Posledni Napisi

СПАСОТ Е НА ДОФАТ НА РАКАТА % Но, тогаш Бог одлучи да смеша прсти во нашиот живот. Еден тмурен, пролетен ден, јас заминав во полето да работам,...

Read more

АЛКОХОЛОТ - НЕВИДЛИВ, НО СТРАШЕН... % Во почетокот немаше ништо необично, не гледав ништо лошо во тоа и воопшто не ми сметаше. Но, како времето поминуваше,...

Read more

ИСКУШЕНИЈАТА ДЕМНАТ ОД СИТЕ... Во Клубот на лекувани алкохоличари владееше необична атмосфера. Ништо не укажуваше дека на состанокот ќе се случи...

Read more

ОДНЕСУВАЊЕТО НА АЛКОХОЛИЧАРОТ... Закрепнатите луѓе од проблемите со пиењето, зависноста  од алкохол ја дефинираат како мултидимензионална и комплексна...

Read more

AKTIVNOSTI VO KLUBOT Вие, кој што сега посетувате Клуб на лекувани алкохоличари, вероватно сте разбрале дека сте влегле во големото...

Read more

ПИЕЊЕТО АЛКОХОЛ - ПРОБЛЕМ ВО... Вистината за проблемите, предизвикани од пиењето алкохол е многу полесно да се скрие на работното место, отколку...

Read more

КЛУБ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ Клубот на лекувани алкохоличари Ви е како да сте во еден рудник, и во него талкате, симни се најдолу, па кaчувај...

Read more

МУДРОСТИ - ЖЕНИ, ЖЕНИ - Постојат два вида жени׃ расеани – ќе ги изгубат двете ракавици; сталожени – ќе изгубат само една. Бернар - Пристојна...

Read more

МУДРОСТИ - ЖЕНСКИ КАРАКТЕР - Некои жени се како запалена цигара; ако не ја фатиш од вистинската страна, ќе се изгориш. Тухолски - Обично се...

Read more

ДА ПОГЛЕДНЕМЕ ВО ОГЛЕДАЛОТО... Кога ќе се угасни светлоста на твојот духовен живот, темна сенка на твоите телесни желби ќе падне на твојот пат....

Read more

  • Prev
  • Next

Twitter Updates...

  •  
fukosantin epimedium african mango afrika mangosu epilamor ozoderm uzamax altin cilek lavixir ayak kokusu biber hapi super x power penis halkasi maurers

СТРАСТИТЕ – НУЖНО ЗЛО ИЛИ НУЖНА ПОТРЕБА

Category : ИСПОВЕД 075 985772

0

 %

Својата совест веќе ја привикнав страста кон алкохолот да ја прифати како нужно зло, но со текот на времето алкохолот стана моја нужна потреба, а се помалку во него гледав зло. Открив дека можам многу да пијам, да го поднесувам алкохолот, сознание кое во следните години ќе стане извор на мојата гордост, сознание кое на крајот ќе го сметам за моја најголема несреќа. Среќен е оној човек што не може да поднесе ниту една чашка алкохол, несреќен е оној кој може да испие многу, а на него ништо или многу малку да забележува тој, или надворешната околина. Животинскиот човек што живееше во мене, сега не само што имаше кренато глава,

НОВ ЖИВОТ

Category : ИСПОВЕД 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

%

Во почетокот воопшто не бев свесен за големата преобразба на мерилата, за вредностите на животот, што се случуваше во мојата напатена душа, ниту пак имав објаснување за новата светлина што го осветлуваше мојот живот. Со помош на колегите од Клубот на лекувани алкохоличари, научив дека во животот на секој човек има нешто, што е многу повредно од секојдневно опивање и бесцелно скитање. Кога денес размислувам за сето тоа, едноставно се изненадувам пред сите тие благодети што ги открив. Се чудам како тоа до сега не сум можел да го забележам, како тоа можат да го забележат сите други, само не и јас. Советите и мудроста на нашиот терапевт, заедно со мојата волја и упорност помогнаа да се извлечам од дното на пеколот, реално да ги согледам сите мои грешки и слабости и да отворам беспоштедна борба со нив, до конечна победа над алкохолното зло, да сфатам дека јадењето, пиењето и облекувањето навистина се животни потреби, но дека во нив не се наоѓа смислата на животот, дека желбата не престанува со исполнување на желбата, туку секое ново исполнување ја поттикнува жедта за нови исполнувања, како што бензинот го разгорува огнот, да сфатам и прифатам дека крстот што го носам не е терет, туку моја животна должност.

Радоста живее длабоко во душата и нема значење дали се наоѓаме во бедна колиба или раскошна палата. За вистинска радост и среќа потребни се само неколку добри луѓе, кои секогаш прават топол дом – и без печка, кров и прозорци. И не недостатокот на љубов, туку недостатокот на добрина, толеранција и пријателство, неспособноста за градење на вистинско заедништво, ги создава несреќните бракови. А алкохоличарот не е ни добар, ни толерантен, ниту пријател, не поседува чувство на сомилост, уште помалку поседува чувство за заедништво – едноставно, додека се дружи со алкохолот, тој е изгубена личност во времето и просторот.

Со помош на Др.Методија Николоски – Мец, нашиот терапевт и членовите на клубот, сметам дека денес сум сосема нов човек, многу поразличен од оној, кој за жал, многу луѓе го знаат. Во текот на мојот триесетгодишен стаж како алкохоличар, доживеав неуспех во секој поглед, нанесов многу неправди, пред се на моите најблиски на кои им ја украдов среќата и радоста, им ја украдов слободата. Најжалосно е што во тој најнесреќен период од мојот живот го изгубив најдобриот дел од мојата личност, стигнав до дното, дното на пеколот. Никој во живото ми нема нанесено поголемо зло од алкохолот и затоа денес алкохолот го сметам за најголем непријател на сите луѓе, најголемо зло од кое се раѓаат речиси сите други зла, зло кое на човештвото му има нанесено многу поголема штета од војните, гладот и сите други болести заедно, зло против кое човештвото мора да се бори со сите сили.

Денес гледам колку сум бил себичен и неправеден кон нешто што отсекогаш ми било најмило, најскапо и најсвето во животот – кон мојата сопруга и моите деца. За вистински да им помогнам на моите најмили, требаше многу порано да дојдам до тој едноставен, природен заклучок дека, ако навистина им го мислам најдоброто, како кога го жалам заморениот коњ, тогаш прво што треба да направам, ако навистина го жалам е да слезам од коњот и да одам на своите нозе. Овој природен заклучок, кој целосно ги задоволува чувствата на моралот и човекољубието, недвосмислено им паѓа во очи на сите нормални луѓе, само не и на алкохоличарите, кои не го гледааат или не се трудат да го видат.

% 

fukosantin epimedium african mango afrika mangosu epilamor ozoderm uzamax altin cilek lavixir ayak kokusu biber hapi super x power penis halkasi maurers