Posledni Napisi

СПАСОТ Е НА ДОФАТ НА РАКАТА % Но, тогаш Бог одлучи да смеша прсти во нашиот живот. Еден тмурен, пролетен ден, јас заминав во полето да работам,...

Read more

АЛКОХОЛОТ - НЕВИДЛИВ, НО СТРАШЕН... % Во почетокот немаше ништо необично, не гледав ништо лошо во тоа и воопшто не ми сметаше. Но, како времето поминуваше,...

Read more

ИСКУШЕНИЈАТА ДЕМНАТ ОД СИТЕ... Во Клубот на лекувани алкохоличари владееше необична атмосфера. Ништо не укажуваше дека на состанокот ќе се случи...

Read more

ОДНЕСУВАЊЕТО НА АЛКОХОЛИЧАРОТ... Закрепнатите луѓе од проблемите со пиењето, зависноста  од алкохол ја дефинираат како мултидимензионална и комплексна...

Read more

AKTIVNOSTI VO KLUBOT Вие, кој што сега посетувате Клуб на лекувани алкохоличари, вероватно сте разбрале дека сте влегле во големото...

Read more

ПИЕЊЕТО АЛКОХОЛ - ПРОБЛЕМ ВО... Вистината за проблемите, предизвикани од пиењето алкохол е многу полесно да се скрие на работното место, отколку...

Read more

КЛУБ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ Клубот на лекувани алкохоличари Ви е како да сте во еден рудник, и во него талкате, симни се најдолу, па кaчувај...

Read more

МУДРОСТИ - ЖЕНИ, ЖЕНИ - Постојат два вида жени׃ расеани – ќе ги изгубат двете ракавици; сталожени – ќе изгубат само една. Бернар - Пристојна...

Read more

МУДРОСТИ - ЖЕНСКИ КАРАКТЕР - Некои жени се како запалена цигара; ако не ја фатиш од вистинската страна, ќе се изгориш. Тухолски - Обично се...

Read more

ДА ПОГЛЕДНЕМЕ ВО ОГЛЕДАЛОТО... Кога ќе се угасни светлоста на твојот духовен живот, темна сенка на твоите телесни желби ќе падне на твојот пат....

Read more

  • Prev
  • Next

Twitter Updates...

  •  
fukosantin epimedium african mango afrika mangosu epilamor ozoderm uzamax altin cilek lavixir ayak kokusu biber hapi super x power penis halkasi maurers

МУДРОСТИ ЗА ЖЕНИТЕ И МАЖИТЕ

Category : МУДРОСТИ 075 985772

0

- Не тропај на туѓа порта, зашто ќе тропнат и на твојата. Народна поговорка

- На мажот му ласкаат две работи, вредностите на својата сопруга и слабостите на туѓите жени. М. Беговиќ

- Само слабичите бараат од својата жена безусловна преданост, како свое право – тоа е понижување и за двајцата. Тагоре

- Да не ја сакаш повеќе една жена, значи жестоко да ја мразиш. Ла Рошфуко

- Мажите кај жените повеќе ја ценат убавината од инетелегенцијата, бидејќи на светот има повеќе глупи, од слепи мажи. Луј Де Вилморина

- Жената кај паметниот маж ги бара маните, кај глупавиот предностите. Енри Бек

- Ако мажот ги слуша зборовите од жената со која разговара, таа сигурно не е премногу убава. Х. Хаскинс

- Мажот е љубоморен ако љуби, жената и ако не љуби. Кант.

- Ако го огледуваш мажот, го одгледуваш само него; ако ја одгледуваш жената, го одгледуваш целото семејство. Арапска поговорка

Некој од постарите членови, цело време да се грижи за новиот апстинент, како еден вид “Ангел чувар!”

Category : КЛА 048-550716

0

Забележувам дека од методите што се применуваат во Клубовите на лекувани алкохоличари, изостануваат препораките од најголемиот експерт по алкохологија, др.Владимир Худолин. Покрај другото, др.Худолин препорачува: на апстинентите кои започнуваат со својата апстиненција, потребно е постојано да им помага некој од постарите членови, цело време да се грижи за него, како еден вид “Ангел чувар.” За жал, голем дел од апстинентите, кои успеале да ја победат алкохолната болест, наместо да возвратат со благодарност, целосно заборавиле колкава помош им била потребна за да го достигнат успехот. Гледајќи ги само сопствените интереси, не сакаат да си земат обврска, да му бидат “Ангели чувари” на некој од

ДАЛИ МОИТЕ ПРЕДЛОЗИ ЗА БОРБА СО АЛКОХОЛИЗМОТ СЕ САМО УТОПИЈА И НИШТО ДРУГО?

Category : АЛКОХОЛИЗАМ 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

2

Последниве неколку недели добивам се повеќе коментари на мојата интернет страница, многу убави коментари кои ме подигаат во сопствените очи и ме инспирираат на уште поголема активност.  Поголемиот дел од оценките се позитивни и идентични со моите ставови за борба со последиците од алкохолот. Сепак, има и коментари каде нашите ставови за борбата со алкохолната болест, активностите што јас ги предлагам и улогата на Клубот на лекувани алкохоличари во оваа борба со најголемиот непријател на целото човештво, целосно се разликуваат. Овој напис, во три продолженија, им го посветувам ним за да ги преиспитаат своите ставови, за да дојдат до единствената, непобитна вистина што јас цело време ја застапувам: нема успех во борбата со алкохолната болест ако човек не вложи максимален труд, ако не се вложи себе си, нема успех без исполнување на основните човекови вредности – искреноста и добрината, љубовта и човекољубието, толеранцијата и трпението.

          Најголема забелешка на моите текстови е што повеќето луѓе сметаат, дека во нив внесувам премногу утопија,

ИЗОПАЧЕН СВЕТ

Category : УЛОГАТА НА ДРЖАВАТА

0

Секое време се препознава по настаните што го одбележуваат неговиот календар, а за паметење ќе останат само ликовите на оние малкумина, кои дале свој придонес за општото добро на човештвото, направиле такви дела, со кои помогнале да се подобри животот и живеењето, на што поголем број луѓе. Со минување на времето, делата ќе преминат во историјата, а од хероите кои го одбележале, ќе остане само споменот за нивните (не) дела. Белег на нашето време, во кое сме принудени да живееме, е лицемерието и негрижата за луѓето. Воопшто не е тешко да се дојде до овие сознанија, а токму тоа и беше причината да го напишам овој текст.

          Неодамна на една странска телевизија, гледав една анкета. Имено, во еден многу голем, прометен супер-маркет во Америка, во одреден период од денот поминаа 1090 луѓе – може слободно да се каже, кремот на општеството. На неколку чекори од влезната врата, свиреше млад човек на виолина. Беше со среден раст, сразмерно граден, со виткана коса прекриена од парталавата капулјача што ја имаше на главата, со крупни, плачливи очи, со големи трепки и особено пријатни, милни, напрчени усни. Ги свиреше најубавите композиции од Моцарт, Бетовен, Бах … Никој од луѓето кои непрекинато влегуваа и излегуваа од продавницата, не застана да го погледне виолинистот, ниту да фрли некоја паричка во малата кутија, што беше поставена пред него. Виолината, на која што свиреше младиот човек беше многу скапа, изработена од светски познати мајстори. Симпатичното момче, облечено во стари, искинати алишта, крај вратата од големата продавница, со голема смиреност и трпение, што се гледаше од неговото лице, на секој нов такт се виткаше како славеј и свиреше композиција по композиција.

          Во еден момент, една стара, сиромашна женичка застана, потоа внимателно прииде сосема близу, а неговото свирење и причинуваше огромно задоволство.

БРАЧНА ЗАЕДНИЦА

Category : МУДРОСТИ 075 985772

0

- Бракот може да биде среќен под овој услов: и едниот и другиот брачен другар, мораат себе да си ја одредат како прва должност, оваа незаменлива одлука: сакам да го сакам и да го почитувам тоа срце, на кое сум дозволил да биде господар на моето. Силвио Пелико

- Бракот е хемиски спој во кој од два безопасни елементи, кога ќе се спојат, може да настане отров. Едуард Пајерон

- Бракот е книга, која со задоволство се чита во првото издание, ретко во второто, а кога ќе застари и ќе стане класична, тогаш губи секаква вредност. Б.Њушиќ

- Ако жена со доблести во брак стапи, тогаш многу мираз донела. Плаут

- Кој не е способен да биде деспот или да биде роб, не е створен за брак. Жан Ростан

- Бракот е како месо׃ него само смртта може да го раздели од коските. Ф. Ранево

БРАК!!!

Category : МУДРОСТИ 075 985772

0

- Најдобра жена се смета онаа, која би била способна да на своите деца им го замени таткото, кога ќе умре. Гете

- Има жени, кои внимаваат на тоа, што нивните мажи им говорат – единствено кога говорат во сон. Саша Гитри

- Го замислувам изневерениот маж како говори: “Тоа заради што сум очаен е помислата, дека тој господин знае, со што се задоволував. Гитри

- Постабилна е вонбрачна врска која се темели на љубов, отколку брачна, без љубов. Саша Гитри

- Бракот без деца исто така е бесмислен, како ограда во пустина. Хелге Крог

- Предноста на неоженетите е во тоа што не мора, кога ќе се најдат пред многу убава жена, да се лутат, што дома имаат грда. Пол Леаупауд

- Мила ќерко, однесувај се кон својот маж така, да се развесели кога при враќањето дома, ќе го здогледа кровот од куќата. Лутер

Не зараснува лесно парчосаното срце!

Category : КЛА 048-550716

0

Се враќав на работното место од разговор за подобро решение за вработување, а  мислите ми беа  топли и полни со надеж за поубава иднина на оние три малечки суштества, што при моето враќање дома ми ја греат душата со искрени прегратки,  и силна како што може да биде само љубовта на децата кон мајката. Слабото зимско сонце ми ги топлеше образите и ми создаваше чувство на пријатност и релаксираност. Ја завртев главата лево и десно пред да ја преминам улицата, а само на педесетина чекори од другата страна ме чекаше добропознатиот влез во кацеларијата, во која минувам една третина од своето време веќе 10 години и пријателските лица на долгогодишните колеги.

И, додека така лебдев залулкана во мекоста на со години стекнуваната  сигурност и ветувањата за подобра иднина, кои само што ми го подигнаа оптимизмот, одеднаш, на само два чекори од мене, се појави ТОЈ, човекот, со кој требаше да ја делам староста, кој требаше да биде заштита на моето семејство, таткото на моите деца.

И денес кога легнувам ноќе, само што ќе ги затворам очите, иако се обидувам да го потиснам во заборав, пред  погледот ми излегува неговиот изобличен лик, од очите му стрела омраза, каква што не верував дека на светов воопшто постои, а секој дел од неговото лице се стиснал во безграничен гнев, во кој се испреплело чувството на надмоќ на предатор, што веќе го заграбил пленот во челуста и се готви да се слади со неговата слабост.

ПИТОМИТЕ СЕ ПОДРЕДУВААТ КОН ДИВИТЕ

Category : АЛКОХОЛИЗАМ 075 985772

0

Вистината за проблемот од пиењето алкохол е многу полесно да се скрие на работното место, отколку внатре во семејството, така што семејните оштетувања кај алкохоличарот „се читаат„ побрзо од оние на работното место. Во првите години на својот проблем од пиењето алкохол, алкохоличарот на работното место, свесен дека има проблем со пиењето, функционира хиперкомпензирано. Алкохоличарот личниот проблем со пиењето повеќе од успешно го сокрива, а пие веднаш после завршената работа и работното време.

            Проблемите од пиењето најрано се воочуваат во семејното функционирање на алкохоличарот. После низа години проблемите од пиењето се воочуваат и на работното место и на крајот, во општественото функционирање на алкохоличарот.

            Сериозните здравствени компликации, од проблемите врзани за алкохолот, по правило се јавуваат најпосле, односно, здравственото и општественото пропаѓање на алкохоличарот, се случува во фазата на

ЕМОТИВНА ИСПОВЕСТ НА ЕДНА НАПАТЕНА ДУША ОД АЛКОХОЛОТ

Category : ИСПОВЕД 075 985772

0

Г-не Илија, со особено внимание и со солзи во очите, едвај успеав да ја дочитам Вашата исповед. Мојот починат сопруг, роден 54 година, си го уништи животот со алкохол. И покрај сите наши напори, бевме немоќни да го спасиме. Во алкохолниот пекол страдаше тој, а и ние исто така, макар што имаме три мирни, паметни, добро воспитани – прекрасни деца. Сепак, и покрај секојдневното пијанчење, сакаше на децата да им овозможи колку што е можно повеќе.

          Многу да не должам, КОГА ДОБИ ЦИРОЗА, строго му беше забрането да пие, не смееше ниту капка! Три месеци беа незаборавни за нашето семејство, уживавме во секој момент во мирот, што конечно се врати и во нашиот дом… се до моментот, кога отидовме кај … едни роднини на гости и, реши да се напие – само една чашка“. Вечерта беше само една, но со секој нов ден стануваа се повеќе и стигна до еден литар на ден!

БЛАГОДАРНОСТ ДО СИТЕ КОИ МИ ПОМОГНАА И КОИ СЕУШТЕ МИ ПОМАГААТ ВО МОЈАТА БОРБА СО АЛКОХОЛНОТО ЗЛО

Category : ИСПОВЕД 075 985772

0

Кога ќе видиме човек што греши, да се сетиме дека и ние сме грешни, кога ќе видиме страст во некого, да се сетиме дека и ние сме биле такви. На тој начин ќе чувствуваме блискост и сродност со секого на овој свет, ќе чувствуваме дека ќе бидеме многу посреќни ако помогнеме да бидат среќни и оние најпонижените, а тоа се алкохоличарите. Да се потрудиме и другите да ги научиме да владеат со своите страсти и нагони, кои, ако не се научат да слушаат – заповедуваат. Бидејќи, само оној кој некогаш бил паднат, може на друг да му пружи практичен пример – како повторно да стане. Потребно е оној кој еднаш се изгорел, да ги предупредува другите на опасноста од огнот.

            Во мојата борба со алкохолната болест, посебно сум и благодарен на мојата сопруга за нејзината несебична, безрезервна поддршка, благодарност затоа што имаше сила да ги издржи сите удари, сите мои грешки, глупости и пропусти во животот, затоа што успеа да го одржи семејството. Со паметен маж може среќно да живее и да управува и глупава жена. Но, да управува и да живее со будала каков што бев јас, може само многу паметна жена.

fukosantin epimedium african mango afrika mangosu epilamor ozoderm uzamax altin cilek lavixir ayak kokusu biber hapi super x power penis halkasi maurers