Posledni Napisi

КАДЕ ШТО ИМА ИСКРЕНОСТ, ИМА И... Во тие моменти почна да ме измачува тоа што Ристе почна многу брзо да постигнува добри резултати во борбата со...

Read more

НАДЕЖ ЗА СПАС ОД АЛКОХОЛОТ! % - Незнам како излегов од ординацијата. Сознанието дека сум уништувала болен човек, целосно ме порази. Толку бедно...

Read more

СПАСОТ Е НА ДОФАТ НА РАКАТА % Но, тогаш Бог одлучи да смеша прсти во нашиот живот. Еден тмурен, пролетен ден, јас заминав во полето да работам,...

Read more

АЛКОХОЛОТ - НЕВИДЛИВ, НО СТРАШЕН... % Во почетокот немаше ништо необично, не гледав ништо лошо во тоа и воопшто не ми сметаше. Но, како времето поминуваше,...

Read more

ИСКУШЕНИЈАТА ДЕМНАТ ОД СИТЕ... Во Клубот на лекувани алкохоличари владееше необична атмосфера. Ништо не укажуваше дека на состанокот ќе се случи...

Read more

ОДНЕСУВАЊЕТО НА АЛКОХОЛИЧАРОТ... Закрепнатите луѓе од проблемите со пиењето, зависноста  од алкохол ја дефинираат како мултидимензионална и комплексна...

Read more

AKTIVNOSTI VO KLUBOT Вие, кој што сега посетувате Клуб на лекувани алкохоличари, вероватно сте разбрале дека сте влегле во големото...

Read more

ПИЕЊЕТО АЛКОХОЛ - ПРОБЛЕМ ВО... Вистината за проблемите, предизвикани од пиењето алкохол е многу полесно да се скрие на работното место, отколку...

Read more

КЛУБ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ Клубот на лекувани алкохоличари Ви е како да сте во еден рудник, и во него талкате, симни се најдолу, па кaчувај...

Read more

МУДРОСТИ - ЖЕНИ, ЖЕНИ - Постојат два вида жени׃ расеани – ќе ги изгубат двете ракавици; сталожени – ќе изгубат само една. Бернар - Пристојна...

Read more

  • Prev
  • Next

Twitter Updates...

  •  
fukosantin epimedium african mango afrika mangosu epilamor ozoderm uzamax altin cilek lavixir ayak kokusu super x power penis halkasi maurers

АЛКОХОЛОТ – НЕВИДЛИВ, НО СТРАШЕН НЕПРИЈАТЕЛ

Category : АЛКОХОЛИЗАМ 075 985772

0

%

Во почетокот немаше ништо необично, не гледав ништо лошо во тоа и воопшто не ми сметаше. Но, како времето поминуваше, тој почна почесто дома да доаѓа поднапиен, што е почудно, од тогаш, од за мене непознати причини, почна необично да се однесува Речиси по цел ден беше во кафеаната, од утро до мрак. Понекогаш се однесуваше насилно со мене и со децата, но секогаш ќе се повлечеше кога на вратата ќе се појавеше неговата мајка, кон која имаше посебна почит. Таа многу му зборуваше… дека тоа не чини, дека има вредна домаќинка и прекрасни деца, на кои им треба добар и примерен татко, дека во фамилијата до тогаш никогаш немале пијаница, дека татко му во гробот се превртува од мака… дека… Но, Ристе воопшто не ја слушаше и си продолжуваше по старо! По неколку години, сиротата жена од мака и срам од луѓето, се разболе и умре.

          Тогаш дојдоа нашите вистински маки и страдања. Човекот како да поулаве. Дали го мачеше грижата на совеста за смртта на неговата мајка незнам, но во домот, во кој царуваа среќата и мирот, настана пекол. Неколкупати, кога беше трезен, се обидов да му се приближам и да разговарам со него. Почнав да се сомневам дека можеби јас сум виновна за неговото однесување и затоа, побарав да ми каже во што е проблемот, дека сум спремна сé да направам, само да ни се врати поранешната среќа. Наместо одговор, секогаш добивав по неколку воспитни клоци и шлаканици

ПОСЕБНО ВНИМАНИЕ ТРЕБА ДА ИМ ПОСВЕТИМЕ НА ВОСПИТУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА

Category : СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

Во битката со алкохолното зло, кое како темен облак се надвиснало и се заканува да ја угасни светлината на радоста и среќата во душата на луѓето, особено на младите луѓе, треба да се вклучат сите разумни луѓе и сите институции на власта.

        На сите страни околу нас врие од деца. Не смееме ниту да претпоставиме дека се раѓаат и растат за да станат пијаници, наркомани , дивјаци. Цело време се кажуваат приказни, дека треба да се спасуваат луѓето и детските животи, а се уништуваат. Треба да се вложат напори од децата да се изградат достоинствени луѓе. Само тоа е добро дело. Но тоа дело не се прави со празни зборови, туку со искрено помагање преку примери од сопствениот живот. Затоа, посебно внимание треба да му се посвети на воспитувањето на децата и улогата што ја имаат родителите и воспитувачите во училиштата, во градењето на нивниот карактер.

        Воспитувањето изгледа сложена и тешка работа, само додека сакаме да ги воспитуваме своите деца или било кој друг, а да не се воспитуваме себе си. Ако сфатиме дека другите можеме да ги воспитуваме само преку себе си, воспитувајќи се себе си тогаш престанува да биде проблем на воспитувањето и станува само проблем на животот: како човекот треба да живее?!

ПУКНА ЃАВОЛОТ

Category : АЛКОХОЛИЗАМ 075 985772, ИСПОВЕД 075 985772, КЛА 048-550716

0

%

Дотогаш чудните, бледи, искривени лица од присутните луѓе, почнаа да добиваат нормален човечки лик и во нив, ги препознав моите поранешни браќа по алкохол. Но сега, во улога на поротници, сите едногласно викаа: Смрт за ѓаволот, смрт за алкохолот, смрт за злото.

Кога виде дека остана сам, бидејќи сите негови дотогашни следбеници се приклучија кон војската на спасот, што ја предводи др.Мец, кога виде дека не може да ги победи сите, ѓаволот испушти силен крик, се слушна силен пукот и страшна смрдеа ја исполни судницата.

- Пукна ѓаволот – радосно викаа луѓето.

Се штрекнав и се разбудив целиот испотен. Потребно беше да поминат десетина минути, за целосно да си дојдам на себе. Мислам дека не постојат зборови, кои би можеле да ги опишат радосните чувства на човек, кој длабоко во душата се чувствува, како да воскреснал од мртвите. Целото мое битие, ако можам така да кажам, беше обземено од мислата дека сум жив, дека сум спасен од пеколот, кој само до пред малку беше моја стварност.

Ретко сонував и само што ќе ги отворев очите, сонот брзо го заборавав и речиси, на ниту еден не се сеќавав. Но, штом ќе ги затворев очите, сликите од овој страшен сон, една по една, како на филмско платно, поминуваа низ мојата глава. Тешка мора, од овој необичен и страшен сон, ме измашуваше долго време, додека не почнав да ги сфаќам неговите вистински пораки, додека не почувствував желба на тие пораки, да им дадам свое толкување.

%

НАЈУБАВА НАГРАДА

Category : АЛКОХОЛИЗАМ 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

- Среќата му нуди најубава награда на оној кој радосно работи, кој се радува на своето дело. Значи, треба да работиме така да нашите дела бидат од корист и благодат за што поголем број луѓе, да се однесуваме така што нашето однесување може да биде прифатено и да стане општ принцип на однесување. Ако човекот сака делата што ги прави да бидат добри, прво треба човекот што ги прави да биде добар и примерен, бидејќи од тоа каде нема ништо добро, не може никакво добро ни да се создаде.

          - За да биде навистина среќен, човекот мора да биде трпелив и толерантен, да се научи да простува на секого и во секое време, искрено да ги сака сите, без исклучок – и добрите и лошите, и пријателите и непријателите, искрено да сака непрекинато и непрекинато ќе биде среќен. Најголема од сите причини за несреќите, всадена во душата на поголем број луѓе е тоа што секој човек себе си, често без грижа на совеста, си простува за сите направени грешки, што е уште полошо, воопшто не се труди да се поправи, да се ослободи од своите глупости, кои со текот на времето стануваат составен дел од неговиот карактер и од неговото однесување.

          Запрашајте се: дали секогаш сте биле доволно трпеливи и толерантни?

          - Секој човек треба да се научи да биде среќен, да се радува со туѓата среќа подеднакво како со својата. Но, за да го постигне тоа, треба да ги исфрли зависта и злобата од своето срце. На пример: ние би можеле да бидеме среќни и со тоа што го имаме или сме го постигнале, но во душата постојано носиме мисла дека другите луѓе имаат повеќе и се посреќни од нас и, тоа не прави несреќни.

          - Исто така, за човек да биде непрекинато среќен, треба, иако е свесен дека не може тоа да го достигне, барем да се труди што повеќе да се приближи кон совршенството, да се обиде да пружи што повеќе љубов – да ги сака другите луѓе повеќе од што се сака себе си. Знам дека тоа е тешко, дури и невозможно, но кога би го сакале другиот повеќе од себе си, би биле крајно толерантни и никогаш на другиот не би му го направиле тоа, што не сакаме друг да ни го направи нам.

          Ова се само некои од условите кои можат да направат човекот да биде среќен или несреќен, во зависност дали ќе ги прифати и практикува или не. Реалноста и секојдневието покажуваат дека, на начинот како е организирана човековата заедница, невозможно е, барем од поголем број на луѓе, да се прифатат и спроведат во дело, односно дека ова е само чиста утопија. Сепак, бидејќи надежта последна умира, сметам дека ние, кои сме одлучиле да го победиме алкохолното зло – најголемото зло за целото човештво, дека имаме право да се надеваме дека еден ден, еден далечен ден луѓето сепак ќе сфатат дека ова масовно лудило – наречено алкохолизам, кое е најголемата причина за несреќите на луѓето, дека ќе го снема, дека генерациите што доаѓаат после нас ќе живеат ослободени од ова зло, ќе живеат потрезвено и поразумно, отколку што ние денес живееме.

28 ОКТОМВРИ, ПРАЗНИК ЗА ГРАДОТ ПРИЛЕП – ДВЕ ГОДИНИ ОД ПОСТОЕЊЕТО НА КЛУБОТ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ “ВИКТОРИЈА”

Category : КЛА 048-550716, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

Дали е можно човек да се чувствува добро, да му се радува на животот, кога секојдневно, од сите страни, наидува само на лошо? Од свое лично искуство целосно сум убеден дека, нормален човек може да биде среќен и задоволен од животот, само ако се наоѓа опкружен со среќни луѓе. И, сосема логично, тоа подразбира желба да им помогне на другите да бидат среќни. Одговорот на прашањето: како да се достигне среќата, како да се пронајде својот душевен мир е едноставен: треба сите ние непрекинато да вложуваме труд, за да го направиме светот околу нас посреќен и, се разбира, сето тоа да го доживуваме како сопствена радост. Тоа е единствениот рецепт за исцелителната напивка, со која на несреќните луѓе околу нас ќе им помогнеме да го победат алкохолното зло, да го победат ѓаволот во себе, тоа е рецептот со кој можеме да им помогнеме на луѓето да се излечат и извлечат од ова масовно лудило. Напивката е вкусна и многу корисна, а Клубот на лекувани алкохоличари има задача да ги охрабри луѓето, за да го надминат срамот и стравот и, пред се незнаењето, за да ја испијат оваа благодатна напивка – за свое добро, уште повеќе, за доброто на своите најмили.

Во нашиот живот се зависи од нас самите. Се додека не го земеме сопствениот живот во свои раце, нема да имаме моќ да влијаеме на него. Животот претставува наша креација и никого не треба да обвинуваме за нашите пропусти, за кои самите сме одговорни. Тие активности бараат многу напор и воопшто не е лесно кој било човек, да се занимава со самиот себе, да го менува и гради својот живот. Човекот што се измачува поради нешто, посакува да има некој кој ќе му помогне, да се грижи за него и потсвесно се надева дека тоа ќе се случи. Тоа е нормално и сите луѓе го очекуваат тоа. Нагласувам – сите луѓе тоа го посакуваат, иако реалноста покажува дека никој не мисли и не се грижи за никого. Никој ништо не сака да преземе и поради тоа сите луѓе страдаат.

Резултатите што веќе се постигнати од активностите на Клубот на лекувани алкохоличари “Викторија”, покажуваат дека исклучоци од ова правило, сепак има. Сопругите од алкохоличарите, после долгогодишно измачување ја имаат загубено самодовербата, ја имаат загубено и довербата во најблиските роднини и пријатели кои пасивно, од страна, набљудуваат како се измачуваат во алкохолниот пекол и сметаат дека тоа е само нивна несреќа, која нив не ги засега. Што е најстрашно, ја имаат изгубено и надежта, последната Божица на која човекот може да и се обрати за помош. Со други зборови, остануваат препуштени сами на себе и на несреќната судбина. Само со една посета на КЛА “Викторија”, тие наоѓаат потпора во клубот, кој е единствената светла точка која им го покажува патот за излез од пеколот во кој толку долго живееле, им го покажува патот каде на крајот ги чека одамна изгубената среќа. Немам зборови со кои ќе ја опишам храброста со која овие жени, овие херои, се пробиваат низ темнината, а единствена утеха наоѓаат во надежта дека нема, по којзнае којпат, пак да доживеат разочарување. На тој пат наидуваат на безброј тешкотии, но со несебичната и непрекинатата помош од својот терапевт и своите нови пријателки од Клубот, полека, но сигурно, формираат своја стратегија за својата подобра и посреќна иднина. Почитувани членови на Клубот на лекувани алкохоличари “Викторија”, во тој, за Вас најтежок поход, витешки ги освојувате високите тврдини на добрината, љубовта и човекољубието. Радосно се вселувате во нив – на Ваше задоволство и на радост и среќа на Вашите најмили.

Посебна улога за одличните резултати што ги постигнува Клубот на лекувани алкохоличари “Викторија”, има терапевтот, социолог Милка Темелкоска, на чија иницијатива и на иницијатива на сопругите од апстинентите кои од самиот почеток редовно го посетуваат, се формира женскиот дел на Клубот, за поддршка на апстинентите. Вистинска љубов и човекољубие, кои се дадени од Бога, е да се чувствуваш среќен заради туѓата среќа. Терапевтските маневри што ги спроведува социологот Милка Темелкоска вродуваат со плод, бидејќи таа наоѓа сила и здрава смисла во практикувањето на фактот, дека нејзините стручни укажувања за надминување на проблемите, со кои секојдневно се соочуваат сопругите од алкохоличарите се однесуваат исклучиво за нив, дека нивната среќа е најважна и им е потребна само за нив, а тоа лично за неа е најголемата среќа, бидејќи со тоа ја постигнува својата зацртана цел – да даде се од себе за да го пренесе своето долгогодишно искуство и знаење на овие напатени жени, со што барем малку ќе помогне за да им се олесни животот.

Заедничката радост е темел на успесите што ги постигнува КЛА “Викторија”, и убеден сум дека многумина можат да завидат на тоа. Нашите односи се зацврстуваат кога си помагаме и се радуваме на успехот што го постигнува оној, на кој му помагаме, а се расипуваат кога не покажуваме такви чувства. Тогаш доаѓа до конфликти кои се повеќе се зголемуваат. Со други зборови, расте спротивставеноста и нетрпеливоста помеѓу членовите и на секоја следна кривина се смалува количината на радост, која ја упатуваме еден на друг. Со тоа причините кои ги поврзуваат членовите на клубот се се помалку и односите во клубот стануваат се полоши.

Најважното нешто што се учи во КЛА “Викторија” е – на кој начин треба сопругите да се однесуваат кон апстинентите, кој е патот за да му помогнат на заболениот алкохоличар. Почитувани членови кои го посетувате овој клуб, сите вие кои собравте храброст да го надминете незнаењето и сите предрасуди со кои луѓето се оптеретени – во КЛА “Викторија” го пронајдовте вистинското место, каде ќе научите како да ги надминете вашите проблеми, кои се предизвикани од алкохолот. Вашиот терапевт веќе Ве има научено како апсинентот да постигне успех, по советите што му ги давате, дека е потребно пред се, да предизвикате позитивни емоции кај него, дека тогаш самиот ќе посака да го измени начинот на своето однесување и, во иднина, ќе нема потреба да го терате со сила тоа да го прави.

Во чест на овој голем ден за градот Прилеп, но и за Република Макеоднија, со моите скромни можности, прилагодив една песна, со која сакам да го дадам мојот скромен придонес во одбележувањето на овој свечен празник.

НИКОГАШ, НИКОГАШ НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈ

ВООПШТО НЕ Е ЛЕСНО ДА БИДЕШ ЖЕНА,
ДА БИДЕШ ЖЕНА НА АЛКОХОЛИЧАР,
КАДЕ БИЛО, ВО ОВОЈ ДВОЛИЧЕН СВЕТ.

НЕ ВРЕДИ ДА СИ: НИ ПАМЕТНА,
НИ УБАВА, НИТУ АМБИЦИОЗНА.
НИКОГАШ НЕ ЗНАЕШ,
ДАЛИ ДА ЗБОРУВАШ ИЛИ ДА МОЛЧИШ,
ЗА БОЛНИОТ АЛКОХОЛИЧАР,
ПОСЕКАКО НЕ ЌЕ ЧИНИШ.

КОГА БЕЗ СВОЈА ВИНА ЌЕ СЕ НАЈДЕШ,
ЗАРОБЕНА ОД АЛКОХОЛНОТО ЗЛО,
КОГА БЕЗ СВОЈА ВИНА СУДБИНАТА,
ЌЕ ТЕ ПОНЕСЕ КОН АЛКОХОЛНОТО ДНО,
КОГА СОПРУГОТ ЌЕ ГИ ИСПИЕ СИТЕ ПАРИ,
А ДОЛГОТ ВЕЌЕ Е МНОГУ ВИСОК,
САКАШ СО НАСМЕВКА ДА ГО ОХРАБРИШ,
НО, ВО СРЦЕТО СЕ СЛУША ПИСОК.

ТОГАШ ВО ГЛАВАТА ТИ ДОАЃА МИСЛА -
ГО ИЗГУБИВ ЧОВЕКОТ – ОВА Е КРАЈ.
ПОЧИТУВАНА, ПОСЛУШАЈ ГО ОВОЈ СОВЕТ:
ИЗДРЖИ НАМАЧЕНА ДУШО, ТРАЈ,
ОДМОРИ СЕ МАЛКУ И РАЗМИСЛИ ДОБРО,
НО, ПО НИКОЈА ЦЕНА, НИКОГАШ,
НИКОГАШ НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈ.

ЗНАМ ДЕКА НЕ Е ЛЕСНО,
НО БИДИ УПОРНА И ЌЕ ДОЈДЕ ДЕНОТ,
КОГА НЕУСПЕХОТ ЌЕ СВРТИ ДРУГА СТРАНА,
ПОБЕДАТА Е БЛИСКУ, ЌЕ ЗАЛЕЧИ РАНА.
МОЖЕБИ МАЛКУ ВРЕМЕ ИМА,
СРЕЌАТА ДОАЃА ПО СЕКОЈА ТЕШКА ЗИМА,
НЕ ПЛАШИ СЕ, НАСЕКАДЕ ПОМОШ БАРАЈ,
НО НИКОГАШ, НИКОГАШ НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈ.

УСПЕХОТ Е НЕУСПЕХ,
САМО НАОПАКУ СВРТЕН,
ВО ОБЛАКОТ НА СТРАВ И СОМНЕЖ,                                                                     ОД ЛОШО СЕМЕ ЗА’РТЕН.
КОЛКУ СИ БИЛА БЛИЗУ ДО УСПЕХОТ,
НИКОГАШ НЕ ЌЕ ЗНАЕШ -
ЗАТОА ЗАПОМНИ, НАЈВАЖНО Е:
ЗА ВЛОЖЕНИОТ ТРУД ДА НЕ СЕ КАЕШ.
БОРИ СЕ СО ТЕШКОТИИТЕ,
ХРАБРО, СО ПОСЛЕДНА СНАГА
И, БИДИ СИГУРНА – ПОРАЗОТ ЌЕ ГО СНЕМА,
ЌЕ ИСЧЕЗНЕ БЕЗ ТРАГА.

ВО КЛА “ВИКТОРИЈА” НАПРАВИВТЕ БУКЕТ,
ОД ВАШИТЕ ЗДРУЖЕНИ РАЦЕ,
И ТИЕ СЛОЖНО, СО ЗАЕДНИЧКИ СИЛИ,
ЌЕ ГИ РАСТЕРААТ ОБЛАЦИТЕ ТЕМНИ.

А, ПОЗАДИ ТЕМНИНАТА
И ЗА ВАС СОНЦЕ ЗЛАТНО ГРЕЕ -
СРЕЌАТА Е ТАМУ, ВИ НАМИГА, СЕ СМЕЕ.
БИДЕТЕ УПОРНИ, ИЗДРЖЕТЕ ДО КРАЈ,
И, КОНЕЧНО, ВАШИОТ СИН,
ЌЕРКА, БРАТ ИЛИ СОПРУГ,
ЌЕ ПОЧНЕ УСПЕСИ ДА ЖНЕЕ.

ЗА КРАЈ, ПОВТОРУВАМ УШТЕ ЕДНАШ,
ЗА НИКОГАШ ДА НЕ ЗАБОРАВИШ,
ДЕКА НАЈВАЖНОТО НЕШТО
ЗА РАДОСЕН И СРЕЌЕН ЖИВОТ Е:
ЗА ТВОЈАТА БОЛКА, ЗА ТВОЈОТ ЛЕЛЕК,
ВО КЛА “ВИКТОРИЈА” ИМА СИГУРЕН ЛЕК.
ЗАТОА, НАПАТЕНА ЖЕНО,
КОЈА И ДА СИ, ЗАПАМЕТИ И ЗНАЈ,
НИКОГАШ, НИКОГАШ НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈ.

Со почит и љубов во Бога                                                                                

ПАТОТ ДО УСПЕХОТ

Category : ИСПОВЕД 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

%

Нема точно одреден пат што води до успехот или неуспехот, бидејќи тој е многу сложен. Воопшто говорејќи, ако сакаме да знаеме - зошто некои луѓе успеваат да ја победат алкохолната болест, а некои целосно пропаѓаат, единствен одговор на тоа е: ќе успеат да се оттргнат од канџите на алкохолот оние, кои се постојани и кои без оглед на напорите и жртвите ќе истраат, а нема да успеат оние, кои тоа не се.

Кога ќе се угаси светлината на човековиот разумен живот, темна сенка од неговите телесни желби ќе падне на неговиот пат. Секој човек треба да се чува од таа страшна сенка. Светлината на неговиот разум не може да ја уништи таа темнина, се додека од неговата душа не ги истера желбите на телото. Само така човекот може да се извлече од алкохолниот пекол, само така ќе се прочисти во блескавата светлина на животот, само така човекот ќе научи да го прави тоа што целиот нормален свет го прави, само така ќе го пушти мајмунот и тигарот да умрат во него.

Кога се качуваме на планината на вистината, никогаш не се качуваме залудно: ако денес не сме достигнале повисока точка, ние сепак сме ја тренирале својата снага, така што утре ќе можеме да се искачиме повисоко. Колку пати човек и да падне и да не ја оствари победата над своите страсти – нека не очајува и нека не се предава. И после слабата жетва треба да се сее. Не е добро после првиот неуспех душата да потклекне. Кочијашот не ги фрла уздите ако веднаш не може да ги запре коњите, туку и натаму стрливо продолжува да ги затегнува, додека коњите не застанат. Така и ние треба да правиме со нашите страсти: ако во првиот обид не сме успеале да се воздржиме, треба да ја продолжиме борбата и на крајот победници ќе бидеме ние, а не нашите страсти. Секој, макар и најмал напор ја смалува снагата на страстите и ја олеснува победата над нив. Кај внатрешната борба која човекот ја води сам со себе и со непознатите сили во себе, непрекинато треба да се применува правилото: никогаш не се предавај. Ништо толку не ја ослабува човековата снага, како надежта дека во нешто друго, а не во сопствените напори, ќе го пронајде доброто и своето спасение. За да ги победи своите лоши навики, човекот треба непрекинато да се обновува и усовршува целосно – тоа треба да го прави повторно, пак повторно и секогаш одново, бидејќи најсовршен не е оној човек кој има најмногу доблести, туку оној кој има најмалку пороци.

Алкохолот и сите други страсти го опкружуваат човекот од сите страни. Да се поминува животот покрај тие опасности исто е како да се оди по кал – постојано да се заглавува и постојано да се излегува од калта. Сепак, разумниот човек знае дека не е страшно ако падне во калта – страшно е ако остане во калта. Лекуваните алкохоличари беа во калта, но со стрплив напор се извлекоа од неа и сега чувствуваат должност, со стекнатото искуство и знаење за алкохолната болест, да помогнат многу луѓе да не се извалкаат. Добар апстинент си помага себе си, но членовите на Клубот на лекувани алкохоличари “Здрав живот” од Прилеп се совршени апстиненти, бидејќи си помагаат себе си, но спремни се во секое време да им помогнат и на другите, на сите оние кои ќе изразат желба да се лекуваат, полесно да излезат од пеколниот алкохолен лавиринт.

%

РЕЦИДИВ 5 – СИЛАТА НА ЃАВОЛОТ

Category : РЕЦИДИВ, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

Кога грешниците ќе ја признаат својата грешка, не очекуваат казна, туку опростување.     Мом Сомерсет

Гревот во твојата душа во почетокот е туѓинац, потоа гостин, а кога ќе се навикнеш на него, станува домаќин.     Толстој

Секој може да погреши, но паметниот ја поправа својата грешка, додека будалиот упорно држи до неа.     Цицерон

Направи кратка пауза за да земе здив и продолжи:

- Мислам дека ќе биде интересен и корисен како поука да го раскажам начинот, на кој лукавиот ме улови во својата мрежа. Сигурен сум во тоа дека, кога тој ден излегов од дома, немав никаков план, немав никаква намера, ниту помослував на алкохол. Одненадеж некоја чудна, страшна мисла ми дојде во главата: барај и напиј се алкохол. Таква страшна мисла во главата можел да ми влее единствено самиот ѓавол од пеколот. Не можам да речам дали во тие моменти мојата волја, да се спротивстави на искушението, во мене беше изгубена. Едноставно, силата што ме влечеше кон дното беше многу посилна од сите мои морални правила, беше посилна од моите искрени желби да останам доследен борец против ова најголемо зло. Беше тоа сила слична на поранешната желба за апстиненција, само во обратна смисла. Мислата за пиење ми дојде исто така природно, како што порано ми доаѓаа мисли за подобар живот. Таа мисла беше толку соблазна, што бев принуден да го употребам сето свое знаење стекнато во Клубот на лекувани алкохоличари, за барем да го успорам извршувањето на лошите намери. Не сакав да брзам во извршувањето на овие ѓаволски мисли, затоа што сакав да ја употребам целата своја сила и знаење, за од себе некако да ја отфрлам. Ако и не успеам во тоа, намерата секогаш ќе можам да ја спроведам.

Повеќе од еден час се борев со таа страшна мисла. Бев убеден дека, само ако во мислите го имам Клубот, од тоа ѓаволот ќе се исплаши како вампир од крст, ќе избега и ќе ме остави мирно да продолжам со мојата апстиненција. Но, таа страшна мисла беше многу посилна од сите мои морални правила, од сите совети и поуки кои ги добив во Клубот. Лукавиот ми стави змија во пазувите која непрекинато ме заведуваше, говорејќи ми каков раскош и убавина ме очекува, така што не е чудно што мојата внимателност попушти. Не можам да кажам како сатаната ме внесе во кафеаната, местото каде ја фрли својата мамка. Тоа место во тој момент ми наликуваше на вистински рај, а бидејќи ѓаволот ме фати на својата јадица, и самиот се најде таму да ме охрабрува и како сега да му го слушам гласот: “Брзо земи ја чашата, сега е моментот за одлука.” Уште не го дорече тоа, без размислување почнав да пијам. Со еден збор, бев толку збунет и изгубен, така што не знаев што правам. Не се сеќавам колку испив, како сум се вратил дома, што сум говорел и што сум правел таа вечер. Таа ноќ спиев многу малку, а изутрината ме мачеше ужасната мисла од тоа што го направив. Грижата на совеста ме мачеше кратко време, но потоа гласот на совеста се стивна, а моето срце се повеќе стврднуваше. Потполно попуштив пред напливот на гревот и никаква грижа на совеста повеќе не ме мачеше, ниту пак помислував на каење. Сите моии мисли беа некако концентрирани да ги задоволам своите страсти уште овој ден, само уште овој ден, а утре ќе престанам со тие глупости. Но, во такво мизерно расположение секогаш имаше утре, секој ден бев се поодлучен да истраам во злото, пронаоѓав нови поводи да истраам во гревот. Секој може да забележи, дека еднаш направениот грев, поттикнати од пеколните страсти, секогаш го повторуваме, бидејќи секое жалење и каење го снемува штом лажните ѓаволски сласти ќе не заробат. Да пружев отпор и да не се состанев со ѓаволот наредниот ден, грешната желба што беше во мене ќе се изгубеше и јас повеќе немаше да грешам и ќе се вратев во нормалниот живот.

После тоа доживеав многу авантури за кратко време. Но, и денес се чудам како тогаш се однесував кон алкохолот, како да сум почетник во тој одвратен занет. Се однесував толку неразумно, така што од сите патишта, секогаш го избирав најлошиот. Мојата освест воопшто не се спротивставуваше и затоа не правев ништо поинаку, од тоа што лукавиот ми го внесуваше во главата, а тој навистина беше многу дарежлив со своите совети. Толку ме заслепи што неколку пати, во пијана состојба, почнав да се коцкам, така што изгубив многу пари, што од друга страна, беше додатно оптеретување на мојата совест, се разбира, беше оптеретување и на семејниот буџет. Ништо не е така глупаво, така жално, како човек на кого алкохолот и слатките страсти заедно, ќе му удрат во главата – тој во истиот момент е во власт на два ѓавола и не владее со својот разум. Во тоа друштво јас чувствував дека чекорам по поранешниот, вообичаен колосек и не сакајќи му се препуштав на непромислениот и неморален тон, што царуваше во тој круг на луѓе. Да имав среќа, да речам, да се стретнав со некој од коплегите од Клубот, кој со своите совети ќе ме разбудеше, убеден сум дека ќе престанев да се мешам со така опако друштво, во какво што западнав. Но, упорниот ѓавол, кој сакаше и понатаму да му служам, непрекинато ме охрабруваше терајќи ме повторно да излезам од дома, за како божем да се прошетам, цврсто ме држеше и како слепец ме носеше право во кафеаната, во куќата на злото – во таа најголема срамота, сред пеколните викотници, кавги, простотилук, сред тие напатени, пијани луѓе – со сето тоа ова место беше слика на пеколот, некој вид негово преддворје. Беше тоа необичен доказ колку луѓето во денешно време ги прифаќаат расипаноста на светот во кој живееме, беше доказ со колку голема леснотија влегуваат во гревот. И покрај тоа што и самиот во тој момент бев многу грешен и расипан, сепак таквото однесување почна да ги навредува моите морални чувства. Понекогаш, кога ќе ми надојдеа покајнички мисли, се чудев што дури ни големите страдања кои ги доживеав во минатото не ми го дотераа умот, што ни во такави состојби не извлекував никакви поуки.

Почна да ме измачува тоа што долг период го оставив алкохолот и, како што мислев, веќе се имам покајано за гревовите од своето минато и живеев разумно, сериозно и повлечено, но ете сега моето тело и душа повторно западнаа во пропаст. Се чувствував изгубено и не знаејќи што да правам, неколкупати паднав на колена молејќи го Бога, најпонизно колку што можев, да ме спаси, но не би можел да кажам дека во тие мои молитви имаше каква било вера или надеж. Почнав да се плашам од се околу мене, а со мојата душа завладеа мрак. Мислев дека сеуште ги немам окајано грешките од минатото, па затоа Бог ме казнува на овој свет и како што се страшни моите гревови, дека таква судбина ме чека и во иднина.

Често искрено се каев за својот грешен живот, но тоа каење не ми донесе утеха ни мир, не, ни најмалку, бидејќи ѓаволот секогаш успеваше да ми го прикаже пеколот како најубав рај, кој како да е создаден специјално за мене. Се сеќавам како еден ден, после бурно поминатата ноќ, сепак бев порасположен од обично, почнав да размислувам како да се оттргнам од алкохолнмото зло. Сигурно таква мисла во главата ми внесе некој добар дух. Без сомнеж, беше тоа среќен момент и дај Боже да го послушав тој благословен совет, без оглед од кого беше пратен, бидејќи тогаш сеуште имав шанса да живеам мирен живот. Признавам дека во тие моменти вистински се каев, но исто така, не знаев како своето зло да го поправам. Како да не жалев што за толку кратко време направив толку гревови и што со тоа ги унесреќував сите околу мене, туку што заради тоа треба да бидам казнет. Не се каев за тоа што грешев, туку затоа што кога тогаш, требаше да страдам заради своите грешки и мачен од тие мисли, во своето каење не наоѓав никаква утеха, па дури ни надеж дека воопшто ќе можам да ги окајам своите грешки. Го напоменувам ова бидејќи мислам дека е добро секој човек да види како со текот на времето, под влијание на лошото друштво на крајот ќе се навикни на алкохолот и кафеаните, кои во почетокот ќе го исполнуваат со одвратност, но потоа ќе стане радосен и среќен во својата несреќа, каков што бил пред да завлезе во алкохолниот пекол. Грижата на совеста за кратко време ја снемуваше и јас брзо го заборавав тоа што ја предизвикуваше. Немирниот ѓавол кој така неуморно ме туркаше во злото и пропаста, премногу цврсто ме држеше во своите канџи, за да ме пушти лесно да се извлечам. Како што лесноумноста ме фрли во калта, така сега лакомоста и глупоста ме држеа во неа, се додека не беше прекасно сам да можам да се извлечам од неа. Причините кои разумот ги наведуваше, уверувајќи ме дека треба да се оттргнам од злото, глупоста и заслепеноста ги побиваа со зборовите: “Само ти продолжи така и ќе заслужиш најубав рај.” И така, кога се најдов во канџите на ѓаволот, цврсто останав во нив како маѓепсан и немав сили да излезам од волшебниот круг, се загубив во лавиринтот на злото, кој беше премногу испреплетен за воопшто да можам да го најдам излезот. Често искрено го проколнував гревот воопшто и оние посебни околности во кои и самиот грешев – алкохолот кој ми ги разбуди лошите страсти и ѓаволот, кој што пронајде начин повторно да ме вовлече во гревот. Преокупиран со такви мисли од сето тоа извлекував морална поука и неколку денови не пиев, но штом покајничките мисли ќе ме напуштеа, грешните мисли повторно ќе надојдеа како река и јас пак бев спремен да продолжам со мојата глупост – да се дружам со алкохолот.

ДА НАУЧИМЕ ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ПРАВИЛАТА ЗА БОРБА АЛКОХОЛНАТА БОЛЕСТ

Category : ЛЕКУВАЊЕ 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

Навиката не можеш едноставно да ја фрлиш низ прозорец, туку треба полека и внимателно да се спушта по скалите.     Твен

Кога на мојата врата напишав: “Оставете ги своите навики и традиции пред да влезете” – никој не се осмели да тропне на вратата.     Гибран

За да се постигне посакуваната цел – победа над алкохолното зло по секоја цена, потребно е да се следат правилата кои за секој апстинент треба да претставуваат единствен и неменлив закон. За жал, во клубот има многу луѓе кои ги учат и за кои слободно може да се каже дека ги научиле правилата за борба со алкохолната болест, но не ја развиваат навиката да ги применуваат во пракса. Им недостига мотив и инспирација и затоа со текот на времето престануваат да ги применуваат. Мотивацијата претставува поттикнување на акција и таа е како оган кој постојано мора да се одржува, ако сакаме постојано да пламти, да не изгасне. За да не се случи тоа, со постојани упатства и укажувања, треба да се разгорува огнот за мотивација на сите оние кои тежнеат кон успехот и убеден сум дека резултатот нема да изостане. Се надевам дека луѓето ќе ги прифатат и ќе почнат да ги применуваат големите идеи на нашите терапевти како единствена вистина и благодадта од тие инфузии на ентузијазам, ќе стане достапна и корисна за се поголем број луѓе.

Младите апстиненти треба да вложат поголем напор за да постигнат успех во борбата со алкохолот. Патот до успехот не е лесен и не носи брзи резултати. Како што е невозможно да стигнеме веднаш на седмиот кат, туку мораме скала по скала трпеливо да чекориме, исто така е невозможно за брзо време да го санираме нашето здравје, кое долги години, пиејќи алкохол, сме го уништувале. Сепак, практиката покажува дека оние кои ги следат правилата за борба со алкохолната болест, многу успешно и без исклучок ќе успеат. Ако ги следиме правилата што се применуваат во клубот ќе откриеме, како и илјадници пред нас, дека единствени ограничувања кои ни стојат на патот кон постигнување успех во нашето лекување се оние, кои сами сме ги создале во нашиот ум.

Правилата за успех во борбата со алкохолната болест во себе носат порака, која треба да послужи за подолг временски период, односно, до крајот на животот, правила кои со текот на времето ќе ни стануваат се појасни. Може да се случи да почувствуваме дека некои правила како да се напишани токму за нас. Во тој случај уште на почетокот треба да им посветиме поголемо внимание. Успехот навистина се мери со времето, но тоа не е трка, тоа е процес. Успехот најмногу зависи од апстинентот, а се мери со поминатите денови, месеци, години во цврста апстиненција.

Многу работи што ги слушаме во клубот ни изгледаат толку познато, така што веројатно понекогаш, поттикнати од нашата возгордеаност, помислуваме дека не треба да им се посветува посебно внимание. Тоа истото се случува и со правилата и советите од терапевтите или кој било член од клубот. Често се случува при слушањето на некој совет или при читањето на некое правило да не успееме да забележиме ништо корисно. Токму во ваквите моменти треба да посветиме поголемо внимание, а не со леснотија да преминуваме преку нив. Пораките можат да бидат толку суптилни да нашиот ум не може веднаш да ги препознае, односно, не можеме да донесеме правилна проценка за важноста на пораките кои тие совети или правила во себе ги носат. Штом ќе се навратиме на некое отфрлено правило или совет, секогаш во него ќе забележиме некоја нова порака. Тоа е една од причините за правилата да почнеме да размислуваме посериозно и да ги применуваме во секојдневниот живот. Кога по извесно време ќе стигнеме до повисоко ниво на сопствениот развој, тогаш, набљудувајќи од нова перспектива, во правилата што ги применуваме ќе пронајдеме нова мудрост.

Веќе реков дека моите книги им ги препорачувам на сите луѓе, особено на оние кои знаат како да ги читаат и да се користат со нив. Сите вие, кои досега ги прочитавте сте многу задоволни, но ве замолувам да ги прочитате уште еднаш и бидете сигурни дека вашето задоволство од новите сознанија ќе биде двојно поголемо.

fukosantin epimedium african mango afrika mangosu epilamor ozoderm uzamax altin cilek lavixir ayak kokusu super x power penis halkasi maurers