Објавени дела

“Исповед на еден алкохоличар” – животна приказна за борбата на авторот со алкохолната болест “Како да се победи Кралот Алкохол” – роман
Формат: А5 Формат: А5
Страни: 119 Страни: 285
Цена:5 EUR 3 EUR Цена:10 EUR 5 EUR

Контакт:

 

Е-маил: petreski_i@hotmail.com

Телефон: 389- 075/985-772

Со длабока вера во вистината на своето убедување, Ви говорам на сите: сакајте ја книгата. Таа ќе ви го олесни животот, пријателски ќе ви помогни да се снајдете во шарениот и бурен сплет на мислите, чувствата и доживувањата. Таа ќе ве научи да ги оцените другите, а и самите себе; таа им дава крила на умот и срцето, чувство на љубов кон светот, кон човекот. Горки

Често си го поставував прашањето: “Дали луѓето ќе се однесуваат рамнодушно кон тоа што го пишувам?” Би било оправдано да се однесуваат рамнодушно кон моето пишување и кон моите ставови за борбата со алкохолната болест, кога би пишувал за тоа како самиот да сум го измислил, за нешто што може и не мора да биде. Но, опасностите од алкохолното зло и последиците од него што секојдневно ги гледаме се толку големи и очигледни, така што кон тоа никој не треба да има никаков сомнеж. Би било оправдано алкохоличарите да се премислуваат дали да го направат тоа што јас им го советувам, кога тоа би било срамно и понижувачко, што не е во склад со човековата природа. Но, сосема е спротивно – тоа што јас ги повикувам алкохоличарите да ги променат нивните изопачени ставови за смислата на животот, да почнат да го следат гласот на разумот, да го прифатат доброто место злото, мудроста наместо глупоста, вистината наместо лагата, човекољубието наместо омразата е потполно безопасно и лесно, племенито и хумано, корисно за нив самите, уште повеќе за нивните најмили.

Почитувани пријатели, простете ми што во моите книги”Исповед на еден алкохоличар”  и “Како да се победи Кралот Алкохол“, си зедов слобода да делам совети. Сепак, сметам дека на луѓето не смее да им се забрани еден на друг да ги кажуваат своите мисли, за тоа како најдобро може да се уреди животот во потрага по среќата. Додуша, има голема вистина во тоа дека на многу луѓе изразувањето на нивните мисли им наликува на злочин, што е сосема погрешно.