесно ќе го постигне, ако само за момент се посомневаш во вредноста и исправноста од посетувањето на Клубот на лекувани алкохоличари. Твојот одговор до ѓаволот секогаш треба да биде категоричен и секогаш ист. Треба да се бориш со сите сили, да истраеш до крај, до конечната победа над твојот најголем непријател, до конечната победа над најголемиот непријател на целото човештво – алкохолот. Цврсто земи ги работите во свои раце, биди тоа што треба да бидеш – човек. Ни животот, ниту сите богатства и задоволства на овој свет, што ѓаволот ги нуди, ни приближно не вредат колку достоинството – единствената причина, поради која вреди да живееш. Гледај кон светлината, гледај кон иднината. Стави ги грешките во архивата на минатото и на нив потсетувај се само за да не ги повторуваш.

Храбро скокнав и силно извикав: Јас сум виновен за сé, за сите мои грешки и гревови. Живеев како скот, како дивјак од камено, од пештерско време, кога човекот сеуште живеел на дрвјата, бев животно, див ѕвер. Но, бев таков, бидејќи бев заведен, заблуден од овој страшен ѓавол кој, како слепец, цврсто ме држеше во своите канџи и ме водеше по патот кон пеколот. За успешно да ме донесе во замката на алкохониот пекол, овој страшен ѓавол, за своја главна компонента ја имаше илузијата, што се создава кај секој алкохоличар, дека задоволствата што алкохолот ги пружа се најголеми и дека вечно ќе траат. Впрочем, зошто кој било би се впуштил во пакт со ѓаволот, ако не од надеж дека ќе го ослободи од маките и страдањата. Иако, на прв поглед, изгледа дека таквата илузија е корисна лага за алкохоличарот, сепак, сите треба да знаете дека митот за бесконечните задоволства не е корисна, туку е пеколна лага, бидејќи тоа што ѓаволот го нарекува задоволство, во стварност е невидлив пекол, а во име на тој пекол јас, како и сите други алкохоличари од целиот свет, ја ограничуваме својата, уште повеќе им ја ограничуваме слободата на нашите најблиски. Знаете, ќе живее полн живот оној, кој сака да живее како човек, во вистинска смисла на зборот. Треба само да ги избегнуваме валканите ѓаволски страсти, кои не водат во сигурна смрт, засекогаш. Оттргнете го телото од нечистите сили, кое тие грозно ќе го извалкаат, тело кое Бог го создал од својата плунка и живот му вдахнал. Овој свет не е долина на искушување и премин кон некој подобар, вечен живот, туку овој свет во кој живееме е еден од вечните светови: тој е убав и радосен и ние не само да можеме, туку со своите напори мораме да го направиме уште поубав и порадосен за оние, кои ќе живеат после нас во него. Јас сум оној кој е крив што е жив и кој на себе доброволно ја зема заслужената казна. Затоа, ако мислите дека сум виновен што со голем труд, со голема и несебична помош од нашиот терапевт, со помошта од сите членови на Клубот на лекувани алкохоличари, најмногу со несебичната љубов и внимание од моите најмили – сопругата и двете прекрасни деца, конечно успеав да се освестам, затоа што успеав да се извлечам од канџите на овој проклет ѓавол, тогаш судете ме и ќе ја прифатам секоја казна.

%

СПАСИТЕЛОТ – АНГЕЛ БОЖЈИ

Category : АЛКОХОЛИЗАМ 075 985772, ИСПОВЕД 075 985772, КЛА 048-550716, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

Тогаш се случи големо чудо. Силна светлина ја осветли судницата, а нечија рака, татковски ме потчукна по рамото. Исплашено се завртив, да видам: што е тоа? Зад мене, наредени како војници, со насмеани лица, спремни за борба, стоеја колегите од Клубот на лекувани алкохоличари, а пред нив, како џин, како Ангел Божји, стоеше нашиот терапевт Др.Методија Николоски – Мец. Слободно може да се каже, дека Др.Мец стоеше во судницата, како Бог од некоја грчка трагедија, од која избива вик на фанфари за непомирлива одмазда или кој, со глас што го надвикува татнежот на громовите, ја распостила низ широката вселена најтешката клетва, од која Боговите ќе се зачудат, а темелите на пеколот ќе се тресат до распаѓање: Ако над нас има праведен Бог и, ако тој сака да им даде најмал дел од неговата милост и сожалување на неговите заблудени чеда и, ако сака да ги сослуша молитвите кои излегуваат од дното на мојата душа, тогаш го молам Семоќниот Бог наш, да ми даде време и сила, тебе ѓаволу, тебе ѕверу над ѕверовите целосно да те уништам, наместо плачот и тагата, да им ја вратам радоста и среќата на овие несреќници, да ги спасам овие и сите други луѓе, од алкохолниот пекол.

Од него зрачеше боженствена светлина, зрачеше огромна сила од неговата насмевка. Не плаши се, ние секогаш сме со тебе – тивко ми рече.

Во истиот момент, во главата ми дојде еден од неговите совети, што ги слушавме на состаноците, во Клубот на лекувани алкохоличари: Алкохолот не ги решава проблемите. Тој само создава лажна илузија за привремено одложување на соочувањето со реалноста, создава чудна илузија за заборавање на проблемите, до степен на нивно непостоење. Лесно е да се прават лоши дела, оние дела, од кои доаѓаат нашите несреќи, а тоа што е добро за човекот, се прави само со голем напор. Ако ви остане, макар и најмала грижа за телесниот живот, борбата е беспредметна. Јас знам дека вашата борба е тешка, но исто така знам, дека мора да престанете да се дружите со алкохолот, дека нема друг начин за да се достигне среќата. За вистинско самооткажување од страстите и успешна борба со нив, потребни се вистинските сознанија за последиците од алкохолизмот, до кои може да се дојде само во Клубот на лекувани алкохоличари.

 

%

СООЧУВАЊЕ

Category : ИСПОВЕД 075 985772, КЛА 048-550716, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

1

Бранителот, кој дотогаш неподвижно седеше, со наведната глава над масата, наеднаш скокна и силно извика: Јас сум виновен, поради мојата негрижа овој човек замина во пеколот, тој е мое, само мое дело. Во длабината, во најголемата длабина на душата, знам дека постапував свирепо со него. Потполно сум свесен за моите постапки и за нив се кајам од дното на мојата душа. Денес сум среќен човек, чувствувам голема радост и мојата совест сега е помирна од сознанието, дека тој успеал да се спаси од најстрашниот пекол. Затоа ве молам, судете ме мене.

Последната реченица ја искажа многу полека, подзастануваше после секој искажан збор, како да очекуваше да види, каков впечаток оставил и што ќе речам јас. Се загледав подобро и во него го препознав ликот на татко ми. Ме гледаше со молба во очите, а болка и тага се читаа од неговото натажено лице. Ми се причини како да бара прошка од мене. Да можеше да ѕирне во мојата душа , ќе видеше дека не е потребно да ме моли, ќе видеше дека многу одамна му имам простено сé. Почувствував силна желба да се стрчам кон него и да го прегрнам, но ме спречи ѓаволот, од чија уста излегуваше силен пламен, а неговите зборови, упатени кон татко ми, ечеа низ големата сала: Седи проклетнику, ти не си во состојба да поставуваш услови и твојата жртва не може никого да спаси. Со тебе лесно ќе се справам, бидејќи ти одамна си во пеколот, одамна си мој.

Се чувствував изгубен, безнадежен, го насетував крајот. За миг се потсетив: како ѓаволот успеа лесно да ме втурне во мојата пропаст, како од тогаш почнаа да ме напуштаат честа и моите доблести, дека ништо вредно не ми остана што би ме препорачало, било на милоста Божја, било на човековата помош. Ја прифатив реалноста дека можеби сеуште вистински не сум ги окајал грешките од минатото и затоа, ете, ме стигнува небесна казна и дека затоа сега сум толку несреќен, колку што бев расипан и лош.

Мојот ум, инсинктивно, како да се претвори во мрачна комора и во мојата свест се појавија наредени слики, безброј слики од моето мрачно минато, слики од зачадените, валкани кафеани. Бујната фантазија, како во галерија, како на огромно платно, ги сликаше сцените и атмосферата, со илјадници призори на суровоста, бруталноста, животинското. На тие слики доминираа гостите во кафеаните, како пијат лута ракија, во атмосфера преполна со разврат и простачко однесување. Јасно се гледав себе си во нивното друштво, како пијам – со главата поблиску до подот, отколку до масата. Во тие моменти, ми дојде мисла дека треба да се помирам со судбината, дека пеколот треба да го прифатам како награда за злото што им го нанесував на сите околу мене, особено на моите најмили.

 

%

СОНОТ НА СОВЕСТА

Category : ИСПОВЕД 075 985772, КЛА 048-550716, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

Пред извесно време сонував чуден и страшен сон. Како да се наоѓав во голема судница, во која имаше многу луѓе. Ми изгледаа познато, но иако се трудев, не можев точно да препознаам ниеден од нив, бидејќи луѓето, кои се наоѓаа во судницата, беа некако чудни, бледи, со искривени, изобличени лица. Судиите нервозно ги смируваа, а тие едногласно, силно викаа: “Смрт, смрт за предавникот.” Целиот живот, дури и во времето кога веќе бев стигнат до дното од алкохолниот пекол, се трудев, по секоја цена да ги задржам своите доблести и затоа, зборот “предавник” посебно ме болеше и на мене делуваше како камшик, кој безмилосно ја удира и кине мојата душа.

          Од сите најстрашен беше обвинителот – имаше страшно лице, на главата имаше големи рогови, а со секое чкртнување со острите заби, од устата му излегуваше пламен и неподнослива смрдеа, слична на расипано вино. Чувствував необична одвратност од смрдеата на тој здив. Јас триесетина години редовно пиев вино и ракоја, многу често и се опивав, но никогаш не ми се гадело во толкава мера, како сега, од здивот на овој проклет обвинител. Убеден сум дека тој одвратен здив, кај ниту еден од присутните, не будеше желба за пиење, туку спротивно, кај секого мора да будеше желба да се заколне, дека никогаш повеќе нема да вкуси алкохол. Кај мене сė, од звукот на неговиот глас, до косата и големите нокти, предизвикуваше страв и гадење.

          Од страв, крвта ми замрзна во жилите, а обвинителот, во кого веднаш го препознав ѓаволот, мавтајќи со рацете и роговите на сите страни, со својот страшен поглед фрлаше огнени стрели кон мене и силно викаше: Убијте го, запалете го, траг да не остане од овој предавник. Иако му ги пружив најголемите, најблескавите задоволства, сепак, тој го раскина договорот, се откажа од мене. Сите вие, што останувате верни на мојата стратегија за уредување на вашите животи, бидете убедени, јас ви ветувам – посебно го нагласи зборот Јас, очигледно убеден во тоа, дека неговиот збор е најдобра гаранција – откако ќе го осудите на најстрашна смрт овој неблагодарник, јас – повторно го нагласи зборот Јас, ќе ви дарувам такви сласти и задоволства, какви што досега не сте вкусиле. Што ќе биде со нас и со нашиот рај, ако сите почнат да прават, како овој неблагодарник. Присутните едногласно, продолжија уште посилно да викаат: Смрт, смрт.

%

ГОЛЕМА НАГРАДА ЗА ВЛОЖЕНИОТ ТРУД

Category : КЛА 048-550716, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

Голема награда за апстинентот е личното задоволство, од постигнатиот успех во лекувањето од алкохолната болест. Сепак, најголема награда за секој, кој успеал да ја победи алкохолната болест, секако е задоволството и среќата, кои ќе ги почуствува во секој момент, со секој поглед на среќните и задоволни лица на своите најмили. Апстинентот има шанса да излезе од состојбата на целосна разочараност, кога сомнежот во своите вредности ја достигнал највисоката точка, кога грижата на совеста сė повеќе го влечела кон дното, со оставањето на алкохолот животот почнува целосно да се нормализира и апстинентот, по подолго време, почнува да се чувствува корисен, корисен за себе, уште повеќе за своите најмили – токму таков, каков што отсекогаш требало да биде. Затоа, треба да имаме јасна претстава за борбата што ја водиме со алкохолот, да ја прифатиме како наша приоритетна животна цел, кон која ќе ги насочиме сите наши мисли и целата своја енергија, за на крајот да бидеме победници. Не смееме да дозволиме моменталните тешкотии да ни застанат на патот и да не разочараат. Ако вистински сме решиле да постигнеме успех во нашата борба, да го победиме нашиот најголем непријател – алкохолот, ништо не може да ни застане на патот. Да запомнеме: сė што умот може да замисли и во што може да поверува, може и да се постигне. Бог му помага само на оној, кој самиот решил да си помогне.

          Оној кој решил да постигне успех, треба да тргне од точката на која во тој момент се наоѓа, да донесе конечна одлука за постигнување на успехот денес, а не утре, да биде свесен дека не смее да чека ненадејни дарови од небото, туку да ги вложи сите свои сили, ако сака да победи. За да го постигни тоа, треба на најдобар можен начин да ги искористи советите од терапевтите, да собира зрна на мудроста кои во Клубот на лекувани алкохоличари, ги има доволно за сите.

          Како апстиненти мора да водиме непрекината борба за да го победиме алкохолното зло. Кога ќе ја осознаеме вистинската смисла на нашиот живот, кога ќе одредиме јасна цел кон која треба да се стремиме, треба да ги искористиме сите можности кои ги нуди Клубот на лекувани алкохоличари во нашата борба, до конечната победа над алкохолот. И затоа, таа борба треба да ја прифатиме како шанса да излеземе од алкохолниот пекол, а не како тешкотија, која не можеме да ја надминеме. Не можеме да постигнеме ништо вредно во животот без борба, а наградата ја добиваат само оние, кои во клубот ќе научат како да се соочат со проблемите, се до средбата со нови искушенија, каде храбро ќе тргнеме во нова борба, кон нова победа. Така поминува целиот живот на разумните луѓе – со постојани напори и грижи при решевањето на проблемите и во задоволството од постигнатите успеси. За жал, голем е бројот на оние, кои во борбата со алкохолното зло настојуваат да одат по линијата на помал отпор. Тие немаат сила во својот карактер, сила која исклучиво се раѓа во борбата со алкохолното зло и затоа, многу лесно паѓаат во искушение да посегнат по најлесното решение – чашата со алкохол. Тоа е најголемата причина׃ зошто успехот постојано ги заобиколува?

          Методите за успех во борбата со алкохолната болест ќе ги препознаете низ написите што се објавени на мојот блог. Сепак, за да ги осознаете сите методи и начини за излез од алкохолниот пекол, ви препорачувам да ги прочитате моите книги посветени на борбата со алкохолот и последиците од него. Убеден сум дека се од голема корист за сите луѓе. Тие што лично немаат проблеми со алкохолот ќе научат како да им пристапат и помогнат на своите блиски роднини и пријатели, а тие што имаат каков било проблем предизвикан од алкохолот, многу полесно ќе го надминат.

ДА БИДЕШ ТРПЕЛИВ, ТОА ЗНАЧИ ДА МИСЛИШ

Category : КЛА 048-550716, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

Кога ќе го направиме првиот чекор и ќе донесеме цврста одлука да апстинираме, прво што треба да направиме е да ја пронајдеме вистинската смисла на животот, да научиме како да го живееме својот живот, како да ја користиме снагата на својот разум. Никогаш нема да го пронајдеме својот мир, своето место под Сонцето, кое Бог за нас го определил, ако на другите им дозволиме да управуваат со нашиот живот, ако само ги извршуваме одлуките за нашиот живот, кои некој друг ги носи наместо ние самите, особено ако дозволиме алкохолот да влијае на нашите одлуки, што секојдневно треба да ги носиме. Најголемата вистина на човештвото гласи: “Бог на секој човек му дал неотуѓиво право само над едно – над сопствените мисли.” Веројатно со тоа сакал да ни укаже дека треба да управуваме со својот живот, да донесуваме сопствени одлуки и да ја преземаме одговорноста за последиците од нив, да имаме сопствени мисли, мисли над кои другите не ќе можат да влијаат. Користејќи ја способноста квалитетно и со полн капацитет да влијаеме врз сопствените мисли и животот воопшто, можеме да се воздигнеме до успехот во борбата со алкохолната болест. И, кога ќе се раскинат стегите со кои алкохолот го врзал нашиот ум, кога ќе се ослободиме од ропството на нашиот најголем непријател – алкохолот, кога новите сознанија и искуства за борбата со алкохолната болест стекнати во Клубот на лекувани алкохоличари ќе ги просветлат нашите мисли, кога ќе се осознаеме себе си и нашите вистински вредности, кога добрината, љубовта и човекољубието ќе ги заменат и исфрлат лошотилокот и омразата од нашите срца и ќе станат составен дел од нашиот карактер, убеден сум дека темелите на пеколот ќе се нишаат од страв, а рајските ѕвона ќе ечат од радост, најавувајќи ја победата над ѓаволот.

          Бидејќи Создателот ни дал потполна слобода да одлучуваме и да се користиме со нашите мисли, без сомнеж сметал дека тој дар треба да го користиме со лична иницијатива и одговорност. Во борбата со алкохолната болест постојат две групи на луѓе кои никогаш не напредуваат и ништо или многу малку постигнуваат. На првата група и припаѓаат оние, кои не сакаат да го прифатат она што буквално на секој состанок во клубот им се кажува, не сакаат да ги прифатат советите од терапевтите и не ги почитуваат правилата за борба со алкохолната болест, кои се универзални и кои важат за секој апстинент. Особина на таквите луѓе е лажната представа за својата супериорност и непогрешливост. Тоа е причината што тие вистински и не започнуваат со апстиненција, туку поради својата убеденост дека само после неколку посети на клубот сé научиле, го напуштаат клубот и по кратко време повторно се враќаат во прегратките на ѓаволот.

          Има и апстиненти кои припаѓаат во оваа група, кои упорно доаѓаат во клубот, бидејќи сметаат дека не би било во ред да имаат проблеми со најблиските, кога ќе ги прашаат: “Што имаше денес ново во клубот.” Секој од нив сака да биде припремен и кратко, како затегната пушка, одговара: “Како и секогаш, немаше ништо ново. Еден будала цело време се обидува да внесе некои новини во клубот, постојано се расправа и на сите им ги докажува своите ставови, како само тој сė знае и само тој е во право. Главата ми прсна од него. Малку фалеше да си заминам.” Таквите апстиненти воопшто и не слушаат што навистина се зборува на состаноците, воопшто и не помислуваат дека тој будала, што постојано се расправа, можеби е во право. Тоа се скришни пијаници, но сепак, водат малку сметка другите тоа да не го забележат.

          Во втората група се оние кои немаат самоиницијатива, односно, не сакаат или не знаат да направат ништо повеќе, од она што го научиле на состаноците во клубот. За нив е карактеристична повлеченоста, рамнодушноста кон активностите на другите членови на клубот, стравот од неизвесноста на новините, што другите ги предлагаат. Не се вклучуваат во дискусиите, а ако нешто сепак се приморани да кажат, одговараат кратко, со што даваат до знаење дека тоа измачување за нив, треба што побрзо да заврши.

НАДЕЖТА – ОСНОВАТА НА КОЈА СЕ ТЕМЕЛИ УСПЕХОТ ВО БОРБАТА СО АЛКОХОЛНАТА БОЛЕСТ

Category : КЛА 048-550716, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

За апстинентот да постигне вистински успех во борбата со алкохолната болест, потребно е пред себе и пред другите, да си постави јасно определена цел, за чие остварување ќе биде спремен сė да направи. Шансите да се постигне успехот ќе бидат неспоредливо поголеми, ако апстинентот навистина има искрена желба пред себе и пред другите, да докаже, дека е спремен да го измени своето однесување, да го измени во позитивна насока својот поглед кон алкохолот и кон животот воопшто, со други зборови, да докаже дека е спремен да го измени својот карактер.

          Секоја намера, секој сон почнува со надеж дека може да се оствари. Надежта е основата за постигнување на успехот. Таа преминува во вера во помошта од Бога и поголема самодоверба во своите способности. Верата потоа се трансформира во решителност, а решителноста во акција, која го поттикнува човекот на преземање на конкретни чекори, за постигнување на успехот. Надежта се раѓа во нашите мечти, извира од нашите соништа за подобар живот, за подобро утре, добива сила од нашата цврста одлука за успех, по секоја цена. На надежта се темели главната животна цел, а нашите активности придонесуваат да се претвори во конкретни дела.

          Речиси секоја приказна за успехот, која има среќен крај, почнува со зборовите: “Еден човек се надеваше дека ќе успее…” И приказната за успехот во борбата со алкохолната болест, на кој било апстинент, кој решил да излезе од алкохолниот пекол, има ист почеток: “Имаше еден апстинент кој се надеваше дека во Клубот на лекувани алкохоличари ќе го најде јажето на спасот, што Бог му го пушти за да го извлече од алкохолниот пекол и…” Врз основа на својата надеж и искрената доверба во терапевтите и постарите членови на клубот, треба да ја определиме нашата крајна цел – да ја добиеме битката со нашиот најголем непријател – алкохолот. Таа цел треба да биде нашата ѕвезда што ќе не води кон нашиот успех. Треба да се исполниме со вера дека ништо не е невозможно. Повторувам, ништо не е невозможно, ако апстинентот има искрена желба да се извлече од пеколот. И тогаш треба да ја вложиме целата енергија и храбро да тргнеме кон извршување на поставената задача. Кога нашите мисли ќе бидат насочени 24 часа дневно кон ѕвездата што не води – кон нашите терапевти и членовите од клубот, кои се спремни да ни помогнат во секое време, многу полесно ќе го пронајдеме патот до целта. Многу полесно ќе препознаеме што може да ни го забрза патувањето кон успехот, а што го успорува и не враќа назад во пеколот. Ако не гледаме во ѕвездата, пред да стигнеме до целта, лесно може да се случи да тргнеме во погрешна насока и повторно да зачекориме по трнливиот пат во пеколниот алкохолен лавиринт.

          Се разбира, бидејќи лекувањето од алкохолната болест е комплексно, во кое треба да учествуваат повеќе чинители: алкохоличарот со својата цврста волја да го победи алкохолот, здравствените установи (психијатрите во нервните одделенија), членовите на семејството на алкохоличарот и, како најважен, треба да биде вклучен Клуб на лекувани алкохоличари – значи, сите тие треба добро да го одработат својот дел и, надежта на алкохоличарот за постигнување на успех, во неговата борба со својот најголем непријател – алкохолот, ќе се претвори во прекрасна стварност.

ЗАТВОРЕНИОТ УМ КАЈ АЛКОХОЛИЧАРИТЕ

Category : АЛКОХОЛИЗАМ 075 985772, КЛА 048-550716, ЛЕКУВАЊЕ 075 985772

0

Речиси секогаш кога ќе погледнеме во себе, ја наоѓаме истата грешка што ја осудуваме кај другите, а ако и не видиме иста таква грешка, да погледнеме подлабоко, па ќе пронајдеме уште поголема.     Толстој

Колку побрзо ќе сфатиме дека нашата судбина лежи во нас самите, толку подобро за нас. Среќата можеме да ја најдеме во нас самите – не треба да ја бараме од другите, бидејќи никој ја нема на претек.     Монтењ 

        Оние кои ги слушаат моите укажувања за борбата со алкохолната болест, постои голема веројатност сето тоа да го слушаат со затворен ум… ум кој им укажува, дека никогаш не ќе бидат во состојба да го достигнат тоа што го достигнале луѓето, кои редовно посетуваат Клуб на лекувани алкохоличари. Но, како да ги отвориме нивните умови? Тоа може да се постигне единствено ако успееме да помогнеме, да станат свесни за нашиот беден живот во минатото, да станат потполно свесни за несреќите што секој алкохоличар ги има, особено за несреќите што им ги нанесува на своите најблиски, да станат свесни за нашата денешна среќа, за нашата исправност во борбата со злото, да станат свесни за тешкотиите што тие треба да ги надминат, за да постигнат успех. Потребно е да се убедат и да прифатат дека единствена причина за нивните несреќи е алкохолот.

          Но, како тоа да се постигне? Треба да се користат најсилните можни зборови, за во нивните умови да се доловат слики, кои никогаш не ќе можат да ги заборават. Треба повторно да ги удри одвратниот мирис на валканите кафеани, кои некогаш беа наш втор дом, да им дозволиме да ги доживеат страдањата на нашите срца, да ги натераме да ги почувствуваат понижувањата и болката заради неуспехот, кој го имаат во борбата за подобар живот. Да ги натераме да, после првата посета на Клубот на лекувани алкохоличари, заминат размислувајќи: “Ако луѓето кои посетуваат Клуб на лекувани алкохоличари се во состојба тоа да го постигнат, и покрај сите тешкотии, зошто јас, на кого веќе му е трасиран патот кон среќата да се жалам на својата судбина, зошто да не пробам да го следам тој пат.” Кога алкохоличарите ќе бидат убедени во нашата борба за подобра иднина, ќе им биде полесно да ја прифатат нашата порака, како водич во менувањето на нивниот живот, бидејќи и ние, како и тие сега, сме се соочувале со истите тешкотии, но на крајот сме излегле како победници.

          Во почетокот, кога го оставив алкохолот, кога бев во друштво со моите поранешни другари по алкохолот, чувствував некоја вина во душата, се чувствував како животно кое залутало во некоја туѓа, забранета територија, која повеќе не беше мое живеалиште, во која за мене немаше ни воздух, ни храна. Денес конечно сфатив дека сите ние, кои сме го поминале патот од пеколот и сите оние кои сакаат да им помагаат на алкохоличарите, дека треба да го бираме вистинскиот начин за да пристапиме, за да се доближиме до алкохоличарите, да не се правиме важни и возгордеани, туку искрено да ја покажеме нашата љубов и внимание кон нив. Тоа може да биде многу корисно и за нив и за нас, бидејќи, иако тоа сеуште не е лечење, тогаш барем ќе се обидеме да ја испитаме болеста, за што треба да бидеме благодарни, бидејќи тоа е шанса што треба да ја искористиме, барем малку да ги подобриме и нашите доблести. Ако не бидеме зашеметени од нашата возгордеаност, ако само малку подобро ги погледнеме и размислиме за несреќната судбина на алкохоличарите кои се околу нас, ќе сфатиме дека нивната судбина не може да се поправи и да им се помогне само декларативно, со донесување одлуки исполнети со празни зборови, кои не можат и не се спроведуваат во дела, дека во никаква состојба не можат да бидат среќни ако нивниот поглед на животот не се измени, особено ако ние и понатаму на нив гледаме како на некои посебни, лоши луѓе, а не како на луѓе кои се исти како и ние самите. Треба да бидеме свесни дека на такви луѓе можеме да им бидеме од корист, само ако успееме да помогнеме, тие да го изменат својот поглед кон алкохолот и кон животот воопшто. Но, за да го менуваме погледот на животот на другите луѓе, потребно е самите да имаме најдобри погледи за животот и да живееме во склад со тие погледи.

          Светски познатите алкохолози докажале дека најтежок чекор во лекувањето на алкохолната болест е пристапот до алкохоличарот, односно доаѓањето во контакт со луѓето, кои на кој било начин имаат проблеми со алкохолот. Сите методи за пристап, начинот на мотивирање на алкохоличарот за започнување со лечење од алкохолната болест, ќе ги најдете во моите книги “Исповед на еден алкохоличар” и “Како да се победи Кралот Алкохол.”

african mango ozoderm