Posledni Napisi

КАДЕ ШТО ИМА ИСКРЕНОСТ, ИМА И... Во тие моменти почна да ме измачува тоа што Ристе почна многу брзо да постигнува добри резултати во борбата со...

Read more

НАДЕЖ ЗА СПАС ОД АЛКОХОЛОТ! % - Незнам како излегов од ординацијата. Сознанието дека сум уништувала болен човек, целосно ме порази. Толку бедно...

Read more

СПАСОТ Е НА ДОФАТ НА РАКАТА % Но, тогаш Бог одлучи да смеша прсти во нашиот живот. Еден тмурен, пролетен ден, јас заминав во полето да работам,...

Read more

АЛКОХОЛОТ - НЕВИДЛИВ, НО СТРАШЕН... % Во почетокот немаше ништо необично, не гледав ништо лошо во тоа и воопшто не ми сметаше. Но, како времето поминуваше,...

Read more

ИСКУШЕНИЈАТА ДЕМНАТ ОД СИТЕ... Во Клубот на лекувани алкохоличари владееше необична атмосфера. Ништо не укажуваше дека на состанокот ќе се случи...

Read more

ОДНЕСУВАЊЕТО НА АЛКОХОЛИЧАРОТ... Закрепнатите луѓе од проблемите со пиењето, зависноста  од алкохол ја дефинираат како мултидимензионална и комплексна...

Read more

AKTIVNOSTI VO KLUBOT Вие, кој што сега посетувате Клуб на лекувани алкохоличари, вероватно сте разбрале дека сте влегле во големото...

Read more

ПИЕЊЕТО АЛКОХОЛ - ПРОБЛЕМ ВО... Вистината за проблемите, предизвикани од пиењето алкохол е многу полесно да се скрие на работното место, отколку...

Read more

КЛУБ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ Клубот на лекувани алкохоличари Ви е како да сте во еден рудник, и во него талкате, симни се најдолу, па кaчувај...

Read more

МУДРОСТИ - ЖЕНИ, ЖЕНИ - Постојат два вида жени׃ расеани – ќе ги изгубат двете ракавици; сталожени – ќе изгубат само една. Бернар - Пристојна...

Read more

  • Prev
  • Next

Twitter Updates...

  •  
altin cilek epimedium african mango afrika mangosu epilamor ozoderm ayak kokusu penis halkasi arac yakit tasarruf cihazi spor malzemeleri

ИСКУШЕНИЈАТА ДЕМНАТ ОД СИТЕ СТРАНИ

Category : АЛКОХОЛИЗАМ 075 985772

0

Во Клубот на лекувани алкохоличари владееше необична атмосфера. Ништо не укажуваше дека на состанокот ќе се случи нешто необично, што долго ќе го паметиме. Обично, пред почетокот на секој состанок личиме на деца од училиште, кои ги користат последните моменти, пред да влезе учителот, гласно да кажат уште нешто, што божем е многу важно, а кое заборавиле да си го кажат на одморот. Доаѓањето на нашиот терапевт ги прекина започнатите разговори. Не поздрави сите и седна на вообичаеното место. Помина со погледот по просторијата, како да не пребројува. Задоволно се насмевна и сакаше да отпочне со состанокот. Во тој момент вратата се отвори и во просторијата влегоја маж и жена, на околу шеесетина години.

          – Конечно ве пронајдовме – викна радосно жената и двајцата со брзи чекори пристапија до масата, на која седеше докторот.

          – Здраво докторе, како сте… машала, добро изгледате – рече со насмевка жената, му ја стегна раката, се наведна и го бакна во образот. Мажот со насмевка на лицето го поздрави докторот, братски го потчукна по рамото и отстапи еден чекор.

          Докторот беше вчудоневиден… овие луѓе кон него се однесуваа како да му се најблиски роднини, а тој како воопшто да не ги познава. Нашиот терапевт има компјутерска меморија и затоа бевме збунети од неговата изненаденост.

          – Не можам да…

          – Знам, не можете да се сетите кои сме ние – го прекина жената и слатко се насмевна. Не е ни чудно, речиси триесет години откако се немаме видено… не е малку време. Но, ќе се сетите на нас, убедена сум во тоа. Случај како нашиот, човек како вас не може да го заборави. Само… незнам дали го избравме вистинскиот момент, бидејќи гледам дека работите. Но, ништо за тоа, вие само продолжете и однесувајте се како да не сме присутни… или, можеби ќе ви биде попријатно да почекаме надвор, додека состанокот да заврши, а потоа со докторот на раат ќе поразговараме.

          – Не, не, останете со нас, воопшто не ни пречите – побрза да ги задржи докторот.

          Седнаа на најблиската маса. Настана некоја пријатна тишина на исчекување. На лицето од мажот се читаше некое блажено задоволство на победник, слично на задоволството на човекот, кој штотуку го спасиле од бесилка. Неговите весели очи го насочуваа погледот на секој од нас и како да упатуваа некоја порака, која во тој момент не можевме да ја протумачиме.

          Жената ја отвори ташната што ја носеше и забрзано пребаруваше нешто во неа. Извади една пожолтена фотографија и радосно воскликна:

          – А сега, дали сега ќе не препознаете – радосно извика и му ја подаде сликата на докторот.

УНИВЕРЗАЛНИ ПРАВИЛА

Category : КЛА 048-550716, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

Vinum dementat et sapientes – Виното и мудрите ги побудалува.       Лат.поговорка

Цени го човекот кој ти укажува на твоите грешки како да ти открил скриено богатство -цени го мудрецот кој ти ги покажува животните опасности.     Дамапада

Во својата борба со алкохолната болест, секој апстинент треба да ги почитува универзалните правила кои се применуваат во сите Клубови на лекувани алкохоличари.

- СТРОГО ОДБЕГНУВАЈТЕ ГИ КАФЕАНИТЕ И СТАРОТО ДРУШТВО

- НЕ ЧУВАЈТЕ АЛКОХОЛ ВО ВАШИТЕ ДОМОВИ

- СЕКОЈДНЕВНО ЗЕМАЈТЕ ЕСПЕРАЛ – НАЈМАЛКУ ЕДНА ГОДИНА

- СЕКОЈ ДЕН ПОМИНАТ БЕЗ АЛКОХОЛ Е КАПИТАЛ

- ВО ТЕКОТ НА ЛЕКУВАЊЕТО ПОМАГАЈТЕ ИМ НА ДРУГИТЕ, ОСОБЕНО АКО СЕ ВО КРИЗА

- ОТВОРЕНО ЗБОРУВАЈТЕ ЗА СЕБЕ КАКО ЗА АЛКОХОЛИЧАР И ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА ОКОЛИНАТА ЗА ЛЕКУВАЊЕТО

- АКО ИМАТЕ КРИЗА, ЈАВЕТЕ СЕ ВЕДНАШ ВО КЛУБ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ, БИДЕЈЌИ ТАА Е ПРОПРАТНА ПОЈАВА ПРИ АПСТИНЕНЦИЈАТА

- АКО ДОЈДЕ ДО РЕЦИДИВ, ЈАВЕТЕ СЕ, ШТО Е МОЖНО ПОСКОРО НА ТЕРАПЕВТОТ ИЛИ ВО СВОЈОТ КЛУБ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ

- БЕЗ КЛУБ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ НЕМА АПСТИНЕНЦИЈА

Секое од овие правила во себе носи јасна порака и упатство, за апстинентот полесно да излезе од алкохолниот пекол. Иако можеби на прв поглед ќе ви изгледаат како работи кои одамна ги знаете и на кои не треба да им посветите поголемо внимание, бидете убедени дека тие во себе носат длабока смисла. Затоа, ајде да ги разгледаме поединечно.

За апстинентот да успее да го промени својот поглед кон алкохолот и кон животот воопшто, тој мора, барем еден период, додека не се наоружа со цврста волја за апстиненција, СТРОГО ДА ГИ ИЗБЕГНУВА КАФЕАНИТЕ И СТАРОТО ДРУШТВО. На кафеаната алкохоличарот треба да гледа како на куќа во кое се раѓа и живее злото, како на место во кое ѓаволот ја фрлил својата мрежа за да да го улови секој, што преку алкохолот премногу ќе му се приближи, и повторно да го внеси во алкохолниот пекол.

Кревка е човечката душа и многу лесно може да падне во искушение. Затоа, НЕ ЧУВАЈТЕ АЛКОХОЛ ВО ВАШИТЕ ДОМОВИ. Многу лесно може да се случи, и тоа во моментите кога најмалку очекувате, вашата рака едноставно несвесно и непланирано, да посегни по шишето со алкохол. Се препорачува и вашите гости да ги пречекувате со сок или кисела вода, без оглед дали тие ќе ви замерат за тоа.

Кога терапевтот ќе оцени дека сте психички подготвени да прифатите вистинска апстиненција, за полесно да успеете во тоа, ќе ви препише и есперал. СЕКОЈДНЕВНО ЗЕМАЈТЕ ЕСПЕРАЛ НАЈМАЛКУ ЕДНА ГОДИНА и многу полесно ќе се спротивставите на алкохолните кризи, кои можат во секој момент да се појават. Напоменувам дека еспералот треба да се зема исклучиво по препорака на лекар – терапевт.

Во семејствата каде има алкохоличар, особено ако неговата алкохолна болест е во покритична фаза, СЕКОЈ ДЕН ПОМИНАТ БЕЗ АЛКОХОЛ Е КАПИТАЛ. Вистинско богатство за членовите од семејството е алкохоличарот да помине макар само еден ден трезен. Не само што тој ден нема залудно да потроши пари на пијанчење, туку многу поважно е што членовите на семејството ќе се одморат од неговите малтретирања, и што е најважно, во нивната душа ќе се роди и ќе заживее надеж дека и утрешниот ден и сите други наредни денови, ќе живеат во мир и благосостојба.

Помагајќи им на другите, индиректно си помагаме и себе си, за да ја зацврстиме нашата волја за трајна апстиненција. Затоа, ВО ТЕКОТ НА ЛЕКУВАЊЕТО ПОМАГАЈТЕ ИМ НА ДРУГИТЕ, ОСОБЕНО АКО СЕ ВО КРИЗА. Знаете, заедно е полесно да се живее, полесно можат да се надминат проблемите – ако едниот падне, другиот ќе го подигне.

Во секојдневното живеење потребно е да се надминат некои конвенционални правила по кои сме се однесувале и за кои, гледано од нова перспектива на апстинент, слободно можеме да кажеме дека не доведувале во заблуди и кои скапо не коштале во животот. Не е срамота, кога ќе дојде и кумот, кон кој треба да имаме посебна почит, ОТВОРЕНО ДА ЗБОРУВАМЕ ЗА СЕБЕ КАКО ЗА АЛКОХОЛИЧАР, А И СИТЕ ДРУГИ ОКОЛУ НАС ДА ГИ ЗАПОЗНАЕМЕ СО НАШЕТО ЛЕКУВАЊЕ. Ако луѓето кои доаѓаат во вашиот дом навистина ве почитуваат, ќе ја разберат вашата состојба и ќе се обидат, макар со тоа што барем пред вас нема да пијат алкохол, со што ќе ја разбрануваат вашата душа, да ви помогнат.

Алкохолната криза е непријатна состојба кога кај апстинентот се појавува неодолива желба да се напие алкохол. Најстрашна е помислата дека апстинентот, и тоа апстинент кој повеќе години издржал без алкохол, дека не е страшно ако се напие само една чаша пиво или вино. Таа страшна мисла е еден вид на криза, која ако ја задоволите, многу брзо ќе ве врати во алкохолниот пекол. Затоа, АКО ИМАТЕ КРИЗА, ЈАВЕТЕ СЕ ВЕДНАШ ВО КЛУБОТ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ. КРИЗАТА Е ПРОПРАТНА ПОЈАВА ПРИ АПСТИНЕНЦИЈАТА. Напоменувам уште еднаш, немојте да се залажувате дека кога било ќе се вратите во состојба на нормално пиење - донесете цврста одлука за апстиненција поткрепена со мислата, дека за алкохоличарот кој длабоко завлегол во алкохолниот пекол, со пиењето е завршено до крајот на неговиот живот.

Рецидивот е состојба кога алкохоличарот, во одредени околности на криза, не може да се спротивстави на ѓаволските искушенија и ќе се напие алкохол. Многу луѓе сметаат дека рецидивот е пропратна појава во апстиненцијата, што јас мислам дека е погрешно. Рецидивот е само појава, но не и пропратна појава која би можеле да кажеме дека е правило, кое очигледно се однесува само на кризата, која по правило, во различни облици се појавува кај секој апстинент. Во Клубот на лекувани алкохоличари “Здрав живот” од Прилеп имаме апстиненти кои служат за пример и кои издржале долга апстиненција, повеќе од дваесет години без ниту еден рецидив. Сепак, АКО ДОЈДЕ ДО РЕЦИДИВ, ЈАВЕТЕ СЕ, ШТО Е МОЖНО ПОСКОРО НА ТЕРАПЕВТОТ ИЛИ ВО СВОЈОТ КЛУБ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ. Само на тој начин ќе избегнете грешката што сте ја направиле со посегањето по чашата со алкохол, што побрзо да ја исправите, многу полесно да се вратите во апстиненција. Ако тоа не го направите, за брзо време ќе се вратите во поранешната состојба на секојдневно пиење и опивање и патот за излез од алкохолниот пекол ќе биде многу потежок.

Најважно што секој апстинент треба да знае е дека БЕЗ КЛУБ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ НЕМА УСПЕХ ВО БОРБАТА СО АЛКОХОЛНАТА БОЛЕСТ. На прстите од рацете можеме да ги наброиме оние луѓе, кои го оставиле алкохолот и се вратиле во нормалниот живот и без посетување на Клуб на лекувани алкохоличари. Клубот е место каде се одржува трајна апстиненција, место каде апстинентот ќе се дружи со луѓе кои имаат иста или слична животна приказна, што е најважно, ќе се дружи со луѓе кои засекогаш му кажале збогум на алкохолот и кои можат да му служат за пример, луѓе кои се спремни во секое време да му помогнат и тој да го постигне истиот успех.

За мојата борба со алкохолот и алкохолната болест, за начинот на кој јас се справував со алкохолните кризи, ќе дознаете кога ќе ја прочитате мојата книга “Исповед на еден алкохоличар.” Во романот “Како да се победи Кралот Алкохол” го опишав пристапот и лекувањето на неколку апстиненти, искуства кои многу ќе ви помогнат во зацвстување на вашата волја за трајна апстиненција.

altin cilek epimedium african mango afrika mangosu epilamor ozoderm ayak kokusu penis halkasi arac yakit tasarruf cihazi spor malzemeleri