Posledni Napisi

СПАСОТ Е НА ДОФАТ НА РАКАТА % Но, тогаш Бог одлучи да смеша прсти во нашиот живот. Еден тмурен, пролетен ден, јас заминав во полето да работам,...

Read more

АЛКОХОЛОТ - НЕВИДЛИВ, НО СТРАШЕН... % Во почетокот немаше ништо необично, не гледав ништо лошо во тоа и воопшто не ми сметаше. Но, како времето поминуваше,...

Read more

ИСКУШЕНИЈАТА ДЕМНАТ ОД СИТЕ... Во Клубот на лекувани алкохоличари владееше необична атмосфера. Ништо не укажуваше дека на состанокот ќе се случи...

Read more

ОДНЕСУВАЊЕТО НА АЛКОХОЛИЧАРОТ... Закрепнатите луѓе од проблемите со пиењето, зависноста  од алкохол ја дефинираат како мултидимензионална и комплексна...

Read more

AKTIVNOSTI VO KLUBOT Вие, кој што сега посетувате Клуб на лекувани алкохоличари, вероватно сте разбрале дека сте влегле во големото...

Read more

ПИЕЊЕТО АЛКОХОЛ - ПРОБЛЕМ ВО... Вистината за проблемите, предизвикани од пиењето алкохол е многу полесно да се скрие на работното место, отколку...

Read more

КЛУБ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ Клубот на лекувани алкохоличари Ви е како да сте во еден рудник, и во него талкате, симни се најдолу, па кaчувај...

Read more

МУДРОСТИ - ЖЕНИ, ЖЕНИ - Постојат два вида жени׃ расеани – ќе ги изгубат двете ракавици; сталожени – ќе изгубат само една. Бернар - Пристојна...

Read more

МУДРОСТИ - ЖЕНСКИ КАРАКТЕР - Некои жени се како запалена цигара; ако не ја фатиш од вистинската страна, ќе се изгориш. Тухолски - Обично се...

Read more

ДА ПОГЛЕДНЕМЕ ВО ОГЛЕДАЛОТО... Кога ќе се угасни светлоста на твојот духовен живот, темна сенка на твоите телесни желби ќе падне на твојот пат....

Read more

  • Prev
  • Next

Twitter Updates...

  •  
fukosantin epimedium african mango afrika mangosu epilamor ozoderm uzamax altin cilek lavixir ayak kokusu biber hapi super x power penis halkasi maurers

ВИСТИНСКА ОДЛУКА

Category : ИСПОВЕД 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

%

За моја голема среќа, неодговорноста на докторот од нервното одделение, неговата нестручност и ноншалантност, ја поправи мојот матичен лекар Др.Добрица Тинтоска Димеска која, кога ги пишуваше рецептите, забележа дека сум крајно вознемирен. Ми предложи да ми даде десет дена боледување, но со услов да почнам да го посетувам Клубот на лекувани алкохоличари во Тутунскиот комбинат во Прилеп. Боледувањето навистина ми беше потребно, но нејзиниот предлог влијаеше чудно на мене. Истото да ми го предложеше само еден ден порано, ќе се чувствував многу навреден, бурно ќе реагирав и на сите можни начини ќе се трудев да докажам дека не сум алкохоличар. Вистината е дека себе си не се сметав за пијаница, туку дека сум само голем љубител на алкохолот и дека со пиењето можам да престанам кога што ќе посакам. Како што и денес повеќето луѓе имаат, и јас тогаш имав оформено погрешно мислење дека Клуб на лекувани алкохоличари треба да посетуваат тотални пијаници, односно, изгубени случаи.

Но, Др.Добрица е одличен лекар и пред се, прекрасен човек. Трпеливо и внимателно сочека да види како ќе реагирам на нејзиниот предлог, каков став ќе заземам и, кога виде дека се колебам, тивко ми рече: “Илија, твојата и судбините на твоите најмили се во твои раце. Животот е пред тебе, тој е твој и само твој, со него можеш да правиш што сакаш. Јас само сакам да ти помогнам да не погрешиш, да го избереш најдоброто. Во овој момент имаш вистинска можност и шанса да го промениш својот живот на подобро. Со тоа што одлучи да побараш стручен совет од лекар, го направи првиот вистински чекор за излез од алкохолниот пекол. Но, од моето долгогодишно искуство знам дека сам не ќе можеш да успееш да совладаш така силен противник како што е алкохолот и затоа, сметам дека за тебе најдобро е да почнеш да посетуваш Клуб на лекувани алкохоличари. Знам дека си доволно интелигентен за и самиот да можеш да видиш дека во тоа нема ништо лошо и срамно. Сигурна сум дека само после неколку посети, откако ќе ги осознаеш активностите на членовите кои го посетуваат клубот, ќе ги промениш твоите ставови, ќе ти се допадне и ќе ја прифатиш новата средина.”

Убеден сум дека овој, на прв поглед, обичен разговор, целосно го измени мојот живот. За првпат во мојот живот некој ме потсети дека имам избор, дека треба да се обидам да го изберам и прифатам најдоброто, бидејќи судбините на моите најмили се во мои, само во мои раце, за првпат некој ме потсети, без притоа да ми држи лекции како на мало дете, да ме омаловажува и навредува, дека сум одговорен за среќата и радоста, одговорен за иднината на моите прекрасни дечиња.

Дали можеби не е најдостојно дело, па дури и цел на човековиот живот – совладување, прочистување и воздигнување на сопствениот карактер? Таквите активности мора да започнат од денот кога стануваме свесни за самите себе и од тогаш тоа да трае до смртта. Ако чувствуваш болка во телото, знаеш дека нешто не е во ред: или го правиш тоа што не би требало да го правиш, или не го правиш тоа што би требало да го правиш. Ако чувствуваш немир, растроеност, изгубеност во времето и просторот, знај дека нешто не е како што треба – или го сакаш тоа што не треба да го сакаш, или не го сакаш тоа што треба да го го сакаш.

Нашата судбина не ја обликува тоа што го доживуваме, туку како го чувствуваме тоа што го доживуваме. А јас, можеби потсвесно, чувствував дека тоа ми е последна шанса и, иако изгледаше како некоја уцена, мене ми беше сеедно и јас, иако немав никаква представа какво влијание ќе има Клубот на лекувани алкохоличари во моето лекување од алкохолната болест и во мојот живот воопшто, едноставно прифатив, но со голема резерва и затоа лесно можеше да се забележи дека ќе појдам во клубот како теле во кланица.

%

ИСПОВЕД – ВОВЕД

Category : ИСПОВЕД 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

Почитувани пријатели, сите Вие кои ќе ја отворите оваа страна. Во наредниот период ќе Ви презентирам дел од мојата прва книга “Исповед на еден алкохоличар”, со цел поблиску да се запознаете со мојот животен пат, пред се да се запознаете со уништувачката моќ на алкохолот и со непобитната вистина, дека спас од пеколниот алкохолен лавиринт постои. Се надевам дека луѓето што ќе прочитаат, ако ништо друго, подобро ќе се размислат за својата судбина, за судбината на своите најблиски роднини и пријатели, ќе ги научат методите за пристап и помош на заболените од алкохолната болест. Немојте да мислите дека сум толку наивен, бидејќи, исто како и Вие, добро знам дека овие редови најмалку ќе ги читаат алкохоличарите, токму оние на кои тие им се најкорисни. Мојата намера е, во оваа тешка битка против најголемиот непријател на целото човештво – алкохолот, да се обидам да привлечам што повеќе разумни луѓе да се вклучат кон најголемата армија на светот, да им се приклучат на борците против страшните последици од алкохолизмот. Свесен сум дека во овој момент и во вакви околности, не можеме премногу да постигнеме, но ајде, сите заедно, да ставиме по едно камче како патоказ, да го трасираме патот за борба со алкохолизмот, за полесно да одат по него идните генерации. А можеби, со вложениот труд, ќе успееме да спасиме барем еден човек од алкохолниот пекол. Мирот и среќата што ќе ги вратиме во неговиот дом, среќната насмевка на лицата од дотогаш неговите несреќни дечиња, ќе биде најголема награда за вложениот труд – и за Вас и за мене.

Со благодарност ги очекувам Вашите коментари за впечатоците, кои на Вас ќе ги остави мојата исповед, односно, како Вие гледате на мојата искрена намера да им помагам на луѓето во борбата со алкохолното зло. Коментарите, какви и да бидат, многу ќе ми помогнат да ги збогатам моите сознанија од оваа област. Да Ви напоменам дека ќе Ви биде од голема корист ако ги читате и другите текстови кои се обајавени на оваа страна, а секако дека многу ќе Ви помогне ако ја прочитате и мојата книга “Како да се победи Кралот Алкохол.” Се разбира, оваа страна препорачувајте им ја на вашите роднини и пријатели, за и тие да се запознаат со уништувачката моќ на најголемото зло за целото човештво – алкохолот, за да можат да си помогнат себе си и на луѓето околу нив, кои од разни причини стигнале во алкохолниот пекол.  

Тешко е да се пишува за својот живот, посебно е тешко за својот живот да пишува лекуван алкохоличар, бидејќи постои реална опасност да не биде правилно разбран, да биде исмеан од својата околина и во иднина да се срами од тоа што ќе го напише. Тешка задача е да се претворат чувствата и сеќавањата во текст, напишан или изговорен, кој, кај оној што го чита или слуша да предизвика исти такви чувства и визии.

Кога еден алкохоличар, завлезен во алкохолниот пекол уште од детството, ќе земе да го раскажува својот животен пат, својот пат кон пеколот, почнувајќи од времето кога првпат се опил до бесвест, па со ред и сите свои злодела што им ги нанесол на своите најмили во текот на триесет години, постои голема тешкотија сето тоа да го прикаже така, да не биде повод само за критика од читателите, туку да има и советодавна улога. При пишувањето на мојата искрена исповед се држев само до едно правило: во ниеден нејзин дел нема ниту една лоша работа, ниту една лоша постапка, а нејзиниот резултат, во почетокот или на крајот, да не биде прикажана како бедна, во најцрна светлина, а притоа веднаш да не биде осудена.

Некои од моите пријатели ме советуваа да не го правам тоа, дека претерувам со мојата искреност, дека е срамота за мене, посебно е срамота и грев кон моите деца: “Зошто не си избрал поубава тема за пишување? Знаеме дека има многу одвратни работи во животот на човекот, но тоа не е причина токму ти да…” Како со своите погледи да ми говореа: “Ние од почит кон тебе ја заташкуваме твојата глупост, а ти упорно продолжуваш со тоа!?” Смешно ми е нивното размислување дека знаат. Ех, кога вистински би знаеле! Се чудам како можат да стигнат дотаму да не видат, да не слушнат и да не го разберат со срцето сето тоа што е толку јасно, очигледно и неоспорно? Треба само за момент да се замислат, па ќе ги фати ужас пред таа страшна противречност помеѓу нивниот живот и тоа што го декларираат тие, таканаречени хумани, напредни луѓе.

Луѓето грешат кога прават градација на алкохоличарите на големи и поголеми пијаници. Крадењето од богатиот изгледа како помалку лошо дело отколку крадењето од сиромавиот, но и едното и другото е кражба. Тие се склони за своето завлегување во алкохолизмот да наоѓаат безброј оправдувања, посебно во некои одредени околности, но останува голата вистина дека тие сепак се само алкохоличари и ништо друго.

И самиот факт дека бев алкохоличар за моите роднини и пријатели е премногу голем срам, но тоа што јас без срам го раскажувам пред целиот свет – е тоа, се разбира, ја преминува секоја мерка. Не е нивна вина што не можат да ме разберат – родени се и живееле во друг свет, каде нивните родители знаеле да ги заштитат од алкохолниот пекол, знаеле да ја заштитат нивната детска невиност. Но, јас познавам поинаков живот, полн со расипаност и поинаква убавина. Во визија преполна со поединости го гледам алкохолниот пекол, гледам море полно со зла и одвратности кои добро ги знам и низ кои поминав вдолж и попречно. Затоа и не им се лутам што не го разбираат мотивот за мојата исповед. За првпат пред луѓето се прикажувам таков каков вистински сум бил во минатото и каков што сум денес. Затоа, и покрај целиот ризик, се обидувам на луѓето да им кажам се што знам за алкохолот и неговата уништувачка моќ.

Дали може да се родат веќе воспитани и среќни деца? Да, може да се родат веќе воспитани деца, а единствен услов за тоа е и родителите да им се добро воспитани.

Почитувани родители, треба да знаете дека добриот пример секогаш е поефикасен од најдобрата наредба. Со трпеливост и добро однесување во секојдневниот живот, ќе успеете своите добри навики и доблести да ги пренесете во карактерот од детето. А за вашите деца да бидат среќни, треба да им пружите безрезервна поддршка, љубов и внимание, да вложите огромен труд додека детето се издига и спушта, да помогнете на крајот детето да стане човек. Должни сте вашите деца постојано да ги чувате и држите подалеку од лоши луѓе, од луѓе склони кон лажење, од луѓе склони кон алкохол и пијанчење, бидејќи секогаш по нешто од нивниот лошотилок и нивните животински навики, ќе останат во срцето на вашето дете.

Сета онаа чиста, блескава младост што моите пријатели ја доживеале, мене ми беше одземена, затоа што многу рано дојдов во зависност од алкохолот. Денес, кога ги пишувам овие редови, ми останува само да се надевам дека ќе дојдат многу подобри времиња, кога производството и употребата на алкохолот ќе се стават во строги законски рамки, а со тоа ќе се создадат подобри услови кои ќе помогнат да се заштитат сегашните и идните генерации од ова масовно лудило, наречено алкохолизам, колку што тоа е можно, да се заштитат луѓето, особено младите луѓе од ова најстрашно зло за целото човештво. Убеден сум дека тогаш Клубовите на лекувани алкохоличари (КЛА) ќе бидат многу попримамливи, подобри, покорисни места за собирање и дружење, места во кои ќе доаѓаат луѓето што сега одат во кафеаните, за да се најдат себе си и еден со друг. Ќе бидам многу среќен ако успеам моето животно искуство, кај оној што ќе ја прочита или слушне мојата исповед да предизвика визија, во која со свои очи ќе го види пеколот низ кој поминал еден алкохоличар, искуство кое ќе им помогне на многу луѓе, посебно на младите, да не ги направат истите грешки.

%

АЛКОХОЛОТ ОСТАВА ДЛАБОКИ РАНИ ВО СРЦЕТО

Category : АЛКОХОЛИЗАМ 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

Детето е половина мајмун, половина ангел. Колку треба да се издигнува и колку да се спушта, додека да стане човек?     Јозеф Еотвос

Дали знаете кој е најсигурен начин, со кој можете да го турнете своето дете во несреќа? Дозволете му да направи се што ќе посака.     Русо

Пред неколку денови, на покана од терапевтот г-ѓа Милка Темелкоска, присуствував на состанокот во Женскиот клуб за поддршка на апстинентите - ”Викторија.” Немам зборови со кои ќе ја опишам прекрасната атмосфера која лебдеше во просторијата, од почетокот до крајот на состанокот. На секој лик од присутните, десетина жени, можеше да се забележи задоволство и среќа, слична на среќата од човекот, кој го пронашол скриеното богатство, што толку долго го барал. Терапевтот многу вешто, без воопшто да се наметнува, ги остави присутните да ги искажат своите маки, да се посоветуваат една со друга и да си понудат помош. Со внимание ги слушаше овие напатени жени, кои отворено даваа до знаење дека одамна не ја почувствувале радоста и среќата, дека ако ништо друго, со посетата на Клубот, во нивните срца повторно се родила и живее мислата дека излез од алкохолниот пекол сепак постои. При крајот на состанокот, терапевтот рече:

- Ве молам за малку внимание. Ќе ви раскажам една приказна која многу пластично ги прикажува раните во срцето, нанесени од алкохолот. Се надевам дека ќе ви се допадне.

МНОГУ ОДАМНА ЖИВЕЕШЕ ЕДНО ДЕТЕ, СО ЛОШ КАРАКТЕР. НЕГОВИОТ ТАТКО МУ ДАДЕ ЕДНА КЕСА ПОЛНА СО КЛИНЦИ И МУ РЕЧЕ: “СЕКОГАШ КОГА ЌЕ ЈА ИЗГУБИШ КОНТРОЛАТА ВРЗ СЕБЕ, ДА ЗАКОВАШ ПО ЕДЕН КЛИНЕЦ ВО ОГРАДАТА.”

ПРВИОТ ДЕН ДЕТЕТО ЗАКОВА 37 КЛИНЦИ ВО ОГРАДАТА. ВО ТЕКОТ НА НАРЕДНИТЕ МЕСЕЦИ СЕ НАУЧИ ДА ГО КОНТРОЛИРА СВОЈОТ БЕС И БРОЈОТ НА ЗАКОВАНИ КЛИНЦИ СЕ СМАЛУВАШЕ. ОТКРИ ДЕКА ПОЛЕСНО Е ДА ГО КОНТРОЛИРА СВОЈОТ КАРАКТЕР, ОТКОЛКУ ДА КОВА КЛИНЦИ ВО ОГРАДАТА.

И ТАКА, ДОЈДЕ ДЕНОТ КОГА НИТУ ЕДНАШ НЕ БЕСНЕЕШЕ. ТОЈ МУ ГО КАЖА ТОА НА СВОЈОТ ТАТКО, А ПАК ТАТКОТО МУ РЕЧЕ: “ОД ДЕНЕС СЕКОГАШ КОГА ЌЕ УСПЕЕШ ДА ГО КОНТРОЛИРАШ СВОЈОТ КАРАКТЕР, ЌЕ ВАДИШ ПО ЕДЕН КЛИНЕЦ ОД ОГРАДАТА.”

ДЕНОВИТЕ ПОМИНУВАА, А ДЕТЕТО ГИ ВАДЕШЕ КЛИНЦИТЕ МЕНУВАЈЌИ ГО СВОЈОТ КАРАКТЕР И ЕДЕН ДЕН МУ КАЖА НА СВОЈОТ ТАТКО ДЕКА ГИ ИЗВАДИ СИТЕ КЛИНЦИ ОД ОГРАДАТА. ТОГАШ НЕГОВИОТ ТАТКО ГО ЗЕДЕ ЗА РАКА И ГО ОДВЕДЕ ДО ОГРАДАТА И МУ РЕЧЕ НА СИНОТ: “СИНКО, УБАВО СЕТО ОВА СИ ГО НАПРАВИЛ, НО ПОГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ ТИЕ ДУПКИ ШТО СЕ НАПРАВЕНИ ОД КЛИНЦИТЕ ВО ОГРАДАТА. ОГРАДАТА НИКОГАШ НЕМА ДА БИДЕ ИСТА. КОГА ВО БЕС ЌЕ ГИ КАЖЕШ НЕКОИ РАБОТИ, ТИЕ ОСТАВААТ ТРАГИ ВО ДУШАТА И СРЦЕТО, ИСТО КАКО ШТО СЕ И ОВИЕ ДУПКИ ВО ОГРАДАТА. АКО ЧОВЕК ГО ПРОБОДЕШ СО НОЖ И АКО ГО ПОВЛЕЧЕШ ИСТИОТ, ПОТОА НЕ Е БИТНО КОЛКУ ПАТИ ЌЕ КАЖЕШ ДЕКА ТИ Е ЖАЛ. РАНИТЕ ОСТАНУВААТ. ВЕРБАЛНАТА РАНА Е ИСТО ТОЛКУ БОЛНА, КОЛКУ И ФИЗИЧКАТА.”

ПРИЈАТЕЛИТЕ СЕ РЕТКА ДРАГОЦЕНОСТ И ГОЛЕМО БОГАТСТВО. ТИЕ ПРАВАТ ДА СЕ СМЕЕШ, ТЕ ОХРАБРУВААТ ДА УСПЕЕШ ВО НЕШТО, ТИЕ СЕ СПРЕМНИ ДА ТЕ СЛУШААТ, ДА ЈА ПОДЕЛАТ ТВОЈАТА БОЛКА, ИМААТ УБАВИ ЗБОРОВИ ЗА ТЕБЕ И СЕКОГАШ ИМ Е СРЦЕТО ОТВОРЕНО ЗА ТЕБЕ. ПОКАЖЕТЕ ИМ НА СВОИТЕ ПРИЈАТЕЛИ КОЛКУ ВИ Е ВАЖНО НИВНОТО ПРИСУСТВО ВО ВАШИОТ ЖИВОТ.

ЖИВОТОТ НЕ Е БЛОК ЗА ЦРТАЊЕ. ГРЕШКИТЕ НЕ СЕ НАЦРТАНИ СО МОЛИВ ЗА КОИ МОЖЕ ДА СЕ УПОТРЕБИ ГУМА ЗА БРИШЕЊЕ, ЗА ДА ГИ СНЕМА, КАКО НИКОГАШ ДА НЕ ПОСТОЕЛЕ. ТИЕ СЕКОГАШ ЌЕ ЖИВЕАТ ВО СРЦЕТО НА СЕКОЈ ИСКРЕН АПСТИНЕНТ И КАКО БОЛНИ РАНИ ЌЕ ПЕЧАТ И ДО КРАЈОТ НА ЖИВОТОТ ЌЕ ГО ПОТСЕТУВААТ НА МИНАТОТО. СЕКОЈ АПСТИНЕНТ СЕКОЈДНЕВНО СЕ ПОТСЕТУВА НА ДЕНОВИТЕ И НОЌИТЕ, КОИ ТРЧАЈЌИ ГО ВОДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО ВО ПРОПАСТ. СЕ ПОТСЕТУВА НА ТОА САМО ЗАТОА ШТО ТОА ЗА НЕГО Е ЕДИНСТВЕНА ВИСТИНА – СЕ ДРУГО Е ЛАГА. СОБЕРЕТЕ СИЛИ И ПОМОГНЕТЕ ИМ НА ВАШИТЕ СОПРУЗИ. ПОКАЖЕТЕ ИМ КОЛКУ СТЕ СРЕЌНИ ОТКАКО СТАНАЛЕ АПСТИНЕНТИ. ТОА ЌЕ ИМ ЈА ЗГОЛЕМИ САМОДОВЕРБАТА ВО НИВНИТЕ ВРЕДНОСТИ И СИГУРНО ВО ИДНИНА ЌЕ СЕ ТРУДАТ ДА БИДАТ УШТЕ ПОДОБРИ, ЌЕ СЕ ТРУДАТ ДА ВИ ГИ НАДОКНАДАТ СРЕЌАТА, РАДОСТА И СЛОБОДАТА, ШТО ПОРАДИ ЗАСЛЕПЕНОСТА ОД АЛКОХОЛОТ ВИ ГИ ОДЗЕЛЕ.

Чекорев полека, со наведната глава додека се враќав кон домот. Неколкуте кратки приказни што ги кажа г-ѓа Милка, непрекинато се во мојата глава. Срам ми е да признаам, дека по цели седум години редовно посетување на Клубот, осознав дека имало уште толку многу работи, кои можат да ја разбрануваат мојата душа. Со мојата одлука да почнам да го посетувам Клубот на лекувани алкохоличари управуваше провидението. Ме водеше Божјата рака и јас од дното на душата сум и благодарен. Чувствувам дека во клубот станав многу подобар, што можеби и не е многу, бидејќи бев многу лош. Но, сега сум цврсто убеден дека се што овде се случува е само добро, затоа што да сретнеш така прекрасен човек кој со сето срце и душа се труди, умее и сака да помогне, тоа мора да е Божја волја. Убеден сум дека мудроста на нашиот терапевт ќе ми даде уште поголема сила да успеам да го поднесам заморот, да не ги чувствувам напорите да им помагам на другите како терет, да ги поднесувам со радост, мислејќи само на среќата која ме очекува од направеното добро дело.

Со љубов во Бога

ЉУБОВ И ЧОВЕКОЉУБИЕ

Category : КЛА 048-550716, ЛЕКУВАЊЕ 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

Никој не може да знае се, а срамотно и штетно е да се претвараш дека го знаеш и тоа што не го знаеш.       Толстој

Tempora mutantur et nos mutamur in illis – Времињата се менуваат и ние се менуваме во нив.       Латинска поговорка

Биди му и ученик и слуга на секој паметен човек, што ќе го сретнеш.      Хазрит-Али

Денес навистина се чувствувам како голем победник над алкохолот – најголемиот непријател на сите луѓе, но тоа ни оддалеку не ми носи вистинска среќа. Никако не можам да бидам среќен, кога секојдневно околу мене ги гледам страдањата на многу алкохоличари, посебно страдањата на нивните семејства, на кои треба и мора да им се помогне. И затоа, тоа што јас го пишувам во моите книги и написи е само мое видување на животот со и без алкохол, само ги препорачувам моите искуства за помагање на луѓето кои имаат каков било проблем предизвикан од алкохолот и.., ништо повеќе од тоа. Целосно се согласувам со мислењето дека терапевт во Клуб на лекувани алкохоличари, може да биде само стручно лице од медицината, социологијата или психологијата. Сите оние, кои ми префрлаат дека преку моите активности или преку моите текстови се мешам во терапевтските работи, нека се преслушаат уште еднаш и ќе видат дека никаде нема да најдат дел каде се мешам во терапевтските работи, особено не се мешам во делот на медицината. Со внимание проследете ја приказнава и се надевам дека некои работи ќе ви бидат појасни.

Во некоја голема ливада израснал пиреј. И, за да го отстранат, сопствениците на ливадата го коселе, а пирејот растел уште повеќе. Се случило да чесен и разумен човек го посети еден од сопствениците на ливадата и, помеѓу останатите совети кои му ги дал, рекол дека пирејот не треба да се коси, бидејќи од тоа тој уште повеќе расте, туку дека треба да се корне.

Но, сопствениците на ливадата, заради својата возгордеаност и погрешните сознанија кои со текот на времето ги стекнале, не го послушале советот и воопшто не размислувале за него, како никогаш и да не им бил даден. И, макар што во наредните години имало луѓе кои им спомнувале на сопствениците од ливадата за советот од разумниот домаќин, на нив никој не обраќал внимание и постапувале како и порано, така што косењето на пирејот, штом ќе се појавел, станал не само обичај, туку свето предание, а ливадата се повеќе била обрасната од пиреј. И работата дошла дотаму што на ливадата останал само пирејот. Луѓето се секирале поради тоа и секој од нив смислувал како тоа да се спречи, но не го правеле само тоа што, многу одамна, им го предложил чесниот домаќин. Се случило да еден човек, кој ја гледал таа жалосна состојба во која се наоѓала ливадата и кој се сетил на заборавениот совет, да не се коси пирејот, туку да се корне – се случило да тој човек ги предупреди сопствениците на ливадата дека неразумно постапиле и дека на таа неразумност ги предупредил разумниот домаќин.

И, што се случило? Наместо да проверат дали предупредувањето на тој човек е оправдано и, доколку е оправдано да престанат да го косат пирејот, или, ако е неоправдано, да докажат дека неговото тврдење не е точно и до тие совети поради тоа не мораат да се придржуваат, сопствениците на ливадата не го направиле ни едното ни другото, туку се нашле навредени заради предупредувањето на тој човек и почнале да го навредуваат. Го нарекувале безумен и возгордеан човек кој вообразил дека единствено тој го разбрал советот од чесниот домаќин, го нарекувале злобник кој сака пирејот уште повеќе да се рашири и луѓето да останат без ливада. “Тој вели дека не треба да го косиме пирејот, а ако не го уништуваме пирејот – зборувале тие, свесно премолчувајќи дека човекот не велел дека не треба да се уништи пирејот, туку дека не треба да се коси, ами да се корне – пирејот уште повеќе ќе порасне и целосно ќе ја упропасти нашата ливада. И зошто ни е дадена ливадата, ако на неа треба да одгледуваме пиреј?” И, мислењето дека тој човек е лажливец и безумник или дека има намера да им напакости на луѓето толку се прифатило, така што сите го напаѓале и исмевале. И колку тој човек да објаснувал дека има најдобри намери, другите воопшто не сакале да го слушаат, затоа што еднаш засекогаш било заклучено дека тој е безумен и возгордеан човек, кој погрешно ги тумачи зборовите на разумниот, чесен домаќин.

Оваа приказна ја раскажав за што попластично да ја прикажам положбата на сите оние кои укажуваат на одредбите од Евангелското учење, дека сите луѓе се браќа и на секого треба да му се помогне, дека сите луѓе, бидејќи се исти пред Бога, заслужуваат парче среќа на овој свет, дека единствено љубовта и човекољубието се најсилното оружје против алкохолното зло, дека на сите алкохоличари, кои го бараат спасот во Клубот на лекувани алкохоличари, тоа им е најпотребно. Но, дали затоа што луѓето, особено луѓето кои имаат големо искуство во борбата со алкохолната болест, не обраќаат внимание на моите укажувања, или затоа што јас не умеам доволно јасно тоа да го искажам, за да ме разберат, или затоа што им изгледа премногу тешко да се исполнат моите укажувања, како и да е – како времето поминува, на моите укажувања се помалку и помалку им се придава внимание и, на крајот дојде дотаму што тие целосно се отфрлени, а доказ за тоа се и забелешките во нивите коментари.

Светото Писмо не учи дека животот е љубов и бидејќи е љубов, тој е радост, среќа. Навистина, се што е потребно, единствено потребно е – да сакаш, да умееш да се навикнеш да сакаш, сите, секогаш, да се одвикнеш да кого било не го сакаш – во четири очи и позади грбот. Оваа Света Вистина длабоко е навлезена во моите мисли и затоа со сите сили се трудам да постапувам по неа: треба да се бара, да се сака, да се работи единствено тоа што е добро за луѓето – да се сака и да се развива љубовта кон нив, да се ублажува нељубовта во нив.

Единствено, најголемо добро за луѓето е љубовта. Јас тоа по себе го знам и затоа само тоа им го посакувам и поклонувам на луѓето, единствено во таа насока ги усмерувам моите активности. Настојувам не само да ја допирам љубовта, туку смело живеам во таа смисла и затоа се изедначувам со секој човек и пред мене е само едно: пред мене е жив човек, додека сум жив во можност сум да го направам тоа што и мене и нему ќе му пружи среќа, со што ќе се исполни Волјата Божја.

Јас го кажав своето. Сега ми останува да се надевам дека ќе мотивирам што повеќе луѓе да ја разбудат во себе и да ја прифатат хуманоста како единствен водич во нивните идни активности. Настојувам моите очекувања да не ги издигнувам на многу високо ниво, бидејќи, во овој момент и под вакви околности, можноста да се разочарам е повеќекратно поголема, отколку можноста да уживам во среќата од успехот на моите хумани намери.

Со љубов во Бога

fukosantin epimedium african mango afrika mangosu epilamor ozoderm uzamax altin cilek lavixir ayak kokusu biber hapi super x power penis halkasi maurers