Posledni Napisi

СПАСОТ Е НА ДОФАТ НА РАКАТА % Но, тогаш Бог одлучи да смеша прсти во нашиот живот. Еден тмурен, пролетен ден, јас заминав во полето да работам,...

Read more

АЛКОХОЛОТ - НЕВИДЛИВ, НО СТРАШЕН... % Во почетокот немаше ништо необично, не гледав ништо лошо во тоа и воопшто не ми сметаше. Но, како времето поминуваше,...

Read more

ИСКУШЕНИЈАТА ДЕМНАТ ОД СИТЕ... Во Клубот на лекувани алкохоличари владееше необична атмосфера. Ништо не укажуваше дека на состанокот ќе се случи...

Read more

ОДНЕСУВАЊЕТО НА АЛКОХОЛИЧАРОТ... Закрепнатите луѓе од проблемите со пиењето, зависноста  од алкохол ја дефинираат како мултидимензионална и комплексна...

Read more

AKTIVNOSTI VO KLUBOT Вие, кој што сега посетувате Клуб на лекувани алкохоличари, вероватно сте разбрале дека сте влегле во големото...

Read more

ПИЕЊЕТО АЛКОХОЛ - ПРОБЛЕМ ВО... Вистината за проблемите, предизвикани од пиењето алкохол е многу полесно да се скрие на работното место, отколку...

Read more

КЛУБ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ Клубот на лекувани алкохоличари Ви е како да сте во еден рудник, и во него талкате, симни се најдолу, па кaчувај...

Read more

МУДРОСТИ - ЖЕНИ, ЖЕНИ - Постојат два вида жени׃ расеани – ќе ги изгубат двете ракавици; сталожени – ќе изгубат само една. Бернар - Пристојна...

Read more

МУДРОСТИ - ЖЕНСКИ КАРАКТЕР - Некои жени се како запалена цигара; ако не ја фатиш од вистинската страна, ќе се изгориш. Тухолски - Обично се...

Read more

ДА ПОГЛЕДНЕМЕ ВО ОГЛЕДАЛОТО... Кога ќе се угасни светлоста на твојот духовен живот, темна сенка на твоите телесни желби ќе падне на твојот пат....

Read more

  • Prev
  • Next

Twitter Updates...

  •  
fukosantin epimedium african mango afrika mangosu epilamor ozoderm uzamax altin cilek lavixir ayak kokusu biber hapi super x power penis halkasi maurers

НИШТО НЕ СЕ СЛУЧУВА САМО ОД СЕБЕ

Category : ЛЕКУВАЊЕ 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

Никогаш нема да ја поправи својата положба оној, кој го менува само местото, а не животот и навиките.     Франциско Квеведо

Ако си успеал да одиш по вода, не си станал ништо повеќе од една сламка. Ако си успеал да леташ во воздухот, не си станал ништо повеќе од една птица. Но, ако си ги победил своите страсти, тогаш си станал некој.     Ал Ансар

Не постои поразорна човечка навика од одолговлекувањето, одложувањето да се прекине со алкохолот утре, а не денес. Со алкохолот требало да се прекине многу одамна, во краен случај, никогаш и не требало ни да се започне со пиење алкохол. Во борбата со алкохолната болест ќе бидат успешни само оние, кои веднаш ќе тргнат во акција да се победи алкохолното зло.

Постојат два вида на активности во борбата со алкохолното зло: првата, која ја преземаме затоа што самите така сме одлучиле, и втората, која ја преземаме дури откако на тоа сме приморани. Кога апстинентот самиот ќе согледа дека има проблеми предизвикани од алкохолот и ќе побара помош, со таквиот чекор половина од работата во неговото лекување е завршена. Завршувањето на останатото е рутинска работа на терапевтите. Во вториот случај, кога бараме помош од стручни лица дури откако тоа мораме да го направиме, лекувањето е многу потешко, бидејќи обично станува збор за поголеми ментални или телесни оштетувања кај алкохоличарот.

Кога алкохоличарот ќе започне со своето лекување, тој и членовите на неговото семејство треба од своите мисли да го избришат зборот “невозможно”, бидејќи тоа е појдовна точка кон секој успех, особено кон постигнување успех во лекувањето на алкохолната болест. Можеме да постигнеме сигурен успех во борбата со алкохолната болест, само ако сме убедени во нашата способност дека тоа можеме да го постигнеме. Ако не сме сигурни во цврстината на нашата одлука да го победиме алкохолното зло, тогаш веднаш, во истиот момент треба да ја донесеме конечната одлука. Нашата одлука треба да ја внесеме во нашите мисли и да ја повторуваме повеќепати дневно, како еден вид молитва. Да запаметиме, ништо не се случува само од себе. Нештата не се случуваат така, како што ние посакуваме, само затоа што ние посакуваме така да се случат. Мора да вложиме труд работите да се случат и да се одвиваат така, како што ние посакуваме. Успехот во борбата со алкохолната болест ќе биде резултат на трудот што ќе го вложиме, на постојаните напори, на нашата спремност советите и правилата што ќе ни ги одреди терапевтот, да ги спроведеме во дело.

Почитувани пријатели, кои ќе го прочитате овој напис. Отворете “Како да се победи Кралот Алкохол” и од прва рака, од искажувањата на релевантни личности од областа на социологијата и алкохологијата, како што се др. Ферид Мухич, др.Павлина Васкова и г-ѓа Милка Темелкоска, ќе дознаете многу повеќе за оваа и другите теми.

ДА НАУЧИМЕ ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ПРАВИЛАТА ЗА БОРБА АЛКОХОЛНАТА БОЛЕСТ

Category : ЛЕКУВАЊЕ 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

Навиката не можеш едноставно да ја фрлиш низ прозорец, туку треба полека и внимателно да се спушта по скалите.     Твен

Кога на мојата врата напишав: “Оставете ги своите навики и традиции пред да влезете” – никој не се осмели да тропне на вратата.     Гибран

За да се постигне посакуваната цел – победа над алкохолното зло по секоја цена, потребно е да се следат правилата кои за секој апстинент треба да претставуваат единствен и неменлив закон. За жал, во клубот има многу луѓе кои ги учат и за кои слободно може да се каже дека ги научиле правилата за борба со алкохолната болест, но не ја развиваат навиката да ги применуваат во пракса. Им недостига мотив и инспирација и затоа со текот на времето престануваат да ги применуваат. Мотивацијата претставува поттикнување на акција и таа е како оган кој постојано мора да се одржува, ако сакаме постојано да пламти, да не изгасне. За да не се случи тоа, со постојани упатства и укажувања, треба да се разгорува огнот за мотивација на сите оние кои тежнеат кон успехот и убеден сум дека резултатот нема да изостане. Се надевам дека луѓето ќе ги прифатат и ќе почнат да ги применуваат големите идеи на нашите терапевти како единствена вистина и благодадта од тие инфузии на ентузијазам, ќе стане достапна и корисна за се поголем број луѓе.

Младите апстиненти треба да вложат поголем напор за да постигнат успех во борбата со алкохолот. Патот до успехот не е лесен и не носи брзи резултати. Како што е невозможно да стигнеме веднаш на седмиот кат, туку мораме скала по скала трпеливо да чекориме, исто така е невозможно за брзо време да го санираме нашето здравје, кое долги години, пиејќи алкохол, сме го уништувале. Сепак, практиката покажува дека оние кои ги следат правилата за борба со алкохолната болест, многу успешно и без исклучок ќе успеат. Ако ги следиме правилата што се применуваат во клубот ќе откриеме, како и илјадници пред нас, дека единствени ограничувања кои ни стојат на патот кон постигнување успех во нашето лекување се оние, кои сами сме ги создале во нашиот ум.

Правилата за успех во борбата со алкохолната болест во себе носат порака, која треба да послужи за подолг временски период, односно, до крајот на животот, правила кои со текот на времето ќе ни стануваат се појасни. Може да се случи да почувствуваме дека некои правила како да се напишани токму за нас. Во тој случај уште на почетокот треба да им посветиме поголемо внимание. Успехот навистина се мери со времето, но тоа не е трка, тоа е процес. Успехот најмногу зависи од апстинентот, а се мери со поминатите денови, месеци, години во цврста апстиненција.

Многу работи што ги слушаме во клубот ни изгледаат толку познато, така што веројатно понекогаш, поттикнати од нашата возгордеаност, помислуваме дека не треба да им се посветува посебно внимание. Тоа истото се случува и со правилата и советите од терапевтите или кој било член од клубот. Често се случува при слушањето на некој совет или при читањето на некое правило да не успееме да забележиме ништо корисно. Токму во ваквите моменти треба да посветиме поголемо внимание, а не со леснотија да преминуваме преку нив. Пораките можат да бидат толку суптилни да нашиот ум не може веднаш да ги препознае, односно, не можеме да донесеме правилна проценка за важноста на пораките кои тие совети или правила во себе ги носат. Штом ќе се навратиме на некое отфрлено правило или совет, секогаш во него ќе забележиме некоја нова порака. Тоа е една од причините за правилата да почнеме да размислуваме посериозно и да ги применуваме во секојдневниот живот. Кога по извесно време ќе стигнеме до повисоко ниво на сопствениот развој, тогаш, набљудувајќи од нова перспектива, во правилата што ги применуваме ќе пронајдеме нова мудрост.

Веќе реков дека моите книги им ги препорачувам на сите луѓе, особено на оние кои знаат како да ги читаат и да се користат со нив. Сите вие, кои досега ги прочитавте сте многу задоволни, но ве замолувам да ги прочитате уште еднаш и бидете сигурни дека вашето задоволство од новите сознанија ќе биде двојно поголемо.

НАДЕЖТА – ТЕМЕЛ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ УСПЕХ

Category : ЛЕКУВАЊЕ 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

Надежта е последната Божица на која можеш да и се обратиш за помош.   Латинска пог.

За апстинентот да постигне успех во борбата со алкохолната болест, потребно е пред себе и пред другите да си постави јасно определена цел. Шансите да се постигне успехот ќе бидат неспоредливо поголеми, ако апстинентот навистина има искрена желба пред себе и пред другите да докаже, дека е спремен да го измени своето однесување, својот поглед кон алкохолот и кон животот воопшто, со други зборови, да докаже дека е спремен да го измени својот карактер.

Секоја намера, секој сон почнува со надеж дека може да се оствари. Надежта е основата за постигнување на успехот. Таа преминува во вера во помошта од Бога и поголема вера во своите способности, верата потоа се трансформира во решителност, а решителноста во акција која го поттикнува човекот на преземање на конкретни чекори за постигнување на успехот. Надежта се раѓа во нашите мечти, извира од нашите соништа за подобар живот, за подобро утре, добива сила од нашата цврста одлука за успех по секоја цена. На надежта се темели главната животна цел, а нашите активности придонесуваат да се претвори во конкретни дела. Речиси секоја приказна за успехот, која има среќен крај, почнува со зборовите: “Еден човек се надеваше дека ќе успее…” И приказната за успехот во борбата со алкохолната болест на кој било апстинент, кој решил да излезе од алкохолниот пекол, има ист почеток: “Имаше еден апстинент кој се надеваше дека во Клубот на лекувани алкохоличари ќе го најде јажето на спасот, што Бог му го пушти за да го извлече од алкохолниот пекол и…” Врз основа на својата надеж и искрената доверба во терапевтите и постарите членови на клубот, треба да ја определиме нашата крајна цел – да ја добиеме битката со нашиот најголем непријател – алкохолот. Таа цел треба да биде нашата ѕвезда што ќе не води кон нашиот успех. Треба да се исполниме со вера дека ништо не е невозможно. повторувам, ништо не е невозможно ако апстинентот има искрена желба да се извлече од пеколот. И тогаш треба да ја вложиме целата енергија и храбро да тргнеме кон извршување на поставената задача. Кога нашите мисли ќе бидат насочени 24 часа дневно кон ѕвездата што не води – кон нашите терапевти и членовите од клубот кои се спремни да ни помогнат во секое време, многу полесно ќе го пронајдеме патот до целта. Многу полесно ќе препознаеме што може да ни го забрза патувањето кон успехот, а што го успорува и не враќа назад во пеколот. Ако не гледаме во ѕвездата пред да стигнеме до целта, лесно може да се случи да тргнеме во погрешна насока и повторно да зачекориме по трнливиот пат во пеколниот алкохолен лавиринт.

КАКО ДА ИМ СЕ ПОМОГНЕ НА АЛКОХОЛИЧАРИТЕ?

Category : ЛЕКУВАЊЕ 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

Нека смиреноста ја победи лутината, нека доброто го совлада злото, нека грабливецот го заситат дарови, нека лажливецот го надмудри вистината – о, нека на омразата преку љубовта и дојде крајот.     Буда

Како можеме најлесно и најсигурно да им помогнеме на алкохоличарите? Треба сите ние да ја признаеме нашата вина за несреќната состојба на многу луѓе, на кои сме можеле и на кои сеуште можеме да им помогнеме, а потоа се што порано ни изгледало невозможно, ќе ни изгледа лесно и пријатно. Тогаш нема да се плашиме дека ќе ги извалкаме чевлите или облеката, нема да го жалиме трудот што ќе го вложиме и времето што ќе го изгубиме, нема да се плашиме и нема да бегаме пред навредите кои, во секој момент, можат да стигнат на наша адреса. Треба да бидеме спремни да седнеме на креветот од најзапоставениот алкохоличар и со него најсрдечно да разговараме, тој да почувствува како неговиот соговорник го почитува и сака, да ја почувствува топлината од дружењето со искрен, вистински пријател. Со смирено срце тивко да им речеме: ве почитуваме и сакаме, спремни сме да ви го поклониме целото наше внимание и помош за полесно да го победите вашиот најголем непријател – алкохолот. Блесокот во нашите очи, насмевката на нашите лица, искреноста на нашите зборови ќе ги отворат нивните срца. И, кога ќе ја прифатиме таа благородна задача, после сите маки и напори, кога и во сонот ќе не измачуваат безбројните, тажни лица од средбите со алкохоличарите и нивните семејства, кога споменот на тажните, насолзени очи од нивните несреќни дечиња ќе ги параат нашите срца, слики и спомени кои барем за момент ќе не растревожат и ќе го нарушат нашиот мир, тогаш ќе ја знаеме разликата помеѓу лажниот напор за човековата слава и оној, вистинскиот напор за исполнување на Божјата заповед: “Сакај го својот ближен како себе си.” Кога сето тоа ќе го правиме тивко, од вистинско човекољубие, без возгордеаност и надуеност, доброволно, без тоа никој од нас да го бара, без притоа да бараме одобрување, тогаш за нашиот труд нема да ни бидат потребни и нема да очекуваме пофалби и награди, тоа нема да го правиме како голем подвиг, туку како нешто сосема најнормално.

Значи, за да да бидеме способни да им помагаме на алкохоличарите, потребно е, пред се, да дојдеме во непосреден допир со нив, да ги урнеме сите прегради кои не разделуваат од нив. Не велам дека оној, кој сака да им помага на алкохоличарите, дека треба да се откаже од својот начин на живот, но велам дека навистина би било добро кон секој алкохоличар да се постапува исклучиво со љубов и добрина, на секој алкохоличар да му го поклониме најскапото нешто што е во нас, нешто што нас ништо не не кошта, бидејќи љубовта и добрината се бесплатни. За да се постигне тоа не се потребни пари. Потребно е големо самопожртвување, потребни се луѓе кои ќе сакаат да прават добро, луѓе кои ќе го дадат потребниот труд, ќе се дадат себе си, ќе бидат спремни за такво добро да го дадат и својот живот. Постоело и секогаш ќе постои тоа дело, едно единствено дело за кое вреди да се даде и животот што човекот го има во себе. Тоа дело се пријателските односи помеѓу луѓето и рушење на оние прегради кои луѓето, најмногу со помош на лукавиот ѓавол и алкохолот, ги подигнале помеѓу себе, за да се мачат себе си и другите. Било што и да излезе од таа борба со алкохолното зло, се ќе биде подобро отколку што било досега.. Дури и се да се заврши на тоа што само ќе разговараме со алкохоличарите, да бидеме убедени дека ни тоа не е ситница, најмногу поради тоа што ќе се однесуваме човечки кон стотици отфрлени, запоставени луѓе, на кои сега луѓето гледаат со презир и омраза. Кој може да пресмета какви позитивни резултати во општоморална смисла ќе има тоа што, наместо чувство на непријатност, злоба, завист, лошотилок, омраза… ќе ги мотивираме стопати повеќе чувствата на хуманост, добрина и пријателство, кои ќе се пренесуваат на друг, трет и ќе почнат да ги зафаќаат луѓето како бесконечен бран. Па, нека се сведе само на тоа што многу луѓе ќе сфатат дека несреќата од алкохоличарите не е само нивна несреќа, туку несреќа и срамота за сите – нека се случи и само тоа и… тоа за почеток ќе биде многу добро.

Но, зошто да не мислиме и да не се надеваме дека ќе може да се направи и многу повеќе? Зошто да не се надеваме дека ќе биде направено или барем ќе почне да се прави тоа што не може да се направи со пари, туку со искрена љубов и многу труд, единствениот начин со кој може вистински да им се помогне на алкохоличарите. Дури и да не успееме да го уништиме алкохолното зло, но ќе помогнеме да се роди, да заживее и да постои свест за него и свест за борба со него – не со полициски, присилни, туку со внатрешни методи, со искрена, братска комуникација помеѓу луѓето кои го осознале и луѓето кои не го гледаат, бидејќи тоа се наоѓа во нив. Колку и да биде направено, ќе биде многу!

Но, зошто да не се надеваме дека ќе биде направено се? Зошто да не се надеваме дека повеќе ќе нема ниту еден несреќен човек кој ќе биде отфрлен од луѓето, ниту еден несреќник кого можеби го прегазила судбината или неговата глупост и незнаење го довеле во одредена непријатна и тешка состојба него – уште повеќе неговото семејство, кој можеби и не знае дека и за него постои братска помош, можеби не знае дека постои силата на спасот, дека постојат Клубови на лекувани алкохоличари.

Зошто да не се надеваме дека еден ден сепак ќе сфатиме дека за нас нема никакви обврски, дури ни лични, најинтимни, ни семејни, ни општествени, ни државни, ни научни, кои би биле поважни од борбата со алкохолот, поважни од среќата на секој човек? Зошто да не веруваме дека луѓето еден ден ќе се освестат и дека ќе сфатат дека се друго е соблазност и лага и дека единствено само тоа е вредно дело, достојно дело на животот? И, зошто тој “еден ден” да не биде сега, денес или утре, зошто тоа да не биде во нашава мила Македонија? Зошто да не се надеваме дека со заболениот алкохоличар нема да се случи тоа, што се случува со заболениот организам, кога одненадеж ќе настапи моментот на оздравување? Организмот е болен; тоа значи дека келиите престануваат да си ја вршат својата таинствена работа; едни умираат, други се раѓаат, трети остануваат рамнодушни, работат само за себе. Но, доаѓа моментот кога секоја келија почнува со својата животворна работа: таа ги истерува мртвите, со жива ограда ги заградува заразените, внесува живот на премалената келија и телото воскреснува и живее со полн живот.

Дали не е помудро и поедноставно да се помогне за да се спречи повторувањето на страдањата што алкохоличарите ги имаат? Секако дека е помудро и поедноставно да им се помогне да го изберат разумот, а не јунаштвото, да се убедат дека не треба да изигруваат херои кои опивајќи се ќе го уништат алкохолот, дека е подобро да ја изберат моменталната болка при разделбата со својот господар – алкохолот, од неискажливите, пеколни, бескрајни страдања. Секогаш кога размислувам за болката на алкохоличарите, на тие несреќни луѓе, ми е многу тешко. Во тие моменти чувствувам голем срам во душата, толку голем срам што мојата рака трепери и не е способна да ги запише нивните маки и страдања. Порано не можев да видам зошто е така, но денес добро знам: во нив како во огледало се гледам самиот себе, го гледам својот живот. Кога подобро ќе размислам за својот и нивниот живот, гледам дека помеѓу нас нема некои битни разлики. Чудно и страшно е што вака несреќни луѓе постојат, уште почудно и пострашно е што постојат паралелно со нашата преголема самобендисаност, возгордеаност, со нашата заблуда и наивното верување што скоро сите луѓе го имаат, дека такво нешто нам не може да ни се случи, со нашиот егоизам кој се издигнал до крајни граници, страшно е што воопшто можеме да жевееме знаејќи дека сето тоа постои. Тоа не треба и не смее да биде, затоа што на сето тоа треба да им се противат нашето срце и нашиот разум, тоа не смее и не може да биде ако сме разумни, живи луѓе. Гласот на совеста секогаш треба да не опоменува дека не смееме да бидеме безобзирни кон така несреќни луѓе, да не опоменува дека секоја несреќа што може да му се случи на било кој човек, може да ни се случи и нам.

Патот за излез од алкиохолниот пекол е пронајден. Сите оние кои имаат било каков проблем со алкохолот, треба само да покажат храброст и волја и да ги порачаат книгите “Како да се победи Кралот алкохол” и “Исповед на еден алкохоличар,” и ќе го пронајдат спасот за себе, уште повеќе за своите најмили.

КАЕЊЕ

Category : ЛЕКУВАЊЕ 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

Ќе поминат десетици, можеби стотици години додека не дојде време кога нашите внуци ќе се чудат на нашите казни, така како што и ние денес се чудиме на некогашното спалување на луѓето или мачењата. “Како можеле да не ја видат сета бесмисленост, суровост и штетност на тоа што го направиле” – ќе се прашуваат нашите потомци.     Толстој

Кога ќе ја изгубиш гордоста, не си изгубил ништо; кога ќе го изгубиш здравјето, си изгубил половина; кога ќе ја изгубиш волјата, си изгубил се.     Кинеска пог.

Триесет години бев роб на ѓаволот, триесет години се измачував во алкохолниот пекол, но денес знам дека десет пати повеќе ги измачував моите најмили – сопругата и децата. Наместо да ги согледам моите грешки и да почнам да ги поправам, вината за мојата несреќна состојба ја барав во сите други, особено во оние пред кои бев виновен. Со текот на времето во домот завладеа пекол. На оние, кои по сите природни закони требаше најмногу да ги сакам, сопругата и децата, им ги скратив среќата и радоста, им ја украдов слободата. Знаете, глупоста е најнеобична од сите болести, бидејќи болниот не страда од неа, туку сите околу него. Патував по патеката што води кон дното на пеколот и за жал, низ тој пекол заедно со мене патуваа и моите најмили. Веројатно од страв да не биде уште полошо, бидејќи бев многу незгоден, честопати и многу агресивен, тие ги поднесуваа сите мои удари, глупости и пропусти во животот. Со еден збор, ниту јас живеев, ниту нив ги оставав мирно и среќно да живеат. Навистина, во домот владееше привиден мир, но тоа беше исклучиво поради мојата диктатура. Толку бев заслепен од мојата глупост, така што бев убеден дека сум многу добар кон моите најмили и затоа толку ме сакаат, бидејќи на таква добрина тие поинаку и не можат да возвратат. Во ниту еден момент не помислив дека се добри токму тие, кои ме сакаат.

Во тој најнесреќен период од мојот живот имаше многу моменти кога вистински се каев за грешките направени во изминатите денови и неколку дена не пиев. Но, поттикнат од желбата за пиење, охрабруван од моите другари по алкохолот, каењето во мојата совест бледнееше и по кратко време целосно заборавав на него. Лукавиот ѓавол секогаш успеваше да ме фати на својата јадица и да ме внесе во кафеаната.

Најмногу за ваквата состојба придонесуваше мојата возгордеаност. Цело време во главата носев мисла дека не сум алкохоличар, дека со алкохолот можам да престанам кога што ќе посакам, дека сум подобар и попаметен од сите други и дека треба да продолжам да живеам токму така, како што живеев. Кога ќе направев некоја глупост, а морам да кажам дека имаше безброј такви моменти, чувствував голем срам и каење и неколку дена не пиев, но за кратко повторно паѓав на искушението. Тогаш бев преокупиран со мислата да ги задоволам моите страсти кон алкохолот само денес, само уште овој ден, а од утре посекако ќе престанам да пијам и да се опивам. За жал, во такво мизерно расположение секогаш имаше утре, секој ден бев се поодлучен да истраам во злото, пронаоѓав безброј причини да истраам во глупоста. Секој може да забележи дека еднаш направената грешка, потикнати од пеколната страст кон алкохолот секогаш ја повторуваме, бидејќи секое жалење и каење го снемува штом алкохолот ќе не зароби. Ова посебно го напоменувам, бидејќи мислам дека е добро секој човек да види како со текот на времето, под влијание на лошото друштво, на крајот ќе се привикни на алкохолот и кафеаните. Тие места во почетокот ќе го исполнуваат со одвратност, но потоа ќе стане радосен и среќен во својата несреќа, каков што бил пред да завлезе во алкохолниот пекол

Грижата на совеста, предизвикана од каењето за промашениот живот кај алкохоличарите, посебно е обработена во моите книги “Исповед на еден алкохоличар” и “Како да се победи кралот алкохол.” Прочитајте ги овие книги и ќе го пронајдете патот што води кон излез од пеколот, кон вашата среќна иднина.

ОСОБИНА НА ДОБАР ТЕРАПЕВТ

Category : ЛЕКУВАЊЕ 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

Градот Прилеп треба многу повеќе внимание и помош да му посвети на Клубот на лекувани алкохоличари и неговите сегашни и идни членови. За др.Методија Николоски – Мец, кој го создаде клубот и успешно го водеше триесет години, Прилеп не треба да троши пари за подигнување на негов споменик. Негов вечен, најголем и најубав споменик е неговото дело – тоа се илјадниците лекувани и излечени алкохоличари, илјадници семејства на кои им ја врати среќата и радоста. Нивната искрена благодарност е најголемата награда за докторот над докторите, за докторот кој ги оживуваше – ги воскреснуваше мртвите души на алкохоличарите, за Примариус др.Методија Николоски – Мец, великанот пред чии дела се восхитуваат пријателите, великанот пред чии дела се поклонуваат и непријателите. Нека ти е вечна слава Голем Човеку.

Членовите на КЛА “Здрав живот” од Прилеп

Најголема од сите лудости е да се жртвува здравјето за што било – заради стекнување на богатство, заради напредување во кариерата, заради ученост, заради слава, а за попатните сласти и краткотрајните задоволства и да не зборуваме. Спротивно, на здравјето треба да му се подреди се. Бог тажно гледа како луѓето секојднавно се уништуваат во својата глупост. Но, веројатно не може да стигне да им помогне на сите луѓе, па затоа ги создаде терапевтите.

Знаете, не е најдобар оној државник кој најмногу работи, туку оној кој им овозможува на другите луѓе со успех да работат.

Не е најбогат оној човек кој има најголемо богатство, туку оној кој со своето богатство великодушно им помага на другите луѓе да живеат достоен живот.

Не е најдобар оној терапевт кој само има најголемо знаење, туку оној кој овозможува другите со успех да се користат со неговото знаење, за да градат среќна и светла иднина за себе, уште повеќе, да градат среќна иднина за своите најмили.

Генералот е должен да се однесува како генерал, учителот како учител, директорот како директор. Успешните методи на нашите терапевти докажаа дека во оваа теорија нема вистина – човекот од која било професија за да има успех, пред се, мора да се однесува како човек, во вистинската смисла на зборот.

Со текот на времето во искажувањата на нашите терапевти за алкохолот и алкохолната болест видов нешто повеќе, нешто што не се однесува само на апстинентите од Клубовите на лекувани алкохоличари, туку дека тоа е болест и најголемо зло на нашето време, болест што го зафатила целото човештво, болест која во никој случај не ги напаѓа само слабите, помалку вредни поединци, туку и оние најјаки, најумни и најнадарени. Нивните укажувања се обид оваа најстрашна болест на нашата епоха да се совлада, не со избегнување и разубавување, туку со соочување и решавање на последиците од алкохолната болест. Овде не станува збор за луѓе какви што секојдневно среќаваме на улица или во научните институции, не станува збор за милиони луѓе кои трчкараат по улиците и не претставуваат ништо друго, туку песок во речното корито или безброј дождовни капки кои неуморно удираат по стаклата од прозорците. Не, кога зборуваме за секој од нашите терапевти поединечно, зборуваме за човек во повисока смисла, за целта на долгиот пат на вистинското човекољубие на кој се станува човек, зборуваме за гениј кој смело го прифатил предизвикот – да биде човек; уште повеќе, зборуваме за човек кој е спремен да му помогне и на оној што стигнал до дното од пеколот, оној кој е отфрлен од сите луѓе – да стане човек.

За голема среќа, Бог во нашата држава ги испрати најдобрите терапевти, терапевти над сите терапевти, бидејќи во нивното срце природата ја всадила потребната љубов за грижа кон апстинентите, слична на љубовта што природата ја всадува во срцето на мајката за грижа кон детето. Улогата на добар терапевт е улога на добар родител, родител што на децата ќе им пружи искрена љубов и внимание за полесно да ги надминат тешкотиите во животот. Со својата активност, со нивната способност да ги менаџираат сите непредвидливи ситуации во односите помеѓу членовите на клубот, тие секогаш успеваат да ја стекнат и љубовта и довербата на апстинентите и затоа, плодовите од нивните активности се видливи на лицата од илјадници лекувани алкохоличари и членовите од нивните семејства.

Сите ние секојдневно слушаме и гледаме како човештвото го зафаќа масовно лудило, до загрижувачки граници. Кога денес гледам како се повеќе луѓе несебично се вклучуваат во најголемата армија на светот, што се бори со најголемото човеково зло – алкохолот, се повеќе сум убеден дека човештвото сепак ќе опстои.

Со спасувањето на луѓето од алкохолниот пекол, терапевтите и прават најголема услуга на државата. Тие не градат и не подигаат покрив на куќите, туку ја подигаат душата на оние кои од разни причини завлегле или веќе се наоѓаат во алкохолниот пекол. Се разбира, многу подобро е душите од луѓето да живеат во ниски куќи, отколку во големи згради да скитаат духовни бедници.

Во ова тешко време, кога идеал за сите луѓе е стекнувањето на богатство, кога сите се борат за власт и доминација над другите, кога се отфрлени сите човекови вредности, кога и обичниот совет ретко се наоѓа и тоа за дебели пари, само терапевтите и лекуваните алкохоличари нудат бесплатни совети за пронаоѓање на среќата. И, што е уште поважно, секогаш со насмевка на лицето.

Благодарноста на илјадници апстиненти и членовите на нивните семејства, среќната насмевка на лицата од нивните некогаш несреќни дечиња е најголемата награда за трудот што го вложуваат.

БОЛЕСТ ШТО СЕ ЛЕЧИ

Category : ЛЕКУВАЊЕ 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

Само во искушенијата човечките доблести ја достигнуваат својата висина. Во отсуство на ветрот, купот од памук цврсто стои како планински врв.     Индиска пог.

Алкохолизмот е болест што може успешно да се лечи. Луѓето мора да излезат од состојбата на тотално незнаење и да почнат конечно да ги согледуваат вистинските последици од алкохолот.

За алкохоличарот да го постигни вистинскиот успех во лекувањето од алкохолната болест, за да се осмели на скок кон космосот, кон иднината, потребно е секој алкохоличар да се соочи со самиот себе, длабоко во себе да го согледа хаосот во сопствената душа и целосно да стане свесен за себе си. Тогаш ќе му се открие целата негова сомнителна егзистенција и во иднина ќе му биде невозможно, да од пеколот на своите страсти и нагони, секогаш да побегне во наивни, сентиментални, филозофски утехи, а потоа повторно во целосна опиеност на своето животинско битие. Во советите за лекување од алкохолната болест, во моите книги “ИСПОВЕД НА ЕДЕН АЛКОХОЛИЧАР” и “КАКО ДА СЕ ПОБЕДИ КРАЛОТ АЛКОХОЛ”, секој алкохоличар ќе најде практични правила кои ќе му помогнат полесно да се ослободи од ова зло. Откако ќе ги прифати овие практични совети, секој алкохоличар ќе изгради своја нова стратегија на однесување кон алкохолот и кон животот воопшто, во своето срце ќе ги признае своите грешки, ќе донесе правила за безкомпромисна борба со алкохолното зло, правила кои за алкохоличарот ќе претставуваат неменлив и единствен закон. Моите книги најмногу ќе му помогнат на алкохоличарот на тој начин што во нив ќе го пронајде огледалото на вистината, во нивното волшебно учење ќе го најде тоа што му е потребно за ослободување на неговата заробена душа, ќе влезе во голема галерија каде ќе открие нови, поубави слики за својата иднина. Соберете храброст и прифатете ги моите совети и ќе видите дека безброј можности чекаат некој, кој завлегол или веќе се наоѓа во алкохолниот пекол, да собере храброст и да ги земе – за свое добро, уште повеќе за доброто на неговите најмили.

Секој алкохоличар нека собере храброст и нека застане пред огледалото на вистината и да се набљудува себе си, додека не сфати дека неговиот најголем непријател што го има… всушност е тој самиот, дека му се пружа можност самозалажувањето конечно да го истера од својот живот.

fukosantin epimedium african mango afrika mangosu epilamor ozoderm uzamax altin cilek lavixir ayak kokusu biber hapi super x power penis halkasi maurers