Posledni Napisi

СПАСОТ Е НА ДОФАТ НА РАКАТА % Но, тогаш Бог одлучи да смеша прсти во нашиот живот. Еден тмурен, пролетен ден, јас заминав во полето да работам,...

Read more

АЛКОХОЛОТ - НЕВИДЛИВ, НО СТРАШЕН... % Во почетокот немаше ништо необично, не гледав ништо лошо во тоа и воопшто не ми сметаше. Но, како времето поминуваше,...

Read more

ИСКУШЕНИЈАТА ДЕМНАТ ОД СИТЕ... Во Клубот на лекувани алкохоличари владееше необична атмосфера. Ништо не укажуваше дека на состанокот ќе се случи...

Read more

ОДНЕСУВАЊЕТО НА АЛКОХОЛИЧАРОТ... Закрепнатите луѓе од проблемите со пиењето, зависноста  од алкохол ја дефинираат како мултидимензионална и комплексна...

Read more

AKTIVNOSTI VO KLUBOT Вие, кој што сега посетувате Клуб на лекувани алкохоличари, вероватно сте разбрале дека сте влегле во големото...

Read more

ПИЕЊЕТО АЛКОХОЛ - ПРОБЛЕМ ВО... Вистината за проблемите, предизвикани од пиењето алкохол е многу полесно да се скрие на работното место, отколку...

Read more

КЛУБ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ Клубот на лекувани алкохоличари Ви е како да сте во еден рудник, и во него талкате, симни се најдолу, па кaчувај...

Read more

МУДРОСТИ - ЖЕНИ, ЖЕНИ - Постојат два вида жени׃ расеани – ќе ги изгубат двете ракавици; сталожени – ќе изгубат само една. Бернар - Пристојна...

Read more

МУДРОСТИ - ЖЕНСКИ КАРАКТЕР - Некои жени се како запалена цигара; ако не ја фатиш од вистинската страна, ќе се изгориш. Тухолски - Обично се...

Read more

ДА ПОГЛЕДНЕМЕ ВО ОГЛЕДАЛОТО... Кога ќе се угасни светлоста на твојот духовен живот, темна сенка на твоите телесни желби ќе падне на твојот пат....

Read more

  • Prev
  • Next

Twitter Updates...

  •  
fukosantin epimedium african mango afrika mangosu epilamor ozoderm uzamax altin cilek lavixir ayak kokusu biber hapi super x power penis halkasi maurers

КАКО ДА ИМ ПОМОГНЕМЕ НА АЛКОХОЛИЧАРИТЕ

Category : ЛЕКУВАЊЕ 075 985772

2

Како можеме најлесно и најсигурно да им помогнеме на алкохоличарите? Треба сите ние да ја признаеме нашата вина за несреќната состојба на многу луѓе, на кои сме можеле и на кои сеуште можеме да им помогнеме, а потоа сé што порано ни изгледало невозможно, ќе ни изгледа лесно и пријатно. Тогаш нема да се плашиме дека ќе ги извалкаме чевлите или облеката, нема да го жалиме трудот што ќе го вложиме и времето што ќе го изгубиме, нема да се плашиме и нема да бегаме пред навредите кои, во секој момент, можат да стигнат на наша адреса. Треба да бидеме спремни да седнеме на креветот од најзапоставениот алкохоличар и со него најсрдечно да разговараме, тој да почувствува како неговиот соговорник го почитува и сака, да ја почувствува топлината од дружењето со искрен, вистински пријател. Со смирено срце тивко да им речеме: ве почитуваме и сакаме, спремни сме да ви го поклониме целото наше внимание и помош, за полесно да го победите вашиот најголем непријател – алкохолот. Блесокот во нашите очи, насмевката на нашите лица, искреноста на нашите зборови ќе ги отворат нивните срца. И, кога ќе ја прифатиме таа благородна задача, после сите маки и напори, кога и во сонот ќе не измачуваат безбројните, тажни слики од средбите со алкохоличарите и нивните семејства, кога споменот на тажните, насолзени очи од нивните несреќни дечиња ќе ги параат нашите срца, слики и спомени кои барем за момент ќе не растревожат и ќе го нарушат нашиот мир, тогаш ќе ја знаеме разликата помеѓу лажниот напор за човековата слава и оној, вистинскиот напор за Исполнување на Божјата заповед: “Сакај го својот ближен како себе си.” Кога сето тоа ќе го правиме тивко, од вистинско човекољубие, без возгордеаност и надуеност, доброволно, без тоа никој од нас да го бара, без притоа да бараме одобрување од кого било, тогаш за нашиот труд нема да ни бидат потребни и нема да очекуваме пофалби и награди, тоа нема да го правиме како голем подвиг, туку како нешто сосема најнормално.

          Значи, за да можеме и да бидеме способни да им помагаме на алкохоличарите, потребно е, пред сé, да дојдеме во непосреден допир со нив, да ги урнеме сите прегради кои не разделуваат од нив. Не велам дека оној, кој сака да им помага на алкохоличарите, дека треба да се откаже од својот начин на живот, но велам дека навистина би било добро,

ОПШТО ПРИФАТЕНИ ПРАВИЛА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ЦВРСТА АПСТИНЕНЦИЈА

Category : ЛЕКУВАЊЕ 075 985772

0

Цени го човекот кој ти укажува на твоите грешки, како да ти открил скриено богатство – цени го мудрецот кој ти ги покажува животните опасности.     Дамапада

За остварување на поставените задачи, апстинентите во Клубот на лекувани алкохоличари делуваат следејќи ги правилата за работа, кои се прифатени во сите клубови. Со тоа се осигурува полесна соработка помеѓу клубовите. Во својата борба со алкохолната болест, секој апстинент треба да ги почитува универзалните правила кои се применуваат во сите Клубови на лекувани алкохоличари, но и правилата и навиките што може да се применуваат во клубот, во кој членува.

- СТРОГО ОДБЕГНУВАЈТЕ ГИ КАФЕАНИТЕ И СТАРОТО ДРУШТВО

- НЕ ЧУВАЈТЕ АЛКОХОЛ ВО ВАШИТЕ ДОМОВИ

- СЕКОЈДНЕВНО ЗЕМАЈТЕ ЕСПЕРАЛ – НАЈМАЛКУ ЕДНА ГОДИНА

- СЕКОЈ ДЕН ПОМИНАТ БЕЗ АЛКОХОЛ Е КАПИТАЛ

- ВО ТЕКОТ НА ЛЕКУВАЊЕТО ПОМАГАЈТЕ ИМ НА ДРУГИТЕ, ОСОБЕНО АКО СЕ ВО КРИЗА

- ОТВОРЕНО ЗБОРУВАЈТЕ ЗА СЕБЕ КАКО ЗА АЛКОХОЛИЧАР И ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА ОКОЛИНАТА ЗА ЛЕКУВАЊЕТО

- АКО ИМАТЕ КРИЗА, ЈАВЕТЕ СЕ ВЕДНАШ ВО КЛУБ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ, БИДЕЈЌИ ТАА Е ПРОПРАТНА ПОЈАВА ПРИ АПСТИНЕНЦИЈАТА

- АКО ДОЈДЕ ДО РЕЦИДИВ, ЈАВЕТЕ СЕ, ШТО Е МОЖНО ПОСКОРО НА ТЕРАПЕВТОТ ИЛИ ВО СВОЈОТ КЛУБ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ

- БЕЗ КЛУБ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ НЕМА АПСТИНЕНЦИЈА

          Секое од овие правила во себе носи јасна порака и упатство, за апстинентот полесно да излезе од алкохолниот пекол. Иако можеби на прв поглед ќе ви изгледаат како работи кои одамна ги знаете и на кои не треба да им посветите поголемо внимание, бидете убедени дека тие во себе носат длабока смисла. Затоа, ајде да ги разгледаме поединечно.

ЗАВИСНОСТА ОД АЛКОХОЛОТ Е СЕМЕЕН ПРОБЛЕМ

Category : ЛЕКУВАЊЕ 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

Ставовите кон пиењето алкохолни пијалаци се формираат уште во детството и раната младост и тоа по образецот на надворешен модел на блиските по идентитет. Грубо и поедноставено, ама сепак, темелно точно кажано. Луѓето во проблеми предизвикани од пиењео раѓаат луѓе со проблеми од пиењето алкохол, а закрепнатите и луѓето што пијат умерено и нередовно, раѓаат луѓе што закрепнуваат и луѓе кои умерено пијат. “Каков татко, таков син“. Секако, погоре наведеното вреди и за прашањето на трансгенерацискиот пренос на пиењето алкохол.

            Очекувањата од алкохолот и пиењето постојат уште пред вистинското пиење. Бидејќи тие меѓусебно се разликуваат уште пред самото пиење. Така децата на родителите кои пијат имаат попозитивни очекувања од алкохолот, отколку децата на родители кои не пијат.

            Зависноста од алкохол е семеен проблем, затоа што трансгенерациски се пренесува од колено на колено и тоа како генетска предиспозиција, како образец на емотивното функционирање и потоа како социјално идентитетен образец на вообичаеното функционирање на поедини семејства. За многумина склоноста кон пиењето и не е некаков проблем, туку дел од животот, традиционален и семеен идентитет и наследство.

            Еден од клучните ризични фактори во трансгенерациската трансмисија на зависноста од алкохол, не е во толкава мера  врзан за вистината дека пиењето е дел од традиционалниот семеен ритуал, колку што е дел од семејната култура на пиење. Прифатена е и пијаната состојба како дел од пиењето. Семејството кое го одобрува пиењето, ама не го одобрува опивањето, по правило е семејство кое трансгенерациски не ги пренесува проблемите од пиењето алкохол, туку само пиењето.

            Луѓето кои растеле во семејства каде што се пиело и имале проблеми предизвикани од алкохол, почнуваат рано да пијат и истите имаат проблеми предизвикани од пиење алкохол. Социјално културалните, а не клиничко медицинските норми одредуваат кој е, а кој не е во проблеми од пиењето алкохол. Во животот големите проблеми од пиењето алкохол се социјална девијација, а не клиничко медицински ентитет. Некој што е во проблеми од пиењето, воедно не е и во друг социјално културален контекст или временски раздел. Тоа што една заедница перцепира како проблематично однесување, друга заедница вели дека тоа е  легитимно однесување на лицето кое е под дејство на алкохол. Во одреден социјален контекст, пиењето, па и опивањето е легитимен образец на поведение. Во друг контекст и умереното пиење е повеќе од непримерно.

            Обичајните општествени норми, нормираат и влијаат врз пиењето, но и пиењето влијае врз нормите и обичаите на општеството и со својот адиктивен потенцијал наметнува нови општествени пракси.

            Алкохолот е тешка дрога со многу физичко токсични нус-појави надоврзани на самата состојба на пијанството. Значен  број луѓе кои се обидуваат сериозно и ризично да пијат, нужното чувство на мачнина секогаш ги одвраќа од понатамошно и идно пиење. За жал, многумина на кои им е до самиот алкохол и неговото дејство, ќе се откажат од натамошното пиење,   меѓутоа наговарачкиот притисок на обичаите и пријателите , познаниците, ќе ги натераат да продолжат да пијат.

            Нештата се банално едноставни: Во средини кадешто постои висока толеранција кон употребата на алкохолот, пропорционално има висока стапка на луѓе во проблеми предизвикани од пиењето алкохол. Обичајните навики за пиењето раѓаат навики за пиење и формираат социјално несимпатични луѓе со проблеми од пиењето. Бројот на луѓе во проблеми предизвикани од пиењето алкохол е директно зависен и пропорционален на бројот на таканаречените умерени пијачи. Од редовите на општествените потрошувачи на алкохол се регрутираат луѓе во проблеми од пиењето алкохол. Умерените пијачи секогаш се оградуваат од луѓето кои што алкохолот ги повлекол кон себе. Затоа, умерените пијачи се најважната целна група за превентивно делување против прекумерното пиење. Кога би се намалила вкупната потрошувачка кај таа група пијачи, тогаш појавноста на сите проблеми предизвикани од алкохолот, битно ќе се намалат. 

НИШТО НЕ СЕ СЛУЧУВА САМО ОД СЕБЕ

Category : КЛА 048-550716, ЛЕКУВАЊЕ 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

Ако си успеал да одиш по вода, не си станал ништо повеќе од една сламка. Ако си успеал да леташ во воздухот, не си станал ништо повеќе од една птица. Но, ако си ги победил своите страсти, тогаш си станал некој.

Не постои поразорна човечка навика од одолговлекувањето, одложувањето да се прекине со алкохолот утре, а не денес. Со алкохолот требало да се прекине многу одамна, во краен случај, никогаш и не требало ни да се започне со пиење алкохол. Во борбата со алкохолната болест ќе бидат успешни само оние, кои веднаш ќе тргнат во акција да се победи алкохолното зло.

          Постојат два вида на активности во борбата со алкохолното зло: првата, која ја преземаме затоа што самите така сме одлучиле, и втората, која ја преземаме дури откако на тоа сме приморани. Кога апстинентот самиот ќе согледа дека има проблеми предизвикани од алкохолот и ќе побара помош, со таквиот чекор половина од работата во неговото лекување е завршена. Завршувањето на останатото е рутинска работа на терапевтите. Во вториот случај, кога бараме помош од стручни лица дури откако тоа мораме да го направиме, лекувањето е многу потешко, бидејќи обично станува збор за поголеми ментални или телесни оштетувања кај алкохоличарот.

          Кога алкохоличарот ќе започне со своето лекување, тој и членовите на неговото семејство треба од своите мисли да го избришат зборот “невозможно”, бидејќи тоа е појдовна точка кон секој успех, особено кон постигнување успех во лекувањето на алкохолната болест. Можеме да постигнеме сигурен успех во борбата со алкохолната болест, само ако сме убедени во нашата способност, дека тоа можеме да го постигнеме. Ако не сме сигурни во цврстината на нашата одлука да го победиме алкохолното зло, тогаш веднаш, во истиот момент, треба да ја донесеме конечната одлука. Нашата одлука треба да ја внесеме во нашите мисли и да ја повторуваме повеќепати дневно, како еден вид молитва. Да запаметиме, ништо не се случува само од себе. Нештата не се случуваат така, како што ние посакуваме, само затоа што ние посакуваме така да се случат. Мора да вложиме труд работите да се случат и да се одвиваат така, како што ние посакуваме. Успехот во борбата со алкохолната болест ќе биде резултат на трудот што ќе го вложиме, на постојаните напори, на нашата спремност советите и правилата што ќе ни ги одреди терапевтот, да ги спроведеме во дело.

          Почитувани пријатели, кои ќе го прочитате овој напис. Отворете ја мојата интернет страна alkoholizam.net и во “Како да се победи Кралот Алкохол”, од прва рака, од искажувањата на релевантни личности од областа на социологијата и алкохологијата, како што се׃ др. Ферид Мухиќ, др.Павлина Васкова и г-ѓа Милка Темелкоска, ќе дознаете многу повеќе за оваа и другите теми.

ЗАТВОРЕНИОТ УМ КАЈ АЛКОХОЛИЧАРИТЕ

Category : АЛКОХОЛИЗАМ 075 985772, КЛА 048-550716, ЛЕКУВАЊЕ 075 985772

0

Речиси секогаш кога ќе погледнеме во себе, ја наоѓаме истата грешка што ја осудуваме кај другите, а ако и не видиме иста таква грешка, да погледнеме подлабоко, па ќе пронајдеме уште поголема.     Толстој

Колку побрзо ќе сфатиме дека нашата судбина лежи во нас самите, толку подобро за нас. Среќата можеме да ја најдеме во нас самите – не треба да ја бараме од другите, бидејќи никој ја нема на претек.     Монтењ 

        Оние кои ги слушаат моите укажувања за борбата со алкохолната болест, постои голема веројатност сето тоа да го слушаат со затворен ум… ум кој им укажува, дека никогаш не ќе бидат во состојба да го достигнат тоа што го достигнале луѓето, кои редовно посетуваат Клуб на лекувани алкохоличари. Но, како да ги отвориме нивните умови? Тоа може да се постигне единствено ако успееме да помогнеме, да станат свесни за нашиот беден живот во минатото, да станат потполно свесни за несреќите што секој алкохоличар ги има, особено за несреќите што им ги нанесува на своите најблиски, да станат свесни за нашата денешна среќа, за нашата исправност во борбата со злото, да станат свесни за тешкотиите што тие треба да ги надминат, за да постигнат успех. Потребно е да се убедат и да прифатат дека единствена причина за нивните несреќи е алкохолот.

          Но, како тоа да се постигне? Треба да се користат најсилните можни зборови, за во нивните умови да се доловат слики, кои никогаш не ќе можат да ги заборават. Треба повторно да ги удри одвратниот мирис на валканите кафеани, кои некогаш беа наш втор дом, да им дозволиме да ги доживеат страдањата на нашите срца, да ги натераме да ги почувствуваат понижувањата и болката заради неуспехот, кој го имаат во борбата за подобар живот. Да ги натераме да, после првата посета на Клубот на лекувани алкохоличари, заминат размислувајќи: “Ако луѓето кои посетуваат Клуб на лекувани алкохоличари се во состојба тоа да го постигнат, и покрај сите тешкотии, зошто јас, на кого веќе му е трасиран патот кон среќата да се жалам на својата судбина, зошто да не пробам да го следам тој пат.” Кога алкохоличарите ќе бидат убедени во нашата борба за подобра иднина, ќе им биде полесно да ја прифатат нашата порака, како водич во менувањето на нивниот живот, бидејќи и ние, како и тие сега, сме се соочувале со истите тешкотии, но на крајот сме излегле како победници.

          Во почетокот, кога го оставив алкохолот, кога бев во друштво со моите поранешни другари по алкохолот, чувствував некоја вина во душата, се чувствував како животно кое залутало во некоја туѓа, забранета територија, која повеќе не беше мое живеалиште, во која за мене немаше ни воздух, ни храна. Денес конечно сфатив дека сите ние, кои сме го поминале патот од пеколот и сите оние кои сакаат да им помагаат на алкохоличарите, дека треба да го бираме вистинскиот начин за да пристапиме, за да се доближиме до алкохоличарите, да не се правиме важни и возгордеани, туку искрено да ја покажеме нашата љубов и внимание кон нив. Тоа може да биде многу корисно и за нив и за нас, бидејќи, иако тоа сеуште не е лечење, тогаш барем ќе се обидеме да ја испитаме болеста, за што треба да бидеме благодарни, бидејќи тоа е шанса што треба да ја искористиме, барем малку да ги подобриме и нашите доблести. Ако не бидеме зашеметени од нашата возгордеаност, ако само малку подобро ги погледнеме и размислиме за несреќната судбина на алкохоличарите кои се околу нас, ќе сфатиме дека нивната судбина не може да се поправи и да им се помогне само декларативно, со донесување одлуки исполнети со празни зборови, кои не можат и не се спроведуваат во дела, дека во никаква состојба не можат да бидат среќни ако нивниот поглед на животот не се измени, особено ако ние и понатаму на нив гледаме како на некои посебни, лоши луѓе, а не како на луѓе кои се исти како и ние самите. Треба да бидеме свесни дека на такви луѓе можеме да им бидеме од корист, само ако успееме да помогнеме, тие да го изменат својот поглед кон алкохолот и кон животот воопшто. Но, за да го менуваме погледот на животот на другите луѓе, потребно е самите да имаме најдобри погледи за животот и да живееме во склад со тие погледи.

          Светски познатите алкохолози докажале дека најтежок чекор во лекувањето на алкохолната болест е пристапот до алкохоличарот, односно доаѓањето во контакт со луѓето, кои на кој било начин имаат проблеми со алкохолот. Сите методи за пристап, начинот на мотивирање на алкохоличарот за започнување со лечење од алкохолната болест, ќе ги најдете во моите книги “Исповед на еден алкохоличар” и “Како да се победи Кралот Алкохол.”

ВОСПИТУВАЊЕО – ПРЕВЕНТИВНА ЗАШТИТА

Category : ЛЕКУВАЊЕ 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

Векот на нашите татковци, кој е веќе полош од векот на нашите прадедовци, не створи нас, уште полоши синови, кои наскоро ќе дадеме уште полошо поколение.     Хорацие

Ако си учител на деца или можеби татко, биди им учител со своето однесување и животот.     Латинска пог.

Кога самите родители би биле воспитани, тогаш невозможно е да се раѓаат невоспитани деца.      Гете

Нашите деца – тоа е нашата старост. Правилното воспитување е нашата среќна старост; лошото воспитување е нашата идна несреќа, нашите солзи, нашата вина пред другите луѓе, пред целата земја.       Макаренко

          На сите страни околу нас врие од деца. Не смееме ниту да претпоставиме дека се раѓаат и растат за да станат пијаници, наркомани, дивјаци. Цело време се кажуваат приказни дека треба да се спасуваат луѓето и детските животи, а се уништуваат. Треба да се вложат напори од децата да се изградат достоинствени луѓе. Само тоа е добро дело. Но, тоа дело не се прави со празни зборови, туку со искрено помагање, преку примери од сопствениот живот. Затоа, посебно внимание треба да се посвети на воспитувањето на децата и улогата што ја имаат родителите и воспитувачите во училиштата, во градењето на детскиот карактер.

          Воспитувањето е сложена и тешка работа, само додека сакаме да ги воспитуваме своите деца или кој било друг, а да не се воспитуваме себе си. Ако сфатиме дека другите можеме да ги воспитуваме само преку себе, воспитувајќи се себе си, тогаш престанува да биде проблем на воспитувањето и станува проблем на животот – како човекот треба да живее. Не постои начин за воспитување на децата кој не го опфаќа и воспитувањето на самиот себе. За човек добро да се воспита, не само што треба убаво да живее, туку и да се воспитува себе си, постојано да се усовршува и ништо од својот живот да не крие пред децата. Родителот треба да постапува така, да мотивите кои го наведуваат на неговите постапки ги сфати и неговиот седумгодишен син, да постапува така да детето никогаш не му рече: “А зошто ти тато тогаш зборуваше едно, а сега правиш или зборуваш сосема друго?” Подобро е децата да ги знаат слабостите од своите родители, отколку да чувствуваат дека нивните родители еден дел од својот живот го кријат од нив, а другиот го покажуваат. Сите тешкотии во воспитувањето произлегуваат токму од тоа што родителите, не само што ги украсуваат своите недостатоци, туку не признавајќи ги за недостатоци, тие недостатоци не ги гледаат или не сакаат да ги видат кај своите деца. Во тоа е сета тешкотија и борба со децата. Децата по својата природа се многу потемелни во своите набљудувања од возрасните и тие често, не покажувајќи го тоа, ги гледаат не само недостатоците кај своите родители, туку и онаа најлоша маана – лицемерието на родителите, и затоа го губат почитувањето кон нив и интересот за советите, кои тие им ги даваат. Вистината е прв и главен услов за активно влијание на духот и затоа, таа е прв услов во воспитувањето. А на човекот да не му биде страшно на децата да им ја покаже вистината за својот живот, треба да направи неговиот живот да биде добар или барем не толку лош.

          Децата не се способни да донесуваат објективни проценки за случувањата околу нив и затоа често сметаат дека однесувањето и постапките на нивните родители се беспрекорни, дека и тие така треба да се однесуваат. Ако родителот пие алкохол, тогаш детето ќе донесе погрешен заклучок и ќе смета дека единствено тоа е исправно.

          Децата не можеме да ги излажеме, тие се попаметни од нас. Ние сакаме да им докажеме дека сме разумни, а нив тоа воопшто не ги интересира. Тие сакаат само да знаат дали сме чесни, искрени и добри, сочувствителни, дали имаме совест и, за жал, позади нашите напори да изгледаме непогрешливо разумни, гледаат дека од тоа нема ништо. Ако пред детето направиме грешка, ако се занесеме и направиме глупост, обична човечка глупост, дури и лоша постапка и, ако поцрвениме пред детето и признаеме, тоа ќе делува многу повоспитно, отколку кога сме непогрешливи и го принудуваме детето стопати да поцрвени пред нашиот авторитет. Детето е свесно дека сме појаки, поискусни од него и дека секогаш можеме пред него да го сочуваме ореолот на безгрешноста, но тоа знае дека за тоа не треба многу и тоа не ја цени нашата вештина на сокривање на грешките, туку го цени црвенилото, кое без да сакаме ни се појавува на лицето заради срамот и кое ќе му каже за се што е најубаво во нашата душа. Децата не гледаат на воспитувачот како на разум, туку како на човек. Воспитувачот е првото и најблиското битие кое тие го набљудуваат и прават заклучоци кои покасно ги применуваат во животот. И, колку лицето што воспитува е надарено со поголеми човекови вредности, толку набљудувањата ќе бидат побогати и поплодоносни.

          Кога разговараме за воспитувањето, сосема е јасно׃ зошто родителите ги препуштаат децата на самите себе? Кога детето би го држеле дома, би ги виделе последиците од својот раскалашен живот на сопствените деца. Би се виделе себе си во децата како во огледало. Таткото дома пие вино и ракија за време на ручекот, а синот во кафеана. Го оставаат детето само на себе, далеку од нивните погледи и, го нема веќе огледалото во кое родителите се гледаат.

          Во романот “Како да се победи Кралот Алкохол” прикажан е животот на синот од еден алкохоличар, начинот на воспитување на детето и влијанието на постапките од таткото врз него. Прочитајте ја и книгата Исповед на еден алкохоличар” и во неа ќе видите како погрешното воспитување мене ме однесе во алкохолниот пекол.

ЉУБОВ И ЧОВЕКОЉУБИЕ

Category : КЛА 048-550716, ЛЕКУВАЊЕ 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

Никој не може да знае се, а срамотно и штетно е да се претвараш дека го знаеш и тоа што не го знаеш.       Толстој

Tempora mutantur et nos mutamur in illis – Времињата се менуваат и ние се менуваме во нив.       Латинска поговорка

Биди му и ученик и слуга на секој паметен човек, што ќе го сретнеш.      Хазрит-Али

Денес навистина се чувствувам како голем победник над алкохолот – најголемиот непријател на сите луѓе, но тоа ни оддалеку не ми носи вистинска среќа. Никако не можам да бидам среќен, кога секојдневно околу мене ги гледам страдањата на многу алкохоличари, посебно страдањата на нивните семејства, на кои треба и мора да им се помогне. И затоа, тоа што јас го пишувам во моите книги и написи е само мое видување на животот со и без алкохол, само ги препорачувам моите искуства за помагање на луѓето кои имаат каков било проблем предизвикан од алкохолот и.., ништо повеќе од тоа. Целосно се согласувам со мислењето дека терапевт во Клуб на лекувани алкохоличари, може да биде само стручно лице од медицината, социологијата или психологијата. Сите оние, кои ми префрлаат дека преку моите активности или преку моите текстови се мешам во терапевтските работи, нека се преслушаат уште еднаш и ќе видат дека никаде нема да најдат дел каде се мешам во терапевтските работи, особено не се мешам во делот на медицината. Со внимание проследете ја приказнава и се надевам дека некои работи ќе ви бидат појасни.

Во некоја голема ливада израснал пиреј. И, за да го отстранат, сопствениците на ливадата го коселе, а пирејот растел уште повеќе. Се случило да чесен и разумен човек го посети еден од сопствениците на ливадата и, помеѓу останатите совети кои му ги дал, рекол дека пирејот не треба да се коси, бидејќи од тоа тој уште повеќе расте, туку дека треба да се корне.

Но, сопствениците на ливадата, заради својата возгордеаност и погрешните сознанија кои со текот на времето ги стекнале, не го послушале советот и воопшто не размислувале за него, како никогаш и да не им бил даден. И, макар што во наредните години имало луѓе кои им спомнувале на сопствениците од ливадата за советот од разумниот домаќин, на нив никој не обраќал внимание и постапувале како и порано, така што косењето на пирејот, штом ќе се појавел, станал не само обичај, туку свето предание, а ливадата се повеќе била обрасната од пиреј. И работата дошла дотаму што на ливадата останал само пирејот. Луѓето се секирале поради тоа и секој од нив смислувал како тоа да се спречи, но не го правеле само тоа што, многу одамна, им го предложил чесниот домаќин. Се случило да еден човек, кој ја гледал таа жалосна состојба во која се наоѓала ливадата и кој се сетил на заборавениот совет, да не се коси пирејот, туку да се корне – се случило да тој човек ги предупреди сопствениците на ливадата дека неразумно постапиле и дека на таа неразумност ги предупредил разумниот домаќин.

И, што се случило? Наместо да проверат дали предупредувањето на тој човек е оправдано и, доколку е оправдано да престанат да го косат пирејот, или, ако е неоправдано, да докажат дека неговото тврдење не е точно и до тие совети поради тоа не мораат да се придржуваат, сопствениците на ливадата не го направиле ни едното ни другото, туку се нашле навредени заради предупредувањето на тој човек и почнале да го навредуваат. Го нарекувале безумен и возгордеан човек кој вообразил дека единствено тој го разбрал советот од чесниот домаќин, го нарекувале злобник кој сака пирејот уште повеќе да се рашири и луѓето да останат без ливада. “Тој вели дека не треба да го косиме пирејот, а ако не го уништуваме пирејот – зборувале тие, свесно премолчувајќи дека човекот не велел дека не треба да се уништи пирејот, туку дека не треба да се коси, ами да се корне – пирејот уште повеќе ќе порасне и целосно ќе ја упропасти нашата ливада. И зошто ни е дадена ливадата, ако на неа треба да одгледуваме пиреј?” И, мислењето дека тој човек е лажливец и безумник или дека има намера да им напакости на луѓето толку се прифатило, така што сите го напаѓале и исмевале. И колку тој човек да објаснувал дека има најдобри намери, другите воопшто не сакале да го слушаат, затоа што еднаш засекогаш било заклучено дека тој е безумен и возгордеан човек, кој погрешно ги тумачи зборовите на разумниот, чесен домаќин.

Оваа приказна ја раскажав за што попластично да ја прикажам положбата на сите оние кои укажуваат на одредбите од Евангелското учење, дека сите луѓе се браќа и на секого треба да му се помогне, дека сите луѓе, бидејќи се исти пред Бога, заслужуваат парче среќа на овој свет, дека единствено љубовта и човекољубието се најсилното оружје против алкохолното зло, дека на сите алкохоличари, кои го бараат спасот во Клубот на лекувани алкохоличари, тоа им е најпотребно. Но, дали затоа што луѓето, особено луѓето кои имаат големо искуство во борбата со алкохолната болест, не обраќаат внимание на моите укажувања, или затоа што јас не умеам доволно јасно тоа да го искажам, за да ме разберат, или затоа што им изгледа премногу тешко да се исполнат моите укажувања, како и да е – како времето поминува, на моите укажувања се помалку и помалку им се придава внимание и, на крајот дојде дотаму што тие целосно се отфрлени, а доказ за тоа се и забелешките во нивите коментари.

Светото Писмо не учи дека животот е љубов и бидејќи е љубов, тој е радост, среќа. Навистина, се што е потребно, единствено потребно е – да сакаш, да умееш да се навикнеш да сакаш, сите, секогаш, да се одвикнеш да кого било не го сакаш – во четири очи и позади грбот. Оваа Света Вистина длабоко е навлезена во моите мисли и затоа со сите сили се трудам да постапувам по неа: треба да се бара, да се сака, да се работи единствено тоа што е добро за луѓето – да се сака и да се развива љубовта кон нив, да се ублажува нељубовта во нив.

Единствено, најголемо добро за луѓето е љубовта. Јас тоа по себе го знам и затоа само тоа им го посакувам и поклонувам на луѓето, единствено во таа насока ги усмерувам моите активности. Настојувам не само да ја допирам љубовта, туку смело живеам во таа смисла и затоа се изедначувам со секој човек и пред мене е само едно: пред мене е жив човек, додека сум жив во можност сум да го направам тоа што и мене и нему ќе му пружи среќа, со што ќе се исполни Волјата Божја.

Јас го кажав своето. Сега ми останува да се надевам дека ќе мотивирам што повеќе луѓе да ја разбудат во себе и да ја прифатат хуманоста како единствен водич во нивните идни активности. Настојувам моите очекувања да не ги издигнувам на многу високо ниво, бидејќи, во овој момент и под вакви околности, можноста да се разочарам е повеќекратно поголема, отколку можноста да уживам во среќата од успехот на моите хумани намери.

Со љубов во Бога

КАКО ДА СЕ ПРОНАЈДЕ ВИСТИНСКИОТ ПРАВЕЦ

Category : КЛА 048-550716, ЛЕКУВАЊЕ 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

И најлошиот ученик денес знае вистини, за кои Архимед би го жртвувал својот живот.                                                                                                                              Ренан

Незнаењето е ненапишан лист хартија, на која можеме да пишуваме. Погрешното знаење е напишан лист, кој прво мора да го бришеме, за потоа да можеме да пишуваме.     Лат.пог.

Многу луѓе сакаат да покажат доследност, тврдејќи дека не го менуваат своето мислење. Тоа само покажува дека ништо не научиле, од денот кога го формирале нивното мислење. Така очигледен доказ за сопствената глупост и незнаење, не треба да се удира на големо ѕвоно.       Ле Бон

Забележувам дека од методите што се применуваат во Клубовите на лекувани алкохоличари, изостануваат препораките од најголемиот експерт по алкохологија, др.Владимир Худолин. Покрај другото, др.Худолин препорачува: на апстинентите кои започнуваат со својата апстиненција, потребно е постојано да им помага некој од постарите членови, цело време да се грижи за него, како еден вид “Ангел чувар.” За жал, голем дел од апстинентите, кои успеале да ја победат алкохолната болест, наместо да возвратат со благодарност, целосно заборавиле колкава помош им била потребна за да го достигнат успехот. Гледајќи ги само сопствените интереси, не сакаат да си земат обврска, да му бидат “Ангели чувари” на некој од новите апстиненти, убедени се дека тој метод за многумина е преголем залаг и преголем терет. Тие би се залагале 24 часа во денот, но само за оној, кој од срце и душа ќе ги употребува зборовите: “Аман луѓе, помагајте, ова не е живот што јас го живеам”, и дека за таков човек се би направиле.

За жал, нивните и моите ставови за борбата со алкохолната болест се разликуваат како Крали Марко и телевизија. Нивното однесување наликува на однесувањето на човекот, кој сака да го проучува предметот, но му го врти грбот и го проучува по сенката што предметот ја фрла и затоа не можам да го делам нивното мислење и го сметам за сосема погрешно. Немам намера да ги оспорувам нивните методи, се разбира, не сум способен да измислам нови и подобри, туку упорно се трудам, поучен од животот, да докажам дека имам цврсти, непобитни докази со кои се обидувам да ги уверам другите дека тоа што е корисно за мене, ќе биде корисно и благодат и за нив, ако го следат мојот пример и моите совети. Се разбира, убеден сум дека лекувањето на алкохолната болест е долг и сложен процес, со чести рецидиви, дека одбивањето на алкохоличарот да признае дека е болен и дека му е потребна помош, е дел од неговата болест. Затоа, цврсто сум убеден во тоа дека - речиси и да не постои алкохоличар кој ќе дојде кај нив и ќе ги моли: “Аман луѓе помагајте.” Се надевам дека добро ќе ги прочитаат моите книги и сите мои текстови уште еднаш и со поголемо внимание, а потоа сигурно ќе го согледаат лицемерието во нивните постапки и ќе се согласат со моите ставови. Можеби приказнава што следи во текстот, ќе им помогне да ги корегираат нивните размислувања.

Голема група луѓе патувала и се случило да скршнат од патот, така што сега морале да одат, не по рамен терен, туку преку блато, жбунови, трновити и паднати дрвја кои им го попречувале патот, и се движеле се потешко и потешко.

Тогаш патниците се поделиле во две групи: едната одлучила, без да застане, да оди право по истиот пат по кој дотогаш одела, убедувајќи се себе си и другите дека не скршнале од правиот пат и дека сепак ќе стигнат до целта. Другата група одлучила да, бидејќи правецот по кој одат очигледно е погрешен – инаку веќе би стигнале до целта – дека треба да го бараат патот, а за да го пронајдат, потребно е, не запирајќи, да тргнат што е можно побрзо во сите правци. Речиси сите патници се определиле за едно од овие две мислења: едни одлучиле непрекинато да одат право, другите да одат на сите страни, но се најдоа неколку луѓе кои, не сложувајќи се ни со едното ни со другото мислење, предложиле да, пред да тргнат во кој било од тие правци, дека е потребно пред се да застанат и да ги разгледаат околностите и дури потоа да го изберат едното или другото. Но, патниците биле толку заслепени во нивното верување дека нивното мислење е исправно, а биле и многу преплашени заради нивната положба, така што сакале да се утешат со надежта дека не залутале, туку само за некое време скршнале од патот и за час повторно ќе го најдат, и што е најважно, сакале со одење да го надминат стравот, така што тоа мислење наишло на општо негодување, прекор и потсмев од двете групи.

- Тој совет е поради малодушност, кукавичлук и мрза. Добро средство да се стигне до целта седејќи и никаде да не се оди – велеле едните.

- Та ние сме луѓе и дадена ни е снага за да се бориме и трудиме, да ги совладуваме препреките, а не малодушно да се предаваме – говореле другите.

И, макар колку и да говореле неколкуте луѓе кои не се согласувале со мнозинството, дека движејќи се во погрешен правец, не менувајќи го, во никој случај нема да се приближат, туку дека ќе се оддалечат од својата цел, а исто така дека нема да стигнат до целта ако лутаат, час на една, час на друга страна, дека единствен начин за да се дојде до целта е во тоа да, откако по сонцето и ѕвездите ќе одредат кој правец ќе ги однесе до целта, да го изберат и да тргнат по него, но дека за тоа да го направат, пред се е потребно да застанат – не за да стојат, туку за да го најдат правиот пат и потоа непоколебливо да одат по него, дека затоа е потребно да застанат и трезвено да размислат – но, колку и да говореле, никој не ги слушал.

И првата група од патниците тргнала напред во истиот правец по кој одела, другата група почнала да лута де на една, де на друга страна, но ни едната ни другата група не само што не се приближиле до целта, туку не излегле од жбуновите и трњето и лутаат и ден денес.

Мислам дека е крајно време апстинентите, кои успеале да излезат од алкохолниот пекол, да го корегираат своето однесување, да ги надоградат методите на своите активности кои, не велам дека се погрешни, туку велам дека не ги даваат вистинските резултати. Треба многу посериозно да ги разгледаат моите укажувања на оние општи и вечни правила на вистината, дека секој човек заслужува парче среќа под ова небо. Никој не се труди да докаже дека моите ставови се погрешни, никој не вели: нашите активности се исправни и сосема оправдани, во тоа сме убедени заради тоа и тоа (ако нивното единствено оправдување е тврдењето дека досега се постигнати добри резултати, тогаш нека помислат дали можеби можело да се постигне многу, многу повеќе). Никој не вели и не докажува дека можеби е точно дека се постигнуваат половични резултати, но дека имаат веќе испробан начин да, не корегирајќи се, ја исправат својата грешка. Никој не го вели ни едното ни другото, туку сите се однесуваат како тоа да не се однесува на нив, односно, за нив е поприфатлива состојбата “Status kvo”, каде ништо не треба да се менува, дека треба само да се ужива во самозадоволството од постигнатите резултати, во некои одамна поминати времиња. Дури некои измислуваат разни аргументи, со единствена цел само и само да докажат дека јас грешам, а тие се во право, со тоа што отворено ги негираат моите ставови.

- Алкохолот постоел илјадници години, а сега се најде еден будала, кој ќе го превртува светот наопаку. Ние да си ја работиме досегашната работа и резултатите сами по себе ќе си дојдат!

Очигледно е дека е дојдено време да се корегираат ваквите ставови и размислувања. Пред се, апстинентите од Клубовите на лекувани алкохоличари треба да ја зголемат енергијата, и таа не треба да ја насочуваат во правецот кој ги оддалечува од нивните најдобри намери во борбата со алкохолната болест, туку да ја насочуваат на тоа, да го дадат својот придонес за прекинување со оваа масовна хипноза – наречена алкохолизам, што човештвото го донесе до сеопшто лудило. Очигледно и јасно е дека само ако застанат и подлабоко размислат, ако ги надминат конвенциите што долго време им ги носеле размислувањата и намерите во погрешен правец, ќе можат макар малку да ја сфатат нивната положба и ќе го пронајдат оној правец, по кој треба да се движат нивните активности, за да дојдат до сознанијата за вистинската среќа и благосостојба - не на десетици или стотици луѓе кои успеале да го победат алкохолот, туку на вистинска среќа и општа благосостојба на човештвото, кон која се стремат сите луѓе и секое човечко срце поединечно.

Треба многу да се внимава, бидејќи нема ништо полошо, отколку кога ќе се пресоли или препече тоа што е добро, но кое со вложување на малку труд, може да биде многу, многу подобро.

Со љубов во Бога

УТОПИЈА

Category : КЛА 048-550716, ЛЕКУВАЊЕ 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

Животните живеат по својата природа, по дарот и определбата на Творецот. Не може ни да се зборува за грев кај животните. Но, човекот прави грев ако живее со животински страсти, па уште кога тие страсти ги нарекува со светото име љубов. Ниту човекот може да се спушти на нивото на животните, а да не се спушти пониско од животинското ниво.     Отец Калистрат

Последниве неколку недели добивам се повеќе коментари на мојата интернет страница, многу убави коментари кои ме подигаат во сопствените очи и ме инспирираат на уште поголема активност.  Поголемиот дел од оценките се позитивни и идентични со моите ставови за борба со последиците од алкохолот. Сепак, има и коментари каде нашите ставови за борбата со алкохолната болест, активностите што јас ги предлагам и улогата на Клубот на лекувани алкохоличари во оваа борба со најголемиот непријател на целото човештво, целосно се разликуваат. Овој напис, во три продолженија, им го посветувам ним за да ги преиспитаат своите ставови, за да дојдат до единствената, непобитна вистина што јас цело време ја застапувам: нема успех во борбата со алкохолната болест ако човек не вложи максимален труд, ако не се вложи себе си, нема успех без исполнување на основните човекови вредности – искреноста и добрината, љубовта и човекољубието, толеранцијата и трпението.

Најголема забелешка на моите текстови е што повеќето луѓе сметаат, дека во нив внесувам премногу утопија, односно, предлагам идеи кои не можат да се спроведат во дело и дека, по нивно убедување, алкохолот е длабоко навлезен во сите пори во животот на луѓето и е составен дел од нивното живеење. Жалам што стекнале таков впечаток. Признавам дека јас воопшто не се трудам да направам јасна разлика помеѓу луѓето кои умерено и повремено пијат мали количини алкохол за задоволство, од луѓето кои завлегле или веќе се наоѓаат во алкохолниот пекол.

Но, зарем навистина ќе биде покорисно ако ги занемарам страшните последици од алкохолот и моите принципи за борба со него да почнам да ги прикривам, не дај Боже да почнам да ги украсувам, само затоа што мнозинството смета дека алкохолот е важен, составен дел од секојдневието и луѓето нема да прифатат да се изменат. Таквите претпоставки и препораки, од кого и да доаѓаат, дека луѓето нема да престанат да живеат со штетните глупости кои се предизвикани од алкохолот и дека никогаш нема да ја прифатат благодадта на разумот, што јас непрекинато им советувам – тоа претскажување никако не можам и не сакам да го прифатам. Никако не можам да се согласам со тие изопачени ставови кои го оправдуваат постоењето на алкохолот, кои се во спротивност со самата човекова природа, со се што е разумно во моралните човекови потреби. Едноставно, не можам и не сакам да ја прифатам изопачената теза, дека ваквата состојба мора да остане до век и веков. Кога, не дај Боже, би се уверил дека тоа навистина е така, дека моите ставови за борба со алкохолот и алкохолната болест се само гола утопија, веднаш би престанал со моите активности, би посакал што побрзо да заврши мојот живот, бидејќи борбата со алкохолното зло е смислата на мојот живот, кој се состои во помагање на луѓето, а со тоа и менување на нивните погрешни навики и однесувања. Без тоа не ќе можам да живеам. Во границата на моите можности се трудам вистината за алкохолната болест да ја изразам јасно и јавно, за сите да можат да видат дека сепак има луѓе, кои ги гледаат вистинските последици од алкохолното зло и кои сакаат да се борат со него, луѓе кои се обидуваат да ги мотивираат послабите по дух, за и тие да се вклучат во најголемата армија на светот.

Жал ми е и многу тешко што не умеам да го искажам со многу посилни зборови тоа што е толку јасно, а на луѓето кои секојдневно ги трпат последиците од алкохолното зло им е толку потребно, зборови кои конечно ќе ги натераат разумните луѓе да ги насочат своите мисли кон помагање на алкохоличарите и ослободување од алкохолот воопшто. Тоа чувство на немоќ што е во мене, слично е на чувството на нем човек кој не може да го каже тоа што го знае, тоа што е толку потребно и спасоносно да го знаат оние, на кои би сакал да им каже. Ова силно чувство на тага што ме преокупира секако не е добро, но јас сакам да го искажам за да знаете какви се моите ставови и размислувања.

За мојата еуфорија и, како тие велат, заслепеност, најмногу придонесува грижата за младите луѓе, на кои секојдневно им се испраќаат погрешни, лажни пораки дека алкохолот е корисен за луѓето, пораки кои им го трасираат патот кон алкохолниот пекол. Сите ние беспомошно гледаме како секојдневно се отвораат нови кафулиња и разни фестивали на виното, пивото, ракијата, се со цел алкохолот да биде што подостапен до младите луѓе, или народски кажано, секојдневно се отвораат нови фабрики за производство на нови алкохоличари. Со тоа младите луѓе се ставаат на тешки искушенија, бидејќи алкохолот е насекаде присутен и лесно достапен, бидејќи се наоѓа на секој агол од секоја улица. Во последно време луѓето, кои најмногу заработуваат на несреќата од алкохоличарите, пласираат страшна лага, притоа вложувајќи огромни напори на разни начини да докажат дека, да речеме, пивото или виното не припаѓаат во групата штетни алкохоли. За мене пак, алкохолот е алкохол и затоа во сета таа одвратна лага гледам само гадост, гледам најголемо зло и не сакам да размислувам каде го има повеќе, а каде помалку. Во моето однесување ги прифаќам само законите на совеста и моралот, кои никого не обврзуваат, но кои водат напред и ветуваат хармонија во иднината на човештвото.

Потполно сум свесен дека во овој момент, моите размислувања и идеи наликуваат на неостварлив сон. Сепак, бидејќи надежта последна умира, нека ми биде дозволено да го задржам правото да се надевам, особено што моето искуство ме научи дека еден ден, еден далечен ден алкохолот ќе исчезне од животот на луѓето. Друга алтернатива нема, бидејќи ако не биде така, ќе биде ставен под знак прашање опстанокот на човештвото.

Со љубов во Бога

ДА МУ ПОМОГНЕМЕ НА ПРИЈАТЕЛОТ ПОЛЕСНО ДА ГО НАЈДЕ ПАТОТ ЗА ИЗЛЕЗ ОД АЛКОХОЛНИОТ ПЕКОЛ

Category : КЛА 048-550716, ЛЕКУВАЊЕ 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

Среќаваме многу луѓе кои говорат за слободата, но наоѓаме многу малку кои не го посветиле целиот свој живот на тоа, да себе си си исковаат окови.     Гистав ле Бон

Слободни сме толку повеќе, колку поразумно делуваме, а слуги сме толку повеќе, колку повеќе дозволуваме со нас да владеат страстите.     Лајбниц

Драг пријателе,

Го напишав овој текст за да го изнесам тоа што сакам да ти го кажам, бидејќи помеѓу нас, заради твоето однесување, се подигна бариера, ѕид низ кој не можеме нормално да комуницираме. И, затоа што тој ѕид постои, ние стануваме се подалечни и тешко можеме да се разбереме еден со друг. За да го турнам тој ѕид и да ти го соопштам ова многу важно што имам да ти го соопштам и без што, во тоа сум цврсто убеден, дека ќе ти биде се потешко и потешко да живееш, јас го пишувам овој текст. Те молам внимателно да го прочиташ и добро да размислиш за неговата содржина. Вреди ова да го направиш и само заради тоа што јас, пишувајќи ги овие редови, со мака се борам со мислата за мојата неспособност и невредност да му помогнам на пријател што многу го почитувам и ценам, за кој што деноноќно размислувам. Ова што денес го пишувам се однесува и на другите членови од Клубот на лекувани алкохоличари, кои се наоѓаат во иста состојба како и ти, односно повторно му се вратија на алкохолот, но додека пишувам само ти си ми пред очите и ти се обраќам само тебе.

Во овој момент за тебе е потребно и многу корисно да научиш, како правилно да го сфаќаш животот од другите луѓе, особено правилно да ги сфатиш и конечно да почнеш да ги развиваш животните потреби и радости на твоите најмили. Забележувам дека сега засега за тебе тоа чувство е непознато. Никако не можеш да сфатиш дека твоите најмили имаат потреба да се радуваат, да уживаат, да страдаат и сакаат да живеат полн живот исполнет со мир и благосостојба, како што би требало да живееш и ти самиот. Потполно ги имаш занемарено, длабоко во твојот мозок, во некоја фиока, ги имаш заклучено чувствата за праведност, љубов и човекољубие, целосно го имаш загубено чувството за одговорност, за градење на вистинско заедништво, што е основа за мир и топлина во секој дом – најскапото нешто што кој било човек може да го посака. Драг пријателе, ништо поскапо не можеш во животот да им поклониш на твоите прекрасни деца, од тоа што вистински ќе ја сакаш и почитуваш нивната мајка.

Ова не го зборувам само затоа што досега во твоето однесување, никогаш не сум забележал каење и грижа на совеста, туку затоа што кај тебе целосно отсуствува искрено сочувство кон оние кои страдаат (твојата сопруга и децата), или народски кажано, тоа е заради егоизмот кој царува со твојата заробена душа. Јас триесет години бев во алкохолниот пекол, во истиот пекол во кој што денес ти живееш и заради тоа се грозам од тој егоизам и на мене влијае како да гледам нешто најодвратно.

Подолго време во мојата душа се собираа овие чувства и ете собрав храброст и ги искажав, само заради тоа што навистина те почитувам и ти посакувам се најубаво во животот, затоа што навистина сум спремен да ти помогнам да излезеш од пеколниот алкохолен лавиринт во кој што се измачуваш, а за жал, покрај тебе во тој пекол се измачуваат и членовите на твоето семејство. Повеќепати, со посебна почит и внимание, ги избирав зборовите со кои сакав да ти укажам на твоите најголеми грешки, за кои и тогаш и сега сум цврсто убеден дека можеш да ги надминеш, за да го пронајдеш патот кон среќата и радоста. Прва и најголема грешка во твоето однесување е твојата склоност кон лажењето. Во почетокот ја разбирав твојата желба пред другите да се претставиш во најдобра светлина, да ги убедиш сите членови на Клубот, па дури и терапевтите, дека повеќе не се дружиш со алкохолот, но се надевав дека таа особина, што е карактеристична за повеќето алкохоличари кои започнуваат со апстиненција, со текот на времето ќе ја надминеш. Но еве, и после повеќе од шест месеци откако го посетуваш Клубот, ти продолжуваш секојдневно да пиеш алкохол и упорно се залажуваш себе си дека за тоа никој не знае, безобзирно и безобразно пред сите упорно докажуваш нешто што е толку очигледно и за кое сите ја знаат правата вистина.

Во последно време многу ме измачува едно прашање: која е причината што ти го прекина нашето дружење и дали во сето тоа има моја грешка? Кога подлабоко навлегувам во ова прашање, секогаш доаѓам до само еден едноставен одговор: твојата почит кон мене и моите напори, со моите укажувања и совети да ти помогнам, се на многу ниско, можеби на најниско можно ниво. Упорно настојувам да те натерам да ги промениш твоите ставови за алкохолот и да ги прифатиш моите совети полесно да ја победиш алкохолната болест, но изгледа дека не успевам во тоа. Од друга страна, за мене е болна и самата помисла така еноставно да те оставам да продолжиш да се уништуваш во твојата глупост, бидејќи одсекогаш сум бил, а и сеуште сум убеден дека со малку труд од твоја страна, сите работи можат да си дојдат на правото место.

Пред се, треба да донесеш цврста одлука, од твојот карактер да го исфрлиш самозалажувањето и лажењето, таа гнасна, одвратна особина која води кон губење на најскапото нешто во човековиот живот – а тоа е достоинството. Наједноставното и најкраткото правило за среќен живот се состои во тоа, да човекот што е можно помалку им биде терет на другите, да ги принудува (спротивно на нивните убедувања) да ја прифатат лагата наместо вистината, да го прифатат страдањето наместо среќата, да го прифатат лошото наместо доброто. Собери сила правилно да го разбереш ова што ти го пишувам, прифати го и во пракса, покрај другите правила добиени во Клубот, применувај го и ова правило кое му дава целосна смисла на човековиот живот и кое произлегува од најубавите доблести, правило што ги решава сите потешкотии кои ќе се испречуваат пред тебе. Само тогаш ќе бидеш спокоен, задоволен и среќен, кога и самиот ќе бидеш цврсто убеден дека со твоето однесување им носиш среќа и радост на сите луѓе околу тебе, особено на твоите најмили.

Не е најголем мудрец човекот кој знае најмногу работи. Има безброј работи кои ние не можеме да ги знаеме. Ти си паметен и интелигентен човек и пред тебе се отвораат бесконечни можности. Животот те научил на многу работи, но треба да знаеш дека најголемата мудрост во тој систем на знаења е во способноста на човекот, своето знаење да го распореди според степенот на важност на работите. Од сите знаења кои човекот може и треба да ги знае, најважно е знаењето за тоа : како треба да се живее, а притоа што помалку да се прави зло, туку што повеќе добро. Тоа знаење не се учи во ниедно школо, на ниеден факултет – тоа знаење, со малку труд, најдобро ќе го стекнеш во Клубот на лекувани алкохоличари.

Почитуван колега, треба безрезервно да го прифатиш ова што ти го советувам. Треба да бидеш многу искрен за да ја почуствуваш силата на големата љубов и доброто, со твоите умни способности постепено да почнеш да се качуваш по скалите на успехот во борбата со алкохолната болест. Прифати ја пружената рака за помош на луѓето од Клубот на лекувани алкохоличари и многу полесно и побрзо ќе успееш да го победиш ова најголемо зло не само за тебе, туку за целото човештво. Многу ме боли што, не велам дека знам, но претпоставувам, дека сето ова што го кажав ќе биде сосема мирно отфрлено од твоја страна, како некоја непријатност што ја возбудува и разбранува твојата душа. Ако пак не биде така, и ти, драг пријателе, подобро размислиш и ѕирнеш во твојата напатена душа и, ако посакаш да го разбудиш во тебе тоа што во овој момент ти недостига, јас многу ќе се радувам. Согледај ги своите недостатоци и убавите особини веднаш сами од себе ќе се појават. Се разбира, на мојата помош можеш да сметаш во секое време и немој да се колебаш да ја побараш.

Прости ми ако не бев доволно внимателен со зборовите, со поголема љубов да го кажам тоа што сметам дека во овој момент за тебе е најпотребно. Но, изгледа дека не умеам подобро. Сепак, биди убеден дека моите чуства ги води почитта и добронамерноста кон човек, кој во душата го носам како искрен пријател. Едноставно, гледам како секојдневно пропаѓаш и тоа не сам, туку заедно со тебе пропаѓа и твоето семејство. Спасот за тебе е само еден: длабоко во душата мора да ја прифатиш твојата вина, да се смириш, да престанеш со пиењето алкохол и да признаеш дека алкохолот е најголемата причина што лошо живееше и сеуште живееш и што е најважно – дека треба не само некои работи да ги промениш во твоето однесување, туку да измениш се и да почнеш од почеток. Треба веднаш да престанеш да се дружиш со луѓе кои те поддржуваат во твојата глупост, на кои воопшто не им е важна твојата и среќата на твоите најмили, треба да најдеш некоја активност што ќе те исполнува, што ќе биде корисна за тебе и ќе им носи среќа и радост на твоите најмили.

Добро размисли за сето ова, но не само површно пред себеси или пред луѓето, туку пред Бога, и направи како што Бог ќе ти каже, односно, твојата совест. И, нека не те збунуваат и обесхрабруваат пречките на кои секојдневно ќе наидуваш, ако тргнеш по нов пат во животот. Тие пречки сами од себе ќе исчезнат и ти нема ни да ги забележиш, ако тоа што ќе одлучиш да го правиш не го правиш само заради себе самиот, заради твојот егоизам, туку заради мирот во твојата душа, уште повеќе, заради мирот и среќата во вашиот дом, односно, заради Бога.

Со љубов во Бога     Твојот искрен пријател Илија Петрески

fukosantin epimedium african mango afrika mangosu epilamor ozoderm uzamax altin cilek lavixir ayak kokusu biber hapi super x power penis halkasi maurers