Posledni Napisi

СПАСОТ Е НА ДОФАТ НА РАКАТА % Но, тогаш Бог одлучи да смеша прсти во нашиот живот. Еден тмурен, пролетен ден, јас заминав во полето да работам,...

Read more

АЛКОХОЛОТ - НЕВИДЛИВ, НО СТРАШЕН... % Во почетокот немаше ништо необично, не гледав ништо лошо во тоа и воопшто не ми сметаше. Но, како времето поминуваше,...

Read more

ИСКУШЕНИЈАТА ДЕМНАТ ОД СИТЕ... Во Клубот на лекувани алкохоличари владееше необична атмосфера. Ништо не укажуваше дека на состанокот ќе се случи...

Read more

ОДНЕСУВАЊЕТО НА АЛКОХОЛИЧАРОТ... Закрепнатите луѓе од проблемите со пиењето, зависноста  од алкохол ја дефинираат како мултидимензионална и комплексна...

Read more

AKTIVNOSTI VO KLUBOT Вие, кој што сега посетувате Клуб на лекувани алкохоличари, вероватно сте разбрале дека сте влегле во големото...

Read more

ПИЕЊЕТО АЛКОХОЛ - ПРОБЛЕМ ВО... Вистината за проблемите, предизвикани од пиењето алкохол е многу полесно да се скрие на работното место, отколку...

Read more

КЛУБ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ Клубот на лекувани алкохоличари Ви е како да сте во еден рудник, и во него талкате, симни се најдолу, па кaчувај...

Read more

МУДРОСТИ - ЖЕНИ, ЖЕНИ - Постојат два вида жени׃ расеани – ќе ги изгубат двете ракавици; сталожени – ќе изгубат само една. Бернар - Пристојна...

Read more

МУДРОСТИ - ЖЕНСКИ КАРАКТЕР - Некои жени се како запалена цигара; ако не ја фатиш од вистинската страна, ќе се изгориш. Тухолски - Обично се...

Read more

ДА ПОГЛЕДНЕМЕ ВО ОГЛЕДАЛОТО... Кога ќе се угасни светлоста на твојот духовен живот, темна сенка на твоите телесни желби ќе падне на твојот пат....

Read more

  • Prev
  • Next

Twitter Updates...

  •  
fukosantin epimedium african mango afrika mangosu epilamor ozoderm uzamax altin cilek lavixir ayak kokusu biber hapi super x power penis halkasi maurers

МУДРОСТИ – БОЛЕСТ

Category : МУДРОСТИ 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

- Позади радоста и смеата може да се крие груб, лош и неосетлив човек, но позади болката секогаш стои само болка.     Вилд

- Човекот во несреќата поднесува само една болка – болката на другите.     Лериш

- Да сакаш да го избегнеш неизбежното, значи да ја зголемиш својата болка.      Чуан Це

- Кој пелин пиел, не знае што е сладост.

Кој никогаш не бил тажен, не знае што е радост.               Ј.Ј.Змај

- И невините болката ги тера да лажат.       Публиј Сир

- Ако те снајде каква било болка, застани мирно и прашај ја што сака од тебе.    Гибел

- Turpe spectaculum habet animus aeger. – Болната душа дава жалосна слика.     Сенека

- “Dolor est medicina doloris” – Болката е лек за болката.     Като

- Воздишката болката ја оддава, но не не ослободува од неа.     Публиј Сир

- Лошо се грижи за себе болниот, кој својот лекар го одредува за наследник.     П.Сир

- Во болеста, на лекарот му се ветува небески свод.     Латинска поговорка

- Една шугава овца, може да го зарази целото стадо.     Латинска поговорка

- Во телесната болка најмачно е тоа што е нетелесно, односно нашата нетрпеливост и нашето предубедување дека болката вечно ќе трае.     Жан Пол

- Колку малку фантазија имаме за болката што им ја нанесуваме на другите.     Ниче

- Само сродната болка ќе ни измами солза, а секако, секој плаче заради себе.     Хајне

- Луѓето што трпат болка, мислат дека никогаш доволно не сочувствуваме во нивната болка.     Алфред де Мисе

- Ние сме створени за болка. Солзите за срцето се тоа што е водата за рибите.   Флобер

- Болеста, како и љубовта, доаѓаат и си одат кога што сакаат.     Јасмина Пулјо

- Болеста е судбина на сиромасите, но и казна за богатите.     Иво Андриќ

- Болката што отклонува друга болка е како лек.     Публиј Сир

- Каде што боли, таму е и прстот.     Латинска поговорка

- Човечката душа самата се навредува ако дозволи да ја совладаат насладата или болеста.     Марко Аурелие

- Болката го поттикнува човекот да мисли; размислувањето го прави човекот помудар; мудроста го прави животот поднослив.     Патрик

- Од нова болка старата болка ќе помини.      Шекспир

- Изрази ја својата болка со зборови! Болката која не говори го загушува срцето додека не пукне.     Шекспир

- Големите болки бараат големи души. Само големите души трпат големи болки.     Божидар Кнежевиќ

- Расположен човек и со добра волја, болеста го одбегнува.     Лао Це

- Болеста не доаѓа наеднаш, како од ведро небо, туку тоа е последица на долга низа мали, незабележливи грешки против здравјето, кои се надоврзуваат една на друга и растат како грутка снег што се тркала, додека еден ден не падне на главата од грешникот.     Хипократ

- Болниот човек знае многу работи, за кои здравиот и не сонува.     Арне Гарборг

- Од стотина болести, педест се настанати по наша грешка, другите од незнаење.      Паоло Мантегаца

- Болката има своја снага која не поправа, таа не прави подобри, помолосрдни, таа не осветува и не уверува дека нашиот живот е должност, а не забава.     Чезаре Канти

- Болката за изгубените работи многу е поголема, отколку што тие навистина вредат.     Настасиевиќ                                                               

МУДРОСТИ – ШТЕДЕЊЕ

Category : МУДРОСТИ 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

- Се уште луѓето трошат пари кои не се нивни, за работи кои не им се потребни, да би ги восхитиле луѓето кои не ги трпат.     Кеј

- Расипникот е полош од скржавецот, бидејќи не го троши само своето, туку и туѓото.                                                                                                                 Дидро

- … никогаш не позајмувај пари на било кој, освен на оној на кој што не му се потребни.                                                                                                                      Неш

- Лихвар е човек кој на другите им позајмува пари под тешки услови, со гаранција за одземање стока, работилници, куќи. Обично работи дома, на улица или во кафеана. Кога ќе отвори работилница со чиновници, тогаш тоа се вика банка.     Ликок

- Општо банкарско старо правило за кредитот: “Над кредитот мораат да бдеат и оној што парите ги зема, и оној што му потпишува гаранција.”     Васиљевиќ

- Кавгите и меѓусебните обвинувања настануваат тогаш, кога тие што се еднакви не добиваат еднакво, или кога тие кои не се еднакви добиваат и уживаат еднакво. Аристотел

- Скржавиот ги чувствува истовремено сите грижи на богатите и сите страдања на сиромасите.     Гино

- Богатите, а скржави луѓе, личат на магариња кои носат скап товар, а се хранат со јачмен и овес.      Арапска поговорка

- На младост треба да штедиш, на старост да го користиш заштеденото. Латинска пог.

- Ниедна придобивка не е така сигурна како што е: да го штедиш тоа што го имаш.                                                                                                      Публиј Сир

- И во семејството, и во државата, штедењето е најдобар приход.     Цицерон

- Штедењето е вештина во избегнувањето на непотребните трошоци.     Сенека

- Судено ни е да умреме, па ајде да трошиме! Но, пред нас е долг живот, ајде да штедиме.     Грибоједов

- Ако сакаш да бидеш среќен, презирај го богатството кое го земаат лакомите, кои секогаш просат.     Като

- Тој што брзо стекнал богатство, набрзо ќе гладува ако со време не штеди.     Плаут

- Само сиромасите мислат повеќе на парите од богатите.     Херен

- Domina pecunia est. – Парите се господар на се.     Латинска поговорка

- Laudatur nummus guasi rex super omnia summus. – Парите ги фалат како да е најголем крал над се.     Латинска поговорка

- Ако парите не носат вистинска среќа, тогаш вратете ги.     Ренар

- Прва од сите потребни работи е: да не го трошиш тоа што го немаш.    Д’Азело

УСЛОВ ЗА ЛИЧНА СРЕЌА НА СИТЕ ЛУЃЕ

Category : КЛА 048-550716, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

Почитувани пријатели, сите вие кои сте собрале храброст и мудрост да побарате помош од терапевтите и членовите во Клубот на лекувани алкохоличари, би било интересно и корисно, да размислите и да се запрашате: Дали, ако многу порано знаевте за храмот на спасот, наречен КЛА, многу порано ќе побаравте помош за вашите најмили?

          Речиси сите луѓе што ги познавам се склони многу повеќе да веруваат во лагата, што од сите страни, украсена со најблескава пропаганда преку медиумите им се нуди, отколку да веруваат и да ја прифатат вистината. Таа непобитна вистина за последиците од алкохолната болест, што за жал, многу луѓе на своја кожа ја имаат почувствувано, без размислување ја отфрлаат и неа ја прогласуваат за лага. Јас тоа денес добро го знам, бидејќи и самиот триесет години живеев со тие страшни заблуди, и затоа се чудам како луѓето не можат тоа да го прифатат, едноставно, зошто некои луѓе треба да го испијат целото море, за да дојдат до заклучокот дека водата е солена.

          Од друга страна, можеби низ тој долг период ме водеше Божјата промисла: можеби Бог дозволи толку долго да се измачувам во алкохолниот пекол за вистински да ја осознаам силата на животинскиот човек што живееше во мене. Веројатно, да не го проживеев тој период, не ќе знаев како да му се спротивставам на животното кога алкохолот ќе го разбудеше во мене, а мојата душа во тие моменти не ќе можеше и не ќе знаеше како да му се спротивстави, и животинскиот човек можеби засекогаш ќе господареше со мене и моите доблести. Затоа, често си го поставувам прашањето: дали е несреќа кога од лажната среќа полудував, или, спротивно, е голема среќа што несреќата ме опамети и ми ги врати сите доблести, за кои мислев дека засекогаш ги имам загубено?

          Почитувани, секој човек среќата треба да ја бара во самиот себе, бидејќи таа таму и се наоѓа. Не барајте ја од другите, бидејќи никој ја нема отфазла за ви ја даде. Сепак, постојат добри луѓе, постојат луѓе кои во секое време се спремни да помогнат. За вас тоа се вашите терапевти, кои како Ангели се испратени од Бога, не да ви дадат среќа, се согласивме дека тоа е невозможно, туку да ви го покажат патот кон среќата. Секое дело на нивната доблест е слично на ѕвезда која се гаси; нејзината светлост сеуште е на патот од својот ѕвезден простор и – кога таа ќе го заврши својот пат? Така и светлоста на нивните дела и доблести сеуште е на тој пат, дури и кога делото целосно ќе биде исполнето. Па, нека еден ден делото биде заборавено и мртво, неговата светлост засекогаш ќе сјае. Нивните активности се насочени кон општо добро и среќа за сите луѓе, а тежнеењето да се служи на општото добро треба што повеќе да го разгласуваме, бидејќи тоа мора што побрзо да стане општествена потреба и услов за лична среќа на сите луѓе.  

НАЈУБАВА НАГРАДА

Category : АЛКОХОЛИЗАМ 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

- Среќата му нуди најубава награда на оној кој радосно работи, кој се радува на своето дело. Значи, треба да работиме така да нашите дела бидат од корист и благодат за што поголем број луѓе, да се однесуваме така што нашето однесување може да биде прифатено и да стане општ принцип на однесување. Ако човекот сака делата што ги прави да бидат добри, прво треба човекот што ги прави да биде добар и примерен, бидејќи од тоа каде нема ништо добро, не може никакво добро ни да се создаде.

          - За да биде навистина среќен, човекот мора да биде трпелив и толерантен, да се научи да простува на секого и во секое време, искрено да ги сака сите, без исклучок – и добрите и лошите, и пријателите и непријателите, искрено да сака непрекинато и непрекинато ќе биде среќен. Најголема од сите причини за несреќите, всадена во душата на поголем број луѓе е тоа што секој човек себе си, често без грижа на совеста, си простува за сите направени грешки, што е уште полошо, воопшто не се труди да се поправи, да се ослободи од своите глупости, кои со текот на времето стануваат составен дел од неговиот карактер и од неговото однесување.

          Запрашајте се: дали секогаш сте биле доволно трпеливи и толерантни?

          - Секој човек треба да се научи да биде среќен, да се радува со туѓата среќа подеднакво како со својата. Но, за да го постигне тоа, треба да ги исфрли зависта и злобата од своето срце. На пример: ние би можеле да бидеме среќни и со тоа што го имаме или сме го постигнале, но во душата постојано носиме мисла дека другите луѓе имаат повеќе и се посреќни од нас и, тоа не прави несреќни.

          - Исто така, за човек да биде непрекинато среќен, треба, иако е свесен дека не може тоа да го достигне, барем да се труди што повеќе да се приближи кон совршенството, да се обиде да пружи што повеќе љубов – да ги сака другите луѓе повеќе од што се сака себе си. Знам дека тоа е тешко, дури и невозможно, но кога би го сакале другиот повеќе од себе си, би биле крајно толерантни и никогаш на другиот не би му го направиле тоа, што не сакаме друг да ни го направи нам.

          Ова се само некои од условите кои можат да направат човекот да биде среќен или несреќен, во зависност дали ќе ги прифати и практикува или не. Реалноста и секојдневието покажуваат дека, на начинот како е организирана човековата заедница, невозможно е, барем од поголем број на луѓе, да се прифатат и спроведат во дело, односно дека ова е само чиста утопија. Сепак, бидејќи надежта последна умира, сметам дека ние, кои сме одлучиле да го победиме алкохолното зло – најголемото зло за целото човештво, дека имаме право да се надеваме дека еден ден, еден далечен ден луѓето сепак ќе сфатат дека ова масовно лудило – наречено алкохолизам, кое е најголемата причина за несреќите на луѓето, дека ќе го снема, дека генерациите што доаѓаат после нас ќе живеат ослободени од ова зло, ќе живеат потрезвено и поразумно, отколку што ние денес живееме.

ИГРА НА ПРИРОДАТА

Category : КЛА 048-550716, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

%

Атомите што се соединиле да ме обликуваат како алкохоличар, пружаат за душата непријатно соединување. Но, тоа е само невина игра на природата, бидејќи ни самите атоми не знаат точно што прават. Секако дека еден ден тие исто така рамнодушно ќе се разединат како што се соединиле, ќе се претворат во земја и прашина, но ќе останат како спомен само моите добри или лоши дела, како доказ за моето постоење.

Сепак, во овие нови околности, овој нов – втор живот што Господ Бог ми го подари да го живеам, ме потсетува за се и од мене бара искрено да ја признаам нискоста и свирепоста, што ми дадоа сила и можност мирно да живеам триесетина години, со такви гревови на душата.

После долго размислување, одлучив својата исповед да им ја прочитам на моите најмили, за тие да ми бидат првите критичари. Да бидам искрен, не очекував дека вистината може толку многу да боли, дека срцето може толку многу да крвари. После секоја реченица тивко воздивнував, а солзи на вина непрекинато течеа по моето лице. Очекував мојата исповед да ја примат со ужас, со одвратност, токму така како што заслужуваше, бидејќи мислев дека не ќе можат да сфатат: како може човек да признае толку големи гревови и – да остане жив?

Бев целосно изгубен, во потсвеста го молев Господ Бог да ја отвори земјата за да ме проголта, за што побрзо и полесно да се спасам од преголемиот срам и грижата на совеста. Но, земјата остана тврда, а јас со наведната глава, со солзи во очите, по којзнае којпат ги гледав сликите од мојата уништена младост.

Чувствував дека главата ми гори, а рацете ми беа толку малаксани, така што сигурно во тие мигови не ќе имав сила ни среќата да ја допрам, ако некој тогаш ми ја пружеше да ја дофатам. Голема болка ги притискаше моите гради, а срцето неконтролирано силно биеше како да секој момент ќе препукне.

Но, неочекувано почувствував големо олеснување, голема радост, радост каква што дотогаш немав доживеано, кога моите најмили со солзи радосници почнаа да ми искажуваат благодарност, затоа што собрав сили толку искрено и токму на овој начин да го искажам своето каење.

%

МУДРОСТИ – МИНАТО

Category : МУДРОСТИ 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

- Ни со нозете, ни со желбите не треба да се помине повеќе од што е возможно.  Епиктет

-Особина на мудрецот е да биде умерен и во тоа што на сите им е дозволено.   Јувенал

- На едно стебло гради само едно гнездо.   Теокрит

- Среќата сама од себе се руши кога ќе ги премине дозволените граници.   Цицерон

- Тебе, што ја фалиш “златната средина” да ми биде животен пат, одговарам: “Кој сака да биде млак меѓу ладно и топло, или да трепери меѓу животот и смртта, или да е пифтијаст – ни течен ни цврст.”   Гибран

- Јади колку што имаш, работи колку што можеш.   Народна поговорка.

- Брзината на времето е бескрајна, но уште побрза им изгледа на оние кои гледаат наназад.   Сенека

- Часот што поминал не може повеќе да се врати.   Овидие

- Пустите желби не ги враќаат поминатите денови.   Латинска поговорка

- “Добри стари времиња” – сите времиња, кога му припаѓаат на минатото се добри.   Бајрон

- Ништо што било вредно во минатото не заминува; ниедна вистина или добро кое човек го создал никогаш не умира, ниту може да умре.   “““

- На тоа што било лани и чавките се смеат.   Јапонска поговорка.

- Оние што не го паметат минатото, осудени се да го повторуваат.   Георг Сантајана

- На многумина би им се допаднал, да не си се трудел да им се допаднеш на сите.   Латинска поговорка

- Љубомората секогаш се раѓа со љубовта, но секогаш не умира со неа.   Шопенхауер

“СЕКОЈ ШТО Е БОЛЕН, СО САМОТО ТОА Е И ЖРТВА?”

Category : КЛА 048-550716, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

%

- Втора причина зошто некои луѓе сметаат дека алкохолизмот не е болест е тезата дека, секој што е болен, со самото тоа е и жртва. Луѓето имаат тенденција на болеста да гледаат како нешто што ги снашло, како на состојба над која тие немаат никаква контрола,  како  несреќен случај кој им го наметнала несреќната судбина, како проклетство во чие создавање тие не учествувале. Многу болести и навистина така изгледаат. Но, се чини за многу или дури за повеќето, тоа воопшто не важи. Дали детето кое ќе истрча на улица, иако многупати му е кажано тоа да не го прави, е жртва ако го удри кола? Или, човек кој ќе доживее сообраќајна несреќа, а возел далеку над дозволената брзина за да не закасни на состанок? Или, да го погледнеме огромниот список на психосоматски заболувања и болести предизвикани од стрес. Дали луѓето кои страдаат од главоболка, заради тоа што не ја сакаат нивната работа, се жртви? Жртви на што. На овој или на оној начин, сите овие луѓе и многу други се сопствени жртви. Нивните мотиви, промашувања и определувања во животот, длабоко и интимно се поврзани со создавањето на нивните повреди и заболувања. И, иако донекаде самите се одговорни за својата состојба, ние сепак ги сметаме за болни.

Уште еднаш, мислам дека науката стои на сигурно и цврсто тло, ако во напорите при дефинирањето на болната состојба го занемари поимот жртва и одговорност и, наместо тоа, цврсто да се држи до дефиницијата, по која болест е секој дефект во структурата на телото или личноста, која го спречува човекот да го исполни својот човечки потенцијал.

- Последен аргумент, против дефинирањето на алкохолизмот као болест е верувањето, што многу луѓе го имаат, дека алкохолната болест не може успешно да се лечи. Повод за ваквите тврдења веројатно гледаат во фактот што голем број од лекуваните алкохоличари, после долга апстиненција, повторно му се враќаат на алкохолот. Долгогодишната пракса во лекувањето на алкохолната болест покажа дека овие тврдења се потполно погрешни, бидејќи постојат многу лекови кои се покажале многу успешни. Точно е дека не постои лек од кој, само со негова примена, алкохоличарот ќе чуствува доживотна одбивност кон алкохолот.

Но, постои цела низа на пореметувања, од склероза мултиплес до малоумноста, за кои не постои ни лек, ниту начин на лечење, па сепак без размислување науката ги означува како болест. Можеби така се нарекуваат бидејќи луѓето се надеваат дека ќе се најде начин, дека ќе биде откриен лек со кој ќе бидат совладани. Но, зарем тоа не е случај и со алкохолната болест? Точно е дека луѓето моментално не располагаат со такви лекови кои ќе ги излечат сите алкохоличари на едноставен начин, точно е дека лекувањето на алкохолната болест е комплексно, во кое се вклучени пред се: алкохоличарот со неговата цврста волја за успех, семејсвтото на алкохоличарот со безрезервната поддршка, терапевтите и здравствените установи, и како најважен во лекувањето на алкохоличарот, мора да биде вклучен и Клуб на лекувани алкохоличари.

Треба да се нагласи дека авторитетот над алкохоличарите тешко се постигнува и до него се доаѓа со огромни напори, со големо знаење и искуство. Тие напори се можни само таму каде има љубов. Проблемите со алкохолната болест тешко се решаваат, пред се заради одбивањето на алкохоличарот да ги признае своите грешки, своите слабости. Погрешните ставови со алкохолната болест можат да се изменат само со доста голем труд и самооткажувања. Овој процес на менување на погрешните ставови мора да почне, или низ напорите на напрекинато самопроверување и самокритика, или  низ болното признавање дека, нешто што сме го сметале за исправно, целото тоа време, можеби било потполно погрешно. Во тој случај се раѓа состојба на конфузија. Таа состојба е доста незгодна – како алкохоличари повеќе не знаеме што е исправно, а што не е, или пак по кој пат треба  да одиме. Но исто така, тоа е состојба на отвореност и од самото тоа, состојба во која учиме и растеме. Иако против погрешните ставови доказите се очигледни и неоспорни, алкохоличарите секогаш успеваат да ги игнорираат. Ако не постапуваат така, ќе мораат да се стават во болна и тешка позиција на преиспитување на нивните ставови. Затоа, на алкохоличарите им е полесно да продолжат во ист правец, како ништо да не се случува, како се да е најнормално во нивниот живот.

%

ВИСТИНАТА НА ВИДЕЛИНА

Category : ИСПОВЕД 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

1

За да се дојде до вистината, таа не треба да се дели, а за да не се дели треба вистински да се сака, човек да се помирува и да го сака и тоа, со што во тој момент не е согласен. Сето тоа во што навистина веруваат вистинските апстиненти, едноставно мора да е вистина; таа може секој член на Клубот на лекувани алкохоличари различно да ја чувствува и изразува, но таа не може да биде лага; дури и ако таа вистина на некого му наликува на лага, тоа само значи дека тој добро не ја разбрал. За борба со алкохолната болест потребна е железна дисциплина, за која практичен пример можат да дадат добро извежбаните членови на Клубот на лекувани алкохоличари. Спознавајќи ја целината – клубот, колку што е тоа можно и, спознавајќи ја работата и задачата на клубот, го спознаваме и своето место во таа целина – клубот, се спознаваме себе си.

Благодарејќи на некоја возвишена љубов кон сите луѓе што се разбуди во мене, посебно кон моите браќа по алкохол, чудна сила што ја добив во Клубот на лекувани алкохоличари, ме тера да ги разберам овие луѓе и да видам дека тие личности, кои од разни причини тргнале или веќе се наоѓаат во алкохолниот пекол, кога не се дружат со алкохолот не се така лоши и глупави, како што многу луѓе мислат. Одлучив да живеам со тие и за тие луѓе, бидејќи ги сметам за поблиски и подобри од илјадници други, кои себе си се сметаат за многу – многу подобри. Убеден сум дека кога се дружам со колегите од клубот, како да се наоѓам во некој друг свет, каде сите маки и страдања се слатки како мед.

Чисто облечен човек внимателно ги заобиколува барите, но кога еднаш ќе се слизне и ќе ги извалка чевлите, тој веќе помалку се чува; а кога ќе види дека чевлите му се сосема извалкани со кал, тогаш веќе смело чекори по калта и се валка се повеќе и повеќе. Исто така, кога човек е млад, додека сеуште е чист од лошите и развратни дела, се чува и бега од се што е лошо; но штом еднаш, два пати ќе згреши, тој мисли: се чувал не се чувал сеедно е, па се впушта во сите пороци. Кој ќе згреши првпат, тој секогаш чувствува дека е виновен; кој многупати го повторува истиот грев, особено кога луѓето околу него се наоѓаат во истиот грев, тој запаѓа во соблазност и повеќе не го чувствува својот грев.

Луѓето не престануваат да се лажат и мачат себе си и другите. Луѓето не мислат дека е важна Божјата убавина, која е благодет на се живо, туку сметаат дека е важно и свето само тоа што го измислиле тие самите, за да можат непрекинато да се лажат и мачат меѓу себе. Дали животот од човекот ќе биде добар или лош, зависи исклучиво од неговите мисли. А со мислите може да се управува. Како што од лошо семе изникнува лош плод, така и од лошите мисли се раѓаат лоши дела. Како што земјоделецот го одбира вистинското семе, потоа го чисти од каколот, а најдоброто семе го чува и прочистува, така и разумниот човек постапува со своите мисли: ги отфрла од себе непотребните, лоши мисли, а ги задржува најдобрите, ги чува и прочистува. Значи, за човекот добро да живее, треба да работи на своите добри мисли и да не се покорува на лошите. Како што човек може да се воздржи од делата за кои мисли дека се лоши, така може да се воздржи и од мислите кои го привлекуваат, ако ги смета за лоши. Во тоа воздржување е вистинската снага на човекот, бидејќи сите дела се раѓаат во неговите мисли.

%

НОВ ЖИВОТ

Category : ИСПОВЕД 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

%

Во почетокот воопшто не бев свесен за големата преобразба на мерилата, за вредностите на животот, што се случуваше во мојата напатена душа, ниту пак имав објаснување за новата светлина што го осветлуваше мојот живот. Со помош на колегите од Клубот на лекувани алкохоличари, научив дека во животот на секој човек има нешто, што е многу повредно од секојдневно опивање и бесцелно скитање. Кога денес размислувам за сето тоа, едноставно се изненадувам пред сите тие благодети што ги открив. Се чудам како тоа до сега не сум можел да го забележам, како тоа можат да го забележат сите други, само не и јас. Советите и мудроста на нашиот терапевт, заедно со мојата волја и упорност помогнаа да се извлечам од дното на пеколот, реално да ги согледам сите мои грешки и слабости и да отворам беспоштедна борба со нив, до конечна победа над алкохолното зло, да сфатам дека јадењето, пиењето и облекувањето навистина се животни потреби, но дека во нив не се наоѓа смислата на животот, дека желбата не престанува со исполнување на желбата, туку секое ново исполнување ја поттикнува жедта за нови исполнувања, како што бензинот го разгорува огнот, да сфатам и прифатам дека крстот што го носам не е терет, туку моја животна должност.

Радоста живее длабоко во душата и нема значење дали се наоѓаме во бедна колиба или раскошна палата. За вистинска радост и среќа потребни се само неколку добри луѓе, кои секогаш прават топол дом – и без печка, кров и прозорци. И не недостатокот на љубов, туку недостатокот на добрина, толеранција и пријателство, неспособноста за градење на вистинско заедништво, ги создава несреќните бракови. А алкохоличарот не е ни добар, ни толерантен, ниту пријател, не поседува чувство на сомилост, уште помалку поседува чувство за заедништво – едноставно, додека се дружи со алкохолот, тој е изгубена личност во времето и просторот.

Со помош на Др.Методија Николоски – Мец, нашиот терапевт и членовите на клубот, сметам дека денес сум сосема нов човек, многу поразличен од оној, кој за жал, многу луѓе го знаат. Во текот на мојот триесетгодишен стаж како алкохоличар, доживеав неуспех во секој поглед, нанесов многу неправди, пред се на моите најблиски на кои им ја украдов среќата и радоста, им ја украдов слободата. Најжалосно е што во тој најнесреќен период од мојот живот го изгубив најдобриот дел од мојата личност, стигнав до дното, дното на пеколот. Никој во живото ми нема нанесено поголемо зло од алкохолот и затоа денес алкохолот го сметам за најголем непријател на сите луѓе, најголемо зло од кое се раѓаат речиси сите други зла, зло кое на човештвото му има нанесено многу поголема штета од војните, гладот и сите други болести заедно, зло против кое човештвото мора да се бори со сите сили.

Денес гледам колку сум бил себичен и неправеден кон нешто што отсекогаш ми било најмило, најскапо и најсвето во животот – кон мојата сопруга и моите деца. За вистински да им помогнам на моите најмили, требаше многу порано да дојдам до тој едноставен, природен заклучок дека, ако навистина им го мислам најдоброто, како кога го жалам заморениот коњ, тогаш прво што треба да направам, ако навистина го жалам е да слезам од коњот и да одам на своите нозе. Овој природен заклучок, кој целосно ги задоволува чувствата на моралот и човекољубието, недвосмислено им паѓа во очи на сите нормални луѓе, само не и на алкохоличарите, кои не го гледааат или не се трудат да го видат.

% 

ПОЧЕТОК СО ЛЕЧЕЊЕ

Category : ИСПОВЕД 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

%

Пропаѓањето на човекот, без оглед дали тоа е набрзина или полека, со години, тоа е цената што ја бара алкохолот. И, ниту еден негов пријател не може да побегне од плаќањето на тој свој долг.

Во тие моменти низ главата постојано се навраќав на стиховите од Волтер:

“Кад пропало све је,

и изгубљена свака нада,

живот постаје срамота,

и смрт је дужност тада.”

Последните стихови на Есењин, со кои тој се збогува со земниот живот, го параа моето срце:

“Збогум пријателе, збогум,

еве ти ја мојата рака,

на светот да живееш не е ништо ново,

но и да умреш исто така.”

Во тие моменти бев крајно вознемирен, така што слободно можам да кажам дека газев по танката линија на животот и смртта. Ако ѓаволот во тие моменти беше блиску до мене и да почнеше да ме охрабрува, веројатно мојата одлука да го изберам најкраткиот, истовремено и најглупавиот пат за спас од проблемите ќе се оствареше. Но, тогаш бев трезен, бев целосно разбуден од длабокиот сон. Колку повеќе размислував, се повеќе сфаќав дека немам желба да умрам, открив безброј причини поради кои треба да живеам. И колку повеќе причини пронаоѓав, толку повеќе верував дека животот и покрај се е убав и дека треба да се живее. Надвладеа разумот и отидов на лекар во нервното одделение.

Копга сум кај лекарите, да кажам дека и пред тоа посетив повеќемина, но ниту еден од нив не ги исполни моите очекувања и од ниту еден не бев задоволен. Сите работеа рутински, како по некоја матрица и ниту еден од нив не се обиде и не се потруди да влезе во длабината на мојата душа. Веројатно сите тие знаеја само да препорачуваат разноразни медикаменти, но никој од нив не го знаеше и затоа не се ни обиде да го примени чудотворното средство во лекувањето на алкохолната болест – убавиот збор. По краток разговор ми препишуваа некои лекови за смирување кои ниту ги барав, кои немаа никакво корисно дејство за поправање на мојата несреќна состојба, а убеден сум дека не ми беа ни потребни.

Пред дваесет и пет години, за време на отслужувањето на воениот рок, дваесетина дена бев на лекување во нерното одделение во воената болница во Скопје. При еден разговор со мене, лекарот, наместо да ми помогне со своите совети, остро, без никаква грижа на совеста, ми рече: “Наша должност е да те вратиме дома жив, а после тоа можеш да продолжиш да пиеш, а ако ти е по волја, можеш во секое време да си го одземеш животот.” Обратете внимание, овој совет не ми го дава кој било, туку невропсихијатар, човек во кој јас гледав единствен спас, човек во кој имав целосна доверба и во кој ја гледав единствената надеж за својата иднина.

Се надевав дека овојпат нема да доживеам ново разочарување, но се излагав. Докторот во нерното одделение, кој, иако без многу стручност оддалеку можеше да види во каква состојба се наоѓам, едноставно, во неколку минути ми препиша неколку инекции за освежување на организмот и како да брзаше што побрзо да се куртули од мене. Останаа залудни моите молби да ме задржи на лекување во болницата барем неколку денови, додека не си дојдам на себе. Рече дека има многу поважни случаи на кои треба да работи, а не да го губи времето со пијаница. Сигурно ќе му беше многу полесно да се качи на Месечината, отколку да проба да допре до длабината на моето срце, да се обиде да навлезе во проблемите кои толку долго ме измачуваа.

%

fukosantin epimedium african mango afrika mangosu epilamor ozoderm uzamax altin cilek lavixir ayak kokusu biber hapi super x power penis halkasi maurers