Posledni Napisi

МУДРОСТИ - ЖЕНИ... МАЖИ - Пријателството на две жени е само завера против трета. Кар - Жената што не е убава, никогаш не била млада. Свечин -...

Read more

ЗАВИСНОСТА ОД АЛКОХОЛОТ Е СЕМЕЕН... Ставовите кон пиењето алкохолни пијалаци се формираат уште во детството и раната младост и тоа по образецот на...

Read more

МУДРОСТИ - ОД СЕ ПО НЕШТО ЗА ЖЕНИТЕ - Секогаш е исто׃ прво некоја жена ја имаш во срцето, потоа во раката, па на колената и на крајот, на вратот. Буш -...

Read more

ВО СЕКОЈ ЧОВЕК СЕ КРИЕ ПОБЕДНИК Од нашиот прекрасен живот во Америка, ќе кажам дека со помош на нашиот роднина, кој ни најде работа, добро се снајдовме...

Read more

АЛКОХОЛОТ Е НЕВИДЛИВ...НО СТРАШЕН... Најмила моја, тоа што намерно си ми давала ракија за да не те малтретирам, воопшто нека не те измачува, бидејќи...

Read more

КАДЕ ШТО ИМА ИСКРЕНОСТ, ИМА И... Во тие моменти почна да ме измачува тоа, што Ристе почна многу брзо да постигнува добри резултати во борбата со...

Read more

НАДЕЖ ЗА СПАС ОД АЛКОХОЛОТ! % - Незнам како излегов од ординацијата. Сознанието дека сум уништувала болен човек, целосно ме порази. Толку бедно...

Read more

СПАСОТ Е НА ДОФАТ НА РАКАТА % Но, тогаш Бог одлучи да смеша прсти во нашиот живот. Еден тмурен, пролетен ден, јас заминав во полето да работам,...

Read more

АЛКОХОЛОТ - НЕВИДЛИВ, НО СТРАШЕН... % Во почетокот немаше ништо необично, не гледав ништо лошо во тоа и воопшто не ми сметаше. Но, како времето поминуваше,...

Read more

ИСКУШЕНИЈАТА ДЕМНАТ ОД СИТЕ... Во Клубот на лекувани алкохоличари владееше необична атмосфера. Ништо не укажуваше дека на состанокот ќе се случи...

Read more

  • Prev
  • Next

Twitter Updates...

  •  
african mango ozoderm

AKTIVNOSTI VO KLUBOT

Category : АЛКОХОЛИЗАМ 075 985772, КЛА 048-550716

0

Вие, кој што сега посетувате Клуб на лекувани алкохоличари, вероватно сте разбрале дека сте влегле во големото семејство, кое сака да си го смени стилот на животот, кое сака повторно да ја најде насмевката и задоволството кај секого. За да се постигне ова постојат неколку многу едноставни работи, кои треба да се направат… работи кои сме ги заборвиле, пред да дојдеме во клубот. Пред сé, треба да знаеме како да се вклучиме во расправа со самиот себе и со другите, да зборуваме за себе, да прифатиме критика, да ги слушнеме другите. За многумина од нас сето погоре споменато е многу тешко, но ако не успееме да го направиме тоа, ќе останеме затворени во нашите чаури и нашиот живот нема да се промени. Сето ова претставува големо почитување за приказните од животот на другите. Клубот не е суд и поради тоа добро се чуствуваме, затоа што знаеме дека нашиот пријател нема да не оптужува, а уште помалку дека ќе не осудува. Почитувањето на приказните од животот на сите, значи за сé што се зборува во клубот, таму и ќе остане за сигурно.

ПИЕЊЕТО АЛКОХОЛ – ПРОБЛЕМ ВО СЕМЕЈСТВОТО

Category : АЛКОХОЛИЗАМ 075 985772

0

Вистината за проблемите, предизвикани од пиењето алкохол е многу полесно да се скрие на работното место, отколку внатре во семејството, така што семејните оштетувања кај алкохоличарот „се читаат„ побрзо од оние на работното место. Во првите години на својот проблем од пиењето алкохол, алкохоличарот на работното место, свесен дека има проблем со пиењето, функционира хиперкомпензирано. Алкохоличарот личниот проблем со пиењето повеќе од успешно го сокрива, а пие веднаш после завршената работа и работното време.

            Проблемите од пиењето најрано се воочуваат во семејното функционирање на алкохоличарот. После низа години проблемите од пиењето се воочуваат и на работното место и на крајот, во општественото функционирање на алкохоличарот.

            Сериозните здравствени компликации, од проблемите врзани за алкохолот, по правило се јавуваат најпосле, односно, здравственото и општественото пропаѓање на алкохоличарот,

КЛУБ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ

Category : КЛА 048-550716

0

Клубот на лекувани алкохоличари Ви е како да сте во еден рудник, и во него талкате, симни се најдолу, па кaчувај се нагоре. Тешките услови за живеење во него ти нанесуваат многу болки и повреди. Така талкајќи го додирнувате дното на дното од Вашиот внатрешен живот. Меѓутоа еден ден си наоѓате еден камен, камен со недефинирана форма и изглед, а Ве освоји неговиот сјај и неговиот спектар од бои. Си го зедовте каменот и го понесовте со себе дома. Кога го оставивте во Вашата мрачна соба каменот засвети со сиот свој раскош, собата се осветли, а на Вашето лице се појави насмевка, за прв пат после долги години. Меѓутоа каменот секој ден не светеше и Вие мораше да го забришувате, да го милувате, едноставно да се грижите за него.

Е така и Клубот ти ја враќа надежта, вербата и силата во тебе, ама само со труд, работејќи на себе, ти ги користиш туѓите искуства, грешки и знаења и го купуваш за себе најдобриот производ што ти го нудат искусните членови на Клубот.

МУДРОСТИ – ЖЕНИ, ЖЕНИ

Category : МУДРОСТИ 075 985772

0

- Постојат два вида жени׃ расеани – ќе ги изгубат двете ракавици; сталожени – ќе изгубат само една. Бернар

- Пристојна жена е онаа дама, која знае што не смее да знае, иако знае. Белмондо

- На жените со бакнежите им се случува тоа што на мажите со чашите вино׃ една, па уште една – додека не подлегнат. Питигрили

- Жената треба да го чува телото како скриено богатство, ако сака мажот да се чуствува како копач на злато. Форман

- Убавите жени никогаш не се сомневаат во својата интелигенција, но интелигентните жени секогаш се сомневаат во својата убавина. Данкан

- Жена со минато и маж со иднина, воопшто не е лоша комбинација. Фонда

- Ма колку лошо мажот да мисли за жените, ја нема таа жена која не би мислела уште полошо за мажите, од него. Шамфор

МУДРОСТИ – ЖЕНСКИ КАРАКТЕР

Category : МУДРОСТИ 075 985772

0

- Некои жени се како запалена цигара; ако не ја фатиш од вистинската страна, ќе се изгориш. Тухолски

- Обично се се одвива како двата женини партнери јасно да си ги поделиле своите улоги: љубовникот како потрошен материјал, а мажот како лична своина. Питигрили

- Обвинување – тоа е оној систем со кој жените се бранат, кога не се во право. Питигрили

- Кога жената плаче, откако го изневерила мажот, тој не би смеел да се разнежи. Таа најчесто плаче, бидејќи се срами што е жена на рогоносец. Питигрили

- Во љубовта постојат три вида жени׃ со кои се жениме, кои ги сакаме и кои ги плаќаме. А тоа истото може да биде, но по обратен ред: почнува со плаќање, па потоа ја сакаме и на крајот со неа се жениме. Казанцакис

- Жената е затворена книга, велат некои и, во право се, само затоа што од ниедна нема да дознаеш, која година е издадена. Гинис

ДА ПОГЛЕДНЕМЕ ВО ОГЛЕДАЛОТО НА ВИСТИНАТА

Category : СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

Кога ќе се угасни светлоста на твојот духовен живот, темна сенка на твоите телесни желби ќе падне на твојот пат. Чувај се од таа страшна сенка: светлоста на твојот дух не може да го уништи тој мрак, се додека од твојата душа не ги истераш желбите на телото.    Браманска мудрост

Секој човек може да биде огледало во кое ги гледаме своите маани, недостатоци и сето зло што е во нас. Но, повеќето од нас притоа постапуваме како кучето кое лае во огледалото, бидејќи мисли дека во него не се гледа себе си, туку некое друго куче.    Шопенхауер

          Потсвеста е дел од човековиот ум, кој поседува неограничени можности до кои секој апстинент има пристап и може да ги насочи, за постигнување на што поголем успех во својата апстиненција од алкохолот. Потребно е да да ја искористиме потсвеста за да изградиме самодоверба во нашите вистински вредности, со тоа што ќе го извежбаме умот да ни биде од корист во нашето лекување, ќе ни даде сила и мотив  да му го свртиме грбот на алкохолот, во моментите на криза или искушение.

          Секое утро да застанеме пред огледало на вистината. Кога со искрени очи ќе погледнеме во човекот во огледалото, да сфатиме дека не е важно што другите велат за нас – ниту нашите мајка, татко, сестра, брат, сопруга, најмалку е важно што за нас велат нашите божемни пријатели - важно е што ни вели човекот во огледалото.

СПАСИТЕЛОТ

Category : ИСПОВЕД 075 985772

0

Клубот на лекувани алкохоличари “Здрав живот” од Прилеп наликува на каменит свод, чии камења се меѓусебно поврзани. Но, тој ќе се сруши ако над него деноноќно не бдее нашиот вистински пријател, нашиот спасител, нашиот духовен водач, нашиот ангел чувар Др.Методија Николоски – Мец.

            Кога зборував за докторите, реков дека целосно сум незадоволен од нив и дека целосно ме разочараа и како лекари, но и како луѓе.

КЛУБОТ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ – ВИСТИНСКО БОГАТСТВО

Category : ИСПОВЕД 075 985772

0

Само во Клубот на лекувани алкохоличари и на ниту едно друго место, луѓето ме примија и прифатија таков каков што бев, што е најважно, како рамен на нив. Слични на мене се околу мене, и јас сум сличен на нив. Идентификувајќи се, дружејќи се со тие луѓе, си помагам себе си, им помагам на другите, не правам зло ниту сум причина за какво било друго зло. Можеби е чудно, но дури откако почнав да го посетувам клубот сфатив колку сум бил лош и колку се грозам од самиот себе. Од тогаш, ја снема одбивноста што ја имав кон другите луѓе – спротивно, кон нив чувствувам нежност и почит. Денес сум многу среќен, мојот живот е пријатен, има некаква смисла. Се чувствувам како принц кој се вратил од прогонство, како човек кој оживеал од мртвите. Повторувам, многу сум среќен и додавам дека во целиот мој живот, ова е мојот најсреќен период.

УЛОГАТА НА ТАТКО МИ ВО МОЈОТ ЖИВОТ

Category : ИСПОВЕД 075 985772

0

Татко ми не ги поднесуваше грешките од своите соседи и пријатели, што беше многу полошо, не ги поднесуваше и простуваше грешките, ни оние најситни, од мајка ми и од децата. За најмала ситница секогаш го подигаше гласот, а знаеше и да казни со понекоја шлаканица. Една вечер, кога си легнавме, слушнав како ја кара мајка ми. Имав само пет-шест години и не можев да разберам во што е кавгата . Другите деца

ЗАВИСНОСТА ОД АЛКОХОЛОТ Е СЕМЕЕН ПРОБЛЕМ

Category : ЛЕКУВАЊЕ 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

Ставовите кон пиењето алкохолни пијалаци се формираат уште во детството и раната младост и тоа по образецот на надворешен модел на блиските по идентитет. Грубо и поедноставено, ама сепак, темелно точно кажано. Луѓето во проблеми предизвикани од пиењео раѓаат луѓе со проблеми од пиењето алкохол, а закрепнатите и луѓето што пијат умерено и нередовно, раѓаат луѓе што закрепнуваат и луѓе кои умерено пијат. “Каков татко, таков син“. Секако, погоре наведеното вреди и за прашањето на трансгенерацискиот пренос на пиењето алкохол.

            Очекувањата од алкохолот и пиењето постојат уште пред вистинското пиење. Бидејќи тие меѓусебно се разликуваат уште пред самото пиење. Така децата на родителите кои пијат имаат попозитивни очекувања од алкохолот, отколку децата на родители кои не пијат.

            Зависноста од алкохол е семеен проблем, затоа што трансгенерациски се пренесува од колено на колено и тоа како генетска предиспозиција, како образец на емотивното функционирање и потоа како социјално идентитетен образец на вообичаеното функционирање на поедини семејства. За многумина склоноста кон пиењето и не е некаков проблем, туку дел од животот, традиционален и семеен идентитет и наследство.

            Еден од клучните ризични фактори во трансгенерациската трансмисија на зависноста од алкохол, не е во толкава мера  врзан за вистината дека пиењето е дел од традиционалниот семеен ритуал, колку што е дел од семејната култура на пиење. Прифатена е и пијаната состојба како дел од пиењето. Семејството кое го одобрува пиењето, ама не го одобрува опивањето, по правило е семејство кое трансгенерациски не ги пренесува проблемите од пиењето алкохол, туку само пиењето.

            Луѓето кои растеле во семејства каде што се пиело и имале проблеми предизвикани од алкохол, почнуваат рано да пијат и истите имаат проблеми предизвикани од пиење алкохол. Социјално културалните, а не клиничко медицинските норми одредуваат кој е, а кој не е во проблеми од пиењето алкохол. Во животот големите проблеми од пиењето алкохол се социјална девијација, а не клиничко медицински ентитет. Некој што е во проблеми од пиењето, воедно не е и во друг социјално културален контекст или временски раздел. Тоа што една заедница перцепира како проблематично однесување, друга заедница вели дека тоа е  легитимно однесување на лицето кое е под дејство на алкохол. Во одреден социјален контекст, пиењето, па и опивањето е легитимен образец на поведение. Во друг контекст и умереното пиење е повеќе од непримерно.

            Обичајните општествени норми, нормираат и влијаат врз пиењето, но и пиењето влијае врз нормите и обичаите на општеството и со својот адиктивен потенцијал наметнува нови општествени пракси.

            Алкохолот е тешка дрога со многу физичко токсични нус-појави надоврзани на самата состојба на пијанството. Значен  број луѓе кои се обидуваат сериозно и ризично да пијат, нужното чувство на мачнина секогаш ги одвраќа од понатамошно и идно пиење. За жал, многумина на кои им е до самиот алкохол и неговото дејство, ќе се откажат од натамошното пиење,   меѓутоа наговарачкиот притисок на обичаите и пријателите , познаниците, ќе ги натераат да продолжат да пијат.

            Нештата се банално едноставни: Во средини кадешто постои висока толеранција кон употребата на алкохолот, пропорционално има висока стапка на луѓе во проблеми предизвикани од пиењето алкохол. Обичајните навики за пиењето раѓаат навики за пиење и формираат социјално несимпатични луѓе со проблеми од пиењето. Бројот на луѓе во проблеми предизвикани од пиењето алкохол е директно зависен и пропорционален на бројот на таканаречените умерени пијачи. Од редовите на општествените потрошувачи на алкохол се регрутираат луѓе во проблеми од пиењето алкохол. Умерените пијачи секогаш се оградуваат од луѓето кои што алкохолот ги повлекол кон себе. Затоа, умерените пијачи се најважната целна група за превентивно делување против прекумерното пиење. Кога би се намалила вкупната потрошувачка кај таа група пијачи, тогаш појавноста на сите проблеми предизвикани од алкохолот, битно ќе се намалат. 

african mango ozoderm