Posledni Napisi

СПАСОТ Е НА ДОФАТ НА РАКАТА % Но, тогаш Бог одлучи да смеша прсти во нашиот живот. Еден тмурен, пролетен ден, јас заминав во полето да работам,...

Read more

АЛКОХОЛОТ - НЕВИДЛИВ, НО СТРАШЕН... % Во почетокот немаше ништо необично, не гледав ништо лошо во тоа и воопшто не ми сметаше. Но, како времето поминуваше,...

Read more

ИСКУШЕНИЈАТА ДЕМНАТ ОД СИТЕ... Во Клубот на лекувани алкохоличари владееше необична атмосфера. Ништо не укажуваше дека на состанокот ќе се случи...

Read more

ОДНЕСУВАЊЕТО НА АЛКОХОЛИЧАРОТ... Закрепнатите луѓе од проблемите со пиењето, зависноста  од алкохол ја дефинираат како мултидимензионална и комплексна...

Read more

AKTIVNOSTI VO KLUBOT Вие, кој што сега посетувате Клуб на лекувани алкохоличари, вероватно сте разбрале дека сте влегле во големото...

Read more

ПИЕЊЕТО АЛКОХОЛ - ПРОБЛЕМ ВО... Вистината за проблемите, предизвикани од пиењето алкохол е многу полесно да се скрие на работното место, отколку...

Read more

КЛУБ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ Клубот на лекувани алкохоличари Ви е како да сте во еден рудник, и во него талкате, симни се најдолу, па кaчувај...

Read more

МУДРОСТИ - ЖЕНИ, ЖЕНИ - Постојат два вида жени׃ расеани – ќе ги изгубат двете ракавици; сталожени – ќе изгубат само една. Бернар - Пристојна...

Read more

МУДРОСТИ - ЖЕНСКИ КАРАКТЕР - Некои жени се како запалена цигара; ако не ја фатиш од вистинската страна, ќе се изгориш. Тухолски - Обично се...

Read more

ДА ПОГЛЕДНЕМЕ ВО ОГЛЕДАЛОТО... Кога ќе се угасни светлоста на твојот духовен живот, темна сенка на твоите телесни желби ќе падне на твојот пат....

Read more

  • Prev
  • Next

Twitter Updates...

  •  
fukosantin epimedium african mango afrika mangosu epilamor ozoderm uzamax altin cilek lavixir ayak kokusu biber hapi super x power penis halkasi maurers

ЖЕНА – ВЕРНОСТ

Category : МУДРОСТИ 075 985772

0

- Убавата жена, која се омажила за грд маж, личи на свеж цвет, закачен на магарешко уво. Корејска поговорка

- Жената е како страчка: и двете необично сакаат светликави предмети. Алексис Киви

- Мракот и најгрдата жена ја претвора во загонетна кукла. Мирослав Крлежа

- Кога станува збор за злоба, жените секогаш имаат свои непресушни извори. Затоа, ако во тоа ти снема фантазија, обрати им се ним. Мароканска поговорка

- Кај жената барај совет и било што таа да ти советува, направи обратно и знај дека нема да погрешиш. Томас Мор

- Да почекаме некоја жена да биде убава, да би можеле да ја оцениме нејзината вистинска вредност. Едуард Пајерон

- Жените се како сенка бидејќи, ако им одите во пресрет, тие од вас бегаат, а ако бегате, тие ве следат. Персиска поговорка

- Жените, како и соништата, никогаш не се такви, какви што ние би сакале да бидат. Пирандело

- Да ја наречеме жената убаво животно без крзно, чија кожа многу се бара. Ж. Ренар

- Кога жената ќе го даде клучот од своето срце, ретко кога нема да ја промени бравата. Сент – Бев

МУДРОСТИ – ЖЕНСКИ КАРАКТЕР

Category : МУДРОСТИ 075 985772

0

- Жената може да му стане пријател на мажот по овој редослед: прво познаник, потоа љубовница, па дури тогаш пријател. Чехов

- Никогаш жената не е пријател со човек, кој не е мажјак и на кој не му се восхитува, како на машки пол. Јован Дучиќ

- За жената изгубената убавина, значи како за скржавиот изгубените пари, или како за војникот својот меч или славата, или за граѓанинот својот углед. Јован Дучиќ

- Жените имаат постојана потреба да бидат сакани и кога тие самите не сакаат, и затоа често се предаваат на луѓе, кои инаку физички не им се мили. Јован Дучиќ

- Убава е секоја жена, освен онаа, која мисли дека тоа не е, и онаа, која мисли дека тоа е. Јован Дучиќ

- Жената не потикнува на големи работи кои покасно не спречува да ги направиме. Дима

- Паметната жена има милиони родени непријатели: сите глупави мажи. М.Е. Ешенбах

ИЛИЈА ПЕТРЕСКИ׃ КАКО ДА СЕ ПОБЕДИ КРАЛОТ АЛКОХОЛ

Category : СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

Џек Лондон, големиот писател кој со своите дела ги прослави борбеноста, виталноста, силната волја да се истрпат на нозе најтешките удари на судбината и да се одолее на сите предизвици, авторот на големата химна на победата на човекот врз стравот, малодушноста и очајувањето, самиот беше поразен. Го порази алкохолот. Умре во својата 40 година. Но, не падна пред да ја напише книгата “Кралот Алкохол”, својата интимна приказна за тоа како дури и тој, еден од најсилните и најталентираните, мораше да подлегне пред страшниот непријател׃ зависноста од алкохолот!

            Ја знаеше тајната на победата, но немаше сили да ја примени. Даде скапоцен совет на другите, но самиот потклекна пред заблудата дека против неговата физичка и ментална сила, ни Кралот Алкохол нема шанси.

            Советот беше онолку едноставен, колку и точен׃ против Кралот Алкохол може да се победи, само ако се излезе од рингот! Најдобрата работа е׃ да не се пие воопшто. Следната најдобра работа е׃ да се прекине со пиењето после првата чашка. Третата најдобра работа е׃ ако си почнал да пиеш секојдневно, час поскоро прекини и тоа засекогаш!

            Сите останати варијанти се катастрофа и без исклучок завршуваат со тотален пораз׃ приватен, социјален, интелектуален, морален, со распаѓање на семејството на алкохоличарот, како конечна казна. Во мегданот со Кралот Алкохол ниту еден човек не може да издржи предолго.

МУДРОСТИ – “ЖЕНА”

Category : МУДРОСТИ 075 985772

1

- Кога жената треба да направи нешто лошо и злобно, да би се сетила на тоа, има вечно и бесмртно памтење. Плаут

- Жените доаѓаат да гледаат претстава, но доаѓаат и нив да ги гледаат. Овидие

- Жената, ако е добра, задоволна е со еден маж. Плаут

- Идеална е онаа жена, која иако ви е верна, ви посветува големо внимание и пријатност, како да сте и стар љубовник. Марсел Акард

- Најглупавата жена може да управува со паметен маж, но да управува со будала може само многу паметна жена. Киплинг

- Што вреди ако жената е млада, а не е убава, или ако е убава, а не е млада. Ла Рошфуко

- Ниеден маж не го интересира душата на жената, чие тело наликува на трупец. Софија Лорен

- Кај жената остарува побрзо лицето, од срцето. Мажураниќ

- Жената може од ништо да направи три работи: шешир, салата и кавга. Саша Гитри

- Најсигурен начин да го погодите женското срце е, да гаѓате со клечење. Јеролдс

- Убавата девојка, иако е сиромашна, сепак е богато опремена за мажење. Лат. Пог

- Вина од мажот е ако жената ја премине мерата. Тацит

НИКАКО НЕ МОЖЕМЕ ДА БИДЕМЕ ДОБРИ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ, АКО НА ЛУЃЕТО ОКОЛУ НАС НЕ ИМ ПОМОГНЕМЕ ПОЛЕСНО ДА ИЗЛЕЗАТ ОД АЛКОХОЛНИОТ ПЕКОЛ

Category : ВОСПИТУВАЊЕ 075 985772

0

Драг пријателе,

          Го напишав овој текст за да го изнесам тоа што сакам да ти го кажам, бидејќи помеѓу нас, заради твоето однесување, се подигна бариера, ѕид низ кој не можеме нормално да комуницираме. И, затоа што тој ѕид постои, ние стануваме се подалечни и тешко можеме да се разбереме еден со друг. За да го турнам тој ѕид и да ти го соопштам ова многу важно што имам да ти го соопштам и без што, во тоа сум цврсто убеден, дека ќе ти биде се потешко и потешко да живееш, јас го пишувам овој текст. Те молам внимателно да го прочиташ и добро да размислиш за неговата содржина. Вреди ова да го направиш и само заради тоа што јас, пишувајќи ги овие редови, со мака се борам со мислата за мојата неспособност и невредност да му помогнам на пријател што многу го почитувам и ценам, за кој што деноноќно размислувам. Ова што денес го пишувам се однесува и на другите членови од Клубот на лекувани алкохоличари, кои се наоѓаат во иста состојба како и ти, односно повторно му се вратија на алкохолот, но додека пишувам само ти си ми пред очите и ти се обраќам само тебе.

          Во овој момент за тебе е потребно и многу корисно да научиш, како правилно да го сфаќаш животот од другите луѓе, особено правилно да ги сфатиш и конечно да почнеш да ги развиваш животните потреби и радости на твоите најмили. Забележувам дека сега засега за тебе тоа чувство е непознато.

КАКО ДА ИМ ПОМОГНЕМЕ НА АЛКОХОЛИЧАРИТЕ

Category : ЛЕКУВАЊЕ 075 985772

2

Како можеме најлесно и најсигурно да им помогнеме на алкохоличарите? Треба сите ние да ја признаеме нашата вина за несреќната состојба на многу луѓе, на кои сме можеле и на кои сеуште можеме да им помогнеме, а потоа сé што порано ни изгледало невозможно, ќе ни изгледа лесно и пријатно. Тогаш нема да се плашиме дека ќе ги извалкаме чевлите или облеката, нема да го жалиме трудот што ќе го вложиме и времето што ќе го изгубиме, нема да се плашиме и нема да бегаме пред навредите кои, во секој момент, можат да стигнат на наша адреса. Треба да бидеме спремни да седнеме на креветот од најзапоставениот алкохоличар и со него најсрдечно да разговараме, тој да почувствува како неговиот соговорник го почитува и сака, да ја почувствува топлината од дружењето со искрен, вистински пријател. Со смирено срце тивко да им речеме: ве почитуваме и сакаме, спремни сме да ви го поклониме целото наше внимание и помош, за полесно да го победите вашиот најголем непријател – алкохолот. Блесокот во нашите очи, насмевката на нашите лица, искреноста на нашите зборови ќе ги отворат нивните срца. И, кога ќе ја прифатиме таа благородна задача, после сите маки и напори, кога и во сонот ќе не измачуваат безбројните, тажни слики од средбите со алкохоличарите и нивните семејства, кога споменот на тажните, насолзени очи од нивните несреќни дечиња ќе ги параат нашите срца, слики и спомени кои барем за момент ќе не растревожат и ќе го нарушат нашиот мир, тогаш ќе ја знаеме разликата помеѓу лажниот напор за човековата слава и оној, вистинскиот напор за Исполнување на Божјата заповед: “Сакај го својот ближен како себе си.” Кога сето тоа ќе го правиме тивко, од вистинско човекољубие, без возгордеаност и надуеност, доброволно, без тоа никој од нас да го бара, без притоа да бараме одобрување од кого било, тогаш за нашиот труд нема да ни бидат потребни и нема да очекуваме пофалби и награди, тоа нема да го правиме како голем подвиг, туку како нешто сосема најнормално.

          Значи, за да можеме и да бидеме способни да им помагаме на алкохоличарите, потребно е, пред сé, да дојдеме во непосреден допир со нив, да ги урнеме сите прегради кои не разделуваат од нив. Не велам дека оној, кој сака да им помага на алкохоличарите, дека треба да се откаже од својот начин на живот, но велам дека навистина би било добро,

ОПШТО ПРИФАТЕНИ ПРАВИЛА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ЦВРСТА АПСТИНЕНЦИЈА

Category : ЛЕКУВАЊЕ 075 985772

0

Цени го човекот кој ти укажува на твоите грешки, како да ти открил скриено богатство – цени го мудрецот кој ти ги покажува животните опасности.     Дамапада

За остварување на поставените задачи, апстинентите во Клубот на лекувани алкохоличари делуваат следејќи ги правилата за работа, кои се прифатени во сите клубови. Со тоа се осигурува полесна соработка помеѓу клубовите. Во својата борба со алкохолната болест, секој апстинент треба да ги почитува универзалните правила кои се применуваат во сите Клубови на лекувани алкохоличари, но и правилата и навиките што може да се применуваат во клубот, во кој членува.

- СТРОГО ОДБЕГНУВАЈТЕ ГИ КАФЕАНИТЕ И СТАРОТО ДРУШТВО

- НЕ ЧУВАЈТЕ АЛКОХОЛ ВО ВАШИТЕ ДОМОВИ

- СЕКОЈДНЕВНО ЗЕМАЈТЕ ЕСПЕРАЛ – НАЈМАЛКУ ЕДНА ГОДИНА

- СЕКОЈ ДЕН ПОМИНАТ БЕЗ АЛКОХОЛ Е КАПИТАЛ

- ВО ТЕКОТ НА ЛЕКУВАЊЕТО ПОМАГАЈТЕ ИМ НА ДРУГИТЕ, ОСОБЕНО АКО СЕ ВО КРИЗА

- ОТВОРЕНО ЗБОРУВАЈТЕ ЗА СЕБЕ КАКО ЗА АЛКОХОЛИЧАР И ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА ОКОЛИНАТА ЗА ЛЕКУВАЊЕТО

- АКО ИМАТЕ КРИЗА, ЈАВЕТЕ СЕ ВЕДНАШ ВО КЛУБ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ, БИДЕЈЌИ ТАА Е ПРОПРАТНА ПОЈАВА ПРИ АПСТИНЕНЦИЈАТА

- АКО ДОЈДЕ ДО РЕЦИДИВ, ЈАВЕТЕ СЕ, ШТО Е МОЖНО ПОСКОРО НА ТЕРАПЕВТОТ ИЛИ ВО СВОЈОТ КЛУБ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ

- БЕЗ КЛУБ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ НЕМА АПСТИНЕНЦИЈА

          Секое од овие правила во себе носи јасна порака и упатство, за апстинентот полесно да излезе од алкохолниот пекол. Иако можеби на прв поглед ќе ви изгледаат како работи кои одамна ги знаете и на кои не треба да им посветите поголемо внимание, бидете убедени дека тие во себе носат длабока смисла. Затоа, ајде да ги разгледаме поединечно.

МУДРОСТИ – МАЖ ЖЕНА

Category : СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

- Жените се попаметни од мажите, бидејќи знаат помалку, а разбираат повеќе. Стивенс

- Ниедна жена со задоволство не ја носи износената облека од својата соперничка. Кога се во прашање ”ТУЃИТЕ” мажи, не е така избирлива. Саган

- Без причина ги обвинуваме жените׃ не не разочаруваат тие, туку идеалот што за нив сме го створиле. Бучер

- Жената може да му биде пријателка на мажот, само ако постојат извесни физички спротивности. Ниче

- Жената е загонетка која повеќе не не интересира, кога ќе ја одгонетнеме. Фран. Пог

- За жената е поголемо понижување ако повеќе не ја сакаме, отколку ако никогаш не сме ја сакале. Дани

- Чесна жена е само онаа која тоа не е од страв. Овидие

- Ништо не е понеподносливо од богата жена. Јувенал

- Подобро е да седиш во ќошот на таванот, отколку со лоша жена во куќата. Лат. Пог

- Кога жена мисли, зло мисли. Публиј Сир

- Тоа што жената ќе му го каже на стравствен љубовник, треба да се запише во ветар и брза вода. Като

- Вредната жена е украс за својот маж. Лат. Пог

ПОСЕБНО ВНИМАНИЕ ТРЕБА ДА ИМ ПОСВЕТИМЕ НА ВОСПИТУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА

Category : СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

Во битката со алкохолното зло, кое како темен облак се надвиснало и се заканува да ја угасни светлината на радоста и среќата во душата на луѓето, особено на младите луѓе, треба да се вклучат сите разумни луѓе и сите институции на власта.

        На сите страни околу нас врие од деца. Не смееме ниту да претпоставиме дека се раѓаат и растат за да станат пијаници, наркомани , дивјаци. Цело време се кажуваат приказни, дека треба да се спасуваат луѓето и детските животи, а се уништуваат. Треба да се вложат напори од децата да се изградат достоинствени луѓе. Само тоа е добро дело. Но тоа дело не се прави со празни зборови, туку со искрено помагање преку примери од сопствениот живот. Затоа, посебно внимание треба да му се посвети на воспитувањето на децата и улогата што ја имаат родителите и воспитувачите во училиштата, во градењето на нивниот карактер.

        Воспитувањето изгледа сложена и тешка работа, само додека сакаме да ги воспитуваме своите деца или било кој друг, а да не се воспитуваме себе си. Ако сфатиме дека другите можеме да ги воспитуваме само преку себе си, воспитувајќи се себе си тогаш престанува да биде проблем на воспитувањето и станува само проблем на животот: како човекот треба да живее?!

НАЈГОЛЕМОТО ЗНАЕЊЕ ЗА ЖИВОТОТ, НЕ СЕ УЧИ ВО НИТУ ЕДНА ШКОЛА

Category : ВОСПИТУВАЊЕ 075 985772

3

Најголемото зло од алкохолот е што од луѓето ги откинува најдобрите мисли и чувства, најглавниот и најпотребниот цвет на разумот. Затоа секојдневно наидуваме на луѓе, кои можат да работат, да бидат успешни во својата професија, но не можат да го сфатат најважното: вистинската смисла на животот и дури се цврсто убедени дека тоа воопшто не им потребно. Во училишните клупи младите луѓе ќе стекнат големо знаење, ќе научат многу корисни, умни нешта. Но најважното знаење за нивниот живот, не се учи во ниедна школа, на ниеден факултет. Тоа знаење е: како треба да се живее? Бидејќи нема дефиниција, која може да го одреди текот на човековиот живот, секој човек, сакајќи да ги оправда своите грешки и пропусти во животот, за својот живот, гради своја дефиниција. Јас 30 години бев роб на моите лоши навики, 30 години ја ставав мојата слободна волја, во нивна служба. Со моите постапки управуваа моите неограничени желби и моите страсти, недоволното знаење и лакомоста, но нјголем тиранин од сите, беше навиката за пиење алкохол. Триесет години се измачував во алкохолниот пекол, но денес сум свесен дека десетпати повеќе ги измачував моите најмили – сопругата и децата. Наместо да ги согледам моите грешки и да почнам да ги поправам, вината за мојата несреќна состојба ја барав во сите други, особено во оние, пред кои бев виновен. Со текот на времето, во домот завладеа пекол. На оние, кои по сите природни закони требаше најмногу да ги сакам, сопругата и децата, им ги скратив среќата и радоста, им ја украдов слободата. Знаете, глупоста е најнеобична од сите болести, бидејќи болниот не страда од неа, туку сите околу него. Патував по патеката што води кон дното од пеколот и за жал, низ тој пекол, заедно со мене, патуваа и моите најмили. Веројатно од страв да не биде уште полошо бидејќи бев многу незгоден, честопати и многу агресивен, тие ги поднесуваа сите мои удари, глупости и пропусти во животот. Со еден збор, ниту јас живеев, ниту нив ги оставав мирно и среќно да живеат. Навистина, во домот владееше привиден мир, но тоа беше исклучиво поради

fukosantin epimedium african mango afrika mangosu epilamor ozoderm uzamax altin cilek lavixir ayak kokusu biber hapi super x power penis halkasi maurers