За алкохоличарот да успее во неговата борба со алкохолната болест, покрај универзалните правила, кои важат за сите алкохоличари и кои мора да ги почитува ако навистина сака да успее, треба да донесе и некои негови правила кои ќе мисли дека ќе му помогнат, да успее да го победи алкохолот. Особина на речиси секој алкохоличар е во почетокот, за […]
Category: Razno
ДА НАУЧИМЕ ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ПРАВИЛАТА ЗА БОРБА СО АЛКОХОЛНАТА БОЛЕСТ
За да се постигне посакуваната цел – победа над алкохолното зло по секоја цена, потребно е да се следат правилата кои за секој апстинент треба да претставуваат единствен и неменлив закон. За жал, во клубот има многу луѓе кои ги учат и за кои слободно може да се каже дека ги научиле правилата за борба […]
ПОТРЕБНО Е ГОЛЕМО ТРПЕНИЕ ПРИ РЕШАВАЊЕТО НА ПРОБЛЕМИТЕ
Сите ние треба да имаме големо трпение, бидејќи често се случува, заради нашата нетрпеливост нештата да ги измениме веднаш во наша полза, резултатите да изостанат или… да не го дадат очекуваниот ефект. Трпението е должност, трпението е вистина, трпението е врвна мудрост на големите луѓе. Трпението бара посебен вид на храброст. Тоа е храброст на […]
НАГРАДА ЗА ВЛОЖЕНИОТ ТРУД
Големата награда за апстинентот е личното задоволство, од постигнатиот успех во лекувањето од алкохолната болест. Сепак, најголема награда за секој, кој успеал да ја победи алкохолната болест, секако е задоволството и среќата, кои ќе ги почуствува во секој момент, со секој поглед на среќните и задоволни лица на своите најмили. Апстинентот има шанса да излезе […]
ДА БИДЕШ ТРПЕЛИВ, ТОА ЗНАЧИ ДА МИСЛИШ
Кога ќе го направиме првиот чекор и ќе донесеме цврста одлука да апстинираме од алкохолот, прво што треба да направиме е да ја пронајдеме вистинската смисла на животот, да научиме како да го живееме својот живот, како да ја користиме снагата на својот разум. Никогаш нема да го пронајдеме својот мир, своето место под Сонцето, […]
НАДЕЖТА – ТЕМЕЛ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА УСПЕХОТ
За апстинентот да постигне вистински успех во борбата со алкохолната болест, потребно е пред себе и пред другите, да си постави јасно определена цел, за чие остварување ќе биде спремен сė да направи. Шансите да се постигне успехот ќе бидат неспоредливо поголеми, ако апстинентот навистина има искрена желба пред себе и пред другите, да докаже […]
БОРБАТА СО АЛКОХОЛИЗМОТ ВО МАКЕДОНИЈА
Борбата со последиците од алкохолната болест во нашата држава многу одамна е започната. Уште пред четириесетина години, неколку разумни луѓе ги согледале реалните опасности од алкохолизмот и го трасирале патот за борба со алкохолното зло. Тие го посеале семето за борба со алкохолната болест, ние денес треба само да го поливаме тоа семе за да […]
др.Ферид Мухиќ – рецензија – ИЛИЈА ПЕТРЕСКИ׃ КАКО ДА СЕ ПОБЕДИ КРАЛОТ АЛКОХОЛ
Џек Лондон, големиот писател кој со своите дела ги прослави борбеноста, виталноста, силната волја да се истрпат на нозе најтешките удари на судбината и да се одолее на сите предизвици, авторот на големата химна на победата на човекот врз стравот, малодушноста и очајувањето, самиот беше поразен. Го порази алкохолот. Умре во својата 40 година. Но, […]
УЛОГАТА НА ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА УБЛАЖУВАЊЕ НА ПОСЛЕДИЦИТЕ ПРЕДИЗВИКАНИ ОД АЛКОХОЛОТ
Пред да почнам активно да се занимавам со алкохолизмот – помагање на луѓето полесно да го најдат патот за излез од алкохолниот пекол, мислев дека најголем непријател и најштетна болест е глупоста, бидејки… од злобните луѓе не штитат пријателите и државата, но… никој не не штити од глупаците! За нив мислев дека се најголеми непријатели, […]
СРЕЌА-НЕСРЕЌА НА АЛКОХОЛИЧАРИТЕ
Посебна приказна во пронаоѓањето на среќата во оваа џунгла, наречена свет, се алкохоличарите. Луѓето ги дефинираат алкохоличарите како пропаднати личности, како лоши луѓе кои не заслужуваат никаква помош и внимание. Мислат дека секој алкохоличар самиот е виновен за состојбата во која се наоѓа и никој не помислува: дали има и колкава е неговата вина?За да […]