Posledni Napisi

МУДРОСТИ - ЖЕНИ... МАЖИ - Пријателството на две жени е само завера против трета. Кар - Жената што не е убава, никогаш не била млада. Свечин -...

Read more

ЗАВИСНОСТА ОД АЛКОХОЛОТ Е СЕМЕЕН... Ставовите кон пиењето алкохолни пијалаци се формираат уште во детството и раната младост и тоа по образецот на...

Read more

МУДРОСТИ - ОД СЕ ПО НЕШТО ЗА ЖЕНИТЕ - Секогаш е исто׃ прво некоја жена ја имаш во срцето, потоа во раката, па на колената и на крајот, на вратот. Буш -...

Read more

ВО СЕКОЈ ЧОВЕК СЕ КРИЕ ПОБЕДНИК Од нашиот прекрасен живот во Америка, ќе кажам дека со помош на нашиот роднина, кој ни најде работа, добро се снајдовме...

Read more

АЛКОХОЛОТ Е НЕВИДЛИВ...НО СТРАШЕН... Најмила моја, тоа што намерно си ми давала ракија за да не те малтретирам, воопшто нека не те измачува, бидејќи...

Read more

КАДЕ ШТО ИМА ИСКРЕНОСТ, ИМА И... Во тие моменти почна да ме измачува тоа, што Ристе почна многу брзо да постигнува добри резултати во борбата со...

Read more

НАДЕЖ ЗА СПАС ОД АЛКОХОЛОТ! % - Незнам како излегов од ординацијата. Сознанието дека сум уништувала болен човек, целосно ме порази. Толку бедно...

Read more

СПАСОТ Е НА ДОФАТ НА РАКАТА % Но, тогаш Бог одлучи да смеша прсти во нашиот живот. Еден тмурен, пролетен ден, јас заминав во полето да работам,...

Read more

АЛКОХОЛОТ - НЕВИДЛИВ, НО СТРАШЕН... % Во почетокот немаше ништо необично, не гледав ништо лошо во тоа и воопшто не ми сметаше. Но, како времето поминуваше,...

Read more

ИСКУШЕНИЈАТА ДЕМНАТ ОД СИТЕ... Во Клубот на лекувани алкохоличари владееше необична атмосфера. Ништо не укажуваше дека на состанокот ќе се случи...

Read more

  • Prev
  • Next

Twitter Updates...

  •  
african mango ozoderm

МУДРОСТИ – ПЛАЧ, СОЛЗИ

Category : МУДРОСТИ 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

- Кога ќе ти биде тешко – плачи, но нека твоите солзи не капат на земјата, можат да ја извалкаат.     Алжирска поговорка

- Ако рониш солзи затоа што не ги гледаш ѕвездите, ти ни сонцето нема да го видиш.     Тагоре

- Без причина човек може да се насмее, но не и да заплаче.     Арапска поговорка

- Плачот на наследникот е смеа под маска.    Публиј Сир

- Потполно искрени се само оние солзи, што ги проливаме над самите себе.  Шекспир

- Многу е беден оној среќник, кој никогаш не заплакал.     Алеарди

- Плачот е посладок, отколку што тоа воопшто можеме да си го замислиме.   Петрарка

- Цела ноќ плачеше за умрениот, а утрото праша: кој умрел?     Корејска поговорка

- Ништо побрзо не се исушува од женските солзи.    Џон Вебстер

- Не треба да веруваш во плачот на: старците, децата и жените.     Калдерон

- После сопствената крв, најмногу што човек може да даде е солзата.     Ла Мартин

- Да плачеме со оној што плаче, а со тие што се смеат секогаш не треба да се смееме.    Румунска поговорка

- Најголема моќ на водата е во женските солзи.     Англиска поговорка

- Плачот не е знак на слабост, а кога ќе избие тогаш е слатка слабост, слатка и убава слабост која не го понижува јакиот човек.     И.Тарнети

- Многу е подобро да плачеш од радост, отколку да се радуваш на туѓиот плач.     Шекспир

- И во плачењето има некое задоволство; со солзите болката се смирува и отклонува.     Овидие

- И солзите се корисни: со нив ќе се смекне и тоа што е најтврдо.     Овидие

- Плачењето е дарба на женската природа.     Цицерон

- Солзите понекогаш вредат колку и зборовите.     Овидие

- Лажните солзи укажуваат на измама, а не на плач.     Публиј Сир

МУДРОСТИ – БОЛЕСТ

Category : МУДРОСТИ 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

- Позади радоста и смеата може да се крие груб, лош и неосетлив човек, но позади болката секогаш стои само болка.     Вилд

- Човекот во несреќата поднесува само една болка – болката на другите.     Лериш

- Да сакаш да го избегнеш неизбежното, значи да ја зголемиш својата болка.      Чуан Це

- Кој пелин пиел, не знае што е сладост.

Кој никогаш не бил тажен, не знае што е радост.               Ј.Ј.Змај

- И невините болката ги тера да лажат.       Публиј Сир

- Ако те снајде каква било болка, застани мирно и прашај ја што сака од тебе.    Гибел

- Turpe spectaculum habet animus aeger. – Болната душа дава жалосна слика.     Сенека

- “Dolor est medicina doloris” – Болката е лек за болката.     Като

- Воздишката болката ја оддава, но не не ослободува од неа.     Публиј Сир

- Лошо се грижи за себе болниот, кој својот лекар го одредува за наследник.     П.Сир

- Во болеста, на лекарот му се ветува небески свод.     Латинска поговорка

- Една шугава овца, може да го зарази целото стадо.     Латинска поговорка

- Во телесната болка најмачно е тоа што е нетелесно, односно нашата нетрпеливост и нашето предубедување дека болката вечно ќе трае.     Жан Пол

- Колку малку фантазија имаме за болката што им ја нанесуваме на другите.     Ниче

- Само сродната болка ќе ни измами солза, а секако, секој плаче заради себе.     Хајне

- Луѓето што трпат болка, мислат дека никогаш доволно не сочувствуваме во нивната болка.     Алфред де Мисе

- Ние сме створени за болка. Солзите за срцето се тоа што е водата за рибите.   Флобер

- Болеста, како и љубовта, доаѓаат и си одат кога што сакаат.     Јасмина Пулјо

- Болеста е судбина на сиромасите, но и казна за богатите.     Иво Андриќ

- Болката што отклонува друга болка е како лек.     Публиј Сир

- Каде што боли, таму е и прстот.     Латинска поговорка

- Човечката душа самата се навредува ако дозволи да ја совладаат насладата или болеста.     Марко Аурелие

- Болката го поттикнува човекот да мисли; размислувањето го прави човекот помудар; мудроста го прави животот поднослив.     Патрик

- Од нова болка старата болка ќе помини.      Шекспир

- Изрази ја својата болка со зборови! Болката која не говори го загушува срцето додека не пукне.     Шекспир

- Големите болки бараат големи души. Само големите души трпат големи болки.     Божидар Кнежевиќ

- Расположен човек и со добра волја, болеста го одбегнува.     Лао Це

- Болеста не доаѓа наеднаш, како од ведро небо, туку тоа е последица на долга низа мали, незабележливи грешки против здравјето, кои се надоврзуваат една на друга и растат како грутка снег што се тркала, додека еден ден не падне на главата од грешникот.     Хипократ

- Болниот човек знае многу работи, за кои здравиот и не сонува.     Арне Гарборг

- Од стотина болести, педест се настанати по наша грешка, другите од незнаење.      Паоло Мантегаца

- Болката има своја снага која не поправа, таа не прави подобри, помолосрдни, таа не осветува и не уверува дека нашиот живот е должност, а не забава.     Чезаре Канти

- Болката за изгубените работи многу е поголема, отколку што тие навистина вредат.     Настасиевиќ                                                               

МУДРОСТИ – СИРОМАШТИЈА

Category : МУДРОСТИ 075 985772

0

- За сите сиромашни држави, карактеристично е тоа што имаат многу празници.   Микеш

- Сиромаштијата толку ги понижува луѓето, што прави сирмашните да се срамат од своите доблести.    Вовнарг

- На сиромавиот најискрено му помага сиромав.    Анте Дукиќ

- Кога сиромав јади пиле, едниот од нив е болен.    Еврејска поговорка

- Повикот и плачот на сиромавиот се дига до небото, но не стигнува до човековите уши.

- Сиромаштијата им била мајка на многу големи луѓе.    Марден

- Срамот на богатиот и смртта на сиромавиот не се слуша далеку.    Ромска поговорка

- Кога сиромавиот ќе кивне, мора самиот да си посака здравје.    Мадагаскарска пог.

- Штом сиромавиот ќе почне да се огледува на богатиот – пропаѓа.    Публиј Сир

- Патникот со празни џебови ќе пее пред разбојникот, бидејќи не се плаши дека овој што било ќе му укради.    Јувенал

- Причина за сиромаштијата кај многумина е чесноста.    Латинска поговорка

- Полесно им е да ја поднесат сиромаштијата на оние, кои во неа се родени.    Лат. пог.

- Сиромаштијата го тера човекот на многу искушенија.    Публиј Сир

- Чесна работа е веселата сиромаштија – да бидеш сиромав, но задоволен.    Сенека

- Кога сиромаштијата ќе влезе на врата, љубовта излегува низ прозорец.    Романска пог.

- Од сиромаштијата не треба да се срамиме. Има многу повеќе луѓе кои би требало да се срамат од своето богатство.    Џорџ Нестрој

- Бидејќи природата те створила како голо дете, не заборавај стрпливо да го носиш товарот на сиромаштијата.    Като

- Некој е сиромав заради пороци, а некој заради доблести.    Исидора Секулиќ

- Подобро е да бидеш чесно сиромав, отколку неправедно богат.    Латинска поговорка

- Подобро е да жиовееш без грижи во сиромаштија, отколку да се растргнуваш заради богатство.    Федар

- На сиромавиот му недостига многу, а на скржавиот се.    Публиј Сир

- Никој не живее така сиромашно, како што сиромашен се родил.    Публиј Сир

- Ништо не е така бедно како човек кој од среќен, станал несреќен.    Латинска пог.

- Сиромаштијата под присила е беда, сиромаштијата по волја е богатство.  Дервондел

- Сиромашните луѓе би сакале да живеат како милионери, а нас милионерите, лекарите не присилуваат да живееме како сиромаси.    Синатра

- Сиромавиот се срами од својата сиромаштија; срамејќи се тој ја губи гордоста; без гордост него го презираат; презрен се оддава на тага; тагата го води во очај; очајот му го поматува разумот – а секој знае дека неразумниот го демне пропаст. Затоа, сиромаштијата е корен на сите зла.    Панчатанантра

- Никогаш не е беден оној, на кого му е лесно да умре.    Сенека

- Никогаш не е мало тоа што е доволно; а никогаш не е многу тоа што не е доволно.       Сенека

- Да нема сиромаси, не би имало кој да работи.    Бугарска поговорка

- Во сиромашна куќа и Бог е гладен.     Народна поговорка

- На мршавиот бивол ни мувите не слетуваат.    Мадагаскарска поговорка

- Кој е така сиромашен да нема никого, во исто време е и толку богат, да не може никого ни да изгуби.    Лудвиг Мрзел

- За сите сиромашни држави карактеристично е тоа што имаат многу празници.  Микеш

- Заблуда е сфаќањето дека сиромасите и богатите се еднакви пред смртта. Тие се еднакви дури после смртта.    Емерсон

- На бедните малку вера им се поклонува.    Латинска поговорка

- Сиромаштијата и староста се најголем терет.    Цицерон

- Сиромаштијата е несреќа само за оној, кој и се спротивставува.    Сенека

- Не е маката во тоа што сум сиромав, туку затоа што тоа на светот му е познато.   Шмит

- Вистинска несреќа е да останеш без богатство тогаш, кога веќе еднаш си го вкусил.       Сенека

- Ако сиромавиот му завидува на богатиот, тогаш не е ништо подобар од него.   Толстој

- Човек лесно се привикнува на најтежок живот, ако сите околу него живеат лошо.   Толстој

- Ако сиромаштијата бара друштво, ќе го има доволно.    Антониони

МУДРОСТИ – ШТЕДЕЊЕ

Category : МУДРОСТИ 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

- Се уште луѓето трошат пари кои не се нивни, за работи кои не им се потребни, да би ги восхитиле луѓето кои не ги трпат.     Кеј

- Расипникот е полош од скржавецот, бидејќи не го троши само своето, туку и туѓото.                                                                                                                 Дидро

- … никогаш не позајмувај пари на било кој, освен на оној на кој што не му се потребни.                                                                                                                      Неш

- Лихвар е човек кој на другите им позајмува пари под тешки услови, со гаранција за одземање стока, работилници, куќи. Обично работи дома, на улица или во кафеана. Кога ќе отвори работилница со чиновници, тогаш тоа се вика банка.     Ликок

- Општо банкарско старо правило за кредитот: “Над кредитот мораат да бдеат и оној што парите ги зема, и оној што му потпишува гаранција.”     Васиљевиќ

- Кавгите и меѓусебните обвинувања настануваат тогаш, кога тие што се еднакви не добиваат еднакво, или кога тие кои не се еднакви добиваат и уживаат еднакво. Аристотел

- Скржавиот ги чувствува истовремено сите грижи на богатите и сите страдања на сиромасите.     Гино

- Богатите, а скржави луѓе, личат на магариња кои носат скап товар, а се хранат со јачмен и овес.      Арапска поговорка

- На младост треба да штедиш, на старост да го користиш заштеденото. Латинска пог.

- Ниедна придобивка не е така сигурна како што е: да го штедиш тоа што го имаш.                                                                                                      Публиј Сир

- И во семејството, и во државата, штедењето е најдобар приход.     Цицерон

- Штедењето е вештина во избегнувањето на непотребните трошоци.     Сенека

- Судено ни е да умреме, па ајде да трошиме! Но, пред нас е долг живот, ајде да штедиме.     Грибоједов

- Ако сакаш да бидеш среќен, презирај го богатството кое го земаат лакомите, кои секогаш просат.     Като

- Тој што брзо стекнал богатство, набрзо ќе гладува ако со време не штеди.     Плаут

- Само сиромасите мислат повеќе на парите од богатите.     Херен

- Domina pecunia est. – Парите се господар на се.     Латинска поговорка

- Laudatur nummus guasi rex super omnia summus. – Парите ги фалат како да е најголем крал над се.     Латинска поговорка

- Ако парите не носат вистинска среќа, тогаш вратете ги.     Ренар

- Прва од сите потребни работи е: да не го трошиш тоа што го немаш.    Д’Азело

МУДРОСТИ – ПАРИ, ПАРИ

Category : МУДРОСТИ 075 985772

0

- Луѓето подлабоко се поклонуваат на дисаѓи полни со пари, отколку на глави полни со мудрост.    Козби

- За човек да биде независен и непристрастен, треба да има полни џебови со пари.   Лиен

- Полесно е парите да ги стекнеш, отколку да ги зачуваш.    Монтењ

- Парите не ја прават среќата, но спречуваат многу несреќи.    Др.Џонсон

- Кога бев млад, верував дека парите се најважни во животот. Сега, кога остарев, тоа го знам.    Вилд

- Парите се најважна работа на светот. Тие претставуваат здравје, снага, чест, племенитост и убавина. А желбата за нив претставува болест, слабост, срамота, безначајност и одвратност.    Брнард Шо

- Тоа што јас не можам како човек, што не можам со моите индивидуални способности, тоа можам со помош на парите.    Маркс

- Желбата за пари е смрт за пријателството – парите од пријателот можат да направат непријател.    Латинска поговорка

- Изгубените пари се оплакуваат со вистински солзи.    Јувенал

- “Кралот – пари”, и дава на девојката и потекло и убавина.    Хорацие

- Да имаш пари е исто толкаво зло, како и ако ги немаш.    Латинска поговорка

- Не е ли човек на човек плен? Ѕверовите убиваат заради глад, а човекот тоа го прави за пари.    Греј

- Оној кој знае како е да се биде сиромав, знае се.    Микеле

- Сиромаштијата не е само несреќа, таа е и понижување.    Бернард Шо

- Да не знаеш да ја поднесеш бедата, срамота е; да не знаеш со работа да ја отклониш е уште поголема срамота.    Перикле

- Сиромаштијата не е грев, но од Бога е срамота.    Руска поговорка

- Човекот ги прави парите, а не парите човекот.    Народна поговорка

- Парите ни помагаат да ја поднесеме сиромаштијата.    Алфонс Аплиас

- Тие што мислат дека со парите можат се, сигурно се спремни за пари да направат што било.    Едмон Бошен

- Луѓето се восхитуваат на храброста, талентот, добротата, големите задачи и големите искушенија, но не ценат ништо освен парите.    Енри Бек

- Без пари ни синот на таткото гробот не му го копа.    Бугарска поговорка

- Не цени ги парите ни повеќе ни помалку од што вредат: тие се добар слуга, но и лош господар.    Дима

- Најубавата особина на парите е во тоа што со нивна помош може на другите да им донесете радост, но за жал, тоа го прават мал број од оние што ги имаат.    Перл Бак

- Оние кои имаат намера да играат за пари, мораат и душата да ја стават на коцка. Ојштен

- Пари во џебот – ѓавол во срцето.    Козарац

- Кога се во прашање парите, сите се од иста вера.    Волтер

- Не е злато се што сјае, а не е ни сјај се што е од злато.    Хебел

- Кога на некој ќе му позајмиш пари, или ќе ги изгубиш парите или пријателот.  Југ. пог.

- Никогаш не троши ги парите, пред да ги имаш.    Цицерон

- На тој што нема пари, ништо не му помага тоа што е побожен.    Лутер

- Парите имаат тркалезен облик, за полесно да одат од рака во рака.    Народна пог.

- Парите кога заминуваат имаат сто нозе, а кога доаѓаат само две.    Народна поговорка

- Кога немам пари, се чувствувам бедно каде било да се наоѓам. Тоа морам да го надминам, а најдобар начин е да ставам во џебот сто златници и да ги носам цела година. Постојаната тежина на златото ќе ми го отклони непријатното чувство на невредност.    Шопенхауер

- Сега знам по што луѓето се разликуваат од животните – тоа се тешкотиите заради парите.    Жил Ренар

- Порасна богатството и лудата желба за него – и, макар што имаат многу, бараат уште повеќе.    Овидие

   

МУДРОСТИ – МИНАТО

Category : МУДРОСТИ 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

- Ни со нозете, ни со желбите не треба да се помине повеќе од што е возможно.  Епиктет

-Особина на мудрецот е да биде умерен и во тоа што на сите им е дозволено.   Јувенал

- На едно стебло гради само едно гнездо.   Теокрит

- Среќата сама од себе се руши кога ќе ги премине дозволените граници.   Цицерон

- Тебе, што ја фалиш “златната средина” да ми биде животен пат, одговарам: “Кој сака да биде млак меѓу ладно и топло, или да трепери меѓу животот и смртта, или да е пифтијаст – ни течен ни цврст.”   Гибран

- Јади колку што имаш, работи колку што можеш.   Народна поговорка.

- Брзината на времето е бескрајна, но уште побрза им изгледа на оние кои гледаат наназад.   Сенека

- Часот што поминал не може повеќе да се врати.   Овидие

- Пустите желби не ги враќаат поминатите денови.   Латинска поговорка

- “Добри стари времиња” – сите времиња, кога му припаѓаат на минатото се добри.   Бајрон

- Ништо што било вредно во минатото не заминува; ниедна вистина или добро кое човек го создал никогаш не умира, ниту може да умре.   “““

- На тоа што било лани и чавките се смеат.   Јапонска поговорка.

- Оние што не го паметат минатото, осудени се да го повторуваат.   Георг Сантајана

- На многумина би им се допаднал, да не си се трудел да им се допаднеш на сите.   Латинска поговорка

- Љубомората секогаш се раѓа со љубовта, но секогаш не умира со неа.   Шопенхауер

МУДРОСТИ – ПАРИ

Category : МУДРОСТИ 075 985772

0

- Таму, каде човекот е број еден – парите се број два. Таму, каде парите се број еден – човекот е број НУЛА.        Ферид Мухиќ

- Може ли кој било да се сети кога времињата не биле тешки и кога парите не биле малку.

- Господа, со што сте заслужиле толкаво богатство, освен што сте се потрудиле да се родите.        Бомарше

- Поголема чест е кога имаш дукат во џебот, отколку десет ако си ги потрошил.                                                                                                                    Гвиѓардини

- Парите се како жената: да би ги сочувале треба да се занимавате со нив, инаку ќе усреќат друг.       Сафир

- Има такви кои знаат да заработат пари и такви кои знаат да живеат, но многу се ретки тие што го знаат и едното и другото.        Моравија

- Парите се како еж: многу е полесно да го фатите, отколку да го држите.       Моржек

- Парите се одличен слуга … но во некои случаи, кога ќе почнеш да им служиш, парите се претвораат во суров господар.        Френсис Бекон

- Доброто мислење на луѓето за нас е посигурно од парите.        Публиј Сир

- Желбата за парите расти онолку, колку мшто пораснале парите.        Јувенал

- Ни родот, ни доблестите ништо не вредат ако нема пари.        Хорацие

- Кога палатите се премногу раскошни, полињата се празни.        Лао Це

- Парите се клуч што ги отвора сите врати.        Молиер

- Ако сакаш да знаеш што се пари, побарај ги од некого.        Англиска пог.

- Љубовта кон парите е корен на сите зла.        Б.Шо

- Кога ќе се одлучиш да позајмуваш пари, облечи се како да ги имаш неограничено многу.       ***

- Иако сме браќа, ќесињата не ни се сестри.        Народна пог.

- Сакај го својот сосед, но не уривај ја оградата.        Швајцарска пог.

- Кога некој сака да ти плати сега или подоцна, одбери го првото.        ***

- Човек без пари е слика на смртта.        Латинска пог.

- Заштедените (собраните) пари на секого или му заповедаат, или му служат.      Хорацие

- Парите малку ѕвечат, но далеку се слуша.        Латинска пог.

- Најголем крал на земјата во ова време се парите.        Латинска пог.

- Лакомиот човек парите го привлекуваат, но не го заситуваат.        Сенека

- Иако се гордееш со парите, ист си – богатството не го менува твоето потекло. Латинска

- Двапати размисли пред да се одлучиш некому бесплатно да му завршиш некоја работа. Луѓето често не умеат да го ценат тоа, за кое не морале да платат.        ***

- Човек треба да има толку, колку што му е потребно за живот. Кој ќе стекне повеќе од што му е потребно – тој е арамија.        Шримад Бхагавата

- Кога на некого му позајмуваш пари, внимавај неговиот карактер да ја надминува сумата што си му ја позајмил.        ***

- Кој околу вратот полно ќесе има, не може да се најде на бесилка.        Руска пог.

- Кој има пари и врски, не мора да се грижи за правдата.        Италијанска пог.

- Во животот треба да одбереш: парите или ќе ги заработиш, или ќе ги трошиш.   Бурде

- Парите ја покажуваат својата вредност во моментот кога од нив се откажуваме.   Џонсон

- Во парите лежи голема заштита.        Латинска пог.

- Сеуште никој од парите не се обогатил; спротивно, нема човек во кој тие не пробудиле уште поголема желба за нив.        Сенека

- Ништо не е така добро утврдено што со пари не би можело да се освои.        Цицерон

- Парите управуваат со сите работи на човекот.        Публиј Сир

- Парите се слуга ако знаеш да ги користиш; господар ако не знаеш.        Сенека

- Да се откажеш од парите во вистинско време понекогаш е најголема добивка.   Лат. пог.

- Ништо не е така досадно, така одвратно, како изобилието.        Монтењ

- Немаш ли грош, секогаш си лош.        Бугарска пог.

- Парите понекогаш ги решаваат проблемите, но и ги создаваат.        Корејска пог.

- Кога некој ќе ти здосади, позајми му пари.        Украинска пог.

МУДРОСТИ – СИРОМАШТИЈА

Category : МУДРОСТИ 075 985772

0

- Ви велам, кога несреќата би навалила на милионерот, тоа би било како кога куче ќе залае на слон.        Јохан Нестрој

- Богатството не ги смалува човековите грижи и не ги теши човековите срца.       Тибул

- Богат е онј кој е задоволен од својата судбина.       Цицерон

- Големото богатство е големо ропство.       Сенека

- Голем е оној кој и во богатството е сиромашен.        Сенека

- Нема лесно да го сочуваш тоа што на многумина им се допаѓа.       Публиј Сир

- Сето свое богатство со себе го носам.        Сенека

- Секој богаташ или е неправеден, или наследник на неправеден човек.      Латинска пог.

- Кој има многу, сака уште повеќе; а кој има доволно, стигнал до целта.       Сенека

- Единствена разлика меѓу богатиот и сиромавиот е во тоа што сиромавиот се надева на следниот оброк, додека богатиот е преокупиран од претходниот.        Демокрит

- Кој ги ограничува своите желби, секогаш е премногу богат.        Волтер

- Кога имаш се, не гледаш ништо – ќе прогледаш дури кога ќе немаш ништо.      Шекспир

- Прашувате: која е вистинската граница на богатството? Таа е: прво, да го имаш тоа што ти е потребно, а второ, да имаш колку што ти е потребно.        Сенека

- Колку повеќе даваш, толку повеќе имаш.        Лао Це

- Богатството и снагата на една земја не зависат од бројот на нејзините жители, туку од количеството на храна со која располага.        Хан Феу Цу

- Секое богатство е производ на нечија работа.       Лок

- Causa perit iusta, si dextera non sit onusta. - И поштената парница пропаѓа ако десницата не е полна (пари).        Латинска пог.

- Луѓето илјадапати повеќе се трудат да стекнат богатство, отколку духовно образование, иако сосема е сигурно дека нашата среќа ја прави тоа што сме, а не тоа што го имаме.                                                                                                                     Шопенхауер

- Тоа што сте го наследиле од своите претци, морате сами да го заслужите, инаку, никогаш нема да биде ваше.        Гете

- Богатството подеднакво вреди и во добри и во лоши времиња.        Латинска пог.

- Ако дојдеш во зависност од богат и моќен човек, тогаш ќе ја изгубиш или вистината или пријателството.        Сенека

- Општеството е составено од две големи класи: од оние кои имаат повеќе храна од апетит и од оние кои имаат повеќе апетит од храна.       Шамфор

- … богатите газди не ги сакаат сиромашните роднини.        Жуков

- Во неволја луѓето стануваат попаметни, во богатството полудуваат. Од сланината и кучето побеснува.         Народна поговорка

- Кој има помалку од што сака, нека знае дека има повеќе од што заслужува.   Лихтенберг 

- Се што поседуваш повеќе од што треба – смета.        Публиј Сир

- Кој е сиромав? Скржавиот. Кој е богат? Кој ништо не посакува.        Латинска пог.

- Кој што ќе одреди старец за наследник, богатството го става вгроб.        Публиј Сир

- Никој не прашува од каде имаш, но треба да имаш.        Јувенал

- Богатството треба да се искористи, а не да се злоупотреби.        Сенека

- Богатиот и во туѓина се чувствува како дома, а сиромавиот е странец и во својата куќа.

- Најголемо богатство има оној кој не посакува никакво богатство.        Сенека

- Оној што се обогатил за година дена,, требало да го обесат пред дванаесет месеци.                                                                                                                   Латинска пог.

- Раскошот на богатите ја удвојува бедата на сиромасите.        Дидро

МУДРОСТИ – БОГАТСТВО

Category : МУДРОСТИ 075 985772

0

- Блазе си му на сиромавиот без горчина и на богатиот без лошотилок.        Борхес

- Блазе на богатите, тие барем имаат со што да ги тешат другите.       Жорж Санд

- Не им се восхитувај на луѓето заради богатството кое го имаат, туку заради креативноста и великодушноста со кои тоа богатство го користат.       ***

- Тој што се однесува невнимателно кон парите, исто така ќе се однесува и со сите работи во животот.       ***

- Нема и не може да има праведно богатство.        Чехов

- Ако сакаш да се обогатиш, појди меѓу сиромасите.       Анте Дукиќ

- Богатите имаат поголеми маки од сиромасите, бидејќи секогаш стравуваат да не осиромашат, додека сиромасите не патат од стравот дека ќе се збогатат.        Тати

- Богатството е како морска вода: колку повеќе пиеш, се повеќе си жеден.     Шопенхауер

- Crescit in dies cupido habendi. – Желбата за имот расте од ден во ден.      Латинска пог.

- Dives (est valde) rarus gui non (sit) avarus. – Редок е богаташот кој не е скржавец.                                                                                                           Латинска поговорка

- Divitiae trepidant; paupertas libera res est. – Богатството стравува, а сиромавиот човек е ослободен од стравот.        Латинска пог.

- Maximas habet divitias, gui nullas desiderat. – Најголемо богатство има кој никакво не посакува.       Сенека

- Има луѓе кои од своето богатство немаат ништо друго, освен стравот да не го изгубат.                                                                                                                         Ривараол

- Запомни дека нешто кошта онолку пари колку што тебе ти значи, а не колку што пишува во ценовникот.        ***

- Таму каде што е вашето богатство, таму ќе биде и вашето срце.        Нов завет

- Најголемо богатство на една држава се возвишените и добрите луѓе, кои во неа живеат.

- Можеби ќе имаш среќа и ќе заработиш многу пари. Но, потруди се работата да го збогатува твојот дух во иста мера со која се збогатува и твојата сметка во банката.     ***

- Ако заработиш многу пари, употреби ги за време на животот за да им помогнеш на другите. Тоа е најголемото задоволство кое богатството може да ти го донесе.     ***

- Вие не морате ништо да знаете – вие сте богат човек. А јас сум сиромав – мене мора нешто да ми падне на памет.        Џ.Нестрој

- Кој што сака да се обогати, мора да лови риби одеднаш во три реки.Мадагаскарска пог.

- Треба да се има апетитот на сиромавиот да би се уживало во богатството на богатите.                                                                                                                    А.Ривараол

- Луѓето од повисоките класи стврднати се за потребите и маките од луѓето, како што се лекарите на болката од своите пациенти.        Честерфилд

- Како што тешките алишта сметаат при движењето на телото, така и богатството смета при движењето на душата.        Индиски филозоф

- Таму каде богатството се држи на цена, таму евтини се: честа, верноста, срамот, искреноста и чедноста.       Латинска пог.

- Сиромаштијата и надежта се како мајка и ќерка: додека си зафатен со ќерката, забораваш на мајката.        Жан Пол

- Но, најјако е искушението во сиромаштијата. И најмудрите риби гладот ги тера на јадицата.       Гете

- Нема таков бедем кој што со злато натоварено магаре не ќе може да го прескокне.                                                                                                   Александар Македонски 

- Стекни што повеќе можеш, сочувај што можеш повеќе, давај што можеш повеќе.     Весли

- Во богатството човековото срце побрзо ќе стврдни, отколку јајце во зовриена вода.Борн

- Кога добар човек ќе наследи богатство, исто е како кога ќе се роди овошно дрво на сред село.        Од Коранот

- Желбата за туѓо е најголемо сиромаштво, како што задоволството од тоа што го имаш е најголемо богатство.        Омар Ибн Ал Катаб

- Богатите и моќните радо веруваат дека другите се понизни, додека тие вистински се само понижени.        Ж.Ренар

- Од големо богатство човек нема вистинска корист, освен во неговото делење: другото е само вообразеност.       Бекон

- Од шарлатанот многу полесно може да стане богаташ, отколку домаќин.        Цицерон

- Кога богатите би можеле да ги купат луѓето да умираат наместо нив, сиромасите би можеле одлично да живеат.        Еврејска пог.

- Богатството го менува човековиот карактер, но ретко на подобро.       Латинска пог.

- Прашање е дали луѓето би требало да бидат среќни заради своето богатство, или заради своите доблести.        Хорацие

- Сопственик на некој предмет е оној кој што го поседува, додека не се докаже спротивното.        Латинска пог.

- Краток е патот до богатството, но премногу е опасен.        Авганистанска пог.

- Единствена гаранција за општа благосостојба е слободата на мислење.       Х.Ласки

- Богатството и сиромаштијата имаат заедничко проклетство да од човекот направат роб.                                                                                                                     Артуро Грф

- Богат не е оној кој многу има, туку оној кој многу потреби нема.        Жил Ренар

- Малку богаташи го поседуваат своето богатство – богатството нив ги поседува.                                                                                                             Роберт Ингерсол

- Зошто ни е богатството, ако заради него секој час може да ја загубиме главата?                                                                                                       Мароканска поговорка

- Мислам дека е достоен за восхит начинот на кој провидението го разделило богатството. Да го дадело само на чесни лиѓе, со тоа доволно не би ги одликувало за нивната чесност, а невредноста на богатството повеќе не би се чувствувала. Но, кога добро ќе се забележи кои се тие луѓе кои имаат најголемо богатство, тогаш човекот, презирајќи го богаташот, на крајот доаѓа до тоа да го презира и богатството.   Монтескје

МУДРОСТИ – РЕЛИГИЈА

Category : МУДРОСТИ 075 985772

0

- Зошто во ниедна религија како прва заповед не е: Работи?         Бертолд Авербах

- Има многу религии, но моралот е еден.      Раскин

 Према старата религија, атеист е оној кој не верува во Бога. Новата религија вели: атеист е оној кој ја изгубил верата во самиот себе.        Вивекананда

- Атеистите не мораат да бидат чесни: нема Бог кој за нив би бил надлежен.    Д.Радовиќ

- Да бил Исус компромисен и да ги послушал фарисеите, би бил само еден непознат мал евреин повеќе на светот.        Карољ

- Ние немаме доволно религии за да се мразиме, но ни толку вера да би се сакале едни со други.       Сфифт

- Поголем број расправии на луѓето околу религијата, слични се на расправијата на двајца луѓе околу жена, која за нив не се грижи.       Халифакс

- Има разлика меѓу атеистите: не е сеедно која вера е Богот во кој не веруваат.                                                                                                            Д.Радовиќ 

- Каква е користа, браќа мои, ако некој рече дека има вера, а нема дела. Зарем може самата вера да го спаси? Како што телото без дух е мртво, така и верата без добри дела е мртва.       Апостол Јаков

- Немој да се плашиш од животот. Верувај дека животот е вреден за живеење и твојата вера ќе ти помогне саканото да го оствариш.        В.Џејмс

- Ние сме родени со верување. Човек ја носи верата како дрвото што ги носи листовите.        Емерсон

- Секогаш е добро ако човекот е во состојба со разумот да ја оправда верата што е во него.        Смит

- Кој ништо не знае, мора во се да верува.        Неруда

- Кога ништо не се знае, лесно е да се верува во нови идеи.        Доде

- И двете се погрешни: верувањето во сите и во никого.        Хорацие

- Она во што веруваш, тоа и постои.        Горки

- Луѓето тежнеат кон верувањата, кои одговараат на нивните страсти.        Расел

- Од ланецот на верувањата, само разумот ќе те спаси.        Гете

- Кој споро верува, покажува зрел ум.        Грацијан

- Подобро е да им веруваш на сопствените очи, отколку на туѓите зборови.     Југосл. пог.

- Атеизмот е повеќе на усните, отколку во срцата на луѓето.        Бекон

- Кај многу луѓе неверувањето во една работа, се темели на слепото верување во друга работа.        Лихтенберг

- Верувањето е морален акт за кој, оној кој верува, мора да има чувство на одговорност.                                                                                                                       Хозе

- Верата во безмилосен Бог, создава безмилосен човек.        Томас Пејн

- Адам во рајот не можел да има религии, бидејќи човекот и жената едниот за другиот биле Бог.        Малколм де Казал

- Во љубовта, како и во религијата, се се темели на чувствата и на верувањето во неверојатното.        Јовен Дучиќ

- Човекот е почеток на религијата, човекот е средиште на религијата, човекот е крај на религијата.        Лудвиг Фоербах

- Не печи го својот ближен заради верата на оган, уште помалку бидејќи не можеш да го јадеш.        Георг Лихтенберг

- Навистина, помеѓу верата и вистинската наука не постои сродство, ни пријателчство, па дури ни непријателство: тие живеат на различни ѕвезди.        Ниче

- Каде што верата е господар, таму разумот е слуга чија должност е да молчи.   А.Рибеиро

- Верите се како искри: ним, за да светат, потребен им е мрак.        Шопенхауер

- Секој на туѓото празноверие се потсмева, а своето го почитува и го држи за свето.                                                                                                                       Доситеј

- Попувањето е најдобар занет, бидејќи и од живите и од мртвите зема данок.   Бугар.пог.

- Свештеник е свештеник! Свет и чесен господин, а секаде по него и пред него расти бел леб, додека тој, како птиците небески, не треба ни да ора, ни да копа.        Анте Ковачиќ

- Поповите би морале да молат, а не да владеат.        Лутер

- Прави како што вели попот, но не прави што прави попот.        Романска пог.

- Слушајќи ги исповедите на жените, жупниците се тешат што не се оженети.    А.Салакру

- Боговите многу често се само кукли со жица во рацете на своите свештеници.     Виленд

african mango ozoderm